Свет Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/svet/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 09:13:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свет Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/svet/ 32 32 Барозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграција на кандидатите за членство https://republika.mk/vesti/svet/barozo-ne-se-potrebni-fiksni-datumi-za-proshiruvaneto-na-eu-tuku-postepena-integratsija-na-kandidatite-za-chlenstvo/ Thu, 02 May 2024 09:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=773301

Одредувањето на фиксни датуми за следното проширување на ЕУ не е најдобра идеја, но Унијата треба да работи на постепена интеграција на земјите кандидати за членство, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.

Коментирајќи ја најавата на актуелниот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дадена минатата година во Блед дека следното проширување на ЕУ ќе се случи во 2030 година, Барозо вели дека тој лично не се залага за поставување дефинитивни датуми за овој процес, бидејќи тоа „би можело да создаде разочарување“.

- Сега времето е особено важно, посебно поради Украина, бидејќи реалноста е дека не е реално да се има земја во ЕУ која е во воена состојба, вели Барозо во интервју за „Еурактив“.

Затоа тој вели дека ја поддржува идејата промовирана од актуелната Европска комисија и некои земји членки на ЕУ за постепена интеграција на кандидати за членство, на тој начин што ќе им се дозволи да учествуваат на некои од состаноците на Советите на Унијата, во нејзините програми и во самите институционални структури на блокот.

- Затоа што тоа ќе биде тежок и веројатно долг процес, треба да започнеме што порано да ги интегрираме како што правевме порано, смета Барозо, кој беше претседател на Еврокомисијата од ноември 2004 до октомври 2014 година.

Во врска со аргументот против приемот на нови земји во ЕУ дека со тоа би се зголемиле трошоците на актуелните членки, Барозо вели дека оставањето на аспирантите за членство надвор од блокот „секако ќе чини повеќе отколку да се инвестира во проширувањето“.

- Дали сме подготвени да платиме за идната нестабилност, охрабрени од можниот успех на Русија во Украина? Дали ќе чини помалку? Прашањето на трошоците треба да се гледа стратешки, а не само на краткорочен сметководствен начин, вели Барозо, додавајќи дека при претходните проширувања проценката била дека предностите од примерот на нови членки, не само политички, туку и економски, се поголеми од трошоците.

Затоа, според него, ЕУ треба да инвестира во проширувањето од сите гледни точки.

- Понекогаш не се работи само за пари, туку и за внимание, за присуство и за давање совети, а тоа бара нешто повеќе од она што го гледавме досега. Со сета почит кон нив, но тоа не може да го направат само Генералниот директорат (за соседство и преговори за проширување) и ресорниот комесар, треба да се вклучат европските општества како целина, смета Барозо.

Врз основа на искуствата од приемот на нови членки во Унијата во текот на неговите два мандати на чело на Еврокомисијата, Барозо вели дека процесите на проширување и на зајакнато интегрирање на ЕУ може да се одвиваат паралелно.

- Тогаш беше научена многу важна лекција дека е можно (ЕУ) и да се прошири и повеќе да се интегрира во исто време. Секогаш имаше такви кои велеа - повеќе проширување значи помалку интегрирање. Тоа е целосно неточно, истакнува Барозо.

Неколку месеци пред доаѓањето на Барозо на чело на Еврокомисијата, беше спроведено т.н. големо проширување од 1 мај 2004 година, кога во ЕУ беа примени 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка со што Унијата се зголеми од 15 на 25 членки, а потоа во текот на неговиот мандат се случија и проширувањата со Бугарија и Романија во 2008 година и со Хрватска во 2013 година.

- Тоа беше историски невиден успех на ЕУ, со што се покажа и трансформативниот капацитет на блокот, оцени Барозо, додавајќи дека Европа „не треба да ја изгуби перспективата на она што се случи тогаш“.

Тој смета дека најавата на Комисијата формирана во 2014 година по истекот на неговиот втор мандат дека „нема да има ново проширување во следните пет години“, претставувало „огромна грешка“.

- Тоа создаде разочарување, фрустрација, па дури и незадоволство и ја игнорираше чувствителноста на тие земји и тие луѓе, истакна Барозо.

Поранешниот претседател на ЕК нагласува дека искуствата научени од претходните проширувања се дека ЕУ треба да избегне опстојување на „сиви зони на нестабилност“ во нејзиното соседство, но и да не дозволи отстапување од своите стандарди.

