Колумни Archives - Република https://republika.mk/kategorija/kolumni/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Колумни Archives - Република https://republika.mk/kategorija/kolumni/ 32 32 САД и ЕУ – семејна кавга во најава https://republika.mk/kolumni/sad-i-eu-semejna-kavga-vo-najava/ Mon, 18 Nov 2024 14:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=839252

Петар Поп-Арсов

Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои дефинирани државните ентитети. Тоа е поделба меѓу државите, но и внатре во државите. Поделба меѓу традиционалните противници и ривали, но и меѓу оние кои што се здружени во ист пакт, сојуз или унија. Тоа е поделба чија што специфика создава комплексна слика на светот во кој живееме. Слика која што е онолку тешка за разбирање од прва, како што се тешки делата на Пикасо и останатите великани на модерната уметност.

Какво ќе биде влијанието на реизборот на Трамп на глобално ниво, особено во односите на САД со Русија, Кина, Блискиот исток и пошироко, се исклучително важни прашања?! Но, можеби најважното прашање во целава приказна е прашањето какви ќе бидат внатрешните односи со сојузниците од НАТО и пријателите од ЕУ?! Прашањата за внатрешните односи во потесното семејство или пошироката фамилија се основа за понатамошната и поширока социјална интеракција со останатиот свет. Така е според некои воспоставени норми на нашата цивилизација.

Европската унија не се ни обиде да ја сокрие својата загриженост за импликациите од враќањето на Трамп, особено во поглед на тековната сложена и нестабилна економска состојба во светот. Исходот на американските избори креира сериозни предизвици за ЕУ ​​кои потенцијално ќе влијаат на нејзината економска стабилност, надворешната политика и безбедносната рамка на Унијата и соседските региони.

Од тие причини е особено важно да се антиципираат, имаат во предвид и да се направи што е можно попрецизна анализа за политичките ефекти кои што ќе ги има реизборот на Трамп, но и за ефектите врз економијата на ЕУ, врз иднината на трансатлантскиот сојуз и врз динамиката на односите меѓу ЕУ и САД. Овие односи, економската стабилност и предвидливост се од исклучително значење за Македонија како дел од НАТО, како кандидат за членство во ЕУ и како економски, политички и безбедносно поврзана и зависна од сето ова заедно.

Ваквите анализи не можат да се остават само на пишани текстови од повеќе автори во нивните колумни, текстови во кои ги изразуваат сопствените ставови и погледи. Тоа треба да бидат сеопфатни и повеќеслојни експертски анализи на различни македонски институции, кои секоја во својата област ќе реферира за резултатите и заклучоците и ќе предлага решенија. Фанатичната поддршка и разочарувањето од исходот на американските избори треба да им се препушти на поддржувачите, навивачите, хејтерите и на сите оние кои што наоѓаат хоби, задоволство или забава во следењето на светските политички токови. Со суштинските прашања и анализи кои што го таргетират сето она што се наоѓа на сцена, зад сцена, под сцена или она што е содржано во текстот и во неговите меѓуредови, треба да се занимаваат бројните експерти кои што земаат плата од буџетот или имаат допир со парите на македонските даночни обврзници.

Така треба да биде ако сакаме правилно да се позиционираме. Ако не, да ги развееме знамињата, да навиваме на цел глас и да чекаме да заврши и оваа епизода во која ќе имаме само улога на набљудувач. Не дека би имале некоја поголема улога и доколку ги направиме сите потребни чекори како што треба, но барем во тој случај ќе фатиме место во првите редови за да можеме од поблиску да следиме и да имаме очен контакт со главните протагонисти.

Односите меѓу ЕУ и САД
Историски гледано, односите меѓу ЕУ и САД се карактеризираат со плодна децениска соработка и сојузништво проткаено со повремени меѓусебни триења. Нивните заеднички односи значително еволуирале од средината на 20 век па се до денес. Тоа е сосема нормално и разбирливо кога се работи за блиски партнери во повеќе области. Дури и денешниве „несогласувања во најава“ можат да се доживат како „нормални предизвици“ кои ги обликуваат нивните односи.

Маршаловиот план за финансиска помош за обновување на уништените европски економии може да се дефинира како почетна одредница на американско-европската поствоена соработка. Со него беа поставени темелите за трајно економско партнерство меѓу САД и Европа со што беа поттикнати силни трансатлантски врски кои ќе траат за време на студената војна. Создавањето на НАТО пактот кое што следеше беше дизајнирано за да може Западот да се спротивстави на советското влијание и да ја осигура европската безбедност. Веднаш потоа е создадена Европската заедница за јаглен и челик со што беше означен почетокот на европската интеграција, која денес ја имаме во форма на Европската унија. САД постојано ги поддржуваше ваквите напори препознавајќи го фактот дека стабилна и обединета Европа ќе послужи како сигурен економски и политички сојузник.

