Филм Archives - Република https://republika.mk/kategorija/scena/film/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филм Archives - Република https://republika.mk/kategorija/scena/film/ 32 32 Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали https://republika.mk/scena/film/makedonskiot-kratkometrazhen-film-stsenarioto-na-aleksandra-kardalevska-so-golem-uspeh-na-svetskite-filmski-festivali/ Thu, 21 Nov 2024 07:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=840128

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика.

По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали.

Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија.

Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио.
Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот.

Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска.

Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика. По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали. Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија. Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио. Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот. Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска. Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>
Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија https://republika.mk/scena/film/labina-mitevska-e-dobitnichka-na-godinashnata-eurimazh-nagrada-za-megunrodni-ko-poroduktsii-od-eurimazh-i-evropskata-filmskata-akademija/ Wed, 20 Nov 2024 11:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=839902

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.

Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.

Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда.

„Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа.

Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.

Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.

Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.

Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.

Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ.

Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации.

Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија.

„Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска.

Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.
Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.
Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда. „Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа. Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.
Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.
Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.
Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.
Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ. Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации. Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија. „Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска. Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).  

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>
Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас https://republika.mk/scena/film/nedela-na-shpanski-film-vo-kinoteka-vecherva-proektsija-na-vnatreshnoto-more-so-havier-bardem-belen-rueda-i-lola-duenas/ Wed, 20 Nov 2024 08:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=839803

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на шпански филм, ќе биде прикажан играниот филм „Внатрешното море“.

„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ (2004), во режија на Алехандро Аменабар, е длабоко емотивен и трогателен филм, базиран на вистинската приказна за Рамон Сампедро, човек кој води долгогодишна битка за правото на евтаназија. Оваа драма го истражува комплексното прашање на животот, достоинството и смртта, со голема чувствителност и моќни изведби.

Хавиер Бардем го глуми Рамон, кој е парализиран од вратот надолу по несреќа што се случила пред 28 години. Затворен во своето тело, но со жив и буден ум, Рамон решава да ја води својата борба за право на достоинствена смрт, верувајќи дека неговиот живот во таква состојба нема повеќе вредност за него. Неговата борба е водена од страста да се биде слободен, дури и ако тоа значи крај на неговото постоење.

Филмот го истражува односот на Рамон со луѓето околу него – неговото семејство, кое е поделено во поддршката за неговата желба, адвокатката Хулија (Белен Руеда), која му помага во легалната битка, и Роза (Лола Дуенас), жена која сака да го убеди дека животот сè уште има вредност.

„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ успева да ја прикаже темата на евтаназија со големо почитување и емпатија. Бардем со својата извонредна глума внесува длабочина во ликот на Рамон, претставувајќи го не само како човек кој бара да го заврши својот живот, туку и како личност која доживува љубов, страдање и хумор во својот секојдневен живот. Камерата и сценографијата создаваат визуелно поетска атмосфера, особено во сцените каде Рамон сонува дека може повторно да лета, метафорично прикажувајќи ја неговата копнеж за слобода.

ВНАТРЕШНОТО МОРЕ

(Mar Adentro)

Игран филм, Шпанија

2004, 125 мин., колор, ДЦП

Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenabar)

Сценарио: Матео Гил (Mateo Gil)

Улоги: Хавиер Бардем, Белен Руеда, Лола Дуенас (Javier Bardem, Belen Rueda, Lola Duenas)

The post Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на шпански филм, ќе биде прикажан играниот филм „Внатрешното море“.
„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ (2004), во режија на Алехандро Аменабар, е длабоко емотивен и трогателен филм, базиран на вистинската приказна за Рамон Сампедро, човек кој води долгогодишна битка за правото на евтаназија. Оваа драма го истражува комплексното прашање на животот, достоинството и смртта, со голема чувствителност и моќни изведби.   Хавиер Бардем го глуми Рамон, кој е парализиран од вратот надолу по несреќа што се случила пред 28 години. Затворен во своето тело, но со жив и буден ум, Рамон решава да ја води својата борба за право на достоинствена смрт, верувајќи дека неговиот живот во таква состојба нема повеќе вредност за него. Неговата борба е водена од страста да се биде слободен, дури и ако тоа значи крај на неговото постоење. Филмот го истражува односот на Рамон со луѓето околу него – неговото семејство, кое е поделено во поддршката за неговата желба, адвокатката Хулија (Белен Руеда), која му помага во легалната битка, и Роза (Лола Дуенас), жена која сака да го убеди дека животот сè уште има вредност.   „ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ успева да ја прикаже темата на евтаназија со големо почитување и емпатија. Бардем со својата извонредна глума внесува длабочина во ликот на Рамон, претставувајќи го не само како човек кој бара да го заврши својот живот, туку и како личност која доживува љубов, страдање и хумор во својот секојдневен живот. Камерата и сценографијата создаваат визуелно поетска атмосфера, особено во сцените каде Рамон сонува дека може повторно да лета, метафорично прикажувајќи ја неговата копнеж за слобода. ВНАТРЕШНОТО МОРЕ   (Mar Adentro) Игран филм, Шпанија 2004, 125 мин., колор, ДЦП Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenabar) Сценарио: Матео Гил (Mateo Gil) Улоги: Хавиер Бардем, Белен Руеда, Лола Дуенас (Javier Bardem, Belen Rueda, Lola Duenas)

The post Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас appeared first on Република.