Барозо признава дека „постојат проблеми со владеењето на правото“ во некои од земјите кои станаа членки на ЕУ во овој век, но според него „сега им е многу подобро отколку пред да влезат во Европската Унија, кога беа под комунистичка власт.

Според Барозо, по овие проширувања со текот на годините за време на неговите мандати ЕУ постигнала поголем напредок во подлабоката интеграција и повисоко ниво на соработка меѓу 27-те земји членки, особено во надворешната политика, отколку во случајот кога Унијата броела 12 членки до средината на 90-те години на минатиот век.

Во однос на дебата за реформи на ЕУ пред следното проширување со цел таа да може да функционира со „потенцијално 36 членки“, Барозо смета дека би претставувало уште една „огромна грешка“ ако сега започне фундаментална ревизија на институциите на Унијата поради проширувањето.

Тој нагласува дека не го велам ова за да го одбранам Лисабонскиот договор, за кој тој преговараше, туку затоа што за негова промен е потребен консензус на сите земји членки, па ако во во процесот на реформи на ЕУ почнат да се воведуваме други прашања, како на пример проширувањето, може само да се зголемат изговорите за различни спротивставувања.

- Ќе има луѓе кои ќе сакаат да го блокираат проширувањето, па ќе користат институционални аргументи. Ќе има луѓе кои ќе сакаат да ги блокираат институционалните реформи, па ќе го користат проширувањето. Не треба да ги мешаме проблемите, смета Барозо.

Затоа, според него, Унијата треба да „избегне премногу амбициозни реформи“ и да се посвети само да ги спроведе оние кои се „строго неопходни за проширувањето“. - Бев претседател на Комисија со 28 членови и сите студии и сите мислења покажаа дека нашата Комисија ги носеше одлуките поефективно и побрзо од претходните помалобројни комисии, изјави Барозо.

The post Барозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграција на кандидатите за членство appeared first on Република.

