Сцена Archives - Република https://republika.mk/kategorija/scena/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сцена Archives - Република https://republika.mk/kategorija/scena/ 32 32 Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали https://republika.mk/scena/film/makedonskiot-kratkometrazhen-film-stsenarioto-na-aleksandra-kardalevska-so-golem-uspeh-na-svetskite-filmski-festivali/ Thu, 21 Nov 2024 07:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=840128

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика.

По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали.

Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија.

Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио.
Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот.

Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска.

Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика. По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали. Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија. Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио. Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот. Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска. Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>
Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба https://republika.mk/scena/muzika/bitola-ja-raskazhuva-svojata-istorija-niz-muzikata-i-lichnostite-koi-tvorele-ofitserskiot-dom-ke-dobie-muzichka-soba/ Wed, 20 Nov 2024 13:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=839957

Јавната општинска установа Културно-информативен центар-Битола, во својот објект, Офицерски дом, ќе отвори Музичка соба.

Станува збор за проект за чија реализација упатуваме јавна покана за соработка со граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект. Доволно е само да ги споделат своите спомени, фотографии, раритети, изјави за МИА, Тоше Ивановски, координатор на проектот.

За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се над тристотини песни. Битола е градот кој на македонската музика им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце“, но и маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски, Вевки Амедов,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Георгиев Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски и други исполнители, композитори и автори на музика, истакна Ивановски.

Во Офицерски дом ќе бидат поместени информации и за прославениот хор на КУД „Стив Наумов“, групите Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс, потоа големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, и секако првиот Почесен граѓани на Битола и автор на химната на градот „Битола мој роден крај“, Ајри Демировски.

Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле. Од првите гајдаџии како Тале гајдаџијата, Јован Несторов Цветковски,Трајан Димовски-Балто до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, потоа Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, Коста Михајлов Најче и Апостол Секуловски, посочи Ивановски.

Во посебната Музичка соба ќе бидат истакнати информации за првите клавири, прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Рихард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри, еврејските орекестри како „Хатиква“ (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола, за кои пишувале многумина наши сограѓани кои живееле или живеат во Битола, но некои сега се и надвор од градот, и токму затоа до крајот на годината ќе биде отворен јавниот повик за вклучување во овој проект, нагласи Ивановски.

Во битолскиот Офицерски дом освен информации, се очекува да бидат изложени и музички инструменти кои ќе бидат на достап на јавноста што ќе го посетува овој импозантен објект во градот.

The post Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба appeared first on Република.

]]>

Јавната општинска установа Културно-информативен центар-Битола, во својот објект, Офицерски дом, ќе отвори Музичка соба.

Станува збор за проект за чија реализација упатуваме јавна покана за соработка со граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект. Доволно е само да ги споделат своите спомени, фотографии, раритети, изјави за МИА, Тоше Ивановски, координатор на проектот.
За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се над тристотини песни. Битола е градот кој на македонската музика им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце“, но и маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски, Вевки Амедов,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Георгиев Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски и други исполнители, композитори и автори на музика, истакна Ивановски.
Во Офицерски дом ќе бидат поместени информации и за прославениот хор на КУД „Стив Наумов“, групите Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс, потоа големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, и секако првиот Почесен граѓани на Битола и автор на химната на градот „Битола мој роден крај“, Ајри Демировски.
Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле. Од првите гајдаџии како Тале гајдаџијата, Јован Несторов Цветковски,Трајан Димовски-Балто до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, потоа Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, Коста Михајлов Најче и Апостол Секуловски, посочи Ивановски.
Во посебната Музичка соба ќе бидат истакнати информации за првите клавири, прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Рихард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри, еврејските орекестри како „Хатиква“ (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола, за кои пишувале многумина наши сограѓани кои живееле или живеат во Битола, но некои сега се и надвор од градот, и токму затоа до крајот на годината ќе биде отворен јавниот повик за вклучување во овој проект, нагласи Ивановски. Во битолскиот Офицерски дом освен информации, се очекува да бидат изложени и музички инструменти кои ќе бидат на достап на јавноста што ќе го посетува овој импозантен објект во градот.

The post Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба appeared first on Република.

]]>
Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија https://republika.mk/scena/film/labina-mitevska-e-dobitnichka-na-godinashnata-eurimazh-nagrada-za-megunrodni-ko-poroduktsii-od-eurimazh-i-evropskata-filmskata-akademija/ Wed, 20 Nov 2024 11:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=839902

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.

Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.

Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда.

„Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа.

Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.

Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.

Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.

Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.

Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ.

Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации.

Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија.

„Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска.

Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).

 

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинешната „Еуримаж“ награда за меѓународни ко-продукции од Еуримаж и Европската филмска Академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа Сестри и Брат Митевски од Скопје.
Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни ко-продукции кои се гордост на фондот Еуримаж, вели жирото во својата одлука.
Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн каде лично ќе ја прими доделената награда. „Еуримаж“ наградата за меѓународни ко-продукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа. Наградата ја потврдува клучната улога на ко-продукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија.
Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата.
Ко-продукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински ко-продуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот.
Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Митевска.
Церемонијата на Европските Филмски Награди е овозможена од Европската Филмска Академија и Европски Филмски Награди Продукција гГмбХ. Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја започнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001. Лабина е високо почитувана актерка од Балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“  (1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за „Оскар“. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации. Филмовите на „Сестри и Брат Митевски продукција“ го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија. „Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои, името и е Петрунија“ (2019) каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден ден до крајот на светот' (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа кој имаше премиера исто во Венеција. Во 2024 Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и МАЈКА (2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace) најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска. Лабина Митевска е членка на Европската Филмска Академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски Аудиовизуелни Претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија Ентр Шиан е Лу (Entre Chien et Loup).  

The post Лабина Митевска е добитничка на годинашната „Еуримаж“ награда за меѓунродни ко-породукции од „Еуримаж“ и европската филмската академија appeared first on Република.