]]>
Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм https://republika.mk/scena/film/objaven-nov-trejler-za-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film/ Mon, 18 Nov 2024 14:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=839264

На официјалната фејсбук-страница на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, објавен е нов трејлер.

„Со задоволство ви ја претставуваме американската верзија на новиот трејлер на ‘Јон Вардар против галаксијата’! Благодарност до Давид Мука за нарацијата и до Валентино Скендеровски за снимањето“, пишува во описот на видеото.

„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани, кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Филмот е на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Киноверзум“ во Скопје, Штип и во Велес. Информации за времето на прикажувањaта и во другите градови има на официјалната фејсбук-страница на филмот.

The post Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм appeared first on Република.

]]>

На официјалната фејсбук-страница на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, објавен е нов трејлер. „Со задоволство ви ја претставуваме американската верзија на новиот трејлер на ‘Јон Вардар против галаксијата’! Благодарност до Давид Мука за нарацијата и до Валентино Скендеровски за снимањето“, пишува во описот на видеото. „Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани, кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси. Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска. Филмот е на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Киноверзум“ во Скопје, Штип и во Велес. Информации за времето на прикажувањaта и во другите градови има на официјалната фејсбук-страница на филмот.  

The post Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм appeared first on Република.

]]>
Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов https://republika.mk/scena/film/zavrshi-snimaneto-na-debitantskiot-kratkometrazhen-filmot-majka-vo-rezhija-na-gorgi-lazov/ Mon, 18 Nov 2024 10:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=839108

Снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов, е успешно завршено. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода, завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање кој се одвиваше на неколку локации во Скопје.
„Мајка“ е интимна семејна драма која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на Божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство.
Во главните улоги се истакнатите актери Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која за првпат се појавува на филмската камера.
Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, додека мајстор на светло е Сашко Стојановски Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски, монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.

Снимањето на ‘Мајка’ беше неверојатно искуство, благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство, вели режисерот Ѓорѓи Лазов.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа Скорпион Филмс но и партерски фирми пријатели од Р.Хрватска, Волфганг и Доли и Мираж продукција..
Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

The post Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов appeared first on Република.

]]>

Снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов, е успешно завршено. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода, завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање кој се одвиваше на неколку локации во Скопје. „Мајка“ е интимна семејна драма која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на Божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство. Во главните улоги се истакнатите актери Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која за првпат се појавува на филмската камера. Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, додека мајстор на светло е Сашко Стојановски Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски, монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.
Снимањето на ‘Мајка’ беше неверојатно искуство, благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство, вели режисерот Ѓорѓи Лазов.
Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа Скорпион Филмс но и партерски фирми пријатели од Р.Хрватска, Волфганг и Доли и Мираж продукција.. Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

The post Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов appeared first on Република.

]]>
Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека https://republika.mk/scena/film/od-25-do-29-noemvri-nedela-na-japonski-film-vo-kinoteka/ Mon, 18 Nov 2024 10:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=839076

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека.

25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН

(The Return Of Majin)

Игран филм, Јапонија

1966, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi)

Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida)

Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)

Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.

Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.

26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

TRAIN BRAIN EXPRESS

(TRAIN BRAIN EXPRESS )

Игран филм, Јапонија

2012, 117 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya)

Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

БРАЌАТА МАМИЈА

(Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers)

Игран филм, Јапонија

2006, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima)

Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат.

Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска?

Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни. Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997).

29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

The post Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество. Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика. Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства. Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека. 25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН (The Return Of Majin) Игран филм, Јапонија 1966, 119 мин., колор, ДЦП Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi) Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida) Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)   Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите. ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците. Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот. Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано. 26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ TRAIN BRAIN EXPRESS (TRAIN BRAIN EXPRESS ) Игран филм, Јапонија 2012, 117 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya) Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот? TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил. 27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ (Not quite dead yet/Ichido shinde mita) Игран филм, Јапонија 2020, 93 мин., колор, ДЦП Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky) УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка. Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата. 28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ БРАЌАТА МАМИЈА (Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers) Игран филм, Јапонија 2006, 119 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima) Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат. Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска? Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни. Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997). 29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ СТО ЛАГИ (We make antiques!) Игран филм, Јапонија 2018, 110 мин., колор, ДЦП Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take) Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai) Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki) Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат. СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

The post Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември https://republika.mk/scena/film/nedela-na-shpanskiot-film-vo-kinoteka-na-makedonija-od-18-do-23-noemvri/ Mon, 18 Nov 2024 09:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=836337

Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.

Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија“, инфомираат од Кинотека.

Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, како што велат оттаму, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години.

Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи. Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето, велат тие.

Од 2000-тите, ќе бидат прикажани филмовите на Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија, едни од најталентираните современи шпански режисери, според Кинотека.

