Кошарка Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 09:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кошарка Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ 32 32 Леброн се разигра на стари години https://republika.mk/sport/kosarka/lebron-se-razigra-na-stari-godini/ Thu, 14 Nov 2024 14:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=837520

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари.

Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред.

Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место.

Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс

The post Леброн се разигра на стари години appeared first on Република.

]]>

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари. Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред. Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место. Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс

The post Леброн се разигра на стари години appeared first on Република.

]]>
Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар https://republika.mk/sport/kosarka/legendarniot-trener-na-nba-greg-popovich-imashe-mozochen-udar/ Wed, 13 Nov 2024 20:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=837402

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.

Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено.

Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон.

The post Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем. Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено. Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон.

The post Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар appeared first on Република.

]]>
Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП https://republika.mk/sport/kosarka/pochetok-e-na-sezonata-a-jokik-veke-e-kandidat-za-mvp/ Tue, 12 Nov 2024 15:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=836858

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“.

Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%.

Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс.

Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут.

Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот

The post Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“. Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%. Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс. Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут. Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот

The post Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП appeared first on Република.

]]>
Кливленд со 12 победи во низа https://republika.mk/sport/kosarka/klivlend-so-12-pobedi-vo-niza/ Tue, 12 Nov 2024 08:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=836594

Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната.

За Кавалирс победата беше 12-та по ред на стартот од сезоната. Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 12 победи во 12 натпревари.

Тимот предводен од Кени Аткинсон води на табелата во Источната конференција.

Следен натпревар на Кливленд е на 14 ноември кога ќе гостува кај Филаделфија

The post Кливленд со 12 победи во низа appeared first on Република.

]]>

Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната. За Кавалирс победата беше 12-та по ред на стартот од сезоната. Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 12 победи во 12 натпревари. Тимот предводен од Кени Аткинсон води на табелата во Источната конференција. Следен натпревар на Кливленд е на 14 ноември кога ќе гостува кај Филаделфија

The post Кливленд со 12 победи во низа appeared first on Република.

]]>
Леброн на 40 години со трипл дабл https://republika.mk/sport/kosarka/lebron-na-40-godini-so-tripl-dabl/ Mon, 11 Nov 2024 12:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=836332

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата.

Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути.

Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара.

На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна 21 поен, 12 скока и 13 асистенции. Вкупно ова е трет трипл-дабл за него во тековната сезона.

The post Леброн на 40 години со трипл дабл appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата. Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара. На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна 21 поен, 12 скока и 13 асистенции. Вкупно ова е трет трипл-дабл за него во тековната сезона.

The post Леброн на 40 години со трипл дабл appeared first on Република.

]]>
Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл https://republika.mk/sport/kosarka/balkanskoto-derbi-za-denver-jokik-so-nov-tripl-dabl/ Mon, 11 Nov 2024 08:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=836218

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ го постигна четвртиот последователен трипл-дабл сезонава во НБА-лигата.

Србинот ноќеска во победата над Далас со 122:120, постигна 37 поени, 18 скока и 15 асистенции за 38 минути поминати на теренот.

Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 37 поени, 18 скока и 15 асистенции во еден натпревар.

Најдобар во гостинската екипа бешеБ Кајри Ирвинг со 43 поени, пет скока и пет асистенции.

Денвер со биланс седум победи и три порази се наоѓа на 4.место во Западната конференција, додека Далас има пет победи и исто толку порази и е на 11. позиција

The post Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ го постигна четвртиот последователен трипл-дабл сезонава во НБА-лигата. Србинот ноќеска во победата над Далас со 122:120, постигна 37 поени, 18 скока и 15 асистенции за 38 минути поминати на теренот. Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 37 поени, 18 скока и 15 асистенции во еден натпревар. Најдобар во гостинската екипа бешеБ Кајри Ирвинг со 43 поени, пет скока и пет асистенции. Денвер со биланс седум победи и три порази се наоѓа на 4.место во Западната конференција, додека Далас има пет победи и исто толку порази и е на 11. позиција

The post Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл appeared first on Република.