]]>

Одредувањето на фиксни датуми за следното проширување на ЕУ не е најдобра идеја, но Унијата треба да работи на постепена интеграција на земјите кандидати за членство, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Коментирајќи ја најавата на актуелниот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дадена минатата година во Блед дека следното проширување на ЕУ ќе се случи во 2030 година, Барозо вели дека тој лично не се залага за поставување дефинитивни датуми за овој процес, бидејќи тоа „би можело да создаде разочарување“. - Сега времето е особено важно, посебно поради Украина, бидејќи реалноста е дека не е реално да се има земја во ЕУ која е во воена состојба, вели Барозо во интервју за „Еурактив“. Затоа тој вели дека ја поддржува идејата промовирана од актуелната Европска комисија и некои земји членки на ЕУ за постепена интеграција на кандидати за членство, на тој начин што ќе им се дозволи да учествуваат на некои од состаноците на Советите на Унијата, во нејзините програми и во самите институционални структури на блокот. - Затоа што тоа ќе биде тежок и веројатно долг процес, треба да започнеме што порано да ги интегрираме како што правевме порано, смета Барозо, кој беше претседател на Еврокомисијата од ноември 2004 до октомври 2014 година. Во врска со аргументот против приемот на нови земји во ЕУ дека со тоа би се зголемиле трошоците на актуелните членки, Барозо вели дека оставањето на аспирантите за членство надвор од блокот „секако ќе чини повеќе отколку да се инвестира во проширувањето“. - Дали сме подготвени да платиме за идната нестабилност, охрабрени од можниот успех на Русија во Украина? Дали ќе чини помалку? Прашањето на трошоците треба да се гледа стратешки, а не само на краткорочен сметководствен начин, вели Барозо, додавајќи дека при претходните проширувања проценката била дека предностите од примерот на нови членки, не само политички, туку и економски, се поголеми од трошоците. Затоа, според него, ЕУ треба да инвестира во проширувањето од сите гледни точки. - Понекогаш не се работи само за пари, туку и за внимание, за присуство и за давање совети, а тоа бара нешто повеќе од она што го гледавме досега. Со сета почит кон нив, но тоа не може да го направат само Генералниот директорат (за соседство и преговори за проширување) и ресорниот комесар, треба да се вклучат европските општества како целина, смета Барозо. Врз основа на искуствата од приемот на нови членки во Унијата во текот на неговите два мандати на чело на Еврокомисијата, Барозо вели дека процесите на проширување и на зајакнато интегрирање на ЕУ може да се одвиваат паралелно. - Тогаш беше научена многу важна лекција дека е можно (ЕУ) и да се прошири и повеќе да се интегрира во исто време. Секогаш имаше такви кои велеа - повеќе проширување значи помалку интегрирање. Тоа е целосно неточно, истакнува Барозо. Неколку месеци пред доаѓањето на Барозо на чело на Еврокомисијата, беше спроведено т.н. големо проширување од 1 мај 2004 година, кога во ЕУ беа примени 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка со што Унијата се зголеми од 15 на 25 членки, а потоа во текот на неговиот мандат се случија и проширувањата со Бугарија и Романија во 2008 година и со Хрватска во 2013 година. - Тоа беше историски невиден успех на ЕУ, со што се покажа и трансформативниот капацитет на блокот, оцени Барозо, додавајќи дека Европа „не треба да ја изгуби перспективата на она што се случи тогаш“. Тој смета дека најавата на Комисијата формирана во 2014 година по истекот на неговиот втор мандат дека „нема да има ново проширување во следните пет години“, претставувало „огромна грешка“. - Тоа создаде разочарување, фрустрација, па дури и незадоволство и ја игнорираше чувствителноста на тие земји и тие луѓе, истакна Барозо. Поранешниот претседател на ЕК нагласува дека искуствата научени од претходните проширувања се дека ЕУ треба да избегне опстојување на „сиви зони на нестабилност“ во нејзиното соседство, но и да не дозволи отстапување од своите стандарди. Барозо признава дека „постојат проблеми со владеењето на правото“ во некои од земјите кои станаа членки на ЕУ во овој век, но според него „сега им е многу подобро отколку пред да влезат во Европската Унија, кога беа под комунистичка власт. Според Барозо, по овие проширувања со текот на годините за време на неговите мандати ЕУ постигнала поголем напредок во подлабоката интеграција и повисоко ниво на соработка меѓу 27-те земји членки, особено во надворешната политика, отколку во случајот кога Унијата броела 12 членки до средината на 90-те години на минатиот век. Во однос на дебата за реформи на ЕУ пред следното проширување со цел таа да може да функционира со „потенцијално 36 членки“, Барозо смета дека би претставувало уште една „огромна грешка“ ако сега започне фундаментална ревизија на институциите на Унијата поради проширувањето. Тој нагласува дека не го велам ова за да го одбранам Лисабонскиот договор, за кој тој преговараше, туку затоа што за негова промен е потребен консензус на сите земји членки, па ако во во процесот на реформи на ЕУ почнат да се воведуваме други прашања, како на пример проширувањето, може само да се зголемат изговорите за различни спротивставувања. - Ќе има луѓе кои ќе сакаат да го блокираат проширувањето, па ќе користат институционални аргументи. Ќе има луѓе кои ќе сакаат да ги блокираат институционалните реформи, па ќе го користат проширувањето. Не треба да ги мешаме проблемите, смета Барозо. Затоа, според него, Унијата треба да „избегне премногу амбициозни реформи“ и да се посвети само да ги спроведе оние кои се „строго неопходни за проширувањето“. - Бев претседател на Комисија со 28 членови и сите студии и сите мислења покажаа дека нашата Комисија ги носеше одлуките поефективно и побрзо од претходните помалобројни комисии, изјави Барозо.

The post Барозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграција на кандидатите за членство appeared first on Република.

]]>
Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-avtopat-na-jugot-na-kina-zaginaa-36-litsa/ Thu, 02 May 2024 08:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=773296

Уривањето на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, 30 беа повредени, објавија денеска државните медиуми, додека милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано од силен дожд, се случило во средата околу 2 часот по полноќ на автопатот Меижоу-Дабу, пренесува новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меижоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, која е сериозно погодена од силен дожд и град од крајот на април, што доведе до опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале силна бучава и виделе дупка широка неколку метри отворена зад нив откако поминале дел од патот кој се срушил. Причината за несреќата се истражува.

 

The post Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица appeared first on Република.

]]>

Уривањето на автопатот во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, 30 беа повредени, објавија денеска државните медиуми, додека милиони Кинези патуваат за празникот Први мај. Уривањето, предизвикано од силен дожд, се случило во средата околу 2 часот по полноќ на автопатот Меижоу-Дабу, пренесува новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила. Меижоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, која е сериозно погодена од силен дожд и град од крајот на април, што доведе до опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека слушнале силна бучава и виделе дупка широка неколку метри отворена зад нив откако поминале дел од патот кој се срушил. Причината за несреќата се истражува.  