Филмот ‘Mar Adentro’ кој ќе биде прикажан на големото платно во Кинотека, ќе ја воодушеви публиката со својата длабочина, емоционалност и филозофски прашања. Аменабар мајсторски ги комбинира трилерот и драмата, а истражува теми како смртта, страдањето и човечката психа. Неговата визуелна иновативност и емотивна искреност ги прават овие филмови извонредно впечатливи“, наведуваат од Кинотека.

Оттаму додаваат и дека Алекс де ла Иглесија, познат по својот уникатен стил кој ги спојува црниот хумор и надреализмот, ќе биде претставен со својот незаборавен трилер „Ferpect Crime“.

Де ла Иглесија ја комбинира сатиричната критика на современото општество со напнати и апсурдни ситуации. Неговите филмови се полни со енергија и визуелни пресврти, предизвикувајќи ја публиката да размислува за границите на моралот, амбицијата и општествените норми“, сметаат тие.

Според нив, неделата на шпански филм 2024 во Кинотека на Македонија е ретка можност да се види разновидноста на шпанската кинематографија, од класични до современи дела. Ова патување низ времето и жанровите ќе им овозможи на гледачите не само да ги запознаат културните и историските контексти на Шпанија, туку и да ги искусат универзалните човечки приказни, обработени преку уникатниот визуелен јазик на големите режисери како Саура, Аменабар и Де ла Иглесија.

Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека. Неделата на Шпански филм е во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Македонија.

The post Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември appeared first on Република.

]]>

Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.
Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија“, инфомираат од Кинотека.
Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, како што велат оттаму, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години.
Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи. Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето, велат тие.
Од 2000-тите, ќе бидат прикажани филмовите на Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија, едни од најталентираните современи шпански режисери, според Кинотека.
Филмот ‘Mar Adentro’ кој ќе биде прикажан на големото платно во Кинотека, ќе ја воодушеви публиката со својата длабочина, емоционалност и филозофски прашања. Аменабар мајсторски ги комбинира трилерот и драмата, а истражува теми како смртта, страдањето и човечката психа. Неговата визуелна иновативност и емотивна искреност ги прават овие филмови извонредно впечатливи“, наведуваат од Кинотека.
Оттаму додаваат и дека Алекс де ла Иглесија, познат по својот уникатен стил кој ги спојува црниот хумор и надреализмот, ќе биде претставен со својот незаборавен трилер „Ferpect Crime“.
Де ла Иглесија ја комбинира сатиричната критика на современото општество со напнати и апсурдни ситуации. Неговите филмови се полни со енергија и визуелни пресврти, предизвикувајќи ја публиката да размислува за границите на моралот, амбицијата и општествените норми“, сметаат тие.
Според нив, неделата на шпански филм 2024 во Кинотека на Македонија е ретка можност да се види разновидноста на шпанската кинематографија, од класични до современи дела. Ова патување низ времето и жанровите ќе им овозможи на гледачите не само да ги запознаат културните и историските контексти на Шпанија, туку и да ги искусат универзалните човечки приказни, обработени преку уникатниот визуелен јазик на големите режисери како Саура, Аменабар и Де ла Иглесија. Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотека. Неделата на Шпански филм е во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Македонија.  

The post Недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија од 18 до 23 ноември appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Љубовната соба” на Сузана Диневски денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/premiera-na-lubovnata-soba-na-suzana-dinevski-utre-vo-kinoteka/ Sat, 16 Nov 2024 11:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=838024

Промотивната премиера на “Љубовната соба” ќе се одржи на 16 ноември (сабота), со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија.

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски десога беше селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм.

Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во затворот Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

„Љубовната соба“ кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија, е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Авард филм и видео, директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Горан Вуќиќ, автор на музиката е Дуке Бојаџиев, менаџер на продукција е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски и дизајнер на звук е Игор Поповски.

The post Премиера на „Љубовната соба” на Сузана Диневски денеска во Кинотека appeared first on Република.

ДФРМ со отворено писмо до Љутков: Бараме ревидирање на буџетот за филм и ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм https://republika.mk/scena/film/dfrm-so-otvoreno-pismo-do-lutkov-barame-revidirane-na-budhetot-za-film-i-ja-istaknuvame-neophodnosta-za-kadrovska-konsolidatsija-vo-agentsijata-za-film/ Fri, 15 Nov 2024 09:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=838007

Друштвото на филмски работници упати отворено писмо до Министерот за култура Зоран Љутков во кое се реагира на предлог буџет за филм за 2025 година и се барa од Владата, Министерството за култура и Министерството за финансии негово ревидирање и проектирање на реален буџет за филм.

Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на писмото од ДФРМ.

ДФРМ - отворено писмо до министерот Зоран Љутков, јавноста и медиумите

Почитуван Министер за култура Зоран Љутков,

Веста за вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост.

Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на филмските сетови, каде што работниот ден трае најмалку 12 часа, не добива државна плата на 1-ви, туку нивните приходи зависат единствено од снимачките денови кои ќе бидат реализирани.

Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно.

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации.

Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025-та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување.

Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија.

Денес повторно јавно укажуваме дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Затоа бараме од Владата, од Министерството за култура и Министерството за финансии ревидирање на овој предлог и проектирање на реален буџет за филм. Воедно, како филмски автори и филмски професионалци за кои работата на филм значи се, ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм.

Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот. Исто така, убедени сме дека после долго време Министерството ќе покаже вистинско разбирање за специфичноста на филмската дејност и начинот на кој филмаџиите ја остаруваат својата материјална егзистенција.

Дозволете нѝ уште еднаш да ја искажеме нашата подготвеност за соработка со Агенцијата за филм, Министерството за култура, и сите останати релевантни институции, и ставање на располагање на капацитетите кои ги имаме во разбирање, поддршка и помош при утврдување на состојбите и изнаоѓање на решенија.

Со почит,

Друштво на филмските работници на Македонија

The post ДФРМ со отворено писмо до Љутков: Бараме ревидирање на буџетот за филм и ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмски работници упати отворено писмо до Министерот за култура Зоран Љутков во кое се реагира на предлог буџет за филм за 2025 година и се барa од Владата, Министерството за култура и Министерството за финансии негово ревидирање и проектирање на реален буџет за филм. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на писмото од ДФРМ.
ДФРМ - отворено писмо до министерот Зоран Љутков, јавноста и медиумите   Почитуван Министер за култура Зоран Љутков, Веста за вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост. Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на филмските сетови, каде што работниот ден трае најмалку 12 часа, не добива државна плата на 1-ви, туку нивните приходи зависат единствено од снимачките денови кои ќе бидат реализирани. Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно. Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации. Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025-та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување. Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Денес повторно јавно укажуваме дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Затоа бараме од Владата, од Министерството за култура и Министерството за финансии ревидирање на овој предлог и проектирање на реален буџет за филм. Воедно, како филмски автори и филмски професионалци за кои работата на филм значи се, ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм. Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот. Исто така, убедени сме дека после долго време Министерството ќе покаже вистинско разбирање за специфичноста на филмската дејност и начинот на кој филмаџиите ја остаруваат својата материјална егзистенција. Дозволете нѝ уште еднаш да ја искажеме нашата подготвеност за соработка со Агенцијата за филм, Министерството за култура, и сите останати релевантни институции, и ставање на располагање на капацитетите кои ги имаме во разбирање, поддршка и помош при утврдување на состојбите и изнаоѓање на решенија.   Со почит, Друштво на филмските работници на Македонија  

The post ДФРМ со отворено писмо до Љутков: Бараме ревидирање на буџетот за филм и ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Проекцијата на експерименталниот филм „Метастазата на Вергина“ денеска во КСП- Центар Јадро https://republika.mk/scena/film/proektsijata-na-eksperimentalniot-film-metastazata-na-vergina-deneska-vo-ksp-tsentar-jadro/ Fri, 15 Nov 2024 08:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=838044

Проекција на краткиот експериментален филм „Метастазата на Вергина“ денеска (петок, 15 ноември) во Центар Јадро со почеток од 20:00 часот, во контекст на мојата самостојна изложба „BOX OFFICE POISON“, објави на своите профили на социјалните мрежи уметникот Јован Јосифовски.

Авторот информира дека „филмот е изработен во рамки на проектот ECHO CURVE, а на проекцијата утре ќе биде прикажана дополнета/различна верзија.

The post Проекцијата на експерименталниот филм „Метастазата на Вергина“ денеска во КСП- Центар Јадро appeared first on Република.

]]>

Проекција на краткиот експериментален филм „Метастазата на Вергина“ денеска (петок, 15 ноември) во Центар Јадро со почеток од 20:00 часот, во контекст на мојата самостојна изложба „BOX OFFICE POISON“, објави на своите профили на социјалните мрежи уметникот Јован Јосифовски. Авторот информира дека „филмот е изработен во рамки на проектот ECHO CURVE, а на проекцијата утре ќе биде прикажана дополнета/различна верзија.

The post Проекцијата на експерименталниот филм „Метастазата на Вергина“ денеска во КСП- Центар Јадро appeared first on Република.

]]>
Кинотека денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“ https://republika.mk/scena/film/kinoteka-deneska-organizira-den-na-korejskata-kultura-vo-skopje/ Thu, 14 Nov 2024 09:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=837514

Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“.

Предвидени се проекции на два филма во Кинотека. Од 17:00 часот ќе биде прикажан играниот филм „Помеѓу боговите: двата света“, јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот. Филмот не се препорачува за деца под 15 години.

Од 19:30 часот, пак, е  играниот долгометражен филм „Одлука за заминување“ на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.

Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови „Заедничка зона на безбедност“, „Сочувство за г-дин Одмазда“, „Олдбој“, „Жед“, „Слугинка“ и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали ширум светот, велат од Кинотека во најавата за „Ден на корејската култура во Скопје“.