]]>
Toлку од синот на Леброн во Лејкерси https://republika.mk/sport/kosarka/tolku-od-sinot-na-lebron-vo-lejkersi/ Fri, 08 Nov 2024 15:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=835387

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“.

Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини.

Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко.

На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.

The post Toлку од синот на Леброн во Лејкерси appeared first on Република.

]]>

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“. Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини. Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко. На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.

The post Toлку од синот на Леброн во Лејкерси appeared first on Република.

]]>
Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер https://republika.mk/sport/kosarka/videoto-jasno-pokazhuva-deka-edina-musa-prva-udri-navivachka-so-dete-se-vkluchuva-i-machka-reagiraat-od-kk-pelister/ Thu, 07 Nov 2024 17:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=835257

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув, велат од КК Пелистер по одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да им додели суспензија поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба пресметка со Кожув, а мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе се одигра без публика во Битола.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. коло што според распоред требаше да го играме на гостински терен против Феникс, во договор на двата клуба ќе биде одигран во Битола, но пред празни трибини.

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув кои беа иницирани од страна на членови на највисокото раководство на гостинскиот клуб.

Сведоци бевме на 39 минути перфектна спортска атмосфера на теренот и на трибините, и кога нашиот тим беше во водство, но и кога противникот имаше позитива.

Пред крајот дојде до тензија, но истата беше иницирана исклучиво од гостите. Конкретно, од поранешниот македонски репрезентативец Александар Димитровски, сега претседател на КК Кожув, како и од неговата втора животна сопатничка, Едина Муса, исто така поранешна македонска кошаркарска репрезентативка.

Видео-снимката јасно покажува како Муса удира женско лице кое со своето дете го следи мечот на трибините, по што се вклучува и Димитровски, па мораше да следи интервенција од обезбедувањето, по што се крена и тензија во салата.

Како во целокупниот опширен извештај на КФСМ на официјалните лица не е наведено кој е виновникот за она што се случи, ниту пак истите се санкционирани, би сакале некој јасно и децидно да ни објасни. Во прилог на ова соопштение го објавуваме и видеото од немилата случка иницирана од Димитровски и Муса, од кое сите јасно можат да видат кој е иницијаторот....

Гостите беа свесни дека го губат мечот на терен,па почнаа да прават притисок врз официјалните лица, а во главна улога беше токму таткото на претседателот, кој влезе во конфликт и со дел од нашата управа, во обид уште повеќе да ја крене тензијата. Сето ова е јасно видливо на видео-снимката од натпреварот што Комесарот за натпреварување ја има на располагање, ако сака да ја види истата, кога веќе се повикува на неа и решава да казнува едни, а однесувањето на другите целосно да го игнорира. Таткото на претседателот заедно со помошниот тренер се закануваа на нашата публика, а првиот тренер на Кожув се обраќаше на публиката, повикувајќи ги на физичка пресметка плукајќи кон нив.

Членот на нашата управа, Марјан Илиевски мечот го следеше од трибините и се спушти долу на терен со една единствена цел – да ги смири тензиите за да не се расплинува ситуацијата и да се случи нешто несакано. Тој успеа во тоа, причинителите на инцидентот ги напуштија трибините и ги снема по своја желба, а останува нејасно зошто тие што го направија инцидентот ја одбија поканата на управата на КК Пелистеер, на која беа само членовите на раководството на битолскиот клуб.

Илиевски се обрати кон клупата на гостите со сугестија да се смират тензиите и да не се разгоруваат непотребно страстите. Целта беше добронамерна, но првиот тренер на Кожув наспроти тоа му се обрати со вулгарни зборови покажувајќи сила (сето ова исто така е видливо на видео-снимката). Ако Комесарот смета дека тоа е „злочин“ за казна од 32.000 денари, секоја чест за неговите критериуми...

КК Пелистер отсекогаш бил и ќе биде беспрекорен домаќин, честитки за тоа добиваме од сите гости кои доаѓаат во нашата Битола за АБА2 лигата, за што сме особено горди. Ланската сезона загубивме куп-финале на една топка од МЗТ, пред полни трибини и немаше апсолутно никаков инцидент. Тоа е најдобар доказ за спортската култура на КК Пелистер и на битолската публика.

