Ракомет Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/rakomet/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 06:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ракомет Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/rakomet/ 32 32 Фуксе Берлин пресилен за Пелистер https://republika.mk/sport/rakomet/fukse-berlin-presilen-za-pelister/ Thu, 19 Sep 2024 07:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=817625

Германскиот ракометен вицешампион Фуксе Берлин вечерва во Битола без поголеми тешкотии и рутински го совлада Еурофарм Пелистер со 30:22 (15:9).

Во спортската сала „Боро Чурлевски“, бундеслигашот лесно и без поголем напор ги „стопи“ почетните амбиции и оптимизам на битолчани, кои во ниту еден момент од средбата, според резултатот и играта не се доближија до врвните ракометари од Германија и интернационалците кои настапуваат во Фуксе Берлин.

Потврда за тоа е статистиката, бидејќи најефикасен во тимот на гостите беше данскиот ракометар Андерсен кој постигна 7 голови, а одличен на голот беше српскиот интернационалец Милосавлев со 14 одбрани.

Светла точка во тимот на Еурофарм Пелистер беа младите Ристевски и Ѓоргоновски, кои иако со мала минутажа, сепак оставија подобар впечаток од „ѕвездите“ на клубот кои останаа во длабока сенка на гостинскиот тим кој трет пат последователно ги победува битолчани.

Во следното коло Еурофарм Пелистер, на 26 септември ќе има тешко гостување во Букурешт каде ќе се сретна со Динамо, клуб кој е лидер во групата „А“ од ракометната лига на шампионите.

The post Фуксе Берлин пресилен за Пелистер appeared first on Република.

]]>

Германскиот ракометен вицешампион Фуксе Берлин вечерва во Битола без поголеми тешкотии и рутински го совлада Еурофарм Пелистер со 30:22 (15:9). Во спортската сала „Боро Чурлевски“, бундеслигашот лесно и без поголем напор ги „стопи“ почетните амбиции и оптимизам на битолчани, кои во ниту еден момент од средбата, според резултатот и играта не се доближија до врвните ракометари од Германија и интернационалците кои настапуваат во Фуксе Берлин. Потврда за тоа е статистиката, бидејќи најефикасен во тимот на гостите беше данскиот ракометар Андерсен кој постигна 7 голови, а одличен на голот беше српскиот интернационалец Милосавлев со 14 одбрани. Светла точка во тимот на Еурофарм Пелистер беа младите Ристевски и Ѓоргоновски, кои иако со мала минутажа, сепак оставија подобар впечаток од „ѕвездите“ на клубот кои останаа во длабока сенка на гостинскиот тим кој трет пат последователно ги победува битолчани. Во следното коло Еурофарм Пелистер, на 26 септември ќе има тешко гостување во Букурешт каде ќе се сретна со Динамо, клуб кој е лидер во групата „А“ од ракометната лига на шампионите.

The post Фуксе Берлин пресилен за Пелистер appeared first on Република.

]]>
Ива Младеновска на 17-годишна возраст дебитираше во ЛШ https://republika.mk/sport/rakomet/iva-mladenovska-na-17-godishna-vozrast-debitirashe-vo-lsh/ Sun, 15 Sep 2024 17:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=816581

Македонската ракометна репрезентативка Ива Младеновска ќе го памети денешниот ден, откако доби шанса да дебитира во ракометната Лига на Шампионите во дресот на Брест.

Брест за противник го имаше Будуќност, меч на кој францускиот тим доминираше и славеше со 35-22, а Младеновска успеа да постигне два гола од два обида.

Втората Македонка во ЛШ, Сара Ристовска, постигна три гола во ремито на Рапид Букурешт на гостувањето против Кристијанштад од 30-30.