]]>
„Дрим тим“ со голем концерт слават јубилеј – 25 години музика https://republika.mk/scena/estrada/drim-tim-so-golem-kontsert-slavat-jubilej-25-godini-muzika/ Wed, 20 Nov 2024 11:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=839890

25 години убава македонска музика, 25 години хитови, 25 години кариера – ете толку полни Дрим тим, бендот кој може да се пофали со милионски прегледи на Јутјуб, свирки буквално на сите континети, бројни соработки со низа домашни имиња... И тоа не е сѐ, но сето дефинитивно е убав повод за голем славенички концерт закажан на 29 ноември во Македонскиот народен театар.

Концертот се најавува како вистинско музичко патување низ времето, низ кариерата која почна во далечната 1999 година кога тогашната постава на Дрим тим во која членуваа Никола Коцев, Маријан Коцев, Александар Ангелов, Сашко Велков, Ангел Ќосев и Гоце Илиоски реши да почне да ја раскажува својата музичка приказна.

Речено-сторено, сите од прв до последен врвни музичари речиси не постои парче земја на планетата каде немаат музицирано, нема домашен фестивал на кој немаат настапено, дури и самите не знаат колку песни имаат снимено и колку настапи имаат запишано во својата музичка биографија. Кога се живите настапи во прашање, е тука се неприкосновени – се свири и пее сѐ, имаат репертоар за респектирање.

Сегашната постава на Дрим тим ги вбројува Дејан Николовски – Чуле (вокал), Никола Коцев (труба), Димитар Митровски (хармоника), Александар Ангелов (кларинет/сакс), Ангел Ќосев (клавијатура) и Гоце Илиоски (тапани) и токму тие ќе бидат задолжени за музицирањето на 29 ноември, кога на сцената ќе видиме и дел од колегите со кои соработувале низ годините. Извесно е дека на сцената друштво ќе им прават Синтезис, Влатко Лозановски, Маријан Коцев, Сузана Гавазова...

Почитувани колеги, роднини и пријатели, со огромно задоволство Ви го најавуваме нашиот долгоочекуван концерт, 25 години постоење на Дрим тим. Ве покануваме да бидете дел од нашиот концерт кој ќе се одржи на 29. ноември во Македонски народен театар, велат членовите на Дрим тим и ветуваат дека публиката може да очекува одлично спакувана приказна во која ќе уживаат и најпребирливите, а оние кои сакаат да уживаат во убавата македонска песна на 29 ноември со себе треба да понесат само добро расположение.

„Долго размислувавме и сонувавме за ваков концерт, со оглед на приликите на домашната сцена можеби малку и се колебавме, но време е музиката да излезе од летаргијата во која е западната и конечно работите да почнаат да се придвижуваат. Можеби чекавме предолго, но ете се охрабривме и решивме дека едноставно мораме да ѝ се оддолжиме на нашата публика заради која и постоиме“, едногласни се сите членови на Дрим тим, кои деновиве интензивно се подготвуваат за претстојниот концерт.

Не заборавајте – 29 ноември е вечер кога дланките ќе треба да го следат ритамот на срцата, кои ќе чукаат македонска музика.  

The post „Дрим тим“ со голем концерт слават јубилеј – 25 години музика appeared first on Република.

]]>

25 години убава македонска музика, 25 години хитови, 25 години кариера – ете толку полни Дрим тим, бендот кој може да се пофали со милионски прегледи на Јутјуб, свирки буквално на сите континети, бројни соработки со низа домашни имиња... И тоа не е сѐ, но сето дефинитивно е убав повод за голем славенички концерт закажан на 29 ноември во Македонскиот народен театар. Концертот се најавува како вистинско музичко патување низ времето, низ кариерата која почна во далечната 1999 година кога тогашната постава на Дрим тим во која членуваа Никола Коцев, Маријан Коцев, Александар Ангелов, Сашко Велков, Ангел Ќосев и Гоце Илиоски реши да почне да ја раскажува својата музичка приказна. Речено-сторено, сите од прв до последен врвни музичари речиси не постои парче земја на планетата каде немаат музицирано, нема домашен фестивал на кој немаат настапено, дури и самите не знаат колку песни имаат снимено и колку настапи имаат запишано во својата музичка биографија. Кога се живите настапи во прашање, е тука се неприкосновени – се свири и пее сѐ, имаат репертоар за респектирање. Сегашната постава на Дрим тим ги вбројува Дејан Николовски – Чуле (вокал), Никола Коцев (труба), Димитар Митровски (хармоника), Александар Ангелов (кларинет/сакс), Ангел Ќосев (клавијатура) и Гоце Илиоски (тапани) и токму тие ќе бидат задолжени за музицирањето на 29 ноември, кога на сцената ќе видиме и дел од колегите со кои соработувале низ годините. Извесно е дека на сцената друштво ќе им прават Синтезис, Влатко Лозановски, Маријан Коцев, Сузана Гавазова... Почитувани колеги, роднини и пријатели, со огромно задоволство Ви го најавуваме нашиот долгоочекуван концерт, 25 години постоење на Дрим тим. Ве покануваме да бидете дел од нашиот концерт кој ќе се одржи на 29. ноември во Македонски народен театар, велат членовите на Дрим тим и ветуваат дека публиката може да очекува одлично спакувана приказна во која ќе уживаат и најпребирливите, а оние кои сакаат да уживаат во убавата македонска песна на 29 ноември со себе треба да понесат само добро расположение. „Долго размислувавме и сонувавме за ваков концерт, со оглед на приликите на домашната сцена можеби малку и се колебавме, но време е музиката да излезе од летаргијата во која е западната и конечно работите да почнаат да се придвижуваат. Можеби чекавме предолго, но ете се охрабривме и решивме дека едноставно мораме да ѝ се оддолжиме на нашата публика заради која и постоиме“, едногласни се сите членови на Дрим тим, кои деновиве интензивно се подготвуваат за претстојниот концерт. Не заборавајте – 29 ноември е вечер кога дланките ќе треба да го следат ритамот на срцата, кои ќе чукаат македонска музика.  

