Македонија Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 21:28:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/ 32 32 Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска https://republika.mk/vesti/makedonija/prestizhnata-funktsija-e-od-golemo-znachene-za-tselata-drzhava-silanovska-davkova-lichno-ke-i-chestita-na-shekerinska/ Wed, 20 Nov 2024 21:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=840104

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура https://republika.mk/vesti/makedonija/vitsepremierot-nikoloski-na-sredba-so-pretstavnitsi-od-ebor-vladata-e-reshitelna-da-gi-zavrshi-proektite-vo-patnata-i-zheleznichkata-infrastruktura/ Wed, 20 Nov 2024 19:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=840081

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба.

На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.

Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената- истакна министерот Николоски по средбата.

Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.

The post Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан. На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8. Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба. На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.
Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената- истакна министерот Николоски по средбата.
Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.

The post Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-seriozno-sme-posveteni-na-unapreduvane-na-mehanizmite-za-obezbeduvane-na-pristap-do-ekoloshkata-pravda/ Wed, 20 Nov 2024 17:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=840050

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина.

На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија.

Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот,  додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места.

Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања.

Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда“.

Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот.

„Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите“ изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година.

Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“ што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје.

The post Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина. На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија. Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот,  додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места. Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања. Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда“. Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот. „Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите“ изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година. Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“ што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје.

The post Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност https://republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-odluka-da-povede-postapka-za-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Wed, 20 Nov 2024 16:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=840039

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година.

Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото.

Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен.

Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон.

На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење.

По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста.

-На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој.

На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел.

На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото. Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото. Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен. Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење. По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста. -На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој. На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>
Перински: Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-vo-sekoj-mozhe-da-se-krie-iden-olimpiets-a-nasha-odgovornost-e-da-sozdavame-uslovi-i-mozhnosti-za-site/ Wed, 20 Nov 2024 15:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=840008

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имаше чест да се обрати пред присутните на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој се дебатираше во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава. Министерот посочи дека секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажала со формирањето на новото Министерство за спорт.

„И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи. Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек. Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите. Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри“, порача министерот.

По обраќањето Перински се обрати и преку социјалните мрежи. Тој напиша:

Секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажа со формирањето на новото Министерство за спорт. И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи.

Ова го истакнав на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој преку 250 учесници дебатираа во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава.

Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек.
Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите.
Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри.

#ЗлаткоПерински
#МакедонијаЗаТебе

The post Перински: Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имаше чест да се обрати пред присутните на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој се дебатираше во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава. Министерот посочи дека секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажала со формирањето на новото Министерство за спорт.
„И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи. Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек. Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите. Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри“, порача министерот.
По обраќањето Перински се обрати и преку социјалните мрежи. Тој напиша:
Секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажа со формирањето на новото Министерство за спорт. И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи. Ова го истакнав на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој преку 250 учесници дебатираа во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава. Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек. Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите. Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри. #ЗлаткоПерински #МакедонијаЗаТебе

The post Перински: Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите appeared first on Република.

]]>
Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата https://republika.mk/vesti/makedonija/keshishev-se-predomisli-palcho-ne-bil-so-niv-koga-se-sluchile-ubistvata/ Wed, 20 Nov 2024 14:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=840006

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна.

Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.

На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев.

Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/

Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција.

Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања.

„Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција.

Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот.

Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“.

Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци.

Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-palcho-ako-mene-nekoj-mi-lepi-takva-rabota-i-jas-bi-bil-bled/

Судењето продолжува в понеделник.

The post Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата appeared first on Република.

]]>

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна. Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје. На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев. Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/ Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања. „Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција.
Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот.
Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“. Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци. Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-palcho-ako-mene-nekoj-mi-lepi-takva-rabota-i-jas-bi-bil-bled/ Судењето продолжува в понеделник.

The post Кешишев се предомисли, Палчо не бил со нив кога се случиле убиствата appeared first on Република.

]]>
Детски парламент во Собранието по повод Светскиот ден на детето https://republika.mk/vesti/makedonija/detski-parlament-vo-sobranieto-po-povod-svetskiot-den-na-deteto/ Wed, 20 Nov 2024 14:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=839999

Ученици од 15 основни училишта од повеќе градови во земјава денеска повторно се најдоа во улога на пратеници во Собранието на Република Македонија, во рамки на проектот „Детски парламент“, а по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето.