The post Се урна автопат на југот на Кина, загинаа 36 лица appeared first on Република.

]]>
Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? https://republika.mk/vesti/svet/top-sikret-hitler-zhiveel-vo-argentina-do-1984-godina/ Thu, 02 May 2024 06:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=773155

Аргентинските археолози наводно го пронаше гробот на еден од најголемите негативци во историјата, Адолф Хитлер, на приватен имот во средината на шумата, на 60 километри од која било цивилизација и првиот град Сан Карлос де Барилоче, а тоа откритие е поткрепено со Доказ на ФБИ.

Официјално, Хитлер починал на денешен ден, 30 април 1945 година, меѓутоа, многу теории го оспоруваат таквото нешто.

Археолозите од Аргентина го пронашле гробот на 70 метри од имотот во шумата,  украсен  со свастика, орел и натпис „Тука лежи Адолф Хитлер, Фирер на Третиот Рајх“.

Во 2014 година, американското ФБИ објави повеќе од 700 тајни документи, кои покажуваат дека тие го барале Хитлер 20 години по неговата наводна смрт.

Имотот каде што научниците го пронашле гробот бил во сопственост на директорот на „Мерцедес“, кој бил и најголемиот поддржувач на нацизмот. Повеќе од 60.000 нацисти живееле во Аргентина, меѓу нив и креаторите на најсуровите нацистички логори на смртта. Меѓу нив, Јозеф Менгеле, еден од најголемите негативци во светот.

Хитлер не се самоубил во својот бункер во Берлин, што било потврдено со ДНК анализа на череп во музеј во Русија, за кој се тврди дека е на Хитлер. Черепот воопшто не е машки туку женски, сега се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун, љубовницата на Хитлер-се наведува во извештајот.

Реконструкцијата изгледа отприлика вака:

По бегството од бункерот во Берлин, Хитлер преку подземните тунели стигнал до аеродромот „Темплтон“, оддалечен 400 метри од неговиот бункер. Тоа беше 7 дена пред неговото наводно убиство и ден пред Русите да го заробат „Темперлот“. На 21 април 1945 година од тој аеродром полетале 12 авиони во непознат правец. Еден пристигна во Галиција, во Шпанија, „неутрална“ земја со која владееше диктаторот, генералот Франко, најголемиот пријател на Хитлер, на кого Германија му даде милиони марки.

Подморници У-62 го чекале Хитлер во пристаништето Виго - четворица ги превезуваа најважните луѓе на Рајхот, кои го придружуваа Хитлер, и нивниот имот во Аргентина, останатите биле поддршка.. Единствена и последна станица им биле Канарските Острови , шпанска територија, каде што се резервирани за патувањето во Аргентина.

Тој беше префрлен во Аргентина, каде што наводно живеел до неговата смрт во 1984 година. Останува прашањето дали ова е точно или само една од многуте теории.

The post Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? appeared first on Република.