The post „Дрим тим“ со голем концерт слават јубилеј – 25 години музика appeared first on Република.

]]>
„Суперхикс“ ќе одржи два анплагд концерти во Домот на културата “Билјана Беличанец” https://republika.mk/scena/superhiks-ke-odrzhi-dva-anplagd-kontserti-vo-domot-na-kulturata-biljana-belichanets/ Wed, 20 Nov 2024 09:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=839820

Суперхикс го најавија првиот анплагд концерт закажан за 8 декември и веднаш се распродаде со брзина која е можеби невидена за македонските бендови, но затоа во духот на дарежливоста Суперхикс ќе ги отворат своите срца и на втор концерт два дена подоцна на втор анплагд концерт кој ќе се одржи исто така во Домот на културата “Билјана Беличанец” во скопска Кисела вода.

И за овој втор концерт влезниците кои што се пуштени во продажба по симболична цена од 500 денари се во ограничен број поради просторните капацитети на салата, така што сите љубители на добра рок Н рол лекција добро би било да побрзаат да си обезбедат билетчиња за себе и за своите партнери, затоа што Рок музиката е најдобра кога се консумира најмалку во двојка.

“Не сме дедо мраз, ама исполнуваме желби

По распродадениот прв концерт, објавуваме ВТОР – Суперхикс акустичен концерт и изложба (30 години постоење)

Покрај акустичниот концерт ќе се постави и изложба на меморибилиа во изложбениот салон на домот.

10.12.2024 година

Дом на култура Билјана Беличанец-Кисела Вода (кино сала)

Старт 20.00ч.

Влезници во ограничен број

500 мкд

Не пропуштајте!”

-стои во соопштението за јавност упатено од ПР службата на бендот.

Билетите за настанот може да се набават на сл. линк тука.

The post „Суперхикс“ ќе одржи два анплагд концерти во Домот на културата “Билјана Беличанец” appeared first on Република.

]]>

Суперхикс го најавија првиот анплагд концерт закажан за 8 декември и веднаш се распродаде со брзина која е можеби невидена за македонските бендови, но затоа во духот на дарежливоста Суперхикс ќе ги отворат своите срца и на втор концерт два дена подоцна на втор анплагд концерт кој ќе се одржи исто така во Домот на културата “Билјана Беличанец” во скопска Кисела вода. И за овој втор концерт влезниците кои што се пуштени во продажба по симболична цена од 500 денари се во ограничен број поради просторните капацитети на салата, така што сите љубители на добра рок Н рол лекција добро би било да побрзаат да си обезбедат билетчиња за себе и за своите партнери, затоа што Рок музиката е најдобра кога се консумира најмалку во двојка.
“Не сме дедо мраз, ама исполнуваме желби По распродадениот прв концерт, објавуваме ВТОР – Суперхикс акустичен концерт и изложба (30 години постоење) Покрај акустичниот концерт ќе се постави и изложба на меморибилиа во изложбениот салон на домот. 10.12.2024 година Дом на култура Билјана Беличанец-Кисела Вода (кино сала) Старт 20.00ч. Влезници во ограничен број 500 мкд Не пропуштајте!” -стои во соопштението за јавност упатено од ПР службата на бендот. Билетите за настанот може да се набават на сл. линк тука.

The post „Суперхикс“ ќе одржи два анплагд концерти во Домот на културата “Билјана Беличанец” appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  https://republika.mk/scena/muzika/retrospektivna-izlozhba-na-plakati-koja-ja-raskazhuva-istorijata-na-muzichkiot-zhivot-na-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 08:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=839808

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години.
Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.

Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје. Ги покануваме сите љубители заедно да се потсетиме на моментите кои ја создавале урбаната душа на нашиот град, велат организаторите.

Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.

За мене ова не е само изложба, туку благодарност и признание за сите уметници, артисти, групи, менаџери кои го создаваа музичкиот идентитет на Скопје. Секој плакат на оваа изложба раскажува приказна и ја чува историјата на урбаната култура на нашиот град. Ќе ми биде чест да ја споделам со сите оние кои сакаат да ја почувствуваат душата на Скопје преку музиката, вели Владимир Мандичевски Манде, организатор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  appeared first on Република.

]]>

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.
Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје. Ги покануваме сите љубители заедно да се потсетиме на моментите кои ја создавале урбаната душа на нашиот град, велат организаторите.
Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.
За мене ова не е само изложба, туку благодарност и признание за сите уметници, артисти, групи, менаџери кои го создаваа музичкиот идентитет на Скопје. Секој плакат на оваа изложба раскажува приказна и ја чува историјата на урбаната култура на нашиот град. Ќе ми биде чест да ја споделам со сите оние кои сакаат да ја почувствуваат душата на Скопје преку музиката, вели Владимир Мандичевски Манде, организатор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  appeared first on Република.

]]>
Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас https://republika.mk/scena/film/nedela-na-shpanski-film-vo-kinoteka-vecherva-proektsija-na-vnatreshnoto-more-so-havier-bardem-belen-rueda-i-lola-duenas/ Wed, 20 Nov 2024 08:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=839803

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на шпански филм, ќе биде прикажан играниот филм „Внатрешното море“.

„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ (2004), во режија на Алехандро Аменабар, е длабоко емотивен и трогателен филм, базиран на вистинската приказна за Рамон Сампедро, човек кој води долгогодишна битка за правото на евтаназија. Оваа драма го истражува комплексното прашање на животот, достоинството и смртта, со голема чувствителност и моќни изведби.

 

Хавиер Бардем го глуми Рамон, кој е парализиран од вратот надолу по несреќа што се случила пред 28 години. Затворен во своето тело, но со жив и буден ум, Рамон решава да ја води својата борба за право на достоинствена смрт, верувајќи дека неговиот живот во таква состојба нема повеќе вредност за него. Неговата борба е водена од страста да се биде слободен, дури и ако тоа значи крај на неговото постоење.