Обраќајќи им се на децата кои годинава беа дел од Детскиот парламент, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, истакна дека најмладите секогаш шират посебна енергија и дека законодавниот дом е секогаш отворен за активности посветени на учениците.

Детскиот парламент не е само симулација на возрасните политички структури. Тој е вистинска можност за вас, младите луѓе, да се вклучите во процесот на дискусија, дебата и одлучување. Тој ви дава платформа да ги изразите вашите мислења и да учествувате во создавањето позитивни промени во вашата заедница и пошироко“, рече Димовска.

Не заборавајте дека вашите идеи се важни, рече Димовска, посочувајќи дека детскиот глас може да донесе промени, да инспирира нови политики или да започне нови процеси.

Вие сте иднината на нашето општество, а учењето и практикувањето демократија од млада возраст е клуч за развојот на една силна и одговорна заедница. Се надевам дека ќе излезете од тука со нови идеи, нови пријателства и ново разбирање за тоа како сите ние, без разлика на возраста, можеме да го направиме светот подобро место за живеење“, рече Димовска.

Како што потсети генералната секретарка на Собранието, Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20 Ноември за Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата, како рамноправни членови на секое општество, имаат свои права и истите треба да се почитуваат.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, што нашата држава ја ратификуваше во 1993 година.

Најмладите кои се вклучија во годинешниот Детски парламент изработија креативни паноа, со пораки до пратениците, цртежи и стихови. Тие исто така се најдоа во улога на пратеници, дискутирајќи на тема „Замена на класичните со електронски учебници“.

Учениците имаа можност и за средба со пратеници и за организирана обиколка на Собранието.

Во законодавниот дом, речиси секоја година се одржува Детски парламент, во организација на Парламентарниот институт. Станува збор за проактивен пристап на законодавната власт да ја приближи работата на Собранието до младите, да придонесе за развој на демократска свест и култура на толеранција, како и да ги поттикне младите за општествена и политичка критичност и вклученост.

The post Детски парламент во Собранието по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>

Ученици од 15 основни училишта од повеќе градови во земјава денеска повторно се најдоа во улога на пратеници во Собранието на Република Македонија, во рамки на проектот „Детски парламент“, а по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето. Обраќајќи им се на децата кои годинава беа дел од Детскиот парламент, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, истакна дека најмладите секогаш шират посебна енергија и дека законодавниот дом е секогаш отворен за активности посветени на учениците.
Детскиот парламент не е само симулација на возрасните политички структури. Тој е вистинска можност за вас, младите луѓе, да се вклучите во процесот на дискусија, дебата и одлучување. Тој ви дава платформа да ги изразите вашите мислења и да учествувате во создавањето позитивни промени во вашата заедница и пошироко“, рече Димовска.
Не заборавајте дека вашите идеи се важни, рече Димовска, посочувајќи дека детскиот глас може да донесе промени, да инспирира нови политики или да започне нови процеси.
Вие сте иднината на нашето општество, а учењето и практикувањето демократија од млада возраст е клуч за развојот на една силна и одговорна заедница. Се надевам дека ќе излезете од тука со нови идеи, нови пријателства и ново разбирање за тоа како сите ние, без разлика на возраста, можеме да го направиме светот подобро место за живеење“, рече Димовска.
Како што потсети генералната секретарка на Собранието, Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20 Ноември за Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата, како рамноправни членови на секое општество, имаат свои права и истите треба да се почитуваат. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, што нашата држава ја ратификуваше во 1993 година. Најмладите кои се вклучија во годинешниот Детски парламент изработија креативни паноа, со пораки до пратениците, цртежи и стихови. Тие исто така се најдоа во улога на пратеници, дискутирајќи на тема „Замена на класичните со електронски учебници“. Учениците имаа можност и за средба со пратеници и за организирана обиколка на Собранието.
Во законодавниот дом, речиси секоја година се одржува Детски парламент, во организација на Парламентарниот институт. Станува збор за проактивен пристап на законодавната власт да ја приближи работата на Собранието до младите, да придонесе за развој на демократска свест и култура на толеранција, како и да ги поттикне младите за општествена и политичка критичност и вклученост.