]]>

Аргентинските археолози наводно го пронаше гробот на еден од најголемите негативци во историјата, Адолф Хитлер, на приватен имот во средината на шумата, на 60 километри од која било цивилизација и првиот град Сан Карлос де Барилоче, а тоа откритие е поткрепено со Доказ на ФБИ. Официјално, Хитлер починал на денешен ден, 30 април 1945 година, меѓутоа, многу теории го оспоруваат таквото нешто. Археолозите од Аргентина го пронашле гробот на 70 метри од имотот во шумата,  украсен  со свастика, орел и натпис „Тука лежи Адолф Хитлер, Фирер на Третиот Рајх“. Во 2014 година, американското ФБИ објави повеќе од 700 тајни документи, кои покажуваат дека тие го барале Хитлер 20 години по неговата наводна смрт. Имотот каде што научниците го пронашле гробот бил во сопственост на директорот на „Мерцедес“, кој бил и најголемиот поддржувач на нацизмот. Повеќе од 60.000 нацисти живееле во Аргентина, меѓу нив и креаторите на најсуровите нацистички логори на смртта. Меѓу нив, Јозеф Менгеле, еден од најголемите негативци во светот.
Хитлер не се самоубил во својот бункер во Берлин, што било потврдено со ДНК анализа на череп во музеј во Русија, за кој се тврди дека е на Хитлер. Черепот воопшто не е машки туку женски, сега се шпекулира дека и припаѓа на Ева Браун, љубовницата на Хитлер-се наведува во извештајот.
Реконструкцијата изгледа отприлика вака: По бегството од бункерот во Берлин, Хитлер преку подземните тунели стигнал до аеродромот „Темплтон“, оддалечен 400 метри од неговиот бункер. Тоа беше 7 дена пред неговото наводно убиство и ден пред Русите да го заробат „Темперлот“. На 21 април 1945 година од тој аеродром полетале 12 авиони во непознат правец. Еден пристигна во Галиција, во Шпанија, „неутрална“ земја со која владееше диктаторот, генералот Франко, најголемиот пријател на Хитлер, на кого Германија му даде милиони марки. Подморници У-62 го чекале Хитлер во пристаништето Виго - четворица ги превезуваа најважните луѓе на Рајхот, кои го придружуваа Хитлер, и нивниот имот во Аргентина, останатите биле поддршка.. Единствена и последна станица им биле Канарските Острови , шпанска територија, каде што се резервирани за патувањето во Аргентина. Тој беше префрлен во Аргентина, каде што наводно живеел до неговата смрт во 1984 година. Останува прашањето дали ова е точно или само една од многуте теории.

The post Топ сикрет: Хитлер живеел во Аргентина до 1984 година!? appeared first on Република.

]]>
„Шарените“ најдоа нова тезга во Грузија https://republika.mk/vesti/svet/sharenite-najdoa-nova-tezga-vo-gruzija/ Wed, 01 May 2024 20:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=773152

Најмалку 63 лица се уапсени за време на протестите против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а шест полицајци се повредени во судирите, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред парламентот во текот на ноќта.

Законот за „странски агенти“ беше осуден од опозицијата и од западните влади како автократски, а тој бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своите средства од странство да бидат регистрирани како агенти зависни од странско влијание.

The post „Шарените“ најдоа нова тезга во Грузија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 63 лица се уапсени за време на протестите против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а шест полицајци се повредени во судирите, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи. Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред парламентот во текот на ноќта. Законот за „странски агенти“ беше осуден од опозицијата и од западните влади како автократски, а тој бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своите средства од странство да бидат регистрирани како агенти зависни од странско влијание.

The post „Шарените“ најдоа нова тезга во Грузија appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачко: Неколкумина украински бегалци тепаат припадник на „Вагнер“ https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-nekolkumina-ukrainski-begaltsi-tepaat-pripadnik-na-vagner/ Wed, 01 May 2024 20:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=773148

На социјалните мрежи се шири видео од наводното претепување на еден од ветераните на воената група Вагнер, а според објавите тоа се случило во Ростов на Дон.

Поранешниот борец на Вагнер бил со сопругата во продавница и таму случајно сретнал група млади луѓе, но кога дознале дека се работи за ветеран на Вагнер, го претепале.

Teпачите се група украински бегалци

 

 

The post Вознемирувачко: Неколкумина украински бегалци тепаат припадник на „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се шири видео од наводното претепување на еден од ветераните на воената група Вагнер, а според објавите тоа се случило во Ростов на Дон. Поранешниот борец на Вагнер бил со сопругата во продавница и таму случајно сретнал група млади луѓе, но кога дознале дека се работи за ветеран на Вагнер, го претепале. Teпачите се група украински бегалци    

The post Вознемирувачко: Неколкумина украински бегалци тепаат припадник на „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>
„Леопард“, „Абрамс“, „Бредли“: Русија на изложба ја покажа НАТО техниката заробена во Украина https://republika.mk/vesti/svet/leopard-abrams-bredli-rusija-na-izlozhba-ja-pokazha-nato-tehnikata-zarobena-vo-ukraina/ Wed, 01 May 2024 19:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=773146

Министерството за одбрана на Русија отвори изложба на заробено оружје и опрема во Паркот на победата во Москва.

Станува збор за изложба во Музејот на Победа на Поклона Гора, а прикажани се оружје и воена опрема заробени од руската армија во реоните на Работино и Малаја Токмачка, Запорожје и Авдеевка, како и во Доњецката Народна Република.