Филмот го истражува односот на Рамон со луѓето околу него – неговото семејство, кое е поделено во поддршката за неговата желба, адвокатката Хулија (Белен Руеда), која му помага во легалната битка, и Роза (Лола Дуенас), жена која сака да го убеди дека животот сè уште има вредност.

 

„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ успева да ја прикаже темата на евтаназија со големо почитување и емпатија. Бардем со својата извонредна глума внесува длабочина во ликот на Рамон, претставувајќи го не само како човек кој бара да го заврши својот живот, туку и како личност која доживува љубов, страдање и хумор во својот секојдневен живот. Камерата и сценографијата создаваат визуелно поетска атмосфера, особено во сцените каде Рамон сонува дека може повторно да лета, метафорично прикажувајќи ја неговата копнеж за слобода.

ВНАТРЕШНОТО МОРЕ

 

(Mar Adentro)

Игран филм, Шпанија

2004, 125 мин., колор, ДЦП

Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenabar)

Сценарио: Матео Гил (Mateo Gil)

Улоги: Хавиер Бардем, Белен Руеда, Лола Дуенас (Javier Bardem, Belen Rueda, Lola Duenas)

The post Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на шпански филм, ќе биде прикажан играниот филм „Внатрешното море“.
„ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ (2004), во режија на Алехандро Аменабар, е длабоко емотивен и трогателен филм, базиран на вистинската приказна за Рамон Сампедро, човек кој води долгогодишна битка за правото на евтаназија. Оваа драма го истражува комплексното прашање на животот, достоинството и смртта, со голема чувствителност и моќни изведби.   Хавиер Бардем го глуми Рамон, кој е парализиран од вратот надолу по несреќа што се случила пред 28 години. Затворен во своето тело, но со жив и буден ум, Рамон решава да ја води својата борба за право на достоинствена смрт, верувајќи дека неговиот живот во таква состојба нема повеќе вредност за него. Неговата борба е водена од страста да се биде слободен, дури и ако тоа значи крај на неговото постоење. Филмот го истражува односот на Рамон со луѓето околу него – неговото семејство, кое е поделено во поддршката за неговата желба, адвокатката Хулија (Белен Руеда), која му помага во легалната битка, и Роза (Лола Дуенас), жена која сака да го убеди дека животот сè уште има вредност.   „ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ успева да ја прикаже темата на евтаназија со големо почитување и емпатија. Бардем со својата извонредна глума внесува длабочина во ликот на Рамон, претставувајќи го не само како човек кој бара да го заврши својот живот, туку и како личност која доживува љубов, страдање и хумор во својот секојдневен живот. Камерата и сценографијата создаваат визуелно поетска атмосфера, особено во сцените каде Рамон сонува дека може повторно да лета, метафорично прикажувајќи ја неговата копнеж за слобода. ВНАТРЕШНОТО МОРЕ   (Mar Adentro) Игран филм, Шпанија 2004, 125 мин., колор, ДЦП Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenabar) Сценарио: Матео Гил (Mateo Gil) Улоги: Хавиер Бардем, Белен Руеда, Лола Дуенас (Javier Bardem, Belen Rueda, Lola Duenas)

The post Недела на шпански филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Внатрешното море“ со Хавиер Бардем, Белен Руеда и Лола Дуенас appeared first on Република.

]]>
Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ со Пијан Славеј и Игор Трпчески во Прилеп https://republika.mk/scena/muzika/poetsko-shlagerski-performans-pelagoniska-pletenka-so-pijan-slavej-i-igor-trpcheski-vo-prilep/ Wed, 20 Nov 2024 08:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=839793

Вечерва од 19.00 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ при што ќе биде презентиран проектот „Пијан Славеј“ (нова македонска шансона). Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески.

„Пијан Славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век……

„Пијан Славеј“ се сеанси на интимни посети крај диви маслини осамнати на брегот. Горчливо густа смола од винските мушички со деланки од бор облепени со каллив електро грув и еден нишан – поглед стрвен со излигавена и страствена мов од ракурсот на пијаниот Славеј. Страст што некогаш низ меланхолија и тага мами вечна љубовна тишина, и ако тлее нешто живо во неа – ќе пеам или само немо ќе љубам нешто што сè уште не е мртво, вели Влатко Деловски.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, “Со Љубов”, “Cash & Marry” и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. 2018 г. одржал концерт со Македонската филхармонија. Кон крајот на 2021 г. го оформува составот „Пијан славеј“, а настапува и самостојно како кантавтор. Објавил четири поетски збирки („Креветизам и хоризонтала” 2018, „Срчки” 2020, „Полиграф”, 2022 и „Јазик за двајца”, 2024).

Игор Трпчески дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите „Оркестар ТитаН”, „Дневникот на Лудиот”, „Јас”, „Шаторо”, „Delirium tremens”. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

 

The post Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ со Пијан Славеј и Игор Трпчески во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Вечерва од 19.00 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ при што ќе биде презентиран проектот „Пијан Славеј“ (нова македонска шансона). Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески. „Пијан Славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век……
„Пијан Славеј“ се сеанси на интимни посети крај диви маслини осамнати на брегот. Горчливо густа смола од винските мушички со деланки од бор облепени со каллив електро грув и еден нишан – поглед стрвен со излигавена и страствена мов од ракурсот на пијаниот Славеј. Страст што некогаш низ меланхолија и тага мами вечна љубовна тишина, и ако тлее нешто живо во неа – ќе пеам или само немо ќе љубам нешто што сè уште не е мртво, вели Влатко Деловски.
Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, “Со Љубов”, “Cash & Marry” и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. 2018 г. одржал концерт со Македонската филхармонија. Кон крајот на 2021 г. го оформува составот „Пијан славеј“, а настапува и самостојно како кантавтор. Објавил четири поетски збирки („Креветизам и хоризонтала” 2018, „Срчки” 2020, „Полиграф”, 2022 и „Јазик за двајца”, 2024). Игор Трпчески дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите „Оркестар ТитаН”, „Дневникот на Лудиот”, „Јас”, „Шаторо”, „Delirium tremens”. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.  

