Скопје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 15:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ 32 32 Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај https://republika.mk/vesti/skopje/mostot-belasitsa-e-tselosno-otvoren-za-soobrakaj/ Thu, 02 May 2024 18:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=773508

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

The post Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај. Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај. Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

The post Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/od-utre-do-ponedelnik-javniot-prevoz-vo-skopje-po-nedelen-vozen-red/ Thu, 02 May 2024 08:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=773282

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

The post Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. -Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје. Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

The post Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно https://republika.mk/vesti/skopje/pronajdeno-litse-prijaveno-za-izgubeno-vo-park-shumata-vodno/ Thu, 02 May 2024 08:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=773265

РегионалниотЦУК– Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

The post Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно appeared first on Република.

]]>

РегионалниотЦУК– Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно. Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

The post Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно appeared first on Република.

]]>
Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-zhichnitsata-na-vodno-ke-raboti-dva-chasa-poveke-od-dosega/ Wed, 01 May 2024 14:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=773027

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.

– По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.

 

The post Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега appeared first on Република.

]]>

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември. – По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.  

The post Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега appeared first on Република.

]]>
Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот https://republika.mk/vesti/skopje/skopskiot-ploshtad-razigran-vo-ritamot-na-poveke-od-500-mladi-tancheri-po-povod-svetskiot-den-na-tantsot/ Tue, 30 Apr 2024 13:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=772657

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот.

https://www.youtube.com/watch?v=OEg8j9WspbI

На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин.

Инаку, градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво.

Светското првенство во хип хоп 2024 ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври. Подготовките за овој грандиозен настан кои започнаа уште од минатата година се во полн ек, и токму затоа исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека најталентираните и најстрасните танчери во светот. Изборот на Скопје за град домаќин не само што го нагласува неговото појавување на глобалната сцена, туку и ја потврдува неговата посветеност на негување на танцот како уметност.

Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Токму поради овие фасцинантни бројки, овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Сето тоа, го препозна и Светската танцова организација и ја поддржа идејата Скопје да биде центар на хип хоп доживувањето.

Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски.

Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои ќе присуствуваат на Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година.

Остануваат уште неколку месеци до Светскиот шампионат, а дотогаш, организаторите ќе продолжат позитивно да ја изненадуваат македонската јавност со интерактивни настани, концерти и активности во духот на хип хоп културата.

The post Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот. https://www.youtube.com/watch?v=OEg8j9WspbI На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин. Инаку, градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво. Светското првенство во хип хоп 2024 ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври. Подготовките за овој грандиозен настан кои започнаа уште од минатата година се во полн ек, и токму затоа исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека најталентираните и најстрасните танчери во светот. Изборот на Скопје за град домаќин не само што го нагласува неговото појавување на глобалната сцена, туку и ја потврдува неговата посветеност на негување на танцот како уметност. Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Токму поради овие фасцинантни бројки, овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Сето тоа, го препозна и Светската танцова организација и ја поддржа идејата Скопје да биде центар на хип хоп доживувањето. Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои ќе присуствуваат на Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година. Остануваат уште неколку месеци до Светскиот шампионат, а дотогаш, организаторите ќе продолжат позитивно да ја изненадуваат македонската јавност со интерактивни настани, концерти и активности во духот на хип хоп културата.

The post Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>
По камилата, пролетва се роди и алпака во Скопје ЗОО https://republika.mk/vesti/skopje/po-kamilata-proletva-se-rodi-i-alpaka-vo-skopje-zoo/ Tue, 30 Apr 2024 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=772573

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-rodi-dvogrba-kamila-vo-skopskata-zooloshka/

The post По камилата, пролетва се роди и алпака во Скопје ЗОО appeared first on Република.

]]>

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.
Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан. https://republika.mk/vesti/skopje/se-rodi-dvogrba-kamila-vo-skopskata-zooloshka/

The post По камилата, пролетва се роди и алпака во Скопје ЗОО appeared first on Република.

]]>
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/javniot-prevoz-vo-skopje-utre-po-nedelen-vozen-red/ Tue, 30 Apr 2024 08:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=772492

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

The post Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. -Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

The post Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>
Се роди двогрба камила во Скопската зоолошка https://republika.mk/vesti/skopje/se-rodi-dvogrba-kamila-vo-skopskata-zooloshka/ Mon, 29 Apr 2024 11:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=772178

Убава вест денеска присига од Зоолошката градина во Скопје, каде се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

The post Се роди двогрба камила во Скопската зоолошка appeared first on Република.