The post Кинотека денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“.
Предвидени се проекции на два филма во Кинотека. Од 17:00 часот ќе биде прикажан играниот филм „Помеѓу боговите: двата света“, јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот. Филмот не се препорачува за деца под 15 години. Од 19:30 часот, пак, е  играниот долгометражен филм „Одлука за заминување“ на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.
Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови „Заедничка зона на безбедност“, „Сочувство за г-дин Одмазда“, „Олдбој“, „Жед“, „Слугинка“ и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали ширум светот, велат од Кинотека во најавата за „Ден на корејската култура во Скопје“.

The post Кинотека денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“ appeared first on Република.

]]>
Ревија на македонски филм во Белград: Документарни, играни и класики од македонската кинематографија, но и музички настап на „Пијан Славеј“ и „Новоградска“ https://republika.mk/scena/film/revija-na-makedonski-film-vo-belgrad-dokumentarni-igrani-i-klasiki-od-makedonskata-kinematografija-no-i-muzichki-nastap-na-pijan-slavej-i-novogradska/ Thu, 14 Nov 2024 09:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=837498

Во Културниот центар Пароброд од Белград, денеска започнува првата Ревија на македонскиот филм, посветена на наградуваните македонски филмови кои освоиле признанија на меѓународни фестивали.

Како што се наведува во соопштението на организаторите, на манифестацијата ќе бидат прикажани документарци, играни филмови и класики од македонската кинематографија, а свои музички настапи ќе имаат „Пијан Славеј“ и „Новоградска“.

– Српската ревија на македонскиот филм е замислена како тридневен настан што ќе понуди филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми, претворајќи го настанот во вистински празник на македонската култура и уметност. Македонската култура, особено македонскиот филм и музиката, се дел од богато наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетуваат на еден возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свое. Ова чувство произлегува не само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служеле и продолжуваат да служат како поврзувачка нишка на Балканот, се вели во соопштението.

Фестивалот ќе биде отворен со документарниот филм „Медена земја,“ кој беше двојно номиниран за Оскар и победник на Санденс фестивалот, со што испиша историја на македонската и светската кинематографија. Проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерката Тамара Котевска, која ќе ги пренесе уникатните искуства од работата на филмот, а ден потоа ќе одржи мастер клас со студентите по филмска режија. Меѓудругото, на манифестацијата ќе биде прикажан и филмот „Дае“ на режисерот Столе Попов, кој беше првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар краткометражен филм во 1980 година, како и краткометражните филмови „Северен пол“ на Марија Апчевска, со освоени повеќе од 19 награди и номинација за Златна палма на Канскиот фестивал, и филмот „Бубачки“ на Игор Иванов, кој доби Златен леопард на филмскиот фестивал Локарно.

The post Ревија на македонски филм во Белград: Документарни, играни и класики од македонската кинематографија, но и музички настап на „Пијан Славеј“ и „Новоградска“ appeared first on Република.

]]>

Во Културниот центар Пароброд од Белград, денеска започнува првата Ревија на македонскиот филм, посветена на наградуваните македонски филмови кои освоиле признанија на меѓународни фестивали.
Како што се наведува во соопштението на организаторите, на манифестацијата ќе бидат прикажани документарци, играни филмови и класики од македонската кинематографија, а свои музички настапи ќе имаат „Пијан Славеј“ и „Новоградска“.
– Српската ревија на македонскиот филм е замислена како тридневен настан што ќе понуди филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми, претворајќи го настанот во вистински празник на македонската култура и уметност. Македонската култура, особено македонскиот филм и музиката, се дел од богато наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетуваат на еден возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свое. Ова чувство произлегува не само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служеле и продолжуваат да служат како поврзувачка нишка на Балканот, се вели во соопштението. Фестивалот ќе биде отворен со документарниот филм „Медена земја,“ кој беше двојно номиниран за Оскар и победник на Санденс фестивалот, со што испиша историја на македонската и светската кинематографија. Проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерката Тамара Котевска, која ќе ги пренесе уникатните искуства од работата на филмот, а ден потоа ќе одржи мастер клас со студентите по филмска режија. Меѓудругото, на манифестацијата ќе биде прикажан и филмот „Дае“ на режисерот Столе Попов, кој беше првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар краткометражен филм во 1980 година, како и краткометражните филмови „Северен пол“ на Марија Апчевска, со освоени повеќе од 19 награди и номинација за Златна палма на Канскиот фестивал, и филмот „Бубачки“ на Игор Иванов, кој доби Златен леопард на филмскиот фестивал Локарно.

The post Ревија на македонски филм во Белград: Документарни, играни и класики од македонската кинематографија, но и музички настап на „Пијан Славеј“ и „Новоградска“ appeared first on Република.

]]>
Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија https://republika.mk/scena/film/vo-kina-proslavena-30-godishninata-od-klasikot-pred-dozhdot-na-manchevski-ke-se-prikazhuva-i-vo-brazil-i-slovenija/ Thu, 14 Nov 2024 08:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=837456

Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со реномирани кинески филмолози.