Ова се само основите на американско-европското партнерство кое низ текот на годините беше оплеменето со уште поцврсти врски. Ваквото партнерство и соработка гледано од страна се доживува како константа, како нешто вообичаено и како нешто кое што никогаш не може да биде доведено во прашање.

Сепак, ова партнерство повремено беше ставано на тест. Токму таа историска димензија од односите на западните партнери треба да биде предмет на интерес во дадениов момент со цел да се направи што е можно попрецизна антиципација на случувањата кои што ќе следат во мандатот на Трамп.

Историски гледано, едно од првите несогласувања меѓу западните партнери е прашањето околу контрибуциите кон НАТО, кое се појави кога САД повикаа на поголем европски придонес во алијансата. Такви несогласувања имаше и во првиот претстедателски мандат на Трамп кој постојано ги прозиваше европските сојузници да ја исполнат својата обврска кон НАТО со контрибуција од два проценти од националните буџети.

Исто така, различната перспектива на гледање на меѓународните кризи кои се појавуваа во различни периоди, ги затегнуваа односите меѓу партнерите. Пример за тоа е Суетскиот криза од 1956 г., во која САД отворено се спротивстави на француско-британската интервенција во Египет. Виетнамската војна, која што се појави во седумдесеттите години, претставуваше уште една точка на несогласување при што повеќе европски лидери го критикуваа американското инволвирање во оваа војна. Американската инвазија на Ирак во 2003 г., исто така, предизвика поделби. Најголемите ЕУ членки, Франција и Германија се спротивставија на интервенцијата оспорувајќи ја нејзината легитимност и изразувајќи загриженоста за потенцијалните последици од ваквата војна.

Енергетската криза од седумдесеттите години значително влијаеше на односите меѓу САД и сојузниците од Западна Европа. Оваа криза внесе нови сложености во нивната алијанса. Нивните разлики во пристапот кон политичките прашања поврзани со Блискиот исток, Израел и Арапскиот свет резултираа со економски последици, пред се во енергетската област и нафтата.

Но, во исто време оваа криза и несогласувања послужија како двигател кој доведе до реевалуација на енергетските политики на двете страни на Атлантикот. Тоа беше поттик за САД и Европа да инвестираат во алтернативни извори на енергија кои ја подобрија енергетската ефикасност во обид да се намали зависноста од нафтата од Блискиот Исток. Оваа криза претставува класичен пример за тоа како партнерите од состојба на затегнати односите преоѓаат во повисока фаза на соработка и во исто време претставува потврда на тоа дека постои нагласена меѓузависност на нивните економии и потреба од координирани одговори на глобалните предизвици.

Затоа, независно од политичките разлики (доколку тие навистина биле реални), економските врски меѓу САД и ЕУ континуирано се зајакнуваа во текот на целиот период. На пример, до средината на првата деценија на овој век, трансатлантската економија сочинуваше приближно 40% од глобалниот БДП и беше застапена со една третина од светските трговски текови. Тоа е доволен показател дека секоја семејна расправија на крајот од денот има за цел да го зголеми на семејниот буџет и да го подобри квалитетот на животот.

Така беше во услови кога американско-европскиот сојуз имаше неприкосновена економско-политичка доминација во светот. Денес, во услови кога Кина економски ја руши западната империја, а Русија воено парира и влегува во состојба на иницијатива, секое несогласување и тензии меѓу западните партнери ќе ја нема истата комоција како од минатото за да може неповредено да излезе домашната кавга. Кина, Русија и БРИКС веќе претставуваат сериозна сила која домашната караница може да ја поттикне да отиде до степен на семејно насилство и посериозни раздвојувања.

Од тие причини, со големо внимание треба да се гледа на новиот мандат на Доналд Трамп, кој ценето според првите показатели може да предизвика сериозни поместувања во одосите на западните партнери. На пример, неговите политика од првиот мандат, „Америка на прво место“, доведе до наметнување тарифи за европските стоки со што беа заострени економските односи. Сега е сосема очекуван стравот дека неговиот реизбор би можел повторно да ги разгори трговските несогласувања со што негативно ќе влијае на економиите во ЕУ.
Во ЕУ постои сериозна загриженост поради унилатералниот пристап во надворешната политика на Трамп и неговиот скептицизам кон мултилатералните институции. Европа тешко ја заборава неговата идеја за американското напуштање на ООН. Неговиот реизбор кај некои од европските лидери се доживува како опасност за фрагметирање на светскиот поредок со што би се усложниле напорите за справување со глобалните предизвици како што се падемиите, тероризмот и економската нестабилност.