Проблем немаше да има ниту викендов, да не беше истиот инициран од гостите од Гевгелија.

На нив, но и на оние кои ги изрекоа овие трагикомични санкции, нека им служи на чест, а Пелистер и во иднина ќе продолжи по зацртаниот пат, на спортски терен, а не преку шеми и „монтирани проблеми“ ми да доаѓа до највисоки резултати.

А ако веќе го казнувате КК Пелистер (како што очигледно сте решиле, по секоја цена), покажете храброст па санкционирајте ги и вистинските виновници...

Со почит,
КК Пелистер

The post Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер appeared first on Република.

]]>

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув, велат од КК Пелистер по одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да им додели суспензија поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба пресметка со Кожув, а мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе се одигра без публика во Битола. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: Почитувани, Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. коло што според распоред требаше да го играме на гостински терен против Феникс, во договор на двата клуба ќе биде одигран во Битола, но пред празни трибини. Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув кои беа иницирани од страна на членови на највисокото раководство на гостинскиот клуб. Сведоци бевме на 39 минути перфектна спортска атмосфера на теренот и на трибините, и кога нашиот тим беше во водство, но и кога противникот имаше позитива. Пред крајот дојде до тензија, но истата беше иницирана исклучиво од гостите. Конкретно, од поранешниот македонски репрезентативец Александар Димитровски, сега претседател на КК Кожув, како и од неговата втора животна сопатничка, Едина Муса, исто така поранешна македонска кошаркарска репрезентативка. Видео-снимката јасно покажува како Муса удира женско лице кое со своето дете го следи мечот на трибините, по што се вклучува и Димитровски, па мораше да следи интервенција од обезбедувањето, по што се крена и тензија во салата. Како во целокупниот опширен извештај на КФСМ на официјалните лица не е наведено кој е виновникот за она што се случи, ниту пак истите се санкционирани, би сакале некој јасно и децидно да ни објасни. Во прилог на ова соопштение го објавуваме и видеото од немилата случка иницирана од Димитровски и Муса, од кое сите јасно можат да видат кој е иницијаторот.... Гостите беа свесни дека го губат мечот на терен,па почнаа да прават притисок врз официјалните лица, а во главна улога беше токму таткото на претседателот, кој влезе во конфликт и со дел од нашата управа, во обид уште повеќе да ја крене тензијата. Сето ова е јасно видливо на видео-снимката од натпреварот што Комесарот за натпреварување ја има на располагање, ако сака да ја види истата, кога веќе се повикува на неа и решава да казнува едни, а однесувањето на другите целосно да го игнорира. Таткото на претседателот заедно со помошниот тренер се закануваа на нашата публика, а првиот тренер на Кожув се обраќаше на публиката, повикувајќи ги на физичка пресметка плукајќи кон нив. Членот на нашата управа, Марјан Илиевски мечот го следеше од трибините и се спушти долу на терен со една единствена цел – да ги смири тензиите за да не се расплинува ситуацијата и да се случи нешто несакано. Тој успеа во тоа, причинителите на инцидентот ги напуштија трибините и ги снема по своја желба, а останува нејасно зошто тие што го направија инцидентот ја одбија поканата на управата на КК Пелистеер, на која беа само членовите на раководството на битолскиот клуб. Илиевски се обрати кон клупата на гостите со сугестија да се смират тензиите и да не се разгоруваат непотребно страстите. Целта беше добронамерна, но првиот тренер на Кожув наспроти тоа му се обрати со вулгарни зборови покажувајќи сила (сето ова исто така е видливо на видео-снимката). Ако Комесарот смета дека тоа е „злочин“ за казна од 32.000 денари, секоја чест за неговите критериуми... КК Пелистер отсекогаш бил и ќе биде беспрекорен домаќин, честитки за тоа добиваме од сите гости кои доаѓаат во нашата Битола за АБА2 лигата, за што сме особено горди. Ланската сезона загубивме куп-финале на една топка од МЗТ, пред полни трибини и немаше апсолутно никаков инцидент. Тоа е најдобар доказ за спортската култура на КК Пелистер и на битолската публика. Проблем немаше да има ниту викендов, да не беше истиот инициран од гостите од Гевгелија. На нив, но и на оние кои ги изрекоа овие трагикомични санкции, нека им служи на чест, а Пелистер и во иднина ќе продолжи по зацртаниот пат, на спортски терен, а не преку шеми и „монтирани проблеми“ ми да доаѓа до највисоки резултати. А ако веќе го казнувате КК Пелистер (како што очигледно сте решиле, по секоја цена), покажете храброст па санкционирајте ги и вистинските виновници... Со почит, КК Пелистер