The post Детски парламент во Собранието по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>
Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски https://republika.mk/vesti/makedonija/vredna-germanska-donatsija-za-zgolemuvane-na-kapatsitetite-na-interventnata-politsija-objavi-toshkovski/ Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=839991

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција.

Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.

На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.

Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција. Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>
Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-i-adolestsentite-pobaraa-podobar-sistem-za-sledene-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-digitalna-infrastruktura-vo-site-uchilishta-i-poveke-mozhnsti-za-rabota-na-sredba-so-vladata-na-visoko-nivo/ Wed, 20 Nov 2024 13:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=839973

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.

Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ.

“Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки."

„Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“

Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад.

Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики.

Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници.

„Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија.

Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ. “Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки." „Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“ Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад. Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики. Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници. „Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија. Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
Корејска донација за Министерството за европски прашања: Канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари https://republika.mk/vesti/makedonija/korejska-donatsija-za-ministerstvoto-za-evropski-prashana-kantselariska-oprema-vo-iznos-od-okolu-27-milioni-denari/ Wed, 20 Nov 2024 13:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=839976

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со вршителот на работи во Амбасадата на Република Кореја во Република Македонија со седиште во Софија, г-а Чо Џи И, по повод преземањето на донацијата од корејскиот народ. Донацијата која е дел од грантовата помош за проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за европски прашања“, вклучува возила, ИТ и канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари, а ќе овозможи унапредување на техничките и административните капацитети на Министерството.

Министерот Муртезани изрази благодарност до г-а Чо Џи И и Амбасадата на Република Кореја за оваа донација која претставува одраз на поддршката што корејскиот народ ја дава за реформските процеси и институционалното јакнење.

Муртезани истакна дека иако билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Кореја сè уште е на почетно ниво, оваа донација претставува темел за иден развој на заемно корисни релации. Тој посочи дека ваквата помош ќе придонесе за поголема ефикасност во исполнувањето на нашите обврски во евроинтегративниот процес, како и во координацијата на донаторската помош.

Тој исто така изрази уверување дека оваа поддршка ќе биде искористена во целост за да ги унапреди нашите институционални капацитети и ќе придонесе кон заедничката цел – изградба на модерна, стабилна и одржлива Република Македонија, подготвена да стане дел од европското семејство.

The post Корејска донација за Министерството за европски прашања: Канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со вршителот на работи во Амбасадата на Република Кореја во Република Македонија со седиште во Софија, г-а Чо Џи И, по повод преземањето на донацијата од корејскиот народ. Донацијата која е дел од грантовата помош за проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за европски прашања“, вклучува возила, ИТ и канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари, а ќе овозможи унапредување на техничките и административните капацитети на Министерството. Министерот Муртезани изрази благодарност до г-а Чо Џи И и Амбасадата на Република Кореја за оваа донација која претставува одраз на поддршката што корејскиот народ ја дава за реформските процеси и институционалното јакнење. Муртезани истакна дека иако билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Кореја сè уште е на почетно ниво, оваа донација претставува темел за иден развој на заемно корисни релации. Тој посочи дека ваквата помош ќе придонесе за поголема ефикасност во исполнувањето на нашите обврски во евроинтегративниот процес, како и во координацијата на донаторската помош. Тој исто така изрази уверување дека оваа поддршка ќе биде искористена во целост за да ги унапреди нашите институционални капацитети и ќе придонесе кон заедничката цел – изградба на модерна, стабилна и одржлива Република Македонија, подготвена да стане дел од европското семејство.

The post Корејска донација за Министерството за европски прашања: Канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-po-povod-svetskiot-den-na-deteto-go-slushame-glasot-na-mladite-i-pravime-promeni-za-pokvalitetno-obrazovanie/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=839964

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување.

Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.

Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.

За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување. Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.
Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.
За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>
Марков: Владата со историски чекор – поголеми плати за сите во здравството, зголемувањето продолжува во наредните години https://republika.mk/vesti/makedonija/markov-vladata-so-istoriski-chekor-pogolemi-plati-za-site-vo-zdravstvoto-zgolemuvaneto-prodolzhuva-vo-narednite-godini/ Wed, 20 Nov 2024 12:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=839941

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници, оценува Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари.

Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада.

Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%.

Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%.

Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та годин“, појасни пратеникот.

Дополни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството а парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите.

The post Марков: Владата со историски чекор – поголеми плати за сите во здравството, зголемувањето продолжува во наредните години appeared first on Република.