Сите можат да ги погледнат и последиците од средбата на опремата на НАТО со руските сили.
Изложена е 31 единица заробена опрема, а меѓу експонатите се германските „Леопард“ и „Мардер“, американските „Абрамс“, „Бредли“, „M113“, „ХММВ - Хамви“, британските „Саксон“, „Мастиф“, „Хаски“, француски „AMKС-10РЦ“, шведски „ЦВ90“ и други.

Цената на изложената опрема достигнува милиони долари.

The post „Леопард“, „Абрамс“, „Бредли“: Русија на изложба ја покажа НАТО техниката заробена во Украина appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија отвори изложба на заробено оружје и опрема во Паркот на победата во Москва. Станува збор за изложба во Музејот на Победа на Поклона Гора, а прикажани се оружје и воена опрема заробени од руската армија во реоните на Работино и Малаја Токмачка, Запорожје и Авдеевка, како и во Доњецката Народна Република. Сите можат да ги погледнат и последиците од средбата на опремата на НАТО со руските сили. Изложена е 31 единица заробена опрема, а меѓу експонатите се германските „Леопард“ и „Мардер“, американските „Абрамс“, „Бредли“, „M113“, „ХММВ - Хамви“, британските „Саксон“, „Мастиф“, „Хаски“, француски „AMKС-10РЦ“, шведски „ЦВ90“ и други. Цената на изложената опрема достигнува милиони долари.

The post „Леопард“, „Абрамс“, „Бредли“: Русија на изложба ја покажа НАТО техниката заробена во Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски се надева дека Украина во јуни ќе почне преговори, Македонија ќе извиси https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-nadeva-deka-ukraina-vo-juni-ke-pochne-pregovori-makedonija-ke-izvisi/ Wed, 01 May 2024 19:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=773108

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.

Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни

The post Зеленски се надева дека Украина во јуни ќе почне преговори, Македонија ќе извиси appeared first on Република.

]]>

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.
Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни

The post Зеленски се надева дека Украина во јуни ќе почне преговори, Македонија ќе извиси appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Украина ги исполни сите обврски за почеток на преговори за влез во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ukraina-gi-ispolni-site-obvrski-za-pochetok-na-pregovori-za-vlez-vo-eu/ Wed, 01 May 2024 19:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=773107

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.

Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни.

The post Зеленски: Украина ги исполни сите обврски за почеток на преговори за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.
Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни.

The post Зеленски: Украина ги исполни сите обврски за почеток на преговори за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава https://republika.mk/vesti/svet/nepoznati-litsa-se-obidele-da-zapalat-sinagoga-vo-varshava/ Wed, 01 May 2024 18:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=773096

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која сѐ уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

– Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа – изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

– Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија? – реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година.

The post Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава appeared first on Република.

]]>

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која сѐ уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција. – Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа – изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.
– Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија? – реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.
Таа синагога се реновира од 2008 година.

The post Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава appeared first on Република.

]]>
Лидер на ИСИС ликвидиран во Африка https://republika.mk/vesti/svet/lider-na-isis-likvidiran-vo-afrika/ Wed, 01 May 2024 17:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=773073

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач

The post Лидер на ИСИС ликвидиран во Африка appeared first on Република.

]]>

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер. Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали. Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач

The post Лидер на ИСИС ликвидиран во Африка appeared first on Република.

]]>
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации https://republika.mk/vesti/svet/rabotnitsite-shirum-evropa-i-azija-baraat-pogolemi-rabotnichki-prava-na-prvomajskite-demonstratsii/ Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=773054

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури.

Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона.

Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета.

Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул.

Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица.

Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот.

Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година.

Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци.

Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата.

Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.

Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите.

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир.

Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул.

Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени.

За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите.

Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања.

Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“.

Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места.

Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури. Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона. Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета. Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица. Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот. Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година. Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци. Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата. Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати. Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир. Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул. Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени. За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите. Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања. Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“. Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места. Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>
Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост https://republika.mk/vesti/svet/vo-florida-stapi-vo-sila-zabranata-za-abortus-po-shest-nedeli-bremenost/ Wed, 01 May 2024 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=773037

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна.

Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.

Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде.

The post Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост appeared first on Република.

]]>

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна. Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.
Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.
Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.
Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.
- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“. На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени. Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден. На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто. Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде.

The post Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост appeared first on Република.

]]>
Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот https://republika.mk/vesti/svet/sudiri-vo-istanbul-megu-politsijata-i-demonstrantite-koi-go-odbelezhuvaat-megunarodniot-den-na-trudot/ Wed, 01 May 2024 12:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=772996

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“. Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци.