The post Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ со Пијан Славеј и Игор Трпчески во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Матео Бочели, синот на славниот тенор, ќе одржи ексклузивен концерт во Филхармонија https://republika.mk/scena/muzika/mateo-bocheli-sinot-na-slavniot-tenor-ke-odrzhi-ekskluziven-kontsert-vo-filharmonija/ Tue, 19 Nov 2024 17:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=839682

Ѕвездата на класичниот кросовер, извонредниот пејач и кантавтор МАТЕО БОЧЕЛИ штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје.

Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко, славниот тенор Андреа Бочели во 2018 година, па сѐ до изведбата на обновената верзија на „Time To Say Goodbye“ со нова композиција од Ханс Цимер на Оскарите во 2024 година, Матео Бочели ја восхитува публиката ширум светот. Со неговиот импресивен талент и распродадени турнеи тој го трасира новиот пат во уникатниот стил.

Матео зад себе има настапи на дел од најголемите светски сцени. Неговата турнеја „A Night With Matteo ги распродаде глобално познатите концертни сали, вклучувајќи ја операта во Сиднеј и Куќата на славните во кантри музиката, но и настапи за кралското семејство на Велика Британија и за отворање на концертот на легендарниот Лајонел Ричи. Неговиот деби настап во живо на 18-годишна возраст беше во римскиот Колосеум, а во 2018 година тој и неговиот татко го објавија „Fall on Me“, возбудлив дует кој собра над 400 милиони глобални преноси до денес.

По успехот на неговата неодамнешна соработка „Falling Back“ со полската суперѕвезда Сана, Матео неодамна го претстави својот нов сингл „If I Knew“, во кој настапува мултиплатинумската и номинирана за Оскар уметницата Софија Карсон. Овој срдечен дует означува уште еден значаен чекор во кариерата на Матео, бидејќи тој продолжува да го создава својот сопствен жанр, продолжувајќи го успехот на неговиот истоимениот деби албум „Matteo“.

„Матео“ ги прикажува сите аспекти на неговата уметност - не само неговиот силен, но сепак ранлив вокален стил, туку и неговото авторско пишување песни. Ова издание го вклучува и херојот на пејачот, Ед Ширан, кој ја напиша „Chasing Stars“ за Матео, голема балада што го покажува неговиот горен регистер.

Во 2022 година, Матео го издаде „A Family Christmas“, заедно со таткото Андреа и сестрата Вирџинија, во божиќната епизода на Симпсонови. Матео е воедно и заштитно лице на машката линија на модниот бренд „Guess“.

The post Матео Бочели, синот на славниот тенор, ќе одржи ексклузивен концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата на класичниот кросовер, извонредниот пејач и кантавтор МАТЕО БОЧЕЛИ штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје.

Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко, славниот тенор Андреа Бочели во 2018 година, па сѐ до изведбата на обновената верзија на „Time To Say Goodbye“ со нова композиција од Ханс Цимер на Оскарите во 2024 година, Матео Бочели ја восхитува публиката ширум светот. Со неговиот импресивен талент и распродадени турнеи тој го трасира новиот пат во уникатниот стил.

Матео зад себе има настапи на дел од најголемите светски сцени. Неговата турнеја „A Night With Matteo ги распродаде глобално познатите концертни сали, вклучувајќи ја операта во Сиднеј и Куќата на славните во кантри музиката, но и настапи за кралското семејство на Велика Британија и за отворање на концертот на легендарниот Лајонел Ричи. Неговиот деби настап во живо на 18-годишна возраст беше во римскиот Колосеум, а во 2018 година тој и неговиот татко го објавија „Fall on Me“, возбудлив дует кој собра над 400 милиони глобални преноси до денес.

По успехот на неговата неодамнешна соработка „Falling Back“ со полската суперѕвезда Сана, Матео неодамна го претстави својот нов сингл „If I Knew“, во кој настапува мултиплатинумската и номинирана за Оскар уметницата Софија Карсон. Овој срдечен дует означува уште еден значаен чекор во кариерата на Матео, бидејќи тој продолжува да го создава својот сопствен жанр, продолжувајќи го успехот на неговиот истоимениот деби албум „Matteo“.

„Матео“ ги прикажува сите аспекти на неговата уметност - не само неговиот силен, но сепак ранлив вокален стил, туку и неговото авторско пишување песни. Ова издание го вклучува и херојот на пејачот, Ед Ширан, кој ја напиша „Chasing Stars“ за Матео, голема балада што го покажува неговиот горен регистер.

Во 2022 година, Матео го издаде „A Family Christmas“, заедно со таткото Андреа и сестрата Вирџинија, во божиќната епизода на Симпсонови. Матео е воедно и заштитно лице на машката линија на модниот бренд „Guess“.

The post Матео Бочели, синот на славниот тенор, ќе одржи ексклузивен концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ и презентација на „Пијан Славеј“ во Прилеп https://republika.mk/scena/muzika/poetsko-shlagerski-performans-pelagoniska-pletenka-i-prezentatsija-na-pijan-slavej-vo-prilep/ Tue, 19 Nov 2024 09:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=839511

На 20 ноември (среда) од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ птри што ќе биде презентиран проектот „Пијан Славеј“ (нова македонска шансона).

„Пијан Славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин", во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век...... „Пијан Славеј“ се сеанси на интимни посети крај диви маслини осамнати на брегот. Горчливо густа смола од винските мушички со деланки од бор облепени со каллив електро грув и еден нишан - поглед стрвен со излигавена и страствена мов од ракурсот на пијаниот Славеј. Страст што некогаш низ меланхолија и тага мами вечна љубовна тишина, и ако тлее нешто живо во неа - ќе пеам или само немо ќе љубам нешто што се' уште не е мртво, вели Влатко Деловски.

Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, "Со Љубов", "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. 2018 г. одржал концерт со Македонската филхармонија. Кон крајот на 2021 г. го оформува составот ПИЈАН СЛАВЕЈ, а настапува и самостојно како кантавтор. Објавил четири поетски збирки ("Креветизам и хоризонтала" 2018, "Срчки" 2020, "Полиграф", 2022 и "Јазик за двајца", 2024).

Игор Трпчески дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите “Оркестар ТитаН” од Христо Бојчев, “Дневникот на Лудиот” од Гогољ, “Јас” од Илија Димоски, “Шаторо” од Петар Петрески, “Delirium tremens” од Благоја Ристески- Платнар. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

The post Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ и презентација на „Пијан Славеј“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

На 20 ноември (среда) од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ птри што ќе биде презентиран проектот „Пијан Славеј“ (нова македонска шансона).
„Пијан Славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин", во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век...... „Пијан Славеј“ се сеанси на интимни посети крај диви маслини осамнати на брегот. Горчливо густа смола од винските мушички со деланки од бор облепени со каллив електро грув и еден нишан - поглед стрвен со излигавена и страствена мов од ракурсот на пијаниот Славеј. Страст што некогаш низ меланхолија и тага мами вечна љубовна тишина, и ако тлее нешто живо во неа - ќе пеам или само немо ќе љубам нешто што се' уште не е мртво, вели Влатко Деловски.
Ќе настапат Бранислав Николов и актерот Игор Трпчески. Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар “Медена Земја”, интернационално наградуваните “Исцелител”, "Со Љубов", "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. 2018 г. одржал концерт со Македонската филхармонија. Кон крајот на 2021 г. го оформува составот ПИЈАН СЛАВЕЈ, а настапува и самостојно како кантавтор. Објавил четири поетски збирки ("Креветизам и хоризонтала" 2018, "Срчки" 2020, "Полиграф", 2022 и "Јазик за двајца", 2024). Игор Трпчески дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите “Оркестар ТитаН” од Христо Бојчев, “Дневникот на Лудиот” од Гогољ, “Јас” од Илија Димоски, “Шаторо” од Петар Петрески, “Delirium tremens” од Благоја Ристески- Платнар. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens. Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

The post Поетско шлагерски перформанс „Пелагониска плетенка“ и презентација на „Пијан Славеј“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Панчо од ДНК не сака да биде номиниран за Маж на годината оти не доаѓа од „Северна“ https://republika.mk/scena/estrada/pancho-od-dnk-ne-saka-da-bide-nominiran-za-mazh-na-godinata-oti-ne-doaga-od-severna/ Mon, 18 Nov 2024 21:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=839392

Музичарот Владимир Блажев Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Cеверна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството

The post Панчо од ДНК не сака да биде номиниран за Маж на годината оти не доаѓа од „Северна“ appeared first on Република.

]]>

Музичарот Владимир Блажев Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други. Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.
– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Cеверна Македонија” .
Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството

The post Панчо од ДНК не сака да биде номиниран за Маж на годината оти не доаѓа од „Северна“ appeared first on Република.

]]>
Пласидо Доминго во „Борис Трајковски“ https://republika.mk/scena/muzika/plasido-domingo-vo-boris-trajkovski/ Mon, 18 Nov 2024 17:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=839324

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ на 14 март 2025 година.

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“.

The post Пласидо Доминго во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ на 14 март 2025 година. Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“.

The post Пласидо Доминго во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм https://republika.mk/scena/film/objaven-nov-trejler-za-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film/ Mon, 18 Nov 2024 14:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=839264

На официјалната фејсбук-страница на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, објавен е нов трејлер.

„Со задоволство ви ја претставуваме американската верзија на новиот трејлер на ‘Јон Вардар против галаксијата’! Благодарност до Давид Мука за нарацијата и до Валентино Скендеровски за снимањето“, пишува во описот на видеото.

„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани, кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Филмот е на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Киноверзум“ во Скопје, Штип и во Велес. Информации за времето на прикажувањaта и во другите градови има на официјалната фејсбук-страница на филмот.

 

The post Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм appeared first on Република.

]]>

На официјалната фејсбук-страница на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, објавен е нов трејлер. „Со задоволство ви ја претставуваме американската верзија на новиот трејлер на ‘Јон Вардар против галаксијата’! Благодарност до Давид Мука за нарацијата и до Валентино Скендеровски за снимањето“, пишува во описот на видеото. „Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани, кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси. Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска. Филмот е на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Киноверзум“ во Скопје, Штип и во Велес. Информации за времето на прикажувањaта и во другите градови има на официјалната фејсбук-страница на филмот.  

The post Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм appeared first on Република.

]]>
Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-post-pank-noiz-bendot-psychedelic-trips-to-death-vo-kotur/ Mon, 18 Nov 2024 12:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=839169

В среда,на 20 ноември, од 21 часот во „Котур“ ќе се одржи концерт на Psychedelic Trips Тo Death од Солун и Will Discuss од Скопје.

Psychedelic Trips Тo Death се енергичен пост-панк/ноиз бенд кој доаѓа од Солун. Формирани се во 2010 година и се едни од предводниците на солунската алтернативна сцена. Нивниот мрачен и дистописки звук вградува елементи на психоделичен рок, индастриал и експериментална електроника. Со беспрекорна напнатост, од метрономските пулсации на воведните тактови, преку заканувачките вокали до цврстите бас линии, тие создаваат френетични и параноични звучни пејзажи кои влегуваат под кожата.

Како локална поддршка ќе настапат Will Discuss од Скопје. Се работи за отворен колаборативен проект на Тодор Караколев (електроника, вокал), овојпат заедно со Кристијан Савиќ (гитара). Во спонтана музичка (де)компресија тие создаваат психоделична музика за танц. Нивниот деби албум излегува наскоро во издание на Стотројка.

The post Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур appeared first on Република.