The post Ива Младеновска на 17-годишна возраст дебитираше во ЛШ appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентативка Ива Младеновска ќе го памети денешниот ден, откако доби шанса да дебитира во ракометната Лига на Шампионите во дресот на Брест. Брест за противник го имаше Будуќност, меч на кој францускиот тим доминираше и славеше со 35-22, а Младеновска успеа да постигне два гола од два обида. Втората Македонка во ЛШ, Сара Ристовска, постигна три гола во ремито на Рапид Букурешт на гостувањето против Кристијанштад од 30-30.

The post Ива Младеновска на 17-годишна возраст дебитираше во ЛШ appeared first on Република.

]]>
Каква бомба на Кузмановски среде Париз https://republika.mk/sport/rakomet/kakva-bomba-na-kuzmanovski-srede-pariz/ Thu, 12 Sep 2024 12:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=815751

Филип Кузмановски беше најефикасен играч кај Битолчани во поразот од ПСЖ со осум гола од кои еден беше вистинска бомба.

Погледнете го овој проектил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

The post Каква бомба на Кузмановски среде Париз appeared first on Република.

]]>

Филип Кузмановски беше најефикасен играч кај Битолчани во поразот од ПСЖ со осум гола од кои еден беше вистинска бомба. Погледнете го овој проектил.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

The post Каква бомба на Кузмановски среде Париз appeared first on Република.

]]>
Maлку фалеше Пелистер да извлече нерешено со ПСЖ https://republika.mk/sport/rakomet/malku-faleshe-pelister-da-izvleche-neresheno-so-pszh/ Thu, 12 Sep 2024 07:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=815560

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва од француски ПСЖ на гостувањето во Париз со 31-29 (18-13), но и покрај поразот не разочара на стартот од новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Францускиот тим во 41. минута имаше предност од највисоки плус осум голови разлика (25-17), но битолскиот тим предвреме не се предаде и го однесе натпреварот во неизвесна завршница во која на 19 секунди до крајот фаворизираниот домаќин имаше предност гол предност (30-29).

ПСЖ го реализираше последниот напад и преку Лук Стеинс стави точка на поразот на Еурофарм Пелистер, кој, сепак, со прикажаната игра, особено во завршните 19 минути, навести дека оваа сезона во ЛШ ќе биде многу поуспешна од ланската во која не забележа победа.

Најефикасен вечерва во редовите на македонскиот првак беше Филип Кузмановски со осум голови, а два помалку реализираа Жарко Пешевски и Нејц Цехте.

Битолскиот тим настапите во ЛШ ќе ги продолжи на 18 овој месец кога ќе го пречека германски Фуксе Берлин.

The post Maлку фалеше Пелистер да извлече нерешено со ПСЖ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва од француски ПСЖ на гостувањето во Париз со 31-29 (18-13), но и покрај поразот не разочара на стартот од новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ). Францускиот тим во 41. минута имаше предност од највисоки плус осум голови разлика (25-17), но битолскиот тим предвреме не се предаде и го однесе натпреварот во неизвесна завршница во која на 19 секунди до крајот фаворизираниот домаќин имаше предност гол предност (30-29). ПСЖ го реализираше последниот напад и преку Лук Стеинс стави точка на поразот на Еурофарм Пелистер, кој, сепак, со прикажаната игра, особено во завршните 19 минути, навести дека оваа сезона во ЛШ ќе биде многу поуспешна од ланската во која не забележа победа. Најефикасен вечерва во редовите на македонскиот првак беше Филип Кузмановски со осум голови, а два помалку реализираа Жарко Пешевски и Нејц Цехте. Битолскиот тим настапите во ЛШ ќе ги продолжи на 18 овој месец кога ќе го пречека германски Фуксе Берлин.

The post Maлку фалеше Пелистер да извлече нерешено со ПСЖ appeared first on Република.

]]>
Пелистер на мегдан со големиот ПСЖ https://republika.mk/sport/rakomet/pelister-na-megdan-so-golemiot-pszh/ Wed, 11 Sep 2024 09:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=815224

Бранислав Ангеловски, тренерот на Еурофарм Пелистер пред денешниот дуел против ПСЖ на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони изјави дека француската екипа е еден од најсериозните кандидати за пласман на завршницата и дека кај неговиот тим има мотивација и желба за докажување.

-Гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на завршниот турнир и фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. ПСЖ е добро составена и селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалез. Структурата остана иста, разликата на терен ја прави Лук Стеинс со играта во транзиција и нападот пред Шипжак, кој е еден од најдобрите кружни напаѓачи во светот. Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло, колку е тоа можно во овој момент. Само така треба да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите. Еден ден и еден добар натпревар против ПСЖ, како минатата сезона, не може да гарантира дека повторно ќе одиграме добро. Но, мотивацијата ќе биде на наша страна, желни сме за докажување и сметам дека тоа ќе го покажеме, порача Ангеловски.

Левото крило на Пелистер, Богдан Радивојевиќ пред мечот против ПСЖ најави дека неговиот тим оди да се бори до крај против фаворитот.

-Се радуваме што повторно ќе играме со најдобрите екипи во светот и се надеваме на подобра сезона од претходната. Се надеваме и на некои бодови, посебно на домашен терен. Сите знаат каква екипа е ПСЖ. Сепак, не патуваме однапред да загубиме, ќе излеземе да се бориме, па што Господ ќе ни донесе. Од првата до последната минута мора да играме максимално. Минатата сезона на доста натпревари игравме добро, до крајот се броевме, но тоа не го наградивме со ниту еден бод. Искрено се надевам на поинаков биланс оваа година. Што се однесува до мене, може да играме и полошо, но да се наградиме со некои бодови. Спремаме, квалитетно и силно тренираме и верувам во успешна сезона, изјави Радивојевиќ.

Битолскиот состав втора година во низа ќе настапува во елитното натпреварување каде што ќе се обиде да го поправи впечатокот од минатата кога не освои ниту еден бод.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра денеска во терминот од 20:45 часот.

The post Пелистер на мегдан со големиот ПСЖ appeared first on Република.

]]>

Бранислав Ангеловски, тренерот на Еурофарм Пелистер пред денешниот дуел против ПСЖ на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони изјави дека француската екипа е еден од најсериозните кандидати за пласман на завршницата и дека кај неговиот тим има мотивација и желба за докажување.
-Гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на завршниот турнир и фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. ПСЖ е добро составена и селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалез. Структурата остана иста, разликата на терен ја прави Лук Стеинс со играта во транзиција и нападот пред Шипжак, кој е еден од најдобрите кружни напаѓачи во светот. Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло, колку е тоа можно во овој момент. Само така треба да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите. Еден ден и еден добар натпревар против ПСЖ, како минатата сезона, не може да гарантира дека повторно ќе одиграме добро. Но, мотивацијата ќе биде на наша страна, желни сме за докажување и сметам дека тоа ќе го покажеме, порача Ангеловски.
Левото крило на Пелистер, Богдан Радивојевиќ пред мечот против ПСЖ најави дека неговиот тим оди да се бори до крај против фаворитот.
-Се радуваме што повторно ќе играме со најдобрите екипи во светот и се надеваме на подобра сезона од претходната. Се надеваме и на некои бодови, посебно на домашен терен. Сите знаат каква екипа е ПСЖ. Сепак, не патуваме однапред да загубиме, ќе излеземе да се бориме, па што Господ ќе ни донесе. Од првата до последната минута мора да играме максимално. Минатата сезона на доста натпревари игравме добро, до крајот се броевме, но тоа не го наградивме со ниту еден бод. Искрено се надевам на поинаков биланс оваа година. Што се однесува до мене, може да играме и полошо, но да се наградиме со некои бодови. Спремаме, квалитетно и силно тренираме и верувам во успешна сезона, изјави Радивојевиќ.
Битолскиот состав втора година во низа ќе настапува во елитното натпреварување каде што ќе се обиде да го поправи впечатокот од минатата кога не освои ниту еден бод. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра денеска во терминот од 20:45 часот.

