Економија Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/ekonomija/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 13:37:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Економија Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/ekonomija/ 32 32 Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-izvrshivme-poribuvane-na-rekreativnata-zona-akumulatsijata-gradche-so-podmladok-na-krap/ Sat, 27 Apr 2024 11:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=771644

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

The post Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче. Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, изјави Трипуновски. Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов. Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

The post Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување https://republika.mk/vesti/ekonomija/v-ponedelnik-ke-se-znae-dali-ke-poskapi-polisata-za-zadolzhitelnoto-avto-osiguruvane/ Sat, 27 Apr 2024 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=771623

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

-По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО.

Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност.

Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО.

Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи.

Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. -По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО. Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. -Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност. Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании. -Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО. Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи. Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај. Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-gi-povikuva-rabotnitsite-na-protest-po-povod-megunarodniot-den-na-trudot-1-maj/ Sat, 27 Apr 2024 09:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=771616

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

The post ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.
- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.
Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.
-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.
На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани. На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

The post ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachki-platformata-1198-se-obvrzuva-na-17-milioni-evra-za-proekti-za-kochani/ Sat, 27 Apr 2024 09:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=771611

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3.

Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3. Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.
И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.
Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>
Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут? https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-do-direktorot-na-tets-negotino-od-kade-ti-se-parite-za-hatsiendata-vo-koja-zhiveesh-dali-od-krimi-tenderite-na-soprugata-vo-rek-bitola-ili-od-tvojot-kriminal-so-mazut/ Fri, 26 Apr 2024 18:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=771521

-За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.

-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.

Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.

Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.

И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски.

The post Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут? appeared first on Република.

]]>

-За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања. Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.
-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.
Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?
-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.
Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.
И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски.

The post Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут? appeared first on Република.

]]>
Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-tselosno-ke-go-izgradi-ekspresniot-pat-prilep-gradsko-do-2027-godina/ Fri, 26 Apr 2024 16:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=771489

-Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра. Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион. Николоски вети дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши овој пат до 2027 година.

-Исто така тука е и инфраструктурата, тука поминува една од најзначајните артерии за целиот пелагониски регион, за цела централна Македонија, тоа е експресниот пат Прилеп-Градско кој што е симбол за неспособноста на СДС и ДУИ. 7 години не успеа да го изградат, но исто така е симбол и за криминалот на СДС и ДУИ затоа што бројни афери се поврзани за изградбата на овој пат. Ние ветуваме дека до 2026 година ќе се завршат двете фази од експресниот пат кој што требаше одамна да бидат завршени и третата фаза која што воопшто не е почната до сега, ќе биде завршена до 2027 година како би целосно се комплетирал овој експресен пат кој што треба да ја промени состојбата со економијата, со стопанството во целиот регион, потенцираше Николоски.

На крај тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу други бројни проекти кои се значајни за граѓаните од овој период.

-Имаме и бројни други проекти кои се поврзани со сите области кои се од витално значење за сите вас со цел тука да остануваат луѓето, а не да бегаат надвор и да останува полето необработено, порача тој.

The post Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година appeared first on Република.

Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-odbelezhuvaat-32-godini-od-voveduvaneto-na-denarot/ Fri, 26 Apr 2024 15:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=771475

На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.

- Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.

The post Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот appeared first on Република.

Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени https://republika.mk/vesti/ekonomija/tarifnikot-za-poskapuvane-na-avtoodgovornosta-ne-e-odobren-od-vlada-za-bitiki-ova-e-primer-za-dlabokata-drzhava-koja-mora-da-se-iskoreni/ Fri, 26 Apr 2024 12:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=771424

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании, порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи откако беше обелоденето дека има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата.

Според него, ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница.

Битиќи оценува дека ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на автоосигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени. Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, објави вицепремиерот на социјалните мрежи.

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста. Цените се поскапени за 15,4 отсто.

Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 КВ цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 КВ. Конечно, осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари.

Новите цени стапиле на сила на 25-ти април.

The post Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени appeared first on Република.

]]>

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании, порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи откако беше обелоденето дека има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата. Според него, ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница. Битиќи оценува дека ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на автоосигурувањето на грбот на граѓаните. Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени. Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, објави вицепремиерот на социјалните мрежи. Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста. Цените се поскапени за 15,4 отсто. Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 КВ цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 КВ. Конечно, осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари. Новите цени стапиле на сила на 25-ти април.

The post Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-osiguritelnite-kompanii-da-go-povlechat-zgolemuvaneto-na-tsenite-za-zadolzhitelna-osiguritelna-polisa-a-na-graganite-da-im-se-kompenziraat-sredstvata/ Fri, 26 Apr 2024 12:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=771426

Заменик- претседателот на Владата на Република Македонија на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.

Во продолжение ја пренесуваме неговата објава:

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.

Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.

Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата.“

The post Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата appeared first on Република.