Како да ви претставам 'Пред дождот'? Тоа е филм кој 'Њујорк тајмс' го стави на својата листа на 1.000 најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу брзо; тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи, кога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна, рече Манчевски.

Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35 мм филмска лента, на старомоден начин. 20 години подоцна, во 2014 година кога Македонската кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема - дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.

Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција, колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека 'Пред дождот' беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор корекциите на 'Пред дождот'. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. 'Пред дождот', од моето срце до вашите“, рече Манчевски.

„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со 8 реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следат проекции и во Пекинг.

На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на Златниот лав за најдобар филм, „Пред дождот“ наскоро повторно ќе се прикаже и во Бразил, каде своевремено освои и фестивалски награди, имаше извонреден прием од публиката и критиката во кино-дистрибуцијата и беше меѓу избраните за филм на годината. Исто така, „Пред дождот до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија на Словенија.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“. Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.

Минатиот месец, Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

The post Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со реномирани кинески филмолози.
Како да ви претставам 'Пред дождот'? Тоа е филм кој 'Њујорк тајмс' го стави на својата листа на 1.000 најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу брзо; тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи, кога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна, рече Манчевски.
Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35 мм филмска лента, на старомоден начин. 20 години подоцна, во 2014 година кога Македонската кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема - дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.
Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција, колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека 'Пред дождот' беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор корекциите на 'Пред дождот'. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. 'Пред дождот', од моето срце до вашите“, рече Манчевски.
„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со 8 реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следат проекции и во Пекинг. На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на Златниот лав за најдобар филм, „Пред дождот“ наскоро повторно ќе се прикаже и во Бразил, каде своевремено освои и фестивалски награди, имаше извонреден прием од публиката и критиката во кино-дистрибуцијата и беше меѓу избраните за филм на годината. Исто така, „Пред дождот до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија на Словенија. „Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“. Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура. Минатиот месец, Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“. Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

The post Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија appeared first on Република.

]]>
Гена Теодосиевска член на официјалното жири на 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) https://republika.mk/scena/film/gena-teodosievska-chlen-na-ofitsijalnoto-zhiri-na-37-megunaroden-festival-na-dokumentaren-film-vo-amsterdam-idfa/ Thu, 14 Nov 2024 08:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=837445

На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска, која со почит ги споделува сознанијата за исклучителноста на холанските филмски документарни продукции. Таа во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија ја иницираше Неделата на современиот Холандски филм во 2012 година, а во 2015 година заедно со Маријке Рави во просториите на Амбасадата ја органзираше и учествуваше во туторинг сесиите на пет сценарија на филмски автори од Македонија. Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските состојби, Теодосиевска беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022-2024 година е назначена за уметнички директор на ИФФ „Киненова“. Како продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венециската филмска Mostra во 2001 година. Во последниве три и пол децении таа е посветен проследувач филмската уметност, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, и промотор на македонскиот филм на меѓународната сцена. За член на жири била поканета на повеќе од 30тина меѓународни филмски фестивали. М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, и EWA, а вработена е во МРТ.

The post Гена Теодосиевска член на официјалното жири на 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) appeared first on Република.

Крсте Господиновски за филмот „Лена и Владимир“ награден за најдобар VFX супервизор на фестивал во Мексико https://republika.mk/scena/film/krste-gospodinovski-za-filmot-lena-i-vladimir-nagraden-za-najdobar-vfx-supervizor-na-festival-vo-meksiko/ Wed, 13 Nov 2024 12:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=837204

Крсте Господиновски е награден за најдобар VFX супервизор на International Moving Film Festival во Мексико.

Многу ми е драго што исцрпната работа на визуелните ефекти на долгометражниот филм „Лена и Владимир“, беше препознаена и одликувана со награда за најдобар VFX супервизор, на меѓународниот филмски фестивал International Moving Film Festival кој годинава се одржа во Мексико. Голема благодарност до тимот кој ми помогна да го избуткаме до крај овој проект и секако до DMF Digital media & Film и режисерот Игор Алексов кои ми го доверија овој исклучително комлексен сегмент од филмот, објави Господиновски на својот фејсбук профил.

The post Крсте Господиновски за филмот „Лена и Владимир“ награден за најдобар VFX супервизор на фестивал во Мексико appeared first on Република.

Почина познат јужнокорејски актер на 39-годишна возраст https://republika.mk/scena/film/pochina-poznat-juzhnokorejski-akter-na-39-godishna-vozrast/ Tue, 12 Nov 2024 21:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=836968

Јужнокорејскиот актер Сонг Џае-лим, познат по улогата во хит-серијата „Месечината го прегрнува сонцето“ (Moon Embracing the Sun), почина на 39-годишна возраст.

Неговото тело беше пронајдено на 7 ноември во стан во Сеул, соопшти полицијата во Сеонгдонг. Пријател кој дошол на договорениот ручек со актерот го открил телото околу 12:30 часот, а полицијата на местото на настанот, покрај актерот, пронашла и писмо од две страни.

Официјални лица потврдија дека нема индиции за сомнителни околности, додека причината за смртта сè уште се истражува.