The post Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер appeared first on Република.

]]>
Стефан Илиев „растура“ во Европската младинска кошаркарска лига https://republika.mk/sport/kosarka/stefan-iliev-rastura-vo-evropskata-mladinska-kosharkarska-liga/ Tue, 05 Nov 2024 15:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=834434

Младата кошаркарска ѕвезда Стефан Илиев, играчот на КК Работнички од Скопје, блесна на паркетот и воодушеви со својата експлозивна игра на Европската младинска кошаркарска лига (ЕYBL), освојувајќи ја Ол-стар титулата во група И.  Станува збор за високо реномиран европски клупски натпревар кој е единствен признат од страна на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), а кој се одржа викендов во Плоешти, Романија.

Неверојатниот учинок на Стефан Илив, со освоени импресивни 123 поени, го рангира на првото место во сите групи до 16 години. Со ваквиот извонреден настап на ова првенство, Илиев докажа дека е следната голема ѕвезда на македонската кошарка, но и еден од најперспективните млади таленти во Европа.

Патот на Илиев е обележан со бројни успеси и признанија кои го истакнуваат неговото сигурно искачување во кошарката. Во 2023 година, тој ја освои титулата најкорисен играч (МВП) во Македонската младинска лига до 14 години. Во 2023 година беше дел од идеалната петорка на EYBL во Истанбул, како и во 2022 година  на „Турнир на шампионите“ во Ужице, Србија.

Со спој на прецизен шут и кошаркарски коефициент на интелигенција, Илиев е постојана офанзивна закана, а неговите достигнувања служат како инспирација за младите спортисти во Македонија. Додека тој продолжува да ги развива своите вештини, кошаркарската заедница со нетрпение го следи неговото искачување. Стефан Илиев не е само играч за гледање. Тој е извор на национална гордост, а иднината изгледа светла за оваа ѕвезда во подем.

The post Стефан Илиев „растура“ во Европската младинска кошаркарска лига appeared first on Република.

]]>

Младата кошаркарска ѕвезда Стефан Илиев, играчот на КК Работнички од Скопје, блесна на паркетот и воодушеви со својата експлозивна игра на Европската младинска кошаркарска лига (ЕYBL), освојувајќи ја Ол-стар титулата во група И.  Станува збор за високо реномиран европски клупски натпревар кој е единствен признат од страна на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), а кој се одржа викендов во Плоешти, Романија. Неверојатниот учинок на Стефан Илив, со освоени импресивни 123 поени, го рангира на првото место во сите групи до 16 години. Со ваквиот извонреден настап на ова првенство, Илиев докажа дека е следната голема ѕвезда на македонската кошарка, но и еден од најперспективните млади таленти во Европа.
Патот на Илиев е обележан со бројни успеси и признанија кои го истакнуваат неговото сигурно искачување во кошарката. Во 2023 година, тој ја освои титулата најкорисен играч (МВП) во Македонската младинска лига до 14 години. Во 2023 година беше дел од идеалната петорка на EYBL во Истанбул, како и во 2022 година  на „Турнир на шампионите“ во Ужице, Србија. Со спој на прецизен шут и кошаркарски коефициент на интелигенција, Илиев е постојана офанзивна закана, а неговите достигнувања служат како инспирација за младите спортисти во Македонија. Додека тој продолжува да ги развива своите вештини, кошаркарската заедница со нетрпение го следи неговото искачување. Стефан Илиев не е само играч за гледање. Тој е извор на национална гордост, а иднината изгледа светла за оваа ѕвезда во подем.