The post Пелистер на мегдан со големиот ПСЖ appeared first on Република.

]]>
Лазаров: Горд сум, покажавме зрелост https://republika.mk/sport/rakomet/lazarov-gord-sum-pokazhavme-zrelost/ Sun, 08 Sep 2024 19:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=814486

„Горд сум, покажавме зрелост, работевме доста. Можеби сме во подобра форма од двете екипи и победивме. Мислам дека пелистерци одиграа премногу натпревари во подготовките, а Вардар одигра доволно ама имаше една луфта од две недели во кои не играше и немаше ритам. Мислам дека тука е нашата предност која ја искористивме. Имавме залет од освојувањето на Суперкупот, а и денес се покажавме во одлично светло“.

Вака изјави тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров, откако „Сините“ го победија Вардар 1961 со 33-30 на празничното градско дерби. Алкалоид поведе со четири разлика во второто коло, што му ја донесе победата. Оваа прва рунда ветува супер-интересна сезона на македонскиот шампионат.

Успехот за Алкалоид доаѓа по освоениот трофеј во Купот на Македонија и во Суперкупот.

Во следното коло од македонската Суперлига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш. Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post Лазаров: Горд сум, покажавме зрелост appeared first on Република.

]]>

„Горд сум, покажавме зрелост, работевме доста. Можеби сме во подобра форма од двете екипи и победивме. Мислам дека пелистерци одиграа премногу натпревари во подготовките, а Вардар одигра доволно ама имаше една луфта од две недели во кои не играше и немаше ритам. Мислам дека тука е нашата предност која ја искористивме. Имавме залет од освојувањето на Суперкупот, а и денес се покажавме во одлично светло“.
Вака изјави тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров, откако „Сините“ го победија Вардар 1961 со 33-30 на празничното градско дерби. Алкалоид поведе со четири разлика во второто коло, што му ја донесе победата. Оваа прва рунда ветува супер-интересна сезона на македонскиот шампионат. Успехот за Алкалоид доаѓа по освоениот трофеј во Купот на Македонија и во Суперкупот. Во следното коло од македонската Суперлига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш. Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post Лазаров: Горд сум, покажавме зрелост appeared first on Република.

]]>
РК Алкалоид го совлада и РК Вардар https://republika.mk/sport/rakomet/rk-alkaloid-go-sovlada-i-rk-vardar/ Sun, 08 Sep 2024 19:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=814483

Дербито на првото коло во ракометната Супер-лига му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33-30.

По Супер-Купот и триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата РК Вардар.

Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци.

Во следното коло од македонската Супер Лига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш.

Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post РК Алкалоид го совлада и РК Вардар appeared first on Република.

]]>

Дербито на првото коло во ракометната Супер-лига му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33-30. По Супер-Купот и триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата РК Вардар. Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци. Во следното коло од македонската Супер Лига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш. Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post РК Алкалоид го совлада и РК Вардар appeared first on Република.

]]>
Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда https://republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-vardar-popladnevno-praznichno-derbi-vo-avtokomanda/ Sun, 08 Sep 2024 14:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=814409

Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.

Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27.

Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30).
Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.

The post Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961. Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27. Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30). Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.

The post Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа https://republika.mk/sport/rakomet/poznati-protivnitsite-na-vardar-vo-ligata-na-evropa/ Sat, 07 Sep 2024 20:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=814230

Двократниот европски шампион Вардар по денешните реванш мечеви во квалификациите за Лигата на Европа ги доби и останатите два противници во групната фаза. Покрај Порто кој веќе од претходно беше познат, вардарци ќе играат и против германски Мелсунген и исландски Валур.

Мелсунген кој е предводен од Парондо, а во него играат Кристопанс и Рожерио Мораеш беше сигурен против Елверум. Валур пак славеше против Спачва Винковци.