]]>

В среда,на 20 ноември, од 21 часот во „Котур“ ќе се одржи концерт на Psychedelic Trips Тo Death од Солун и Will Discuss од Скопје. Psychedelic Trips Тo Death се енергичен пост-панк/ноиз бенд кој доаѓа од Солун. Формирани се во 2010 година и се едни од предводниците на солунската алтернативна сцена. Нивниот мрачен и дистописки звук вградува елементи на психоделичен рок, индастриал и експериментална електроника. Со беспрекорна напнатост, од метрономските пулсации на воведните тактови, преку заканувачките вокали до цврстите бас линии, тие создаваат френетични и параноични звучни пејзажи кои влегуваат под кожата. Како локална поддршка ќе настапат Will Discuss од Скопје. Се работи за отворен колаборативен проект на Тодор Караколев (електроника, вокал), овојпат заедно со Кристијан Савиќ (гитара). Во спонтана музичка (де)компресија тие создаваат психоделична музика за танц. Нивниот деби албум излегува наскоро во издание на Стотројка.

The post Концерт на пост-панк/ноиз бендот „Psychedelic Trips To Death“ во Котур appeared first on Република.

]]>
Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов https://republika.mk/scena/film/zavrshi-snimaneto-na-debitantskiot-kratkometrazhen-filmot-majka-vo-rezhija-na-gorgi-lazov/ Mon, 18 Nov 2024 10:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=839108

Снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов, е успешно завршено. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода, завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање кој се одвиваше на неколку локации во Скопје.
„Мајка“ е интимна семејна драма која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на Божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство.
Во главните улоги се истакнатите актери Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која за првпат се појавува на филмската камера.
Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, додека мајстор на светло е Сашко Стојановски Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски, монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.

Снимањето на ‘Мајка’ беше неверојатно искуство, благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство, вели режисерот Ѓорѓи Лазов.

Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа Скорпион Филмс но и партерски фирми пријатели од Р.Хрватска, Волфганг и Доли и Мираж продукција..
Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

The post Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов appeared first on Република.

]]>

Снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов, е успешно завршено. Последната клапа падна вчера во општина Кисела Вода, завршувајќи го четиридневниот интензивен процес на снимање кој се одвиваше на неколку локации во Скопје. „Мајка“ е интимна семејна драма која ја раскажува приказната за комплексниот однос помеѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на Божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство. Во главните улоги се истакнатите актери Наташа Петровиќ и Соња Михајлова, а актерската екипа дополнително ја збогатуваат Слободанка Чичевска, Ивица Димитријевиќ, како и дебитантката Јована Синадиноски, која за првпат се појавува на филмската камера. Продуцент на филмот е Александар Арсовски, директор на фотографија е Никола Марковски, додека мајстор на светло е Сашко Стојановски Меанџи. За костимите се погрижи Жаклина Крстевска, сценограф на филмот е Дејан Ѓошевски а шминката и фризурата беа во рацете на Стефанија Илиевски, монтажер на филмот ќе биде Димитар Спирковски, а снимател на звук и микс Горазд Радевски.
Снимањето на ‘Мајка’ беше неверојатно искуство, благодарение на посветената екипа и талентираните актери. Иако беше предизвикувачки да се заврши во краток временски рок, успеавме да ја доловиме емоцијата што ја посакувавме. Очекувам дека оваа приказна ќе допре до срцата на публиката и ќе предизвика емоции и размислувања за односите во едно семејство, вели режисерот Ѓорѓи Лазов.
Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и со сопствени инвестиции на продуцентот и продукциската куќа Скорпион Филмс но и партерски фирми пријатели од Р.Хрватска, Волфганг и Доли и Мираж продукција.. Филмот „Мајка“ е предвиден за премиера во текот на 2025 година.

The post Заврши снимањето на дебитантскиот краткометражен филмот „Мајка“, во режија на Ѓорѓи Лазов appeared first on Република.

]]>
Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ https://republika.mk/scena/ajdin-osmanovik-od-srebrenik-ja-voodushevi-publikata-na-zlatno-slavejche/ Mon, 18 Nov 2024 10:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=839090

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар.

Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.

Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.

Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.

Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката.

https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на на фестивалот „Златно славејче“, фестивал кој е познат по својата богата традиција и поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот народен театар. Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна „Јано мори“, емотивната „Заветна“ и химната на љубовта кон Македонија,  „Мојата Македонија“. Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот. Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба „Радост на Европа“ каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски. Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.
Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа „Златно славејче“, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, вели професорот Јасмин Брашњиќ.
Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин. Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија. Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката. https://www.youtube.com/watch?si=sjBgXZiImHGWlpCZ&fbclid=IwY2xjawGn8gdleHRuA2FlbQIxMAABHZT5IaDu1P2g8amCDqquw7zdrDViI-dRJWfJDo7thHI7Pu4-RPaCaUYU6Q_aem_-1hH74bxjZOUU3HRE4OqwQ&v=PXVYvzUAMbw&feature=youtu.be

The post Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на „Златно славејче“ appeared first on Република.

]]>
Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека https://republika.mk/scena/film/od-25-do-29-noemvri-nedela-na-japonski-film-vo-kinoteka/ Mon, 18 Nov 2024 10:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=839076

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека.

25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН

(The Return Of Majin)

Игран филм, Јапонија

1966, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi)

Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida)

Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)

 

Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.

Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.

26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

TRAIN BRAIN EXPRESS

(TRAIN BRAIN EXPRESS )

Игран филм, Јапонија

2012, 117 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya)

Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

БРАЌАТА МАМИЈА

(Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers)

Игран филм, Јапонија

2006, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima)

Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат.

Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска?

Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни. Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997).