The post Стефан Илиев „растура“ во Европската младинска кошаркарска лига appeared first on Република.

]]>
Судиите ја украдоа Звезда во Литванија https://republika.mk/sport/kosarka/sudiite-ja-ukradoa-zvezda-vo-litvanija/ Thu, 31 Oct 2024 18:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=832778

 Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата.

Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.

-Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ.

Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции.

Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3

The post Судиите ја украдоа Звезда во Литванија appeared first on Република.

]]>

 Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата. Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.
-Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ.
Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции. Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3

The post Судиите ја украдоа Звезда во Литванија appeared first on Република.

]]>
Joкиќ со нов трипл-дабл, ситe кошеви ги постигна од рекетот https://republika.mk/sport/kosarka/jokik-so-nov-tripl-dabl-sit-koshevi-gi-postigna-od-reketot/ Wed, 30 Oct 2024 09:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=832323

Најдобриот кошаркар на планетата  Никола Јокиќ повторно направи „хаос“ на теренот со својата неверојатна игра, втор трипл-дабл натпревар оваа сезона. Тој беше убедливо најдобар во втората победа сезонава на Денвер Нагетс над Бруклин Нетс по продолжение, 144:139.

Откако претходната вечер постигна 40 поени, Никола продолжи да постигнува нешто послабо и денеска, но беше многу подобар во сите останати сегменти од играта, зграпчувајќи 16 скока и поделувајќи неверојатни 18 асистенции.

Јокиќ на овој меч ги постигна сите кошеви од рекетот, каде што шутираше со успешност од 9 од 16, додека на пенал се најде далеку повеќе од претходната вечер, а оттаму имаше 11 удари од 13. обиди.

The post Joкиќ со нов трипл-дабл, ситe кошеви ги постигна од рекетот appeared first on Република.

]]>

Најдобриот кошаркар на планетата  Никола Јокиќ повторно направи „хаос“ на теренот со својата неверојатна игра, втор трипл-дабл натпревар оваа сезона. Тој беше убедливо најдобар во втората победа сезонава на Денвер Нагетс над Бруклин Нетс по продолжение, 144:139. Откако претходната вечер постигна 40 поени, Никола продолжи да постигнува нешто послабо и денеска, но беше многу подобар во сите останати сегменти од играта, зграпчувајќи 16 скока и поделувајќи неверојатни 18 асистенции. Јокиќ на овој меч ги постигна сите кошеви од рекетот, каде што шутираше со успешност од 9 од 16, додека на пенал се најде далеку повеќе од претходната вечер, а оттаму имаше 11 удари од 13. обиди.

The post Joкиќ со нов трипл-дабл, ситe кошеви ги постигна од рекетот appeared first on Република.

]]>
Лејкерси поразени прв пат сезонава https://republika.mk/sport/kosarka/lejkersi-porazeni-prv-pat-sezonava/ Tue, 29 Oct 2024 10:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=831987

Феникс санс рано утрово на домашен терен ги победи Лос Анџелес лејкерс со 109:105.

Најефикасен кошаркар на средбата беше Девин Букер, кој постигна 33 поени, Кевин Дурант со 30 беше втор стрелец во победничкиот тим.

Кај Лејкерси се истакна Ентони Дејвис со 29 поени и 15 скокови.

Ова е прв пораз (3-1 победи-порази) за Лејкерс во сезоната 2024/25.

Непоразени остануваат само Оклахома (3-0), Кливленд (4-0) и Бостон (4-0)

The post Лејкерси поразени прв пат сезонава appeared first on Република.

]]>

Феникс санс рано утрово на домашен терен ги победи Лос Анџелес лејкерс со 109:105. Најефикасен кошаркар на средбата беше Девин Букер, кој постигна 33 поени, Кевин Дурант со 30 беше втор стрелец во победничкиот тим. Кај Лејкерси се истакна Ентони Дејвис со 29 поени и 15 скокови. Ова е прв пораз (3-1 победи-порази) за Лејкерс во сезоната 2024/25. Непоразени остануваат само Оклахома (3-0), Кливленд (4-0) и Бостон (4-0)

The post Лејкерси поразени прв пат сезонава appeared first on Република.