]]>

Убава вест денеска присига од Зоолошката градина во Скопје, каде се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.
Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.
Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.
Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

The post Се роди двогрба камила во Скопската зоолошка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-opshtina-aerodrom-odluchi-da-stavi-stop-na-betonizatsijata-i-poveke-da-se-vlozhuva-vo-zeleniloto/ Sun, 28 Apr 2024 13:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=771915

На покана на градоначалникот и на покана на претседателот на совет и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум денеска овде да направиме увид во градежните активности на овој проект кој што започна пред неколку месеци, ако не се лажам Тимчо, и проект кој што значи заедничка соработка помеѓу општина Аеродром и канцеларијата на Европската Комисија овдека во Македонија. Секогаш каде што се гради, јас сум таму присутен и ги охрабрувам тие проекти, рече денеска од Аеродром Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Многу скоро од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, пораќа тој, многу од проектите ќе бидат реализирани овде во општина Аеродром кои што за жал изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани.

Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори, рече Мицкоски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.

Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања. Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја, рече Мицкоски.

https://youtu.be/5SR-QMoQIOo?si=dNvy27Kvq9ZJvCPX

 

The post Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото appeared first on Република.

]]>

На покана на градоначалникот и на покана на претседателот на совет и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум денеска овде да направиме увид во градежните активности на овој проект кој што започна пред неколку месеци, ако не се лажам Тимчо, и проект кој што значи заедничка соработка помеѓу општина Аеродром и канцеларијата на Европската Комисија овдека во Македонија. Секогаш каде што се гради, јас сум таму присутен и ги охрабрувам тие проекти, рече денеска од Аеродром Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Многу скоро од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, пораќа тој, многу од проектите ќе бидат реализирани овде во општина Аеродром кои што за жал изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани.
Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори, рече Мицкоски.
Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.
Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања. Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја, рече Мицкоски.
https://youtu.be/5SR-QMoQIOo?si=dNvy27Kvq9ZJvCPX  

The post Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото appeared first on Република.

]]>
Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! https://republika.mk/vesti/skopje/grcheva-sds-vo-programata-za-kultura-imashe-restavratsija-na-akvaduktot-nishto-od-toa/ Sat, 27 Apr 2024 15:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=771698

Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт. За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева.

Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште.
СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!
Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство.
На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!, вели Грчева.

The post Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! appeared first on Република.

]]>

Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт. За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева.
Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште. СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа! Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство. На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!, вели Грчева.

The post Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! appeared first on Република.

]]>
Гореше зад Универзална https://republika.mk/vesti/skopje/goreshe-zad-univerzalna/ Fri, 26 Apr 2024 12:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=771402

Пожар избувнал денеска околу пладне во куќа во уличката зад Универзална сала. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гаснењето на пожарот.


Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила.

Пожарот веќе е изгаснат и нема повредени лица.

 

The post Гореше зад Универзална appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал денеска околу пладне во куќа во уличката зад Универзална сала. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гаснењето на пожарот. Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила. Пожарот веќе е изгаснат и нема повредени лица.  

The post Гореше зад Универзална appeared first on Република.

]]>
Димитриевски и Ванковска освоија повеќе гласови во Карпош од Стевчо Јакимовски https://republika.mk/vesti/skopje/dimitrievski-i-vankovska-osvoija-poveke-glasovi-vo-karposh-od-stevcho-jakimovski/ Thu, 25 Apr 2024 07:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=770770

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски освои само 6 проценти или 2.143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаат повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3 089 гласа и Димитриевски со 3 974.

Најмногу гласови во општина Карпош има Гордана Сиљановска Давкова – 14.482 (41,49%), по што следи Стево Пендаровски – 9.130 (26,15%), Максим Димитриевски – 3.974 (11,38%) и Билјана Ванковска Цветковска – 3.089 (8,85%), Бујар Османи – 602 (1,72%) и Арбен Таравари – 483 (1,38%).

The post Димитриевски и Ванковска освоија повеќе гласови во Карпош од Стевчо Јакимовски appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски освои само 6 проценти или 2.143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаат повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3 089 гласа и Димитриевски со 3 974. Најмногу гласови во општина Карпош има Гордана Сиљановска Давкова – 14.482 (41,49%), по што следи Стево Пендаровски – 9.130 (26,15%), Максим Димитриевски – 3.974 (11,38%) и Билјана Ванковска Цветковска – 3.089 (8,85%), Бујар Османи – 602 (1,72%) и Арбен Таравари – 483 (1,38%).

The post Димитриевски и Ванковска освоија повеќе гласови во Карпош од Стевчо Јакимовски appeared first on Република.

