Скопје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:13:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ 32 32 За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Thu, 21 Nov 2024 07:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=840121

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Во Скопје од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА синоќа изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како што рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

– Одговорот е едноставен, нема нафта. Возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.

Најави дека е можно денеска воопшто да не сообраќаат автобусите доколку не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

И Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје потврди дека проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

-Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ вчера преку соопштение апелираа до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

- Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/

- Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

The post За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани appeared first on Република.

]]>

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Во Скопје од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА синоќа изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како што рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.
– Одговорот е едноставен, нема нафта. Возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.
Најави дека е можно денеска воопшто да не сообраќаат автобусите доколку не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. И Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје потврди дека проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.
-Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.
Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ вчера преку соопштение апелираа до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.
- Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.
Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

The post За цело Скопје само 25 автобуси, другите стојат паркирани appeared first on Република.

]]>
Нема јавен превоз низ цело Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 06:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=840113

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште.

Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести.

Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште. Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести. Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град. Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>
Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз https://republika.mk/vesti/skopje/dokolku-do-izutrina-nema-nafta-za-avtobusite-skopje-utre-ke-ostane-bez-gradski-prevoz/ Wed, 20 Nov 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=840088

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи.

Револтирани се сите, па и студентите.

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица.

Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која

одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ.

Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост:

Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје.

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.

 

 

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи. Револтирани се сите, па и студентите. Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица. Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ. Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост: Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт. Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.    

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>
Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/filipche-skopje-e-vo-kriza-sdsm-initsira-itna-sednitsa-na-sovet-na-grad-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 18:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=840068

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче.

Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче. Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче. Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг https://republika.mk/vesti/skopje/nozhot-dojde-do-koska-nema-distributsija-na-nafta-od-putsko-petrol-za-jsp-skopje-poradi-golem-dolg/ Wed, 20 Nov 2024 15:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=840020

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје.

Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје. Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>
Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/skoro-i-da-nema-avtobusi-graganite-chekaat-so-chasovi-poradi-nedostig-na-gorivo-redutsiran-prevozot-vo-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 15:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=840018

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.

Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

- Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот.

Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември.

Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/privatni-prevoznitsi-na-dnevno-nivo-nedostigaat-od-160-do-200-avtobusi-za-da-bide-ispolnet-zimskiot-vozen-red/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=839966

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси.

Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси. Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>
Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/shuto-orizari-gi-povikuva-site-gragani-vo-petok-na-golem-senaroden-protest-pred-grad-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 13:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=839943

Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на  Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.

Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот.

ДЕН: ПЕТОК 22.11.2024 ГОДИНА

СТАРТ: ПАРК КАЈ АМДИ ПАШИНА ЏАМИЈА ВО 13:00 ЧАСОТ (СО ПРЕВОЗ)

СОБИРНА ТОЧКА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: 14:00 (КАЛЕ ВОДОВОД)

СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ, СТУДЕНТИ, РАБОТНИЦИ И ПЕНЗИОНЕРИ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ КОЈ ВО МОМЕНТОВ НИ Е КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДА НИ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОЈ ДВЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ!

 

The post Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на  Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.
Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот.
ДЕН: ПЕТОК 22.11.2024 ГОДИНА СТАРТ: ПАРК КАЈ АМДИ ПАШИНА ЏАМИЈА ВО 13:00 ЧАСОТ (СО ПРЕВОЗ) СОБИРНА ТОЧКА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: 14:00 (КАЛЕ ВОДОВОД) СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ, СТУДЕНТИ, РАБОТНИЦИ И ПЕНЗИОНЕРИ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ КОЈ ВО МОМЕНТОВ НИ Е КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДА НИ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОЈ ДВЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ!  

The post Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса https://republika.mk/vesti/skopje/tsuk-avtobusite-na-liniite-18-63a-118-66-i-66a-se-dvizhat-po-druga-trasa/ Wed, 20 Nov 2024 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=839842

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А.

ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.

 

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А. ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.  

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>
Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта https://republika.mk/vesti/skopje/najaven-shtrajk-pred-sobranieto-na-grad-skopje-povtorno-nema-plata-vo-jp-ulitsi-i-patishta/ Tue, 19 Nov 2024 09:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=839502

Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта, соопштија вработените преку писмено соопштение.

Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.

Причините за ваквата состојба се следните:

 

1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;

2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;

3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;

4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;

5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

 

Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, стои во соопштението.

 

The post Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>

Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта, соопштија вработените преку писмено соопштение.
Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените. Причините за ваквата состојба се следните:   1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари; 2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката; 3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период; 4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите; 5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;   Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација. За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, стои во соопштението.  