ЛИГА ЕВРОПА ГРУПНА ФАЗА:

1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024)
2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024)
3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024)
4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024)
5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024)
6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

The post Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>

Двократниот европски шампион Вардар по денешните реванш мечеви во квалификациите за Лигата на Европа ги доби и останатите два противници во групната фаза. Покрај Порто кој веќе од претходно беше познат, вардарци ќе играат и против германски Мелсунген и исландски Валур. Мелсунген кој е предводен од Парондо, а во него играат Кристопанс и Рожерио Мораеш беше сигурен против Елверум. Валур пак славеше против Спачва Винковци. ЛИГА ЕВРОПА ГРУПНА ФАЗА: 1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024) 2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024) 3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024) 4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024) 5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024) 6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

The post Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>
Ракометната сезона почнува со супер дерби Пелистер-Алкалоид https://republika.mk/sport/rakomet/rakometnata-sezona-pochnuva-so-super-derbi-pelister-alkaloid/ Wed, 04 Sep 2024 14:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=813043

Со натпреварот во Суперкупот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет.

Ракометниот Суперкуп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е закажан со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија.

Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Суперкуп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961, а Еурофарм Пелистер триумфираше два пати.
Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30-26. ег

The post Ракометната сезона почнува со супер дерби Пелистер-Алкалоид appeared first on Република.

]]>

Со натпреварот во Суперкупот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија Алкалоид, вечерва официјално ќе биде отворена новата сезона во домашниот ракомет. Ракометниот Суперкуп меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид е закажан со почеток во 19.00 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија. Ова е седмо издание на македонскиот ракометен Суперкуп во кој, со четири титули, најуспешен е Вардар 1961, а Еурофарм Пелистер триумфираше два пати. Во ланското издание, Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во Струмица со 30-26. ег

The post Ракометната сезона почнува со супер дерби Пелистер-Алкалоид appeared first on Република.

]]>
ГРК Охрид го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп https://republika.mk/sport/rakomet/grk-ohrid-go-osvoi-memorijalniot-turnir-mile-neshkoski-vo-prilep/ Sun, 01 Sep 2024 17:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=812083

Ракоментиот клуб Охрид е победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако во финалето го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер со 33-23.

Охриѓани во текот на целиот меч имаа предност, и не дозволија на противникот да дојде до некаква неизвесност во финишот.

Клучната разлика беше напреван во првиот дел кога Охрид на полувреме замина со предност од 19-9, разлика која успеа да ја одржи до крајот на натпреварот.

The post ГРК Охрид го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Ракоментиот клуб Охрид е победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп откако во финалето го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер со 33-23. Охриѓани во текот на целиот меч имаа предност, и не дозволија на противникот да дојде до некаква неизвесност во финишот. Клучната разлика беше напреван во првиот дел кога Охрид на полувреме замина со предност од 19-9, разлика која успеа да ја одржи до крајот на натпреварот.

The post ГРК Охрид го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на него од славните денови: Вуко Борозан потпиша за Вардар https://republika.mk/sport/rakomet/se-sekavate-na-nego-od-slavnite-denovi-vuko-borozan-potpisha-za-vardar/ Sun, 01 Sep 2024 06:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=811888

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата

The post Се сеќавате на него од славните денови: Вуко Борозан потпиша за Вардар appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата

The post Се сеќавате на него од славните денови: Вуко Борозан потпиша за Вардар appeared first on Република.

]]>
Борозан повторно во дресот на Вардар https://republika.mk/sport/rakomet/borozan-povtorno-vo-dresot-na-vardar/ Sat, 31 Aug 2024 17:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=811843

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан повторно ќе го облече дресот на Вардар.

Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен.

Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Борозан со „црвено-црниот“ дрес стана европски првак во 2017 година.

The post Борозан повторно во дресот на Вардар appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан повторно ќе го облече дресот на Вардар. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата. Борозан со „црвено-црниот“ дрес стана европски првак во 2017 година.