Постои мислење дека вториот мандат на Трамп може да влијае на внатрешните политики на земјите членки на ЕУ, поконкретно во правец на охрабрување и поттикнување на разни националистички движења. Поддршката на Брегзит е дел од неговото портфолио. Ист е односот и кон неговата неподготвеност целосно да ја поддржи Украина против Русија за време на неговиот прв мандат. Овие факти во ЕУ се доживува како показател за тоа што може да се очекува од неговиот втор мандат. Веќе јасно е дека во ЕУ повторно очекуваат сериозни тензии „во семејството“, а како клучни области се наведуваат безбедноста, трговијата, климатски политики и геополитичка стабилност.

ЕУ е загрижена за сѐ она што беше погоре наведено, како можен ефект од реизборот на Трамп. Можеби со право, можеби не?! Но, тоа што во времето на Бајден се отвори војна на континентот во која ЕУ беше длабоко инволвирана, тоа што земјите од ЕУ претрпеа сериозни економски удари, беа енергетски загрозени, кинеската економија буквално ги прегазува од ден во ден, воопшто не треба да претставува предмет на загриженост и страв, нели?!

Однесувањето на европските лидери е многу нелогично и контрадикторно. Сепак тоа е нивна „семејна“ работа. На каков начин ќе излезат од семејната кавга во најава, останува да видиме! Но, не само да гледаме како неми набљудувачи, туку како активен државен субјект кој ги следи геополитичките токови и соодветно ќе се позиционира во интерес на државата и граѓаните.