The post Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>
Без струја делови од Сарај и Карпош, без вода делови од Центар https://republika.mk/vesti/skopje/bez-struja-delovi-od-saraj-i-karposh-bez-voda-delovi-od-tsentar/ Tue, 19 Nov 2024 07:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=839408

Поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај и Карпош.

Како што информираат од РЦУК, во период од 09,00 до 15,00 часот без струја ќе биде дел од село Сарај кај трговскиот центар, а од 12,00 до 15,00 часот делови од ул. „Париска“ бр.5 и ул. „Букурешка“ бр. 21,19,17 и 15 во општина Карпош.

Од РЦУК, согласно податоците од ЈП Водовод и канализација Скопје, информираат и дека денеска ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште.

Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица „Маџир Маало“ бр.15 (населба Маџир Маало – Центар ), пак, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул. „Охридска“, потегот од ул. „Петричка“ до ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“. Прекинот ќе биде до завршуање со работните активности.

The post Без струја делови од Сарај и Карпош, без вода делови од Центар appeared first on Република.

]]>

Поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај и Карпош. Како што информираат од РЦУК, во период од 09,00 до 15,00 часот без струја ќе биде дел од село Сарај кај трговскиот центар, а од 12,00 до 15,00 часот делови од ул. „Париска“ бр.5 и ул. „Букурешка“ бр. 21,19,17 и 15 во општина Карпош. Од РЦУК, согласно податоците од ЈП Водовод и канализација Скопје, информираат и дека денеска ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште. Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица „Маџир Маало“ бр.15 (населба Маџир Маало – Центар ), пак, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул. „Охридска“, потегот од ул. „Петричка“ до ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“. Прекинот ќе биде до завршуање со работните активности.

The post Без струја делови од Сарај и Карпош, без вода делови од Центар appeared first on Република.

]]>
Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи https://republika.mk/vesti/skopje/golem-sram-za-gradot-e-da-ne-mozhat-da-obezbedat-nafta-ne-e-samo-da-sednete-vo-fotelja-treba-i-da-se-raboti/ Mon, 18 Nov 2024 13:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=839211

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта.

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.

„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.

„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта. Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.
„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.
Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.
„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>
Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! https://republika.mk/vesti/skopje/namesto-besplaten-javen-prevoz-vo-skopje-skopje-bez-javen-prevoz-kade-e-modernoto-skopje-na-danela/ Mon, 18 Nov 2024 13:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=839203

Премрзните на ниските утрински температури, скопјани наместо во автобус останаа на постројките.  Од бесплатен јавен превоз во Скопје дојдовме на Скопје без јавен превоз. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус.

Неофицијано, ЈСП е без нафта.  Наводно, претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сѐ уште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.

Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП. овеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази велат од Независниот синдикат на претпријатието.

Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но денеска поинаква ситуација на терен. Автобуси нема! Собраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато, ветуваше Данела, а добивме уште поголем хаос!

Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени.
Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на [email protected], ние ќе го споделиме со целата јавност.


М.М/Б.Б. 

The post Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>

Премрзните на ниските утрински температури, скопјани наместо во автобус останаа на постројките.  Од бесплатен јавен превоз во Скопје дојдовме на Скопје без јавен превоз. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта.  Наводно, претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сѐ уште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП. овеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази велат од Независниот синдикат на претпријатието.
Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но денеска поинаква ситуација на терен. Автобуси нема! Собраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато, ветуваше Данела, а добивме уште поголем хаос! Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени. Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на [email protected], ние ќе го споделиме со целата јавност.
М.М/Б.Б. 

The post Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>
Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-do-24-noemvri-vo-skopje-merene-na-krven-pritisok-i-sheker-vo-krvata-frizerski-i-kozmetichki-uslugi-po-povod-nedelata-na-grizha-za-stari-litsa/ Mon, 18 Nov 2024 09:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=839038

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”.

Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”. Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје. Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>
Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило https://republika.mk/vesti/skopje/maloletnitsi-obile-bager-vo-kapishtets-go-pridvizhile-i-udrile-vo-parkirano-vozilo/ Sun, 17 Nov 2024 10:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=838773

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.

Како што информираат од општина Центар, дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.

Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.

Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.

Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.

Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.

Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

The post Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Како што информираат од општина Центар, дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.
Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.
Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта. Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба. Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.
Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

The post Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило appeared first on Република.