The post Борозан повторно во дресот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Мукаетов се повлекува од прв човек на РФМ во 2025 година https://republika.mk/sport/rakomet/muaketov-se-povlekuva-od-prv-chovek-na-rfm-vo-2025-godina/ Sat, 31 Aug 2024 12:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=811787

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешното собрание најави заминување од функцијата. Тој ќе го напушти претседателското место во Ракометата федерација во 2025 година, пренесува „Скопје.инфо.мк“.

Повлекувањето Мукаетов го најави со потврдата дека нема да се кандидира за нов мандат на изборното собрание кое ќе се одржи помеѓу 15 февруари и 1 март во 2025 година.

На чело на РФМ, Мукаетов дојде во 2013 година, па така по повеќе од десет години Македонија ќе добие нов прв човек на ракометот.

The post Мукаетов се повлекува од прв човек на РФМ во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на денешното собрание најави заминување од функцијата. Тој ќе го напушти претседателското место во Ракометата федерација во 2025 година, пренесува „Скопје.инфо.мк“. Повлекувањето Мукаетов го најави со потврдата дека нема да се кандидира за нов мандат на изборното собрание кое ќе се одржи помеѓу 15 февруари и 1 март во 2025 година. На чело на РФМ, Мукаетов дојде во 2013 година, па така по повеќе од десет години Македонија ќе добие нов прв човек на ракометот.

The post Мукаетов се повлекува од прв човек на РФМ во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Братот на Наумче Мојсоски ја заврши кариерата https://republika.mk/sport/rakomet/bratot-na-naumche-mojsokski-ja-zavrshi-karierata/ Mon, 19 Aug 2024 13:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=807985

По повеќе од 25 години ракометна кариера, стружанецот Златко Мојсоски одлучи да заврши со активно играње ракомет.

Кариерата, како што вели, ја почна и ја заврши во својот роден град, каде го одигра првиот натпревар на 14 години.

- Размислував да одиграм уште една сезона за ракометниот клуб Струга, но, организмот сам му кажува на секој спортист кога е доста. Не сакав да форсирам ништо, едноставно сега е вистинското време затоа што годините си го направија своето, изјави Мојсоски за МИА.

За него, нагласи, невозможно е да издвои клуб во кој ги поминал најубавите моменти во кариерата, затоа што, како што рече, секој клуб му донел искуство, успеси и пријателства кои што траат и ден денес. Сигурен е дека ќе остане во Струга да му помогне на клубот да го одржува својот континуитет.

- Навистина не можам да издвојам еден клуб, секој ми донесе посебно искуство во играчка и во финансиска смисла. Многу спортски радости на победи, но и тага кога имало порази. Она што е најважно во овој момент е тоа што стекнав пријатели за цел живот. Завршив со играчката кариера, но не завршив со РК Струга, ќе останам да му помогнам на мојот матичен клуб во секоја можна смисла, истакна Мојсоски.

Покрај во РК Струга, Мосјоски во својата кариера бил дел од ракометните клубови Пелистер, Тиквеш, Вардар, Металург, Прилеп, Работнички, Еурофарм Работник, Бутел..., а зад себе има настапи и во македонската репрезентација на Европски и Светски првенства

The post Братот на Наумче Мојсоски ја заврши кариерата appeared first on Република.

]]>

По повеќе од 25 години ракометна кариера, стружанецот Златко Мојсоски одлучи да заврши со активно играње ракомет. Кариерата, како што вели, ја почна и ја заврши во својот роден град, каде го одигра првиот натпревар на 14 години.
- Размислував да одиграм уште една сезона за ракометниот клуб Струга, но, организмот сам му кажува на секој спортист кога е доста. Не сакав да форсирам ништо, едноставно сега е вистинското време затоа што годините си го направија своето, изјави Мојсоски за МИА.
За него, нагласи, невозможно е да издвои клуб во кој ги поминал најубавите моменти во кариерата, затоа што, како што рече, секој клуб му донел искуство, успеси и пријателства кои што траат и ден денес. Сигурен е дека ќе остане во Струга да му помогне на клубот да го одржува својот континуитет.
- Навистина не можам да издвојам еден клуб, секој ми донесе посебно искуство во играчка и во финансиска смисла. Многу спортски радости на победи, но и тага кога имало порази. Она што е најважно во овој момент е тоа што стекнав пријатели за цел живот. Завршив со играчката кариера, но не завршив со РК Струга, ќе останам да му помогнам на мојот матичен клуб во секоја можна смисла, истакна Мојсоски.
Покрај во РК Струга, Мосјоски во својата кариера бил дел од ракометните клубови Пелистер, Тиквеш, Вардар, Металург, Прилеп, Работнички, Еурофарм Работник, Бутел..., а зад себе има настапи и во македонската репрезентација на Европски и Светски првенства