The post САД и ЕУ – семејна кавга во најава appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои дефинирани државните ентитети. Тоа е поделба меѓу државите, но и внатре во државите. Поделба меѓу традиционалните противници и ривали, но и меѓу оние кои што се здружени во ист пакт, сојуз или унија. Тоа е поделба чија што специфика создава комплексна слика на светот во кој живееме. Слика која што е онолку тешка за разбирање од прва, како што се тешки делата на Пикасо и останатите великани на модерната уметност. Какво ќе биде влијанието на реизборот на Трамп на глобално ниво, особено во односите на САД со Русија, Кина, Блискиот исток и пошироко, се исклучително важни прашања?! Но, можеби најважното прашање во целава приказна е прашањето какви ќе бидат внатрешните односи со сојузниците од НАТО и пријателите од ЕУ?! Прашањата за внатрешните односи во потесното семејство или пошироката фамилија се основа за понатамошната и поширока социјална интеракција со останатиот свет. Така е според некои воспоставени норми на нашата цивилизација. Европската унија не се ни обиде да ја сокрие својата загриженост за импликациите од враќањето на Трамп, особено во поглед на тековната сложена и нестабилна економска состојба во светот. Исходот на американските избори креира сериозни предизвици за ЕУ ​​кои потенцијално ќе влијаат на нејзината економска стабилност, надворешната политика и безбедносната рамка на Унијата и соседските региони. Од тие причини е особено важно да се антиципираат, имаат во предвид и да се направи што е можно попрецизна анализа за политичките ефекти кои што ќе ги има реизборот на Трамп, но и за ефектите врз економијата на ЕУ, врз иднината на трансатлантскиот сојуз и врз динамиката на односите меѓу ЕУ и САД. Овие односи, економската стабилност и предвидливост се од исклучително значење за Македонија како дел од НАТО, како кандидат за членство во ЕУ и како економски, политички и безбедносно поврзана и зависна од сето ова заедно. Ваквите анализи не можат да се остават само на пишани текстови од повеќе автори во нивните колумни, текстови во кои ги изразуваат сопствените ставови и погледи. Тоа треба да бидат сеопфатни и повеќеслојни експертски анализи на различни македонски институции, кои секоја во својата област ќе реферира за резултатите и заклучоците и ќе предлага решенија. Фанатичната поддршка и разочарувањето од исходот на американските избори треба да им се препушти на поддржувачите, навивачите, хејтерите и на сите оние кои што наоѓаат хоби, задоволство или забава во следењето на светските политички токови. Со суштинските прашања и анализи кои што го таргетират сето она што се наоѓа на сцена, зад сцена, под сцена или она што е содржано во текстот и во неговите меѓуредови, треба да се занимаваат бројните експерти кои што земаат плата од буџетот или имаат допир со парите на македонските даночни обврзници. Така треба да биде ако сакаме правилно да се позиционираме. Ако не, да ги развееме знамињата, да навиваме на цел глас и да чекаме да заврши и оваа епизода во која ќе имаме само улога на набљудувач. Не дека би имале некоја поголема улога и доколку ги направиме сите потребни чекори како што треба, но барем во тој случај ќе фатиме место во првите редови за да можеме од поблиску да следиме и да имаме очен контакт со главните протагонисти. Односите меѓу ЕУ и САД Историски гледано, односите меѓу ЕУ и САД се карактеризираат со плодна децениска соработка и сојузништво проткаено со повремени меѓусебни триења. Нивните заеднички односи значително еволуирале од средината на 20 век па се до денес. Тоа е сосема нормално и разбирливо кога се работи за блиски партнери во повеќе области. Дури и денешниве „несогласувања во најава“ можат да се доживат како „нормални предизвици“ кои ги обликуваат нивните односи. Маршаловиот план за финансиска помош за обновување на уништените европски економии може да се дефинира како почетна одредница на американско-европската поствоена соработка. Со него беа поставени темелите за трајно економско партнерство меѓу САД и Европа со што беа поттикнати силни трансатлантски врски кои ќе траат за време на студената војна. Создавањето на НАТО пактот кое што следеше беше дизајнирано за да може Западот да се спротивстави на советското влијание и да ја осигура европската безбедност. Веднаш потоа е создадена Европската заедница за јаглен и челик со што беше означен почетокот на европската интеграција, која денес ја имаме во форма на Европската унија. САД постојано ги поддржуваше ваквите напори препознавајќи го фактот дека стабилна и обединета Европа ќе послужи како сигурен економски и политички сојузник. Ова се само основите на американско-европското партнерство кое низ текот на годините беше оплеменето со уште поцврсти врски. Ваквото партнерство и соработка гледано од страна се доживува како константа, како нешто вообичаено и како нешто кое што никогаш не може да биде доведено во прашање. Сепак, ова партнерство повремено беше ставано на тест. Токму таа историска димензија од односите на западните партнери треба да биде предмет на интерес во дадениов момент со цел да се направи што е можно попрецизна антиципација на случувањата кои што ќе следат во мандатот на Трамп. Историски гледано, едно од првите несогласувања меѓу западните партнери е прашањето околу контрибуциите кон НАТО, кое се појави кога САД повикаа на поголем европски придонес во алијансата. Такви несогласувања имаше и во првиот претстедателски мандат на Трамп кој постојано ги прозиваше европските сојузници да ја исполнат својата обврска кон НАТО со контрибуција од два проценти од националните буџети. Исто така, различната перспектива на гледање на меѓународните кризи кои се појавуваа во различни периоди, ги затегнуваа односите меѓу партнерите. Пример за тоа е Суетскиот криза од 1956 г., во која САД отворено се спротивстави на француско-британската интервенција во Египет. Виетнамската војна, која што се појави во седумдесеттите години, претставуваше уште една точка на несогласување при што повеќе европски лидери го критикуваа американското инволвирање во оваа војна. Американската инвазија на Ирак во 2003 г., исто така, предизвика поделби. Најголемите ЕУ членки, Франција и Германија се спротивставија на интервенцијата оспорувајќи ја нејзината легитимност и изразувајќи загриженоста за потенцијалните последици од ваквата војна. Енергетската криза од седумдесеттите години значително влијаеше на односите меѓу САД и сојузниците од Западна Европа. Оваа криза внесе нови сложености во нивната алијанса. Нивните разлики во пристапот кон политичките прашања поврзани со Блискиот исток, Израел и Арапскиот свет резултираа со економски последици, пред се во енергетската област и нафтата. Но, во исто време оваа криза и несогласувања послужија како двигател кој доведе до реевалуација на енергетските политики на двете страни на Атлантикот. Тоа беше поттик за САД и Европа да инвестираат во алтернативни извори на енергија кои ја подобрија енергетската ефикасност во обид да се намали зависноста од нафтата од Блискиот Исток. Оваа криза претставува класичен пример за тоа како партнерите од состојба на затегнати односите преоѓаат во повисока фаза на соработка и во исто време претставува потврда на тоа дека постои нагласена меѓузависност на нивните економии и потреба од координирани одговори на глобалните предизвици. Затоа, независно од политичките разлики (доколку тие навистина биле реални), економските врски меѓу САД и ЕУ континуирано се зајакнуваа во текот на целиот период. На пример, до средината на првата деценија на овој век, трансатлантската економија сочинуваше приближно 40% од глобалниот БДП и беше застапена со една третина од светските трговски текови. Тоа е доволен показател дека секоја семејна расправија на крајот од денот има за цел да го зголеми на семејниот буџет и да го подобри квалитетот на животот. Така беше во услови кога американско-европскиот сојуз имаше неприкосновена економско-политичка доминација во светот. Денес, во услови кога Кина економски ја руши западната империја, а Русија воено парира и влегува во состојба на иницијатива, секое несогласување и тензии меѓу западните партнери ќе ја нема истата комоција како од минатото за да може неповредено да излезе домашната кавга. Кина, Русија и БРИКС веќе претставуваат сериозна сила која домашната караница може да ја поттикне да отиде до степен на семејно насилство и посериозни раздвојувања. Од тие причини, со големо внимание треба да се гледа на новиот мандат на Доналд Трамп, кој ценето според првите показатели може да предизвика сериозни поместувања во одосите на западните партнери. На пример, неговите политика од првиот мандат, „Америка на прво место“, доведе до наметнување тарифи за европските стоки со што беа заострени економските односи. Сега е сосема очекуван стравот дека неговиот реизбор би можел повторно да ги разгори трговските несогласувања со што негативно ќе влијае на економиите во ЕУ. Во ЕУ постои сериозна загриженост поради унилатералниот пристап во надворешната политика на Трамп и неговиот скептицизам кон мултилатералните институции. Европа тешко ја заборава неговата идеја за американското напуштање на ООН. Неговиот реизбор кај некои од европските лидери се доживува како опасност за фрагметирање на светскиот поредок со што би се усложниле напорите за справување со глобалните предизвици како што се падемиите, тероризмот и економската нестабилност. Постои мислење дека вториот мандат на Трамп може да влијае на внатрешните политики на земјите членки на ЕУ, поконкретно во правец на охрабрување и поттикнување на разни националистички движења. Поддршката на Брегзит е дел од неговото портфолио. Ист е односот и кон неговата неподготвеност целосно да ја поддржи Украина против Русија за време на неговиот прв мандат. Овие факти во ЕУ се доживува како показател за тоа што може да се очекува од неговиот втор мандат. Веќе јасно е дека во ЕУ повторно очекуваат сериозни тензии „во семејството“, а како клучни области се наведуваат безбедноста, трговијата, климатски политики и геополитичка стабилност. ЕУ е загрижена за сѐ она што беше погоре наведено, како можен ефект од реизборот на Трамп. Можеби со право, можеби не?! Но, тоа што во времето на Бајден се отвори војна на континентот во која ЕУ беше длабоко инволвирана, тоа што земјите од ЕУ претрпеа сериозни економски удари, беа енергетски загрозени, кинеската економија буквално ги прегазува од ден во ден, воопшто не треба да претставува предмет на загриженост и страв, нели?! Однесувањето на европските лидери е многу нелогично и контрадикторно. Сепак тоа е нивна „семејна“ работа. На каков начин ќе излезат од семејната кавга во најава, останува да видиме! Но, не само да гледаме како неми набљудувачи, туку како активен државен субјект кој ги следи геополитичките токови и соодветно ќе се позиционира во интерес на државата и граѓаните.