29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

The post Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество. Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика. Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства. Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека. 25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН (The Return Of Majin) Игран филм, Јапонија 1966, 119 мин., колор, ДЦП Режисер: Кенџи Мисуми (Kenji Misumi) Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida) Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)   Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите. ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците. Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот. Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано. 26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ TRAIN BRAIN EXPRESS (TRAIN BRAIN EXPRESS ) Игран филм, Јапонија 2012, 117 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya) Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот? TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил. 27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ (Not quite dead yet/Ichido shinde mita) Игран филм, Јапонија 2020, 93 мин., колор, ДЦП Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky) УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка. Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата. 28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ БРАЌАТА МАМИЈА (Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers) Игран филм, Јапонија 2006, 119 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima) Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми, вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат. Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска? Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни. Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997). 29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч. НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ СТО ЛАГИ (We make antiques!) Игран филм, Јапонија 2018, 110 мин., колор, ДЦП Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take) Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai) Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki) Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат. СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

The post Од 25 до 29 ноември Недела на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Изложбата „65 години ансамбл Мањифико“ се отвора вечерва во НОБ: Преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома https://republika.mk/scena/izlozhbata-65-godini-ansambl-manifiko-se-otvora-vecherva-vo-nob-preku-240-eksponati-od-gostuvanata-na-manifiko-po-svetot-i-doma/ Mon, 18 Nov 2024 09:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=839072

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во фоајето пред салонот на Национална Опера и Балет во Скопје, ќе биде отворена изложбата „65 години ансамбл Мањифико“.

Мањифико – мит, легенда или реалност…

На оваа единствена и атрактивна изложба, ќе бидат претставени преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома.

Вокално-инструменталниот ансамбл „Мањифико“ го сочинувале:

Пантелеј Кочовски – Панче
Крсто Таушанов
Димитар Томов – Митко
Невенка Кочовска

Во текот на 31-годишното постоење, групата настапила во 37 земји, остварувајќи 3.700 концерти,а покрај тоа учествувала и на 600 добротворни настапи. Притоа, се проценува дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители. Дискографијата на „Мањифико“ вклучува 28 мали плочи, пет албуми, четири аудио-касети, една видео-касета, три компакт-дискови и едно ДВД. Речиси сите изданија на „Мањифико“ биле продадени во златен или сребрен тираж. На радио-станиците биле емитувани 192 емисии посветени на „Мањифико“, а групата учествувала на 140 програми на вкупно 16 телевизиски канали. Нивниот концертен репертоар вклучувал вкупно 320 песни, најмногу од латиноамериканското и шпанското поднебје, но и македонски староградски песни. Во 2017 година, групата „Мањифико“ ја добила наградата за животно дело, што ја доделува манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

 

The post Изложбата „65 години ансамбл Мањифико“ се отвора вечерва во НОБ: Преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во фоајето пред салонот на Национална Опера и Балет во Скопје, ќе биде отворена изложбата „65 години ансамбл Мањифико“. Мањифико – мит, легенда или реалност… На оваа единствена и атрактивна изложба, ќе бидат претставени преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома. Вокално-инструменталниот ансамбл „Мањифико“ го сочинувале: Пантелеј Кочовски – Панче Крсто Таушанов Димитар Томов – Митко Невенка Кочовска Во текот на 31-годишното постоење, групата настапила во 37 земји, остварувајќи 3.700 концерти,а покрај тоа учествувала и на 600 добротворни настапи. Притоа, се проценува дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители. Дискографијата на „Мањифико“ вклучува 28 мали плочи, пет албуми, четири аудио-касети, една видео-касета, три компакт-дискови и едно ДВД. Речиси сите изданија на „Мањифико“ биле продадени во златен или сребрен тираж. На радио-станиците биле емитувани 192 емисии посветени на „Мањифико“, а групата учествувала на 140 програми на вкупно 16 телевизиски канали. Нивниот концертен репертоар вклучувал вкупно 320 песни, најмногу од латиноамериканското и шпанското поднебје, но и македонски староградски песни. Во 2017 година, групата „Мањифико“ ја добила наградата за животно дело, што ја доделува манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.  

The post Изложбата „65 години ансамбл Мањифико“ се отвора вечерва во НОБ: Преку 240 експонати од гостувањата на „Мањифико“ по светот и дома appeared first on Република.

]]>
„Есенски музички свечености“: Концерт на Биг бенд на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија https://republika.mk/scena/muzika/esenski-muzichki-svechenosti-kontsert-na-big-bend-na-natsionalnata-muzichka-akademija-prof-pancho-vladigerov-od-sofija/ Mon, 18 Nov 2024 09:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=839060

Во камерната сала на Филхармонија, вечерва со почеток во 20 часот концерт ќе одржи Биг Бенд на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија.

На концертот ќе учествуваат солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, а диригент е Михаил Јосифов.

 

The post „Есенски музички свечености“: Концерт на Биг бенд на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија appeared first on Република.

]]>

Во камерната сала на Филхармонија, вечерва со почеток во 20 часот концерт ќе одржи Биг Бенд на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија. На концертот ќе учествуваат солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, а диригент е Михаил Јосифов.  

The post „Есенски музички свечености“: Концерт на Биг бенд на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија appeared first on Република.

]]>
Музичко патување „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet вечерва во Филхармонија https://republika.mk/scena/muzika/muzichko-patuvane-kulermund-izrazi-od-razigraniot-um-so-extravaganza-fantasi-quartet-vecherva-vo-filharmonija/ Mon, 18 Nov 2024 09:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=836402

Во организација на „Гете Институтот“ на 18 ноември ќе се реализира музичко патување насловено „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet.

Квартетот го сочинуваат: Јордан Костов (Скопје, Македонија) со својата хармоника и Андреас Гинтер, пијано и саксист (Берлин, Германија), а ќе ги придружуваат младите македонски музичари Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани).

Придружете ни се на музичкиот одраз на далечните патувања, култури и луѓе на18 ноември во 19 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија, велат организаторите.

 

The post Музичко патување „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во организација на „Гете Институтот“ на 18 ноември ќе се реализира музичко патување насловено „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet. Квартетот го сочинуваат: Јордан Костов (Скопје, Македонија) со својата хармоника и Андреас Гинтер, пијано и саксист (Берлин, Германија), а ќе ги придружуваат младите македонски музичари Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани).
Придружете ни се на музичкиот одраз на далечните патувања, култури и луѓе на18 ноември во 19 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија, велат организаторите.  

The post Музичко патување „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>