]]>
Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ https://republika.mk/vesti/skopje/megunarodna-nokna-atletska-trka-niz-ulitsite-na-skopje/ Sun, 17 Nov 2024 08:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=838723

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот.

Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој ноември во чест на ослободувањето на Град Скопје. Првата трка била одржана во далечната 1953 и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км, стои во соопштението на организаторите.

На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м, со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки.

Овој настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а е поддржан од Министерството за Спорт, Општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи.

Стартот и целта на трките ќе биде во недела во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје.

Првата трка е одржана во 1953 година со учество на атлетичари од скопските клубови, претставници на тогашна ЈНА и од повеќе градови на државата. Сѐ до 1958 година, оваа трка се одржуваше како штафетна трка, во која секоја екипа се состоела од три члена, кои ја предавале штафетата еден на друг. Секој атлетски клуб можел да пријави и повеќе штафети.

Запишано е дека победникот во првата трка, била четвртата екипа на АК „Работнички“, во состав: Поповиќ Момо, Димитриевски Бранко и Матовски Славко. Втора била екипата во која трчале Муратовски Киро, Димитров Трајко и Шаревски Чедо. По возбудливите борби во финишот, во последните метри Матовски успеал да го победи Шаревски и да го донесе на својата екипа првиот назив победник во оваа трка. Во 1958 година се менува карактерот на оваа манифестација, така што повеќе не се трчаат штафетни трки, туку поединечни и екипни, на патека од 5 километри. До 1970 година, победници на трката биле Трбоевски Љубиша, Јојкиќ Боро, Ивчев Трајко, Илиќ Раде, Зоран Михајлов, Елица Змејкова, Гавриловски Сотир. Трката продолжила да се одржува и наредните години и децении, иако имало години кога малку била подзаборавена. Од 1970 година, меѓу учесниците на трката беа и познатите имиња на македонската атлетика како Ѓорѓи Вучков, Славковиќ Јовица, Даутовски Демир, Ѓоргиевски Стевче, Михајло Панајотов, Маџгаљ Милан, Јонуз Јунузи, Киро Стојановски, Мартиновски Трпе, Зоран Димов, Спасевски Томислав, Светлана Арџелиева, Анѓелковиќ Мирко, Зотан Саздов, Даниела Кулевска и многу други.

The post Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој ноември во чест на ослободувањето на Град Скопје. Првата трка била одржана во далечната 1953 и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км, стои во соопштението на организаторите. На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м, со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки. Овој настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а е поддржан од Министерството за Спорт, Општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи. Стартот и целта на трките ќе биде во недела во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје. Првата трка е одржана во 1953 година со учество на атлетичари од скопските клубови, претставници на тогашна ЈНА и од повеќе градови на државата. Сѐ до 1958 година, оваа трка се одржуваше како штафетна трка, во која секоја екипа се состоела од три члена, кои ја предавале штафетата еден на друг. Секој атлетски клуб можел да пријави и повеќе штафети. Запишано е дека победникот во првата трка, била четвртата екипа на АК „Работнички“, во состав: Поповиќ Момо, Димитриевски Бранко и Матовски Славко. Втора била екипата во која трчале Муратовски Киро, Димитров Трајко и Шаревски Чедо. По возбудливите борби во финишот, во последните метри Матовски успеал да го победи Шаревски и да го донесе на својата екипа првиот назив победник во оваа трка. Во 1958 година се менува карактерот на оваа манифестација, така што повеќе не се трчаат штафетни трки, туку поединечни и екипни, на патека од 5 километри. До 1970 година, победници на трката биле Трбоевски Љубиша, Јојкиќ Боро, Ивчев Трајко, Илиќ Раде, Зоран Михајлов, Елица Змејкова, Гавриловски Сотир. Трката продолжила да се одржува и наредните години и децении, иако имало години кога малку била подзаборавена. Од 1970 година, меѓу учесниците на трката беа и познатите имиња на македонската атлетика како Ѓорѓи Вучков, Славковиќ Јовица, Даутовски Демир, Ѓоргиевски Стевче, Михајло Панајотов, Маџгаљ Милан, Јонуз Јунузи, Киро Стојановски, Мартиновски Трпе, Зоран Димов, Спасевски Томислав, Светлана Арџелиева, Анѓелковиќ Мирко, Зотан Саздов, Даниела Кулевска и многу други.

The post Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“ appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани https://republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-izleta-od-patot-rashtak-bulachani/ Sat, 16 Nov 2024 17:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=838619

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.