]]>
Карпош, Аеродром и Центар најбројни гласачи во Скопје, во Шуто Оризари излезност од само 24,31% https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-aerodrom-i-tsentar-najbrojni-glasachi-vo-skopje-vo-shuto-orizari-izleznost-od-samo-24-31/ Wed, 24 Apr 2024 15:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=770225

Карпош, Аеродром и Центар со проценти над 53% се скопските општини со најголема излезност до 17 часот на претседателските избори, покажуваат податоците од сајтот на ДИК. Најмала излесност има во Шуто Оризари, каде излегле само 24,31% од запишаните гласачи.

Аеродром 53,48%
Бутел 48,24%
Гази Баба 46,78%
Ѓорче Петров 50,02%
Карпош 53,78%
Кисела Вода 52,35%
Сарај 39,91
Центар 53,27
Чаир 39,94
Шуто Оризари 24,31%  

The post Карпош, Аеродром и Центар најбројни гласачи во Скопје, во Шуто Оризари излезност од само 24,31% appeared first on Република.

]]>

Карпош, Аеродром и Центар со проценти над 53% се скопските општини со најголема излезност до 17 часот на претседателските избори, покажуваат податоците од сајтот на ДИК. Најмала излесност има во Шуто Оризари, каде излегле само 24,31% од запишаните гласачи. Аеродром 53,48% Бутел 48,24% Гази Баба 46,78% Ѓорче Петров 50,02% Карпош 53,78% Кисела Вода 52,35% Сарај 39,91 Центар 53,27 Чаир 39,94 Шуто Оризари 24,31%  

The post Карпош, Аеродром и Центар најбројни гласачи во Скопје, во Шуто Оризари излезност од само 24,31% appeared first on Република.

]]>
Карпош и Аеродром – скопски општини во кои има најмногу одѕив до сега на гласањето https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-i-aerodrom-skopski-opshtini-vo-koi-ima-najmnogu-odziv-do-sega-na-glasaneto/ Wed, 24 Apr 2024 13:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=770185

Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 13 часот е 25,28 отсто или гласале 263 121 гласачи.

Помеѓу скопските општини, највисока излезеност има во Карпош и Аеродром.

Најмногу граѓани излегле да гласаат во Аеродром (33,21%), Ѓорче Петров (32,42%), Карпош (34,77%), Кисела Вода (32,85) и Гази Баба (29, 57%).

 

The post Карпош и Аеродром – скопски општини во кои има најмногу одѕив до сега на гласањето appeared first on Република.

]]>

Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 13 часот е 25,28 отсто или гласале 263 121 гласачи. Помеѓу скопските општини, највисока излезеност има во Карпош и Аеродром. Најмногу граѓани излегле да гласаат во Аеродром (33,21%), Ѓорче Петров (32,42%), Карпош (34,77%), Кисела Вода (32,85) и Гази Баба (29, 57%).  

The post Карпош и Аеродром – скопски општини во кои има најмногу одѕив до сега на гласањето appeared first on Република.

]]>
Одѕивот во Скопје поголем од минатите претседателски избори – најголема излезност во Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/odzivot-vo-skopje-pogolem-od-minatite-pretsedatelski-izbori-najgolema-izleznost-vo-karposh/ Wed, 24 Apr 2024 12:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=770121

Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите.

Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека раст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир. Таму во 2019 година на гласање до 13 часот излегле 11,51%, додека денеска излезноста е 20,50%.

The post Одѕивот во Скопје поголем од минатите претседателски избори – најголема излезност во Карпош appeared first on Република.

]]>

Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите. Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека раст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир. Таму во 2019 година на гласање до 13 часот излегле 11,51%, додека денеска излезноста е 20,50%.

The post Одѕивот во Скопје поголем од минатите претседателски избори – најголема излезност во Карпош appeared first on Република.

]]>
Повеќе скопски села и населби утре без струја https://republika.mk/vesti/skopje/poveke-skopski-sela-i-naselbi-utre-bez-struja/ Wed, 24 Apr 2024 10:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=770056

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

The post Повеќе скопски села и населби утре без струја appeared first on Република.

]]>

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари. Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром. Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево. Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров. Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

The post Повеќе скопски села и населби утре без струја appeared first on Република.

]]>
Скопските општини во 11 часот: Карпош со најголема излезност, Шутка со слаб интерес за гласање https://republika.mk/vesti/skopje/skopskite-opshtini-vo-11-chasot-karposh-so-najgolema-izleznost-shutka-so-slab-interes-za-glasane/ Wed, 24 Apr 2024 10:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=770019

Од Скопските општини до 11 часот утринава најголема излезност има во општина Карпош каде своето право на глас го оствариле 17,95% отсто од избирачите. Следува Ѓорче Петров со 17,80 отсто па Кисела Вода со 17,56. Најмала излесност пак, има во Шуто Оризари 5,22 отсто. За и Чаир сѐ уште не се обработени податоците.