The post Братот на Наумче Мојсоски ја заврши кариерата appeared first on Република.

]]>
Најслатка победа: Нашите ракометари ја совладаа Грција https://republika.mk/sport/rakomet/najslatka-pobeda-nashite-rakometari-ja-sovladaa-grtsija/ Sat, 17 Aug 2024 20:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=807573

 Македонската репрезентација го освои 19. место на Европското првенство во Црна Гора, откако славеа победа над Грција со 26:24 во последниот свој настап на шампионатот.

Воедно македонците им се реваншираа на Грците за поразот на ова ова првенство од пред четири дена.

Најефикасен играч на натпреварот беше Димовски со 11 гола

The post Најслатка победа: Нашите ракометари ја совладаа Грција appeared first on Република.

]]>

 Македонската репрезентација го освои 19. место на Европското првенство во Црна Гора, откако славеа победа над Грција со 26:24 во последниот свој настап на шампионатот. Воедно македонците им се реваншираа на Грците за поразот на ова ова првенство од пред четири дена. Најефикасен играч на натпреварот беше Димовски со 11 гола

The post Најслатка победа: Нашите ракометари ја совладаа Грција appeared first on Република.

]]>
По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга https://republika.mk/sport/rakomet/po-porazot-na-paok-makedonsko-finale-na-52-megunaroden-rakometen-turnir-vo-struga/ Sat, 17 Aug 2024 06:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=807386

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа убедливо го совлада грчки ПАОК до 36:20 (19:06) на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Битолчани со победата си резервираа место во денешното финалето против најтрофејниот на турнирот, со 14 титули - Вардар, и можност да се израмнат по бројот на пехари на струшкиот турнир.

Еурофарм Пелистер ја имаше контролата на мечот од почеток и во ниту еден момент не дозволи да се загрози водството.

Најефикасен на натпреварот беше српскиот интернационалец Вук Радивојевиќ со 9 погодоци.

Во борбата за третото место вечер ќе се сретнат поразените од синоќешните натпревари ПАОК и Ескилстуна Гуиф во 18:30 часот, додека финалето е резервирано за 20:30 часот. Последниот ден на турнирот ќе го отворат домаќините и ракометарите на Тиквеш во борбата за петтото место.

The post По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга appeared first on Република.

]]>

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа убедливо го совлада грчки ПАОК до 36:20 (19:06) на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Битолчани со победата си резервираа место во денешното финалето против најтрофејниот на турнирот, со 14 титули - Вардар, и можност да се израмнат по бројот на пехари на струшкиот турнир. Еурофарм Пелистер ја имаше контролата на мечот од почеток и во ниту еден момент не дозволи да се загрози водството. Најефикасен на натпреварот беше српскиот интернационалец Вук Радивојевиќ со 9 погодоци. Во борбата за третото место вечер ќе се сретнат поразените од синоќешните натпревари ПАОК и Ескилстуна Гуиф во 18:30 часот, додека финалето е резервирано за 20:30 часот. Последниот ден на турнирот ќе го отворат домаќините и ракометарите на Тиквеш во борбата за петтото место.

The post По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга appeared first on Република.

]]>
Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава https://republika.mk/sport/rakomet/vardar-prv-finalist-strushkiot-turnir-shansa-za-prv-trofej-sezonava/ Fri, 16 Aug 2024 19:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=807358

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18 (14:07).