„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.

Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски.

Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

 

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.
„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.
Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски. Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.  

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>
Иако пред девет месеци беше отворена Поликлиниката Сарај, таа не работи, вели градоначалникот Илас Весели https://republika.mk/vesti/skopje/iako-pred-devet-mesetsi-beshe-otvorena-poliklinikata-saraj-taa-ne-raboti-veli-gradonachalnikot-ilas-veseli/ Sat, 16 Nov 2024 15:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=838569

Денеска сме тука пред Поликлиника Сарај да ја изразиме нашата загриженост за нередовното функционирање на оваа здравствена установа која е многу важна за жителите на нашата општина, изјави денеска на прес-конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели.

По многуте вербални и писмени поплаки што стигнаа од нас како локална власт, најдовме за потребно јавно да се обратиме до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје – Скопје и до јавноста за нефункционирањето на Поликлиниката во Сарај.

По десет месеци од свечното отворање и пуштање во употреба на Поликлиниката во Сарај, истата се уште не успеала да функционира како што беше планирано, да биде во целосна служба на жителите на нашата општина, вели градоначалникот на Сарај.

Во јануари годинава во Општина Сарај беше отворена Поликлиниката од страна на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, тогашниот прв вицепремиер Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити во минатата влада.

Во рамките на поликликата е предвидено да функционираат следните одделенија – дневна амбуланта, стоматологија, педијатрија, лабораторија, ренген соба и аптека. Во моментов дел од одделенијата функционираат делумно, а дел воопшто не функционираат како педијатрија и фармација.

Жителите на Сарај се уште не успеваат да ги добијат соодветните здравствени услуги од оваа поликлиника и се принудени да одат уште подалеку во другите општини, за да ја добијат потребната здравствена помош.

Оваа непријатна ситуација предизвикува забуна кај жителите на Сарај. Во насока на тоа дали работи или не оваа здравствена установа, која тие долго време чекаа да се изгради и да ги исполни нивните потреби.

Затоа, ја користиме можноста јавно да се обратиме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари како министер одговорен за оваа институција со неколку прашања во врска со ова прашање: Зошто граѓаните на Сарај не можат да добијат целосно здравствени услуги, и оваа институција не работи со полн распоред и капацитет? Зошто и тие мали услуги што ги дава поликлиниката главно ги вршат медицинските сестри, а не лекарите кои се вработени? Зошто лекарите кои се вработени во оваа установа не доаѓаат редовно на работа и се појавуваат само по потреба, иако треба да бидат присутни со полно работно време и секој ден? Зошто поликлиниката работи само со закажување, а не со полно работно време како што е планирано да работи? Зошто вработените во поликлиниката ги враќаат назад и не им даваат услуги на граѓаните кои се обраќаат во оваа здравствена установа? Зошто не работат педијатриското и фармацевтското одделение и ноќната дежурна смена? Зошто не се продолжи со дополнително опремување, со кадар и опрема за оваа здравствена установа?

Ние како локална власт која континуирано која континуирано се залага за доброто на нејзините жители и кои придонеле за изградба и формирање на оваа здравствена установа, апелираме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари итно да преземат мерки и да овозможат целосно и редовно функционирање на Поликлиниката во Сарај. Вие го водите ова министерство и како дел од актуелната влада не можете да најдете причина да не дејствувате. Но, напротив, време е да ги исполните вашите обврски и да овозможите целосно функционирање на оваа здравствена установа која е од витално значење за над 44.000 жители на Сарај, заврши градоначалникот на Сарај.

 

The post Иако пред девет месеци беше отворена Поликлиниката Сарај, таа не работи, вели градоначалникот Илас Весели appeared first on Република.