]]>

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници, оценува Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари. Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата. Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада. Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%. Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%. Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та годин“, појасни пратеникот. Дополни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството а парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите.

The post Марков: Владата со историски чекор – поголеми плати за сите во здравството, зголемувањето продолжува во наредните години appeared first on Република.

]]>
Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-shto-mi-smislil-oliver-spasovski-mozhebi-ke-treba-da-baram-politichki-azil-vo-belorusija-mu-rekol-palcho-na-prijatelot/ Wed, 20 Nov 2024 12:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=839923

Јас сум еден од основачите на партијата Десна изјави денеска сведокот Стефан Димковски. Со Палевски се познаваме од 2017 година, а комунициравме преку Фејсбук, Телеграм и на телефон, рече сведокот на рочиштето.

-Палевски ми се јави на први декември на Телеграм и побара да го земам од Белград каде ми рече дека е на прегледи. Се согласив. Рече дека треба да го вратам во Скопје. Медицинска документација не видов дали носеше. него имаше два, телефони, од кои еден странски број, српски.

Пред Ниш му рекол дека мора да влезат таму.

Зборуваа со адвокатот Влатко. Тогаш ми кажа дека се променил планот и дека ќе мора да оди во Турција на операција. Ми понуди да го "џитнам" за Турција. Ми рече да го однесам до некој Турчин кој знаел македонски и тој ќе го носел по клиники. Во која болница не ми кажа-објасни сведокот.

На граничните премини немале никакви проблеми, единствено Палевски на бугарската граница го повикале да даде адреса каде ќе престојува. Во Турција се сместиле во некоја куќа.

Ми рече дека куќата ја земал под наем за 150 евра за три месеци. Тоа беше една стара куќа. Со себе имаше три торби. Ми рече дека една торба е со опрема и оти планирал и оттаму да прави поткаст-објасни сведокот кој на трети декември си заминал од Турција.

-Пред заминување ми кажа дека имало некави "дешавки" за девојчето во Скопје што е исчезнато и оти му го лепат него- откри сведокот.

Вечерта сведокот открил што се случило од линкови што му ги праќале пријатели.

-Кога, видов се, онесвестив во хотелот да ви кажам право. Му се јавив на Палчо да го прашам што се случило и тој ми рече дека е "сачекуша" голема, откри сведокот.

Додека биле во Турција му рекол нешто невообичаено.

-Не знам, што ми смислиле овие, можеби ќе треба да размислувам за политички азил во Белорусија. Не знам што ми смислил Оливер Спасовски-му рекол Палчо на Димковски.

The post Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот appeared first on Република.

]]>

Јас сум еден од основачите на партијата Десна изјави денеска сведокот Стефан Димковски. Со Палевски се познаваме од 2017 година, а комунициравме преку Фејсбук, Телеграм и на телефон, рече сведокот на рочиштето.
-Палевски ми се јави на први декември на Телеграм и побара да го земам од Белград каде ми рече дека е на прегледи. Се согласив. Рече дека треба да го вратам во Скопје. Медицинска документација не видов дали носеше. него имаше два, телефони, од кои еден странски број, српски.
Пред Ниш му рекол дека мора да влезат таму.
Зборуваа со адвокатот Влатко. Тогаш ми кажа дека се променил планот и дека ќе мора да оди во Турција на операција. Ми понуди да го "џитнам" за Турција. Ми рече да го однесам до некој Турчин кој знаел македонски и тој ќе го носел по клиники. Во која болница не ми кажа-објасни сведокот.
На граничните премини немале никакви проблеми, единствено Палевски на бугарската граница го повикале да даде адреса каде ќе престојува. Во Турција се сместиле во некоја куќа.
Ми рече дека куќата ја земал под наем за 150 евра за три месеци. Тоа беше една стара куќа. Со себе имаше три торби. Ми рече дека една торба е со опрема и оти планирал и оттаму да прави поткаст-објасни сведокот кој на трети декември си заминал од Турција.
-Пред заминување ми кажа дека имало некави "дешавки" за девојчето во Скопје што е исчезнато и оти му го лепат него- откри сведокот.
Вечерта сведокот открил што се случило од линкови што му ги праќале пријатели.
-Кога, видов се, онесвестив во хотелот да ви кажам право. Му се јавив на Палчо да го прашам што се случило и тој ми рече дека е "сачекуша" голема, откри сведокот.
Додека биле во Турција му рекол нешто невообичаено.
-Не знам, што ми смислиле овие, можеби ќе треба да размислувам за политички азил во Белорусија. Не знам што ми смислил Оливер Спасовски-му рекол Палчо на Димковски.