]]>

Заменик- претседателот на Владата на Република Македонија на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила. Во продолжение ја пренесуваме неговата објава:
Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните. Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени. Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата.“  

The post Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата appeared first on Република.

]]>
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето https://republika.mk/vesti/ekonomija/natsionalnoto-biro-za-osiguruvane-tsenata-na-avto-osiguruvaneto-e-nepromeneta-od-2008-godina-realno-e-pokachuvaneto/ Fri, 26 Apr 2024 12:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=771421

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.

Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа.

Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција.

Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто.

Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република  Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании.

Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем.

Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

The post Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето appeared first on Република.

]]>

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република  Македонија е најниска во регионот. Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса. Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

The post Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето appeared first on Република.

]]>
МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/mf-se-razgleduvaa-odlukite-na-osiguritelnite-drushtva-za-zgolemuvane-na-premijata/ Fri, 26 Apr 2024 11:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=771364

Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република  Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што го утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Министерството за финансии со цел транспарентност и предвидливост на процесите во своето работење практикува инклузивен пристап и кооперативност со засегнатите страни при донесување на одлуките, информираат оттаму.

The post МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република  Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што го утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Министерството за финансии со цел транспарентност и предвидливост на процесите во своето работење практикува инклузивен пристап и кооперативност со засегнатите страни при донесување на одлуките, информираат оттаму.

The post МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата appeared first on Република.

]]>
Исплатата на априлската пензија се очекува на 2 мај https://republika.mk/vesti/ekonomija/isplatata-na-aprilskata-penzija-se-ochekuva-na-2-maj/ Fri, 26 Apr 2024 08:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=771247

Исплатата на априлската пензија се очекува на втори мај, со оглед дека први мај е неработен ден, пишува порталот Вести плус.

Некои од банките пензијата најаверојатно ќе исплатат и пред празникот.

Пензијата беше покачена за 5 проценти, а следното покачување се очекува веќе во септември.

The post Исплатата на априлската пензија се очекува на 2 мај appeared first on Република.

]]>

Исплатата на априлската пензија се очекува на втори мај, со оглед дека први мај е неработен ден, пишува порталот Вести плус. Некои од банките пензијата најаверојатно ќе исплатат и пред празникот. Пензијата беше покачена за 5 проценти, а следното покачување се очекува веќе во септември.

The post Исплатата на априлската пензија се очекува на 2 мај appeared first on Република.

]]>
Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-osiguruvaneto-za-registratsija-na-koli-od-agentsijata-za-supervizija-na-osiguruvane-velat-neopravdano/ Fri, 26 Apr 2024 07:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=771238

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и
донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата.

Регистрацијата на возилата поскапе поради повисоката цена на автодговорност за 15,4%.

Наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати. Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност,  30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена.

Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април. Оттаму велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/

The post Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата. Регистрацијата на возилата поскапе поради повисоката цена на автодговорност за 15,4%. Наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари. Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати. Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност,  30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април. Оттаму велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/

The post Поскапе осигурувањето за регистрација на коли: Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат неоправдано appeared first on Република.

]]>
Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/ Thu, 25 Apr 2024 12:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=770957

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6 166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10 294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите.

Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

The post Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила appeared first on Република.

]]>

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6 166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10 294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари. За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти. Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата. Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите. Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

The post Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-400-milioni-evra-vo-budhetskata-stavka-drugi-transferi-vlasta-gi-zloupotrebuva-i-krade-nie-ke-gi-namenime-za-linearno-zgolemuvane-na-penziite/ Thu, 25 Apr 2024 11:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=770930

Тоа што ние сме го ветиле и кажале, тоа ќе го направиме и тоа е резултат на анализа, не е тоа резултат на политичка манипулација, туку многу сериозно и темелно пристапивме, не ветувавме чуда, ниту ќе ветуваме. Тоа што сме ветиле ќе испорачаме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов, запрашан како ќе го одржи ветувањето за пет илјади денари линеарно покачување на сите пензии ако формира Влада.

Мицкоски посочи дека пензиите би се нивелирале во септември и март секоја година, така што според планот предвидено е некаде во втора половина на јуни да се креира владата, а втора половина да има ребаланс за буџетот и веќе од септември да почне реализацијата на ова ветување, со тоа што би се заокружиле тие пет илјади денари во март 2025 година.

„За оваа година, до крајот на годината ни се потребни околу 40 милиони евра, тоа е некаде околу 2 милијарди и 400 милиони денари, потоа веќе од после март кога ќе се затвори целиот овој процес, бројката е некаде околу 20 милијарди, 20 и нешто милијарди, 21 милијарда денари“, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето од каде пари за линеарно повисоки пензии од пет илјади денари, Мицкоски посочи дека тоа е многу едноставно, затоа што во буџетот има ставка „други трансфери“ кои во 2016 година биле 28 милијарди денари, а лани изнесувале 52 милијарди, пари кои ќе се искористат за пензиите.