The post Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот appeared first on Република.

]]>

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“. Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени. Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот. Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава. Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци.

The post Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот appeared first on Република.

]]>
Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/merts-vratata-na-eu-e-otvorena-za-novi-chlenki-vkluchuvajki-go-i-zapaden-balkan/ Wed, 01 May 2024 10:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=772977

Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“, рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.

Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата.

The post Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.
„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“, рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.
Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата.

The post Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Mигрант кој се лечи од рак доби 1.3 милијарди долари на лотарија https://republika.mk/vesti/svet/migrant-koj-se-lechi-od-rak-dobi-1-3-milijardi-dolari-na-lotarija-2/ Wed, 01 May 2024 08:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=772941

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд, на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон, изјави дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

The post Mигрант кој се лечи од рак доби 1.3 милијарди долари на лотарија appeared first on Република.

]]>

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија. Ченг Чарли Сифан од Портланд, на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон, изјави дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив. Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

The post Mигрант кој се лечи од рак доби 1.3 милијарди долари на лотарија appeared first on Република.

]]>
Европските банки платиле три пати повеќе даноци во Русија отколку пред војната https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-banki-platile-tri-pati-poveke-danotsi-vo-rusija-otkolku-pred-vojnata/ Wed, 01 May 2024 08:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=772937

Европските банки платиле три пати повеќе даноци на Руската Федерација отколку пред војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс (ФТ).

Изданието пресметало дека во 2023 година, западните банки, кои останаа во Русија, придонеле повеќе од 78 милијарди рубљи (околу 800 милиони евра) во буџетот на земјата. Ова е три пати повеќе отколку во 2021 година.

Повеќе од половина од оваа сума е платена од Рајфајзен банка, а остатокот го обезбедиле УниКредит, ИНГ, Комерцбанк, Дојче банк, Интеса Санпаоло и ОТП.

Високите профити на западните банки во Руската Федерација покажуваат дека странските компании сè уште работат во Русија и помагаат на земјата да ја одржи финансиската стабилност во услови на санкции, забележува ФТ

The post Европските банки платиле три пати повеќе даноци во Русија отколку пред војната appeared first on Република.

]]>

Европските банки платиле три пати повеќе даноци на Руската Федерација отколку пред војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс (ФТ). Изданието пресметало дека во 2023 година, западните банки, кои останаа во Русија, придонеле повеќе од 78 милијарди рубљи (околу 800 милиони евра) во буџетот на земјата. Ова е три пати повеќе отколку во 2021 година. Повеќе од половина од оваа сума е платена од Рајфајзен банка, а остатокот го обезбедиле УниКредит, ИНГ, Комерцбанк, Дојче банк, Интеса Санпаоло и ОТП.
Високите профити на западните банки во Руската Федерација покажуваат дека странските компании сè уште работат во Русија и помагаат на земјата да ја одржи финансиската стабилност во услови на санкции, забележува ФТ

The post Европските банки платиле три пати повеќе даноци во Русија отколку пред војната appeared first on Република.

]]>
Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот https://republika.mk/vesti/svet/shto-znachi-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-trudot-shirum-svetot/ Wed, 01 May 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=772934

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја почнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, е одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

The post Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја почнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, е одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права. На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

The post Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот appeared first on Република.

]]>
Зеленски се премисли: Сменет командант на украинската војска само еден месец по неговото назначување https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-premisli-smenet-komandant-na-ukrainskata-vojska-samo-eden-mesets-po-negovoto-naznachuvane/ Wed, 01 May 2024 07:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=772918

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпуштил еден од командантите на вооружените сили на Украина, само еден месец по неговото назначување

Зеленски на почетокот на март најави кадровски промени во армијата. Притоа, го смени командантот на силите за поддршка на вооружените сили на Украина, Дмитри Герег, назначувајќи го Александар Јаковец на негово место.

Во таа оригода, Зеленски изјави дека сега „вистинските борбени команданти“ ќе се занимаваат со проблемите на украинската армија.

Сепак, деновиве указот за разрешување на Јаковец се појави на веб-страницата на Кабинетот на претседателот на Украина. Причините не се наведуваат, но се знае дека командирот е поставен за началник на управата на Државната специјална сообраќајна служба.