]]>
Maкедонка и јавила на мајката на Дражен Петровиќ за неговата смрт https://republika.mk/sport/kosarka/makedonka-i-javila-na-majkata-na-drazhen-petrovik-za-negovata-smrt/ Sun, 27 Oct 2024 16:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=831443

На 7 јуни 1993 година времето застана за мене. Беше околу 22 часот... Се спремавме за спиење во станот на Дражен на 14 кат. Тој ден попладнето ни се јави од аеродромот во Франкфурт, рече дека испратил валкана облека и дека ќе пристигне за два дена. Одговорив, мислев дека се јавува тој. Женски глас праша дали тоа е станот Петровиќ. Беше Македонка, преведувачка, слабо зборуваше хрватски. „Твојот син е мртов“-ми рече, раскажа за „Курир.рс“ мајката на кошаркарот.

Не знам како ги преживеав. Се упатив кон терасата, во тие моменти не можеш да го контролираш своето тело. Вие сте во шок и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Џоле ​​беше поприсебен, ме фати, го спречи најлошото и ме спаси. Му благодарам, бидејќи сега можам се за Дражен. Нека продолжи да живее митот за него. Дека тоа што го направил во својот краток живот да се запише како што треба, да се прераскажува со генерации. И тоа ме одржа. Мојот психијатар ми рече: „Госпоѓо Петровиќ, кога воспитувавте такви деца, сега борете се за живот, тоа можете да го направите само со работа“. Го послушав и почнав приказна со музејот-вели Бисерка Петровиќ.

The post Maкедонка и јавила на мајката на Дражен Петровиќ за неговата смрт appeared first on Република.

]]>

На 7 јуни 1993 година времето застана за мене. Беше околу 22 часот... Се спремавме за спиење во станот на Дражен на 14 кат. Тој ден попладнето ни се јави од аеродромот во Франкфурт, рече дека испратил валкана облека и дека ќе пристигне за два дена. Одговорив, мислев дека се јавува тој. Женски глас праша дали тоа е станот Петровиќ. Беше Македонка, преведувачка, слабо зборуваше хрватски. „Твојот син е мртов“-ми рече, раскажа за „Курир.рс“ мајката на кошаркарот.
Не знам како ги преживеав. Се упатив кон терасата, во тие моменти не можеш да го контролираш своето тело. Вие сте во шок и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Џоле ​​беше поприсебен, ме фати, го спречи најлошото и ме спаси. Му благодарам, бидејќи сега можам се за Дражен. Нека продолжи да живее митот за него. Дека тоа што го направил во својот краток живот да се запише како што треба, да се прераскажува со генерации. И тоа ме одржа. Мојот психијатар ми рече: „Госпоѓо Петровиќ, кога воспитувавте такви деца, сега борете се за живот, тоа можете да го направите само со работа“. Го послушав и почнав приказна со музејот-вели Бисерка Петровиќ.

The post Maкедонка и јавила на мајката на Дражен Петровиќ за неговата смрт appeared first on Република.

]]>
Момент за историја: Прва победа за Леброн и синот https://republika.mk/sport/kosarka/moment-za-istorija-prva-pobeda-za-lebron-i-sinot/ Wed, 23 Oct 2024 11:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=830111

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите емоции по неговиот прв натпревар со синот Брони Џејмс во НБА-лигата.

Ноќеска Лејкерси ја победија Минесота (110:103) во воведниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс Јуниор одигра речиси три минути и забележа еден скок.

- Никогаш нема да го заборавам овој момент. Колку и да стареам, колку и да ми се влошува меморијата со годините, никогаш нема да го заборавам тој момент. Имавме задача и ја исполнивме. Не се обидувавме ова да го претвориме во циркус. Не се обидовме да го направиме тоа за нас. Сакавме да придонесеме за тимот, да излеземе на теренот и да продолжиме да играме кошарка каква што сакаа стручниот штаб и нашите соиграч. Се задржавме на тоа. И тоа беше добро за сите нас, изјави Леброн Џејмс за „ESPN“.