The post САД и ЕУ – семејна кавга во најава appeared first on Република.

]]>
Како против корупцијата? https://republika.mk/kolumni/kako-protiv-koruptsijata/ Mon, 18 Nov 2024 09:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=839061

Ристо Никовски

Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер.

Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од врвните. Тоа е рак – раната на нашето општество и ако сакаме да успееме, треба под итно да се структурира систем за нивно елиминирање. Без радикално намалување на овие две зла, плус враќање на владеење на правото - нема побрз напредок.

Еве и едно туѓо искуство. Владата на Словенија, пред да станат дел од ЕУ, своите седници ги започнувала со еден час посветен на членството. Надлежните реферирале што е направено, кои се проблемите и се донесувале задачи за сите. Со оглед дека нашето членство во ЕУ е, сепак, далечна иднина, оваа корисна практика ние можеме да ја спроведеме прво во борбата против криминалот и корупцијата. Во ист „пакет“ нека биде и владеењето на правото. Силен е впечатокот дека реформите така најбргу би напредувале.

Борбата мора да започне на теренот, таму каде што царуваат криминалот и корупцијата. Расчистување со минатото тргна, ама најважно е спречување на раширената пракса. Реформата на правосудниот систем треба да оди паралелно. Тоа е суперструктурата каде ќе финализираат процедурите.

Прво, мора да се одреди носител на целиот проект. Тоа мора да биде вицепремиер, кој ќе има најшироки овластувања. Препорачливо ќе биде да се формира и соодветен штаб.

Второ, веднаш треба да се работи на стратегија, без која ќе се вртиме во маѓепсан круг. Таа секако и ќе се прилагодува.

Третиот чекор треба да биде подготовка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие.

Четврто, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции ќе мора да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата, а таму каде што ќе има оперативна потреба - и поткомисии.

Петто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат месечни, тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб.

Ова може да изгледа комплицирано и бирократизирано, ама не мора да биде така. Во прашање е канцер кој не се лечи со политики или со убави зборови. Мора да се сече. Беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања, а новиот директор ги намалил на 800. Ви тврдам дека се чекал рушвет бидејќи на сите им се брза!