„Од каде пари? Многу едноставно. Вие ги гледате трансферите кои што одат во ПИОМ од буџетот и процентуално ги кажувате, но ако ги видите во буџетот другите трансфери, ќе дојдете до следниот заклучок. Други трансфери во 2016 година се 28 милијарди денари, а во 2023 година се 52 милијарди, што значи дека имаме зголемување од 24 милијарди денари, тоа се 400 милиони евра. Сигурно ќе си го поставите прашањето, што прават овие а 400 милиона? Јас ќе ви го дадам одговорот. Ништо, ги злоупотребуваат ти 400 милиона. Од тука ќе обезбедат дел од средствата кои што се потребни за пензионерите и се разбира од страна на другите политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе“, рече Мицкоски.

Да бидам до крај брутално искрен, додаде Мицкоски, тие пари се пари кои што се злоупотребуваат, се крадат, а ние немаме намера со тоа да се занимаваме и тие пари ќе отидат кај пензионерите.

The post Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Тоа што ние сме го ветиле и кажале, тоа ќе го направиме и тоа е резултат на анализа, не е тоа резултат на политичка манипулација, туку многу сериозно и темелно пристапивме, не ветувавме чуда, ниту ќе ветуваме. Тоа што сме ветиле ќе испорачаме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов, запрашан како ќе го одржи ветувањето за пет илјади денари линеарно покачување на сите пензии ако формира Влада. Мицкоски посочи дека пензиите би се нивелирале во септември и март секоја година, така што според планот предвидено е некаде во втора половина на јуни да се креира владата, а втора половина да има ребаланс за буџетот и веќе од септември да почне реализацијата на ова ветување, со тоа што би се заокружиле тие пет илјади денари во март 2025 година.
„За оваа година, до крајот на годината ни се потребни околу 40 милиони евра, тоа е некаде околу 2 милијарди и 400 милиони денари, потоа веќе од после март кога ќе се затвори целиот овој процес, бројката е некаде околу 20 милијарди, 20 и нешто милијарди, 21 милијарда денари“, рече Мицкоски.
Во однос на прашањето од каде пари за линеарно повисоки пензии од пет илјади денари, Мицкоски посочи дека тоа е многу едноставно, затоа што во буџетот има ставка „други трансфери“ кои во 2016 година биле 28 милијарди денари, а лани изнесувале 52 милијарди, пари кои ќе се искористат за пензиите.
„Од каде пари? Многу едноставно. Вие ги гледате трансферите кои што одат во ПИОМ од буџетот и процентуално ги кажувате, но ако ги видите во буџетот другите трансфери, ќе дојдете до следниот заклучок. Други трансфери во 2016 година се 28 милијарди денари, а во 2023 година се 52 милијарди, што значи дека имаме зголемување од 24 милијарди денари, тоа се 400 милиони евра. Сигурно ќе си го поставите прашањето, што прават овие а 400 милиона? Јас ќе ви го дадам одговорот. Ништо, ги злоупотребуваат ти 400 милиона. Од тука ќе обезбедат дел од средствата кои што се потребни за пензионерите и се разбира од страна на другите политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе“, рече Мицкоски.
Да бидам до крај брутално искрен, додаде Мицкоски, тие пари се пари кои што се злоупотребуваат, се крадат, а ние немаме намера со тоа да се занимаваме и тие пари ќе отидат кај пензионерите.

The post Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>
„Ние работниците“: ССМ и КСОМ заедно ќе протестираат на 1 Мај https://republika.mk/vesti/ekonomija/nie-rabotnitsite-ssm-i-ksom-zaedno-ke-protestiraat-na-1-maj/ Thu, 25 Apr 2024 10:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=770919

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

-ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“, соопштија од ССМ.

The post „Ние работниците“: ССМ и КСОМ заедно ќе протестираат на 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“. Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев. -ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“, соопштија од ССМ.

The post „Ние работниците“: ССМ и КСОМ заедно ќе протестираат на 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/programerite-i-vrabotenite-vo-vozduhoplovniot-transport-so-najvisoki-plati/ Wed, 24 Apr 2024 20:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=770502

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

The post Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати appeared first on Република.

]]>

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари) После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари. Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности. ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари. Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари. Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

The post Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати appeared first on Република.

]]>
Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела https://republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-ne-beshe-konsultiran-koga-ke-proglasite-neraboten-den-vo-sreda-negativno-ste-ja-reshile-tsela-nedela/ Wed, 24 Apr 2024 06:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=769823

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори.

Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.

Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност, рече вчера претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.

На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас.

И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат.

The post Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела appeared first on Република.

]]>

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори. Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.
Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност, рече вчера претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.
На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас. И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат.