Лејкерс забележаа победа со 110:103

The post Момент за историја: Прва победа за Леброн и синот appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите емоции по неговиот прв натпревар со синот Брони Џејмс во НБА-лигата. Ноќеска Лејкерси ја победија Минесота (110:103) во воведниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс Јуниор одигра речиси три минути и забележа еден скок.
- Никогаш нема да го заборавам овој момент. Колку и да стареам, колку и да ми се влошува меморијата со годините, никогаш нема да го заборавам тој момент. Имавме задача и ја исполнивме. Не се обидувавме ова да го претвориме во циркус. Не се обидовме да го направиме тоа за нас. Сакавме да придонесеме за тимот, да излеземе на теренот и да продолжиме да играме кошарка каква што сакаа стручниот штаб и нашите соиграч. Се задржавме на тоа. И тоа беше добро за сите нас, изјави Леброн Џејмс за „ESPN“.
Лејкерс забележаа победа со 110:103

The post Момент за историја: Прва победа за Леброн и синот appeared first on Република.

]]>
Кошаркарските фанови нека се спремат, почнува НБА лигата https://republika.mk/sport/kosarka/kosharkarskite-fanovi-neka-se-spremat-pochnuva-nba-ligata/ Tue, 22 Oct 2024 06:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=829590

Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, додека ЛА Лејкерс ја пречекува, утре официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига.
Регуларниот дел од сезоната ќе се игра до 13 април идната година, а плејофот ќе стартува шест денови подоцна.

Почетокот на финалната серија е закажан за 5 јуни.
Домаќин на Ол стар викендот оваа сезона ќе биде Сан Франциско од 14 до 16 февруари

The post Кошаркарските фанови нека се спремат, почнува НБА лигата appeared first on Република.

]]>

Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, додека ЛА Лејкерс ја пречекува, утре официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига. Регуларниот дел од сезоната ќе се игра до 13 април идната година, а плејофот ќе стартува шест денови подоцна. Почетокот на финалната серија е закажан за 5 јуни. Домаќин на Ол стар викендот оваа сезона ќе биде Сан Франциско од 14 до 16 февруари

The post Кошаркарските фанови нека се спремат, почнува НБА лигата appeared first on Република.

]]>
МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-aerodrom-slaveshe-vo-derbito-protiv-rabotnichki/ Sun, 20 Oct 2024 06:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=828954

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56).

Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8).

На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи.

Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28).

Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО

САБОТА

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70
Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75
Вардар – Феникс 2010 72:77
ТФТ – Кожув 79:77
Чаир 2030 – Шкупи 98:80

20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

ТАБЕЛА:
Чаир 2030 6 бодови,
ТФТ 6,
МЗТ Скопје Аеродром 5,
Работнички 5,
Пелистер 4 (-1),
Гостивар 4,
Кожув 4,
Тиквеш Голден Игл 4,
Феникс 2010 4,
МКК Куманово 3 (-1),
Вардар 3,
Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>

Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56). Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8). На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи. Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28). Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10. ПРВА ЛИГА-МАЖИ РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО САБОТА Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70 Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75 Вардар – Феникс 2010 72:77 ТФТ – Кожув 79:77 Чаир 2030 – Шкупи 98:80 20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА) 19.00: Пелистер – МКК Куманово ТАБЕЛА: Чаир 2030 6 бодови, ТФТ 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, Пелистер 4 (-1), Гостивар 4, Кожув 4, Тиквеш Голден Игл 4, Феникс 2010 4, МКК Куманово 3 (-1), Вардар 3, Шкупи 3.

The post МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Работнички и МЗТ ја претворија салата „Кале“ во воена зона, интервенираа специјалци https://republika.mk/sport/kosarka/navivachite-na-rabotnichki-i-mzt-ja-pretvorija-salata-kale-vo-voena-zona-interveniraa-spetsijaltsi/ Sat, 19 Oct 2024 17:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=828891

Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот.

Ова беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото го сторија и домашните играчи.

Во еден момент реагираа и специјалните полициски сили, кои беа во салата.

Се очекува официјалните лица да донесат одлука за празнење на трибините, по што натпреварот би се доиграл без гледачи.

Во моментот на прекинот во 12. минута од средбата, МЗТ СКопје водеше со 30-13.

The post Навивачите на Работнички и МЗТ ја претворија салата „Кале“ во воена зона, интервенираа специјалци appeared first on Република.

]]>

Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот. Ова беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото го сторија и домашните играчи. Во еден момент реагираа и специјалните полициски сили, кои беа во салата. Се очекува официјалните лица да донесат одлука за празнење на трибините, по што натпреварот би се доиграл без гледачи. Во моментот на прекинот во 12. минута од средбата, МЗТ СКопје водеше со 30-13.

The post Навивачите на Работнички и МЗТ ја претворија салата „Кале“ во воена зона, интервенираа специјалци appeared first on Република.

]]>
Спортскиот документарец „Први до четврто“ ќе учествува на фестивал во Милано https://republika.mk/sport/kosarka/sportskiot-dokumentarets-prvo-do-chetvrto-ke-uchestvuva-na-festival-vo-milano/ Thu, 10 Oct 2024 09:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=825069

Спортскиот документарен филм "Први до Четврто" е избран да биде дел од финалето на 42от Интернационален Филмски Фестивал во Милано, Италија кој ќе се одржи од 5ти до 9ти ноември 2024 година.

Ова е голем успех на триото Саша Каталиниќ, Игор Ивановски и Матеј Милев по наградата што ја освоија на сличен фестивал на Златибор.

https://republika.mk/sport/kosarka/sportskiot-dokumentarets-prvi-do-chetvrto-so-nagrada-na-festival-vo-zlatibor/

The post Спортскиот документарец „Први до четврто“ ќе учествува на фестивал во Милано appeared first on Република.

]]>

Спортскиот документарен филм "Први до Четврто" е избран да биде дел од финалето на 42от Интернационален Филмски Фестивал во Милано, Италија кој ќе се одржи од 5ти до 9ти ноември 2024 година. Ова е голем успех на триото Саша Каталиниќ, Игор Ивановски и Матеј Милев по наградата што ја освоија на сличен фестивал на Златибор. https://republika.mk/sport/kosarka/sportskiot-dokumentarets-prvi-do-chetvrto-so-nagrada-na-festival-vo-zlatibor/

The post Спортскиот документарец „Први до четврто“ ќе учествува на фестивал во Милано appeared first on Република.

]]>
Taткото и синот Џејмс заедно на терен https://republika.mk/sport/kosarka/tatkoto-i-sinot-dhejms-zaedno-na-teren/ Mon, 07 Oct 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=823736

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:

„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

The post Taткото и синот Џејмс заедно на терен appeared first on Република.

]]>

Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар. Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди. За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели:
„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.
Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години.

The post Taткото и синот Џејмс заедно на терен appeared first on Република.

]]>
Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда https://republika.mk/sport/kosarka/pero-antik-koga-togash-ke-go-donesam-bogdan-vo-tsrvena-zvezda/ Sun, 06 Oct 2024 13:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=823477

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за време на посетата на Лакташи каде го следеше дуелот од АБА лигата помеѓу Игокеа и Будуќност, зборуваше за блискиот однос со српскиот бек Богдан Богдановиќ со кој играа заедно во Фенербахче.

„Пред два дена се допишувавме. Постојано сме во контакт, се шегуваме, бевме и цимери. Ќе го донесам во Црвена ѕвезда кога-тогаш. Тој вели дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислам дека тоа ќе биде во Ѕвезда“, се смее Антиќ.

The post Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за време на посетата на Лакташи каде го следеше дуелот од АБА лигата помеѓу Игокеа и Будуќност, зборуваше за блискиот однос со српскиот бек Богдан Богдановиќ со кој играа заедно во Фенербахче.
„Пред два дена се допишувавме. Постојано сме во контакт, се шегуваме, бевме и цимери. Ќе го донесам во Црвена ѕвезда кога-тогаш. Тој вели дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислам дека тоа ќе биде во Ѕвезда“, се смее Антиќ.

The post Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>