Аеродром 16,70%
Бутел 15,03%
Гази Баба 15,30%
Ѓорче Петров 17,80%
Карпош 17,95%
Кисела Вода 17,56%
Сарај сѐ уште необработени податоците
Центар 15,25% обработени 6 отсто од податоците
Чаир сѐ уште необработени податоците
Шуто Оризари 5,22% (обработени 15 отсто од податоците)

The post Скопските општини во 11 часот: Карпош со најголема излезност, Шутка со слаб интерес за гласање appeared first on Република.

]]>

Од Скопските општини до 11 часот утринава најголема излезност има во општина Карпош каде своето право на глас го оствариле 17,95% отсто од избирачите. Следува Ѓорче Петров со 17,80 отсто па Кисела Вода со 17,56. Најмала излесност пак, има во Шуто Оризари 5,22 отсто. За и Чаир сѐ уште не се обработени податоците. Аеродром 16,70% Бутел 15,03% Гази Баба 15,30% Ѓорче Петров 17,80% Карпош 17,95% Кисела Вода 17,56% Сарај сѐ уште необработени податоците Центар 15,25% обработени 6 отсто од податоците Чаир сѐ уште необработени податоците Шуто Оризари 5,22% (обработени 15 отсто од податоците)

The post Скопските општини во 11 часот: Карпош со најголема излезност, Шутка со слаб интерес за гласање appeared first on Република.

]]>
Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-besplaten-parking-na-ovie-lokatsii-vo-skopje/ Wed, 24 Apr 2024 09:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=769967

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно.

Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, денеска, 24.4.2024 нема да се врши наплата.

Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември – информираа од „Градски паркинг“.

Паркирањето редовно ќе се наплатува во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

Без плаќање денеска граѓаните можат да ги оставаат своите возила на сите паркиралишта на ПОЦ. Оттаму известуваат дека денеска нема да работи дирекцијата на претпријатието лоцирана во катната гаража „Судска палата“ , а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

The post Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје appeared first on Република.

]]>

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно. Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, денеска, 24.4.2024 нема да се врши наплата. Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември – информираа од „Градски паркинг“. Паркирањето редовно ќе се наплатува во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза. Без плаќање денеска граѓаните можат да ги оставаат своите возила на сите паркиралишта на ПОЦ. Оттаму известуваат дека денеска нема да работи дирекцијата на претпријатието лоцирана во катната гаража „Судска палата“ , а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

The post Денеска бесплатен паркинг на овие локации во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ѓорче Петров со најголема излезност во скопските општини https://republika.mk/vesti/skopje/gorche-petrov-so-najgolema-izleznost-vo-skopskite-opshtini/ Wed, 24 Apr 2024 09:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=769941

Од Скопските општини до 9 часот утринава најголема излезност има во општина Ѓорче Петров каде своето право на глас го оствариле 6,14 отсто од избирачите. Следува Кисела Бода со 5,89 отсто. Најмала излеснот пак, има во Шуто Оризари 1,91 отсто, Сарај 2,74 отсто и Чаир 3,51 отсто

Аеродром 5,14
Бутел 5,16
Гази Баба 4,92
Ѓорче Петров 6,14
Карпош 5,50
Кисела Вода 5,89
Сарај 2,74
Центар 5,17
Чаир 3,51
Шуто Оризари 1,91

The post Ѓорче Петров со најголема излезност во скопските општини appeared first on Република.

]]>

Од Скопските општини до 9 часот утринава најголема излезност има во општина Ѓорче Петров каде своето право на глас го оствариле 6,14 отсто од избирачите. Следува Кисела Бода со 5,89 отсто. Најмала излеснот пак, има во Шуто Оризари 1,91 отсто, Сарај 2,74 отсто и Чаир 3,51 отсто Аеродром 5,14 Бутел 5,16 Гази Баба 4,92 Ѓорче Петров 6,14 Карпош 5,50 Кисела Вода 5,89 Сарај 2,74 Центар 5,17 Чаир 3,51 Шуто Оризари 1,91

The post Ѓорче Петров со најголема излезност во скопските општини appeared first on Република.

]]>
Утре „гага“ паркинг на Паркинзи на Општина Центар https://republika.mk/vesti/skopje/utre-gaga-parking-na-parkinzi-na-opshtina-tsentar/ Tue, 23 Apr 2024 11:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=769690

По повод Македонските претседателски избори Ве известуваме дека на 24.04.2024 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани. Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат на 25.04.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.

The post Утре „гага“ паркинг на Паркинзи на Општина Центар appeared first on Република.

]]>

По повод Македонските претседателски избори Ве известуваме дека на 24.04.2024 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани. Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат на 25.04.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.

The post Утре „гага“ паркинг на Паркинзи на Општина Центар appeared first on Република.

]]>