The post Зеленски се премисли: Сменет командант на украинската војска само еден месец по неговото назначување appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпуштил еден од командантите на вооружените сили на Украина, само еден месец по неговото назначување Зеленски на почетокот на март најави кадровски промени во армијата. Притоа, го смени командантот на силите за поддршка на вооружените сили на Украина, Дмитри Герег, назначувајќи го Александар Јаковец на негово место. Во таа оригода, Зеленски изјави дека сега „вистинските борбени команданти“ ќе се занимаваат со проблемите на украинската армија. Сепак, деновиве указот за разрешување на Јаковец се појави на веб-страницата на Кабинетот на претседателот на Украина. Причините не се наведуваат, но се знае дека командирот е поставен за началник на управата на Државната специјална сообраќајна служба.

The post Зеленски се премисли: Сменет командант на украинската војска само еден месец по неговото назначување appeared first on Република.

]]>
Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај https://republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-privedeni-58-luge-pod-somnenie-deka-podgotvuvale-provokatsii-za-1-maj/ Tue, 30 Apr 2024 21:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=772736

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот - 1 мај, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на платфомата „Икс“.

Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи - Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван.

Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.

Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1 мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

The post Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај appeared first on Република.

]]>

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот - 1 мај, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на платфомата „Икс“. Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи - Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван. Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.
Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.
Министерот за внатрешни работи соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1 мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

The post Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации за 1 мај appeared first on Република.

]]>
Поранешна руска шпионка открива: Бев дел од секс програмaтa на КГБ https://republika.mk/vesti/svet/poraneshna-ruska-shpionka-otkriva-bev-del-od-seks-programata-na-kgb/ Tue, 30 Apr 2024 20:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=772670

Алија Роса некогаш работела како шпион. Таа открива како ги заведувала и манипулирала со своите цели.

 Повеќе од две децении молчам. Но, од повеќе причини не можев повеќе да молчам. Не можев повеќе да живеам со оваа болка, иако поминав низ сите овие трауми. Ако јас не зборувам, кој би?

Се присети како побегнала од Москва со својот син затоа што сакала да му даде подобар живот.

Најголемиот потфат во мојот живот беше да станам родител. Сакав да го доживеам. Сакав да создадам семејство, да имам деца. И не ми беше дозволено да го направам тоа. Тогаш сфатив: „Чекај малку, имам само овој живот. Не сакам да го трошам правејќи жртви за нешто во што повеќе не верувам. Тоа беше моментот кога почнав да барам можности за бегство“, вели Алија.

На 18 години стана дел од програмата за секс на КГБ.

Тоа не е само секс – тоа е многу далеку од секс. Се работи за уметноста на комуникацијата. Научивме како да се облекуваме, нашминкаме, да се претставуваме, како да разговараме со нашите цели и како да ги натераме да ни веруваат. Се работи за психологијата на луѓето, криминалците, мажите... Се работи за разбирање на машката перспектива и што точно тие сакаат“, вели Алија.

The post Поранешна руска шпионка открива: Бев дел од секс програмaтa на КГБ appeared first on Република.

]]>

Алија Роса некогаш работела како шпион. Таа открива како ги заведувала и манипулирала со своите цели.
 Повеќе од две децении молчам. Но, од повеќе причини не можев повеќе да молчам. Не можев повеќе да живеам со оваа болка, иако поминав низ сите овие трауми. Ако јас не зборувам, кој би?
Се присети како побегнала од Москва со својот син затоа што сакала да му даде подобар живот.
Најголемиот потфат во мојот живот беше да станам родител. Сакав да го доживеам. Сакав да создадам семејство, да имам деца. И не ми беше дозволено да го направам тоа. Тогаш сфатив: „Чекај малку, имам само овој живот. Не сакам да го трошам правејќи жртви за нешто во што повеќе не верувам. Тоа беше моментот кога почнав да барам можности за бегство“, вели Алија.
На 18 години стана дел од програмата за секс на КГБ.
Тоа не е само секс – тоа е многу далеку од секс. Се работи за уметноста на комуникацијата. Научивме како да се облекуваме, нашминкаме, да се претставуваме, како да разговараме со нашите цели и како да ги натераме да ни веруваат. Се работи за психологијата на луѓето, криминалците, мажите... Се работи за разбирање на машката перспектива и што точно тие сакаат“, вели Алија.

The post Поранешна руска шпионка открива: Бев дел од секс програмaтa на КГБ appeared first on Република.

]]>