The post Бизнисот не беше консултиран: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела appeared first on Република.

]]>
Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/gasi-skara-baraj-plata-ssm-ke-bara-vrakane-na-nadomestokot-za-hrana-i-prevoz-vo-visina-od-20-otsto-od-prosechnata-plata/ Tue, 23 Apr 2024 11:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=769717

Сојузот на синдикатите бара од газдите да се врати надоместокот за храна и превоз во законскиот износ од 20 отсто од просечната плата (околу 8.000 денари или 4.500 денари со даночното ослободување), бидејќи од нивната минимална плата од 22.500 денари, најмалку една третина сега оди за овие трошоци. Ова е едно од главните барања што синдикалците ќе го испорачаат на најавениот Првомајски протест, за кој побараа масовност од работниците. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, ги потсети членовите дека мора да се охрабрат, да излезат и да маршираат од Работничкиот дом до Владата, рециклирајќи еден поранешен слоган „Гаси скара, барај плата“, алудирајќи на тоа дека низ годините работниците повеќе „павтаа да ја разгорат жарта на скарите, отколку што се заложуваа за нивните права“.

Ќе бараме право што го немаме од 2009-та, оти цените на горивата и на храната отидоа до небо, а уште во првите 100 дена од новата влада, ќе се заложиме минималната плата да изнесува 450 евра, како што е секаде во регионот. Невозможно е повеќе од 20.000 работници сега да примаат плата под минималната и тоа веќе не се толерира. Лесно им е на функционерите со плата од 2.500 евра, прашајте ги работниците како им е со 22.500 денари. Од јануари до април годинава, работниците изгубија 3.000 денари поради дивеењето на цените. А, веќе 14 години не добиваат превоз и хранарина – порача Трендафилов.

Претседателот на ССМ беше прецизен дека само во април одржале 6 протести, а нема никаков возвратен одговор од институциите.

Протестот го организираме во ситуација кога вработените во ЈП „Македонски шуми“ немаат земено три плати, кога ЈП „Водостопанство“ ја нема примено последната плата, кога вработените во културата бараат зголемување на платите што им следува по зголемената минимална плата. Со каков образ од нас се бара да им го дадеме нашиот глас – за да нè крадат и натаму“ – праша Трендафилов.

Од ССМ велат дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку месеци водат грижа исклучиво за себе, а не мислат за работниците.

Не го сметајте ова како повик од ССМ, туку повик од работниците на кој сите ние ќе одлучиме заедно да излеземе на работничкиот протест – поентираше Трендафилов.

The post Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите бара од газдите да се врати надоместокот за храна и превоз во законскиот износ од 20 отсто од просечната плата (околу 8.000 денари или 4.500 денари со даночното ослободување), бидејќи од нивната минимална плата од 22.500 денари, најмалку една третина сега оди за овие трошоци. Ова е едно од главните барања што синдикалците ќе го испорачаат на најавениот Првомајски протест, за кој побараа масовност од работниците. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, ги потсети членовите дека мора да се охрабрат, да излезат и да маршираат од Работничкиот дом до Владата, рециклирајќи еден поранешен слоган „Гаси скара, барај плата“, алудирајќи на тоа дека низ годините работниците повеќе „павтаа да ја разгорат жарта на скарите, отколку што се заложуваа за нивните права“.
Ќе бараме право што го немаме од 2009-та, оти цените на горивата и на храната отидоа до небо, а уште во првите 100 дена од новата влада, ќе се заложиме минималната плата да изнесува 450 евра, како што е секаде во регионот. Невозможно е повеќе од 20.000 работници сега да примаат плата под минималната и тоа веќе не се толерира. Лесно им е на функционерите со плата од 2.500 евра, прашајте ги работниците како им е со 22.500 денари. Од јануари до април годинава, работниците изгубија 3.000 денари поради дивеењето на цените. А, веќе 14 години не добиваат превоз и хранарина – порача Трендафилов.
Претседателот на ССМ беше прецизен дека само во април одржале 6 протести, а нема никаков возвратен одговор од институциите. Протестот го организираме во ситуација кога вработените во ЈП „Македонски шуми“ немаат земено три плати, кога ЈП „Водостопанство“ ја нема примено последната плата, кога вработените во културата бараат зголемување на платите што им следува по зголемената минимална плата. Со каков образ од нас се бара да им го дадеме нашиот глас – за да нè крадат и натаму“ – праша Трендафилов. Од ССМ велат дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку месеци водат грижа исклучиво за себе, а не мислат за работниците.
Не го сметајте ова како повик од ССМ, туку повик од работниците на кој сите ние ќе одлучиме заедно да излеземе на работничкиот протест – поентираше Трендафилов.

The post Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-fevruari-iznesuvala-39-276-denari/ Tue, 23 Apr 2024 11:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=769698

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.  

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>