Штом ќе започне една ваква, масовна операција, следена со широк публицитет – веднаш ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! На сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно.

Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, на тој начин државата годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Сумата е сигурно повеќе пати повисока.

Тендерите масовно се злоупотребуваат и затоа мора да се бара радикално решение. Дали тоа треба да биде на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Или, да ги има неколку, поделени според висината на средствата наменети за тендерот...? Прашања има премногу.

Тешко е да се донесе квалификувана одлука. Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Од сите наши ДКП во странство, со циркуларна телеграма, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупција при тендерите? Тоа може да помогне. Проблемот е светски.

Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција. Може да се ангажираат и пензионери - експерти!? Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата носител.

Ова се гласни размислувања. Треба да се бараат што повеќе предлози. Ако има разни опции, надлежните ќе одбираат. Треба да се преземе се’ што е можно, за да се дојде до оптимално решение. Заради наместени и корумпирани тендери, и државата, ама и сите граѓани се длабоко оштетени.

Мора да ни биде јасно дека директно земениот поткуп е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто потоа мораме да живееме. Ако се стави асфалт четири и пол сантиметри, место пет, патот нема долго да трае, и пак ќе возиме низ дупки! И ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за неколку проценти, пак сите сме жртви. Тоа редовно ни се случува и затоа нашите патишта се најлоши во регионот.

Еве пример, близок за сите. Кога кај нас се обележуваат улиците, пешачките премини, патиштата... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее подолго од година дена. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век. Патиштата, пак, ни се небезбедни бидејќи нема средна линија, и на нив масовно се гине. Ќе да има рушвет, што мислите? Нечија ситна пара ни го уништува урбаниот живот, а патувањата ни ги загорчува! Страшно.

Во сите случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција -- којашто ја дале, подмитените не се осмелуваат да го контролира квалитетот на нивните изведби. Ете ти маѓепсан круг.

Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност.

Во Југославија, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција.

Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија, а во извештаите - едно чудо злоупотреби! Тоа мора да оди по автоматизам, инаку - чуму Државен завод за ревизија? Во општина Тетово, на пример, Теута Арифи имала десетици „вработени“ партиски војници и пријатели, коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои работеле и во странство!? И никому ништо!

Традиционално, државата не го реализира процентот од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, измислуваат, одбегнуваат... и работите не одат. Се чини дека со радикален пристап, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта и квалитетот на градбите.

Ние сме на потег.

The post Како против корупцијата? appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер. Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од врвните. Тоа е рак – раната на нашето општество и ако сакаме да успееме, треба под итно да се структурира систем за нивно елиминирање. Без радикално намалување на овие две зла, плус враќање на владеење на правото - нема побрз напредок. Еве и едно туѓо искуство. Владата на Словенија, пред да станат дел од ЕУ, своите седници ги започнувала со еден час посветен на членството. Надлежните реферирале што е направено, кои се проблемите и се донесувале задачи за сите. Со оглед дека нашето членство во ЕУ е, сепак, далечна иднина, оваа корисна практика ние можеме да ја спроведеме прво во борбата против криминалот и корупцијата. Во ист „пакет“ нека биде и владеењето на правото. Силен е впечатокот дека реформите така најбргу би напредувале. Борбата мора да започне на теренот, таму каде што царуваат криминалот и корупцијата. Расчистување со минатото тргна, ама најважно е спречување на раширената пракса. Реформата на правосудниот систем треба да оди паралелно. Тоа е суперструктурата каде ќе финализираат процедурите. Прво, мора да се одреди носител на целиот проект. Тоа мора да биде вицепремиер, кој ќе има најшироки овластувања. Препорачливо ќе биде да се формира и соодветен штаб. Второ, веднаш треба да се работи на стратегија, без која ќе се вртиме во маѓепсан круг. Таа секако и ќе се прилагодува. Третиот чекор треба да биде подготовка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие. Четврто, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции ќе мора да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата, а таму каде што ќе има оперативна потреба - и поткомисии. Петто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат месечни, тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб. Ова може да изгледа комплицирано и бирократизирано, ама не мора да биде така. Во прашање е канцер кој не се лечи со политики или со убави зборови. Мора да се сече. Беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања, а новиот директор ги намалил на 800. Ви тврдам дека се чекал рушвет бидејќи на сите им се брза! Штом ќе започне една ваква, масовна операција, следена со широк публицитет – веднаш ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! На сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно. Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, на тој начин државата годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Сумата е сигурно повеќе пати повисока. Тендерите масовно се злоупотребуваат и затоа мора да се бара радикално решение. Дали тоа треба да биде на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Или, да ги има неколку, поделени според висината на средствата наменети за тендерот...? Прашања има премногу. Тешко е да се донесе квалификувана одлука. Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Од сите наши ДКП во странство, со циркуларна телеграма, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупција при тендерите? Тоа може да помогне. Проблемот е светски. Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција. Може да се ангажираат и пензионери - експерти!? Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата носител. Ова се гласни размислувања. Треба да се бараат што повеќе предлози. Ако има разни опции, надлежните ќе одбираат. Треба да се преземе се’ што е можно, за да се дојде до оптимално решение. Заради наместени и корумпирани тендери, и државата, ама и сите граѓани се длабоко оштетени. Мора да ни биде јасно дека директно земениот поткуп е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто потоа мораме да живееме. Ако се стави асфалт четири и пол сантиметри, место пет, патот нема долго да трае, и пак ќе возиме низ дупки! И ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за неколку проценти, пак сите сме жртви. Тоа редовно ни се случува и затоа нашите патишта се најлоши во регионот. Еве пример, близок за сите. Кога кај нас се обележуваат улиците, пешачките премини, патиштата... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее подолго од година дена. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век. Патиштата, пак, ни се небезбедни бидејќи нема средна линија, и на нив масовно се гине. Ќе да има рушвет, што мислите? Нечија ситна пара ни го уништува урбаниот живот, а патувањата ни ги загорчува! Страшно. Во сите случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција -- којашто ја дале, подмитените не се осмелуваат да го контролира квалитетот на нивните изведби. Ете ти маѓепсан круг. Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност. Во Југославија, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија, а во извештаите - едно чудо злоупотреби! Тоа мора да оди по автоматизам, инаку - чуму Државен завод за ревизија? Во општина Тетово, на пример, Теута Арифи имала десетици „вработени“ партиски војници и пријатели, коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои работеле и во странство!? И никому ништо! Традиционално, државата не го реализира процентот од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, измислуваат, одбегнуваат... и работите не одат. Се чини дека со радикален пристап, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта и квалитетот на градбите. Ние сме на потег.