The post Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби ќе треба да барам политички азил во Белорусија, му рекол Палчо на пријателот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-povod-svetskiot-den-na-deteto-nashata-tsel-e-da-sozdademe-obrazovni-programi-shto-ke-gi-inspiriraat-nashite-detsa-da-bidat-lideri/ Wed, 20 Nov 2024 12:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=839921

Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата. Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, по повод Светскиот ден на детето.

Тој додаде:

Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба.

Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството.

Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба.

Но, зборовите на хартија не се доволни. Потребни се дела.

Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени.

Инвестиции во образованието;
Пристап до здравствена заштита;
Заштита од злоупотреба и насилство.

Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е:

Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината;

Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите;

Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки.

Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка.“

The post Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери appeared first on Република.

]]>

Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата. Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, по повод Светскиот ден на детето. Тој додаде: Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба. Но, зборовите на хартија не се доволни. Потребни се дела. Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени. Инвестиции во образованието; Пристап до здравствена заштита; Заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки. Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка.“

The post Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-shekerinska-chestitav-za-izborot-za-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-za-nas-natsionalnoto-edinstvo-i-interesite-se-pred-partiskite-interesi/ Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=839919

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.

 

 

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.
Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.
   

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел Камерон https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-novoimenuvanata-kanadska-ambasadorka-mishel-kameron/ Wed, 20 Nov 2024 11:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=839895

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон.

Посакувајќи ѝ добредојде на амбасадорката Камерон, претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази надеж дека за време за мандатот на амбасадорката ќе се отворат нови можности за проширување на соработката и за продлабочување на пријателството меѓу двата народа и изрази очекување за зајакнување на врските помеѓу двете држави.

„Во оваа пригода би сакала да изразам благодарност за поддршката којашто Канада ѝ ја дава на мојата земја во процесот на реформите и на нашата интеграција во ЕУ, како и за нашето партнерство и соработка во рамките на НАТО. Тоа партнерство е особено значајно за нас и длабоко го цениме. Во време кога светот се соочува со многубројни предизвици, нашата соработка и солидарност се поважни од кога било“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на можностите за зголемување на економската соработка, трговските врски и инвестиции, како и на соработката во областа на образованието.

„Младите генерации ученици, студенти, како и нашата администрација и институции, имаат потреба од стекнување нови знаења, усвојување напредни методи и решенија од канадскиот систем, што можат да бидат применливи и кај нас, а со цел поефикасно управување и поголем напредок на земјата на секое поле“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Амбасадорката Камерон ја истакна поддршката што Канада ја дава на нашата држава, истакнувајќи го партнерството во рамки на НАТО.

„Како партнери во НАТО, нашите земји работат заедно за да го надминат генерацискиот предизвик за безбедноста на Европа - и на светот“, рече амбасадорката Камерон, упатувајќи честитки за лидерската улога во НАТО, со именувањето на Македонка за заменик генерален секретар.

„Тука сум за да ги направиме нашите економии посилни преку иницијатива, претприемништво, трговија и инвестиции. Постои основа на која треба да се надградиме. Тоа го сметам за личен предизвик, можеби со помош на над сто илјади Македонци кои сега и Канада ја нарекуваат дома“, рече амбасадорката Камерон, истакнувајќи ги своите заложби за продлабочување и зајакнување на сите врски што ги обединуваат двете држави, а во функција на надградување на стратешкото партнерство, напредок на нашата држава кон Европската Унија и проширување на заедничката посветеност на безбедноста, демократијата и просперитетот.

 

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Камерон ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска мисија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел Камерон appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон.

Посакувајќи ѝ добредојде на амбасадорката Камерон, претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази надеж дека за време за мандатот на амбасадорката ќе се отворат нови можности за проширување на соработката и за продлабочување на пријателството меѓу двата народа и изрази очекување за зајакнување на врските помеѓу двете држави.