]]>

Денеска сме тука пред Поликлиника Сарај да ја изразиме нашата загриженост за нередовното функционирање на оваа здравствена установа која е многу важна за жителите на нашата општина, изјави денеска на прес-конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели. По многуте вербални и писмени поплаки што стигнаа од нас како локална власт, најдовме за потребно јавно да се обратиме до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје – Скопје и до јавноста за нефункционирањето на Поликлиниката во Сарај.
По десет месеци од свечното отворање и пуштање во употреба на Поликлиниката во Сарај, истата се уште не успеала да функционира како што беше планирано, да биде во целосна служба на жителите на нашата општина, вели градоначалникот на Сарај.
Во јануари годинава во Општина Сарај беше отворена Поликлиниката од страна на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, тогашниот прв вицепремиер Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити во минатата влада. Во рамките на поликликата е предвидено да функционираат следните одделенија – дневна амбуланта, стоматологија, педијатрија, лабораторија, ренген соба и аптека. Во моментов дел од одделенијата функционираат делумно, а дел воопшто не функционираат како педијатрија и фармација. Жителите на Сарај се уште не успеваат да ги добијат соодветните здравствени услуги од оваа поликлиника и се принудени да одат уште подалеку во другите општини, за да ја добијат потребната здравствена помош. Оваа непријатна ситуација предизвикува забуна кај жителите на Сарај. Во насока на тоа дали работи или не оваа здравствена установа, која тие долго време чекаа да се изгради и да ги исполни нивните потреби. Затоа, ја користиме можноста јавно да се обратиме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари како министер одговорен за оваа институција со неколку прашања во врска со ова прашање: Зошто граѓаните на Сарај не можат да добијат целосно здравствени услуги, и оваа институција не работи со полн распоред и капацитет? Зошто и тие мали услуги што ги дава поликлиниката главно ги вршат медицинските сестри, а не лекарите кои се вработени? Зошто лекарите кои се вработени во оваа установа не доаѓаат редовно на работа и се појавуваат само по потреба, иако треба да бидат присутни со полно работно време и секој ден? Зошто поликлиниката работи само со закажување, а не со полно работно време како што е планирано да работи? Зошто вработените во поликлиниката ги враќаат назад и не им даваат услуги на граѓаните кои се обраќаат во оваа здравствена установа? Зошто не работат педијатриското и фармацевтското одделение и ноќната дежурна смена? Зошто не се продолжи со дополнително опремување, со кадар и опрема за оваа здравствена установа? Ние како локална власт која континуирано која континуирано се залага за доброто на нејзините жители и кои придонеле за изградба и формирање на оваа здравствена установа, апелираме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари итно да преземат мерки и да овозможат целосно и редовно функционирање на Поликлиниката во Сарај. Вие го водите ова министерство и како дел од актуелната влада не можете да најдете причина да не дејствувате. Но, напротив, време е да ги исполните вашите обврски и да овозможите целосно функционирање на оваа здравствена установа која е од витално значење за над 44.000 жители на Сарај, заврши градоначалникот на Сарај.  

The post Иако пред девет месеци беше отворена Поликлиниката Сарај, таа не работи, вели градоначалникот Илас Весели appeared first on Република.

]]>
Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/poradi-nokna-trka-utre-od-16-chasot-poseben-rezhim-ke-bidat-zatvoreni-poveke-ulitsi-vo-tsentarot-na-skopje/ Sat, 16 Nov 2024 10:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=838427

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16:00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16:00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

The post Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Во паркот во Сарај пуштен во употреба Детски велодром https://republika.mk/vesti/skopje/vo-parkot-vo-saraj-pushten-vo-upotreba-detski-velodrom/ Fri, 15 Nov 2024 17:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=838231

Во паркот Сарај е пуштен во употреба СТБ Детски велодром. Се простира на површина од 1.500 метри квадратни, како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информираат од Град Скопје.

За сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини. Ја поздравуваме континуираната заложба на Стопанска банка Скопје, која во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ како дел од своите општествено одговорни активности заедно со Град Скопје, реализираше уште еден проект значаен за граѓаните, се вели во соопштението.

Новиот велодром на децата и младите ќе им овозможи да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина. Како што се наведува, како проект на Стопанска банка Скопје е реализиран со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ и е резултат на повеќегодишната соработка на Град Скопје со Стопанска банка како општествено одговорна компанија.

The post Во паркот во Сарај пуштен во употреба Детски велодром appeared first on Република.

]]>

Во паркот Сарај е пуштен во употреба СТБ Детски велодром. Се простира на површина од 1.500 метри квадратни, како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информираат од Град Скопје.
За сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини. Ја поздравуваме континуираната заложба на Стопанска банка Скопје, која во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ како дел од своите општествено одговорни активности заедно со Град Скопје, реализираше уште еден проект значаен за граѓаните, се вели во соопштението.
Новиот велодром на децата и младите ќе им овозможи да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина. Како што се наведува, како проект на Стопанска банка Скопје е реализиран со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ и е резултат на повеќегодишната соработка на Град Скопје со Стопанска банка како општествено одговорна компанија.

The post Во паркот во Сарај пуштен во употреба Детски велодром appeared first on Република.

]]>