The post Како против корупцијата? appeared first on Република.

]]>
Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) https://republika.mk/kolumni/makedontsite-i-graganskata-vojna-vo-grtsija-1946-1949/ Fri, 15 Nov 2024 18:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=838284

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска!

Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ.

Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна.

Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала.

Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија.

По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција.

Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција!

Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска! Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ. Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна. Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала. Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија. По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција. Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција! Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>
Пријателите на народот наспроти седумте гладни години на СДСМ https://republika.mk/kolumni/prijatelite-na-narodot-nasproti-sedumte-gladni-godini-na-sdsm/ Fri, 15 Nov 2024 18:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=838276

Ламбе Арнаудов

Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност.

Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот.

Од тука, секоја политичка партија, организација или поединец, најмногу грешат кога ќе тргнат да бараат доверба од народот (гласачот, граѓанинот) ветувајќи сé и сешто. Притоа заради својата несигурност, неспособност и лицемерие, љубоморно би рекол недоветно бараат народот да биде нивни пријател користејќи го неговото пријателство само додека поминат изборите, без намера на подаденото пријателство да возвратат на начин што и тие се спремни да станат пријатели на народот.

Така понуденото пријателство е тешко кривоклетство веднаш препознатливо од мудриот народ кое не носи ништо добро никому освен на кривоклетнизате измамници.

Тогаш од позиција на сила власта станува горопадна, гази сé пред себе и од изневерениот народ прави непријател број еден.

Седумте гладни години поминати со СДСМ, според Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, ни се видоа ко 70 тешки години и сите посакуваме што побргу да заминат, но не да се заборават за да не се повторат.

Не сум пророкот Мојсије да толкувам соништа како од сонот што значат седумте слаби крави што симболизираат седум гладни години.

Напротив сведок сум на едно време, расонет и буден до крај, па од тука познавајќи ги фараоните од СДСМ кои се генетски родени и создадени од ХАОСОТ, знаев што нé чека.

Оние кои ме читаат знаат дека точно пред 8 години во една колумна опишав сé што ќе ни се случи со НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на народот организирани од група малигни елементи всадени во чесното здраво македонско ткиво, доцна дијагностицирани антиполитички криминални групи од видот на невладини здруженија, соросоиди, проклети предавници, тркачи на кратки патеки, многу спори, но благодарение на врзаните нозе на вистинските луѓе нé претркаа, го исмејуваа граѓанинот, го понижија МАКЕДОНЕЦОТ, го ограбија народот, ја излажаа меѓународната заедница, ги прегазија човековите права слободи и ги уништија честа и достоинството на ЧОВЕКОТ претворајќи го во биоробот, сиромав, зависен и прогонет.

Притоа бесрамно демонстрираа сила, заплашување, уцени, закани, погрешно мислејќи дека народот заборава, се опуштија во летаргични лелеајна на својот украден комодитет мислејќи ќе трае вечно.