Вардарци сериозно му пристапија на натпреварот, ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч и утре ќе го бранат минатогодишниот трофеј на Струшкиот ракометен турнир.

Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

The post Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава appeared first on Република.

]]>

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18 (14:07). Вардарци сериозно му пристапија на натпреварот, ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч и утре ќе го бранат минатогодишниот трофеј на Струшкиот ракометен турнир. Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

The post Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава appeared first on Република.

]]>
И Вардар со победа на струшкиот турнир https://republika.mk/sport/rakomet/i-vardar-so-pobeda-na-strushkiot-turnir/ Wed, 14 Aug 2024 20:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=806629

РК Вардар со победа почна на струшкиот турнир.

The post И Вардар со победа на струшкиот турнир appeared first on Република.

]]>

РК Вардар со победа почна на струшкиот турнир.

The post И Вардар со победа на струшкиот турнир appeared first on Република.

]]>
Започна струшкиот турнир: Убава атмосфера и победа на Пелистер https://republika.mk/sport/rakomet/zapochna-strushkiot-turnir-ubava-atmosfera-i-pobeda-na-pelister/ Wed, 14 Aug 2024 20:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=806620

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер убедливо го совлада домаќинот Струга со 39:22 (18:14) на отварањето на 52. Меѓународен турнир Струга 2024, што се игра на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Неизвесноста на натпреварот траеше до 23-тата минута од првото полувреме кога резултатот на семафорот беше 13:11 за македонскиот првак, после тоа предноста се зголемуваше до конечните 39:22. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи да ја почуствуваат атмосферата на натпреварот. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, со по шест гола, додека кај Струга се истакна Никола Летиќ со пет погодоци.

Турнирот за отворен го прогласи претседател на организацискиот одбор Кирчо Јованоски, изразувајќи задоволство што традицијата успешно продолжува и во шестата деценија.

- На секој стружанец генот му е да знае да плива, скока такла и игра ракомет. А Струга е вистински расадник на ракометни таленти и репрезентативци на Македонија. Секоја година турнирот е се посилен со тимови кои значат и во домашните првенства и во европските купови, пто го покажува и неговиот квалитет и неговата репутација, истакна Јованоски.

Во вториот натпревар од вечерашната програма играат македонските екипи Вардар и Тиквеш.

Утре Струга ќе се соочи со грчки ПАОК, по што следува натпреварот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.  Додека ден потоа во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.

The post Започна струшкиот турнир: Убава атмосфера и победа на Пелистер appeared first on Република.

]]>

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер убедливо го совлада домаќинот Струга со 39:22 (18:14) на отварањето на 52. Меѓународен турнир Струга 2024, што се игра на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“. Неизвесноста на натпреварот траеше до 23-тата минута од првото полувреме кога резултатот на семафорот беше 13:11 за македонскиот првак, после тоа предноста се зголемуваше до конечните 39:22. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи да ја почуствуваат атмосферата на натпреварот. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, со по шест гола, додека кај Струга се истакна Никола Летиќ со пет погодоци. Турнирот за отворен го прогласи претседател на организацискиот одбор Кирчо Јованоски, изразувајќи задоволство што традицијата успешно продолжува и во шестата деценија. - На секој стружанец генот му е да знае да плива, скока такла и игра ракомет. А Струга е вистински расадник на ракометни таленти и репрезентативци на Македонија. Секоја година турнирот е се посилен со тимови кои значат и во домашните првенства и во европските купови, пто го покажува и неговиот квалитет и неговата репутација, истакна Јованоски. Во вториот натпревар од вечерашната програма играат македонските екипи Вардар и Тиквеш. Утре Струга ќе се соочи со грчки ПАОК, по што следува натпреварот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.  Додека ден потоа во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.

The post Започна струшкиот турнир: Убава атмосфера и победа на Пелистер appeared first on Република.

]]>