The post Почина познат јужнокорејски актер на 39-годишна возраст appeared first on Република.

Почна да се снима филмот „Охридски лудории“ https://republika.mk/scena/film/pochna-da-se-snima-filmot-ohridski-ludorii/ Tue, 12 Nov 2024 18:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=836930

Педесеттина музичари, од кои петнаесеттина естрадни уметници од македонската фолк-сцена, како и десеттина глумци ќе бидат дел од долгометражниот филм „Охридски лудории“ што од денеска почна да се снима во Охрид.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција свикана по повод удирањето на првата клапа на филмот, станува збор за прво вакви филмско остварување во замјава, мјузикл осмислен да ја промовира македонската фолк-музика, домашните уметници и македонската музика и песна.

Филмот е идеја на Александар Тасевски, уметник од оркестарот „Маестрал“, продукција и режија на „Централ продукција“ од Тетово, а ќе се работи во организација на Благоја Стојановски – Пикси и Хари Сековски.

Идејата за ваков филм постои кај нас одамна, така што сметам дека редно беше едно вакво филмско остварување да доживее своја реализација, рече сценаристот Тасевски.

Стојановски од своја страна верува дека бројната екипа соработници што ќе работи на филмот ќе успее да направи убав игран филм, чииј промоција е најавена за август следната година.

За учество во филмот веќе е ангажирана бројна екипа, со уметниците Благојче Стојановски –Туше, Зорица Дончев, Дани Данијела, Ташко Каранфиловски, Слаѓана Столеска, Бети Сековска како и актерите Марјан Коцев, Занко Зш Голабоски…

Организаторите во оваа прилика испратија и повик до сите колеги од фолк-естрадата да се вклучат во реализацијата на филмот, чија завршница како што беше најавено е предвидено да биде заокружена со голем музички спектакл, фестивалска претстава со учество на повеќе од 20 уметници од домашната фолк-сцена.

The post Почна да се снима филмот „Охридски лудории“ appeared first on Република.

Српска ревија на македонскиот филм од 14. до 16. ноември во Белград https://republika.mk/scena/film/srpska-revija-na-makedonskiot-film-od-14-do-16-noemvri-vo-belgrad/ Tue, 12 Nov 2024 15:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=836890

Од 14 до 16 ноември годинава во Белград ќе се одржи Српска ревија на македонскиот филм. Замислена е како тридневен настан што ќе понуди филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми, претворајќи го настанот во вистински празник на македонската култура и уметност. Македонската култура, и особено македонскиот филм и музиката, се дел од богато наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетуваат на еден возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свое. Ова чувство произлегува не само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служеле и продолжуваат да служат како поврзувачка нишка на Балканот.

СОДРЖИНА/ ПРОГРАМА НА РЕВИЈАТА
Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент.

ФИЛМОВИ
Филмскиот дел, како централна компонента, вклучува: документарни, краткометражни, и долгометражни играни филмови, како и македонски класици (во соработка со Кинотеката на Македонија) и филмски журнали (во соработка со Филмските новости на Србија). Посебен куриозитет се филмските журнали - досега необјавени архивски материјали од Филмските новости, кои ќе прикажат сегменти од животот во Македонија.

Фестивалот го отвора светски признатиот документарен филм „Медена земја,“ двојно номиниран за Оскар и победник на Санденс фестивалот, со што го обележа историјата на македонската и светската кинематографија. Проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерката Тамара Котевска, која ќе ги пренесе уникатните искуства од работата на овој филм и преку мастер клас со студентите по филмска режија.

Посебно место во програмата зазема и култниот филм „Дае“ на режисерот Стојан Попов, првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар краткометражен филм 1980. година, како и краткометражни филмови како наградуваниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска, кој освои преку 19 награди и беше номиниран за Златна палма на Канскиот фестивал, и филмот „Бубачки“ на режисерот Игор Иванов Изија, кој го доби Златниот леопард на Локарно филмскиот фестивал.

• Ден 1 – Отворање
19:00ч
- Журнали: Филмски новости
- Проекција: „Медена Земја“
- Q&A со режисерката Тамара Котевска
- Коктел со музика на бендот Пијан Славеј, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница

• Ден 2
17:00
- Мастер клас со Тамара Котевска
19:30
- Журнали: Филмски новости
- Проекции: „Дае“ и „Тетовирање“, автор Столе Попов

• Ден 3 – Затворање
17:00
- Краткометражни македонски филмови
Проекции: „Северен Пол“ (Марија Апчевска), „Бубачки“ (Игор Иванов), „Човек со чудна навика...“ (Вардан Тозија), „Елена“ (Дина Дума), „Ливада“ (Митко Панов)
19:30
- Журнали: Филмски новости
- Завршна проекција: „Панкот не е мртов“
- Разговор со Владимир Блажевски
- Коктел со музиката на Игор Василев Новоградска, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница

МУЗИЧКИ ДЕЛ

Македонската музика отсекогаш била симбол на македонската култура.