И, тука доаѓа до дефект, флуидот е двонасочна улица, ама овие арамбаши го завзедоа цел пат за себе оти нели небаре тие го изградиле силно галопирајќи како диви коњи газејќи сé пред себе и сé така додека не си ги скршија главата и вратот (зошто кичма немаат) судирајќи се во најцврстиот бедем што некогаш е изграден од непробоен материјал, НАРОДОТ.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Тој, народот, го препозна и прифати за свој најдобар другар, верен пријател и вечен заштитник ВМРО-ДПМНЕ кој беше на првата линија на фронтот на одбрана, од кого се одбија, треснаа на земја и политички исчезнаа. Убеден сум за на век.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, сиот свој потенцијал, огромен капацитет на можности и знаења го стави како и секогаш во служба на својот народ. Народот поверува затоа што ПРИЈАТЕЛИТЕ НА НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се со НЕГО и во добро и во зло.

Ова пријателство ќе трае додека има век и свет. Искрено е и честито, препознатливо чисто бисерно, отворено и чесно.

Пријателите на народот својата љубов безусловно ја подарија однапред, затоа што се сигурни дека за да заслужиш пријателство од неговото величество НАРОДОТ мораш прв да ја подадеш раката.

Раката што дава е секогаш горе, срцето чука во еден ритам со народот, душата се преселува и се спојува со своите, од каде што потекнува.

Македонски народе! ПРИЈАТЕЛИТЕ на НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ, вашите пријатели, се вечно со тебе, ТИЕ сé ќе ти дадат, а за возврат ништо не бараат.

The post Пријателите на народот наспроти седумте гладни години на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност. Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот. Од тука, секоја политичка партија, организација или поединец, најмногу грешат кога ќе тргнат да бараат доверба од народот (гласачот, граѓанинот) ветувајќи сé и сешто. Притоа заради својата несигурност, неспособност и лицемерие, љубоморно би рекол недоветно бараат народот да биде нивни пријател користејќи го неговото пријателство само додека поминат изборите, без намера на подаденото пријателство да возвратат на начин што и тие се спремни да станат пријатели на народот. Така понуденото пријателство е тешко кривоклетство веднаш препознатливо од мудриот народ кое не носи ништо добро никому освен на кривоклетнизате измамници. Тогаш од позиција на сила власта станува горопадна, гази сé пред себе и од изневерениот народ прави непријател број еден. Седумте гладни години поминати со СДСМ, според Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, ни се видоа ко 70 тешки години и сите посакуваме што побргу да заминат, но не да се заборават за да не се повторат. Не сум пророкот Мојсије да толкувам соништа како од сонот што значат седумте слаби крави што симболизираат седум гладни години. Напротив сведок сум на едно време, расонет и буден до крај, па од тука познавајќи ги фараоните од СДСМ кои се генетски родени и создадени од ХАОСОТ, знаев што нé чека. Оние кои ме читаат знаат дека точно пред 8 години во една колумна опишав сé што ќе ни се случи со НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на народот организирани од група малигни елементи всадени во чесното здраво македонско ткиво, доцна дијагностицирани антиполитички криминални групи од видот на невладини здруженија, соросоиди, проклети предавници, тркачи на кратки патеки, многу спори, но благодарение на врзаните нозе на вистинските луѓе нé претркаа, го исмејуваа граѓанинот, го понижија МАКЕДОНЕЦОТ, го ограбија народот, ја излажаа меѓународната заедница, ги прегазија човековите права слободи и ги уништија честа и достоинството на ЧОВЕКОТ претворајќи го во биоробот, сиромав, зависен и прогонет. Притоа бесрамно демонстрираа сила, заплашување, уцени, закани, погрешно мислејќи дека народот заборава, се опуштија во летаргични лелеајна на својот украден комодитет мислејќи ќе трае вечно. И, тука доаѓа до дефект, флуидот е двонасочна улица, ама овие арамбаши го завзедоа цел пат за себе оти нели небаре тие го изградиле силно галопирајќи како диви коњи газејќи сé пред себе и сé така додека не си ги скршија главата и вратот (зошто кичма немаат) судирајќи се во најцврстиот бедем што некогаш е изграден од непробоен материјал, НАРОДОТ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Тој, народот, го препозна и прифати за свој најдобар другар, верен пријател и вечен заштитник ВМРО-ДПМНЕ кој беше на првата линија на фронтот на одбрана, од кого се одбија, треснаа на земја и политички исчезнаа. Убеден сум за на век. ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, сиот свој потенцијал, огромен капацитет на можности и знаења го стави како и секогаш во служба на својот народ. Народот поверува затоа