„Во оваа пригода би сакала да изразам благодарност за поддршката којашто Канада ѝ ја дава на мојата земја во процесот на реформите и на нашата интеграција во ЕУ, како и за нашето партнерство и соработка во рамките на НАТО. Тоа партнерство е особено значајно за нас и длабоко го цениме. Во време кога светот се соочува со многубројни предизвици, нашата соработка и солидарност се поважни од кога било“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на можностите за зголемување на економската соработка, трговските врски и инвестиции, како и на соработката во областа на образованието.

„Младите генерации ученици, студенти, како и нашата администрација и институции, имаат потреба од стекнување нови знаења, усвојување напредни методи и решенија од канадскиот систем, што можат да бидат применливи и кај нас, а со цел поефикасно управување и поголем напредок на земјата на секое поле“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Амбасадорката Камерон ја истакна поддршката што Канада ја дава на нашата држава, истакнувајќи го партнерството во рамки на НАТО.

„Како партнери во НАТО, нашите земји работат заедно за да го надминат генерацискиот предизвик за безбедноста на Европа - и на светот“, рече амбасадорката Камерон, упатувајќи честитки за лидерската улога во НАТО, со именувањето на Македонка за заменик генерален секретар.

„Тука сум за да ги направиме нашите економии посилни преку иницијатива, претприемништво, трговија и инвестиции. Постои основа на која треба да се надградиме. Тоа го сметам за личен предизвик, можеби со помош на над сто илјади Македонци кои сега и Канада ја нарекуваат дома“, рече амбасадорката Камерон, истакнувајќи ги своите заложби за продлабочување и зајакнување на сите врски што ги обединуваат двете држави, а во функција на надградување на стратешкото партнерство, напредок на нашата држава кон Европската Унија и проширување на заедничката посветеност на безбедноста, демократијата и просперитетот.

 

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Камерон ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска мисија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел Камерон appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-premierot-mitskoski-po-povod-svetskiot-den-na-deteto/ Wed, 20 Nov 2024 11:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=839876

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на детето.

https://www.youtube.com/live/lYninFSL5KM?si=X9icomi9m6S1H17e

The post ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на детето. https://www.youtube.com/live/lYninFSL5KM?si=X9icomi9m6S1H17e

The post ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>
Поранешен полицец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshen-politsets-tvrdi-na-politsiski-funktsioneri-im-kazhav-oti-znam-kade-e-palcho-nikoj-ne-mi-se-javi-tuku-samo-me-sledea/ Wed, 20 Nov 2024 11:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=839875

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар кој е имотен да инвестира да се заврши зградата "Тифани", изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.

Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.

-15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо - објасни сведокот.

Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати.

Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап.

На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.

-Ми кажа дека заминал во Турција по работа-се присети Вучков.

Вучков потврди дека Палевски сѐ уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант.

Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.

Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас му следен шест месеци по базни станици-откри сведокот.

The post Поранешен полицец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар кој е имотен да инвестира да се заврши зградата "Тифани", изјави денеска Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец.
Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.
-15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо - објасни сведокот.
Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати. Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап. На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.
-Ми кажа дека заминал во Турција по работа-се присети Вучков.
Вучков потврди дека Палевски сѐ уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант. Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.
Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас му следен шест месеци по базни станици-откри сведокот.

The post Поранешен полицец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>
Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-budhetot-za-2025-so-rekordni-2-4-milijardi-denari-poveke-pari-za-ministerstvoto-za-zhivotnata-sredina/ Wed, 20 Nov 2024 11:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=839869

Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава, вели Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%.

Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%.

Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%.

Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та.

Почитувани, ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, заврши Попов.

 

The post Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина appeared first on Република.

]]>

Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава, вели Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%. Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%. Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%. Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та. Почитувани, ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, заврши Попов.  

The post Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина appeared first on Република.

]]>
Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-mojot-uspeh-ne-e-samo-lichen-tuku-e-i-uspeh-za-nashata-drzhavaa/ Wed, 20 Nov 2024 10:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=839866

Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.

Драги пријатели,
Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.
Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно.
Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Cеверна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција.
Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Cеверна Македонија има што да понуди на глобално ниво.
Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу, порача поранешната министерка за одбрана.

Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте.

The post Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа appeared first on Република.

]]>

Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.
Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Cеверна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Cеверна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу, порача поранешната министерка за одбрана.
Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте.

The post Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа appeared first on Република.

]]>