Музичкиот дел на ревијата ќе ја претстави македонската музика која е од суштинско значење за културното наследство на земјата. Бранислав Николов, фронтмен на групата „Пијан славеј“ и текстописец и фронтмен на култниот македонски бенд Фолтин, ќе настапи со своите уникатни композиции. Пијан Славеј е едно од највозбудливите изненадувања на ревијата.

Игор Василев Новоградска, композитор и музички иноватор, ќе го презентира својот репертоар, познат по својата соработка со Милчо Манчевски и неговите електронски и амбиентални композиции кои освојуваат публика ширум светот. Неговиот настап ќе го надополни културниот доживување, спојувајќи аудиовизуелни впечатци со темата на фестивалот.

Настанот ќе се одржи од 14 до 16 ноември во УК Пароброд, Белград. Директор на ревијата: е Јорданчо Петковски, а уметнички директор е Вардан Тозија, во организација на продуцентските куќи ФИЛМОСКОПИЈА од Србија и НЕСТ Продукција од Македонија.

The post Српска ревија на македонскиот филм од 14. до 16. ноември во Белград appeared first on Република.

Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ и разговор со режисерот Димитар Оровчанец вечерва во Кинотека https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-najnoviot-makedonski-igran-film-ubij-gi-prvo-detsata-i-razgovor-so-rezhiserot-dimitar-orovchanets-vecherva-vo-kinoteka/ Tue, 12 Nov 2024 09:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=836665

Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец. Овој филм, го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување.. По проекцијата ќе следи разговор со режисерот: Димитар Оровчанец, и актерката: Миа Жиро. Разговорот ќе го води филмскиот работник и критичар Јане Алтипармаков.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА

(Kill the Children first)

Игран филм, Македонија

2024, 106 мин., колор, ДЦП

Режисер: Димитар Оровчанец (Dimitar Orovchanec)

Сценарио: Димитар Оровчанец, Александар Русјаков (Dimitar Orovchanec, Aleksandar Rusjakov)

Улоги: Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски, Стефан Спасов (Mia Giraud, Martin Gjorgoski, Stefan Spasov)

The post Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ и разговор со режисерот Димитар Оровчанец вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец. Овој филм, го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување.. По проекцијата ќе следи разговор со режисерот: Димитар Оровчанец, и актерката: Миа Жиро. Разговорот ќе го води филмскиот работник и критичар Јане Алтипармаков. „Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари   УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА (Kill the Children first)   Игран филм, Македонија 2024, 106 мин., колор, ДЦП Режисер: Димитар Оровчанец (Dimitar Orovchanec) Сценарио: Димитар Оровчанец, Александар Русјаков (Dimitar Orovchanec, Aleksandar Rusjakov) Улоги: Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски, Стефан Спасов (Mia Giraud, Martin Gjorgoski, Stefan Spasov)

The post Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ и разговор со режисерот Димитар Оровчанец вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Ден на корејска култура во Кинотека https://republika.mk/scena/film/den-na-korejska-kultura-vo-kinoteka/ Mon, 11 Nov 2024 20:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=836466

Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија  го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“.

Од 17:00 часот започнува ексклузивната проекција на играниот филм:

Помеѓу боговитеДвата Света. Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум судења во текот на 49 дена и да докаже дека  бил невин во човечкиот живот. Неговите тројца задгробни чувари се покрај него за да го бранат при судењето. Помеѓу боговитеДвата Света е јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.Филмот за прв пат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде Филмот не се препорачува за деца под 15 години.

Од 19:30 часот е  играниот долгометражен филм Одлука за заминување  (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.

Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови ЗАЕДНИЧКА ЗОНА НА БЕЗБЕДНОСТ (Joint Security Area, 2000), СОЧУВСТВО ЗА Г. ОДМАЗДА (Sympathy for Mr. Vengence, 2002), ОЛДБОЈ (Оldboy, 2003),  ЖЕД (Thirst, 2009), СЛУГИНКА (Handmaiden, 2016) и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали  ширум светот. Одлука за заминување  е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.

The post Ден на корејска култура во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија  го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“. Од 17:00 часот започнува ексклузивната проекција на играниот филм: Помеѓу боговитеДвата Света. Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум судења во текот на 49 дена и да докаже дека  бил невин во човечкиот живот. Неговите тројца задгробни чувари се покрај него за да го бранат при судењето. Помеѓу боговитеДвата Света е јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.Филмот за прв пат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде Филмот не се препорачува за деца под 15 години. Од 19:30 часот е  играниот долгометражен филм Одлука за заминување  (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023. Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови ЗАЕДНИЧКА ЗОНА НА БЕЗБЕДНОСТ (Joint Security Area, 2000), СОЧУВСТВО ЗА Г. ОДМАЗДА (Sympathy for Mr. Vengence, 2002), ОЛДБОЈ (Оldboy, 2003),  ЖЕД (Thirst, 2009), СЛУГИНКА (Handmaiden, 2016) и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали  ширум светот. Одлука за заминување  е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.

The post Ден на корејска култура во Кинотека appeared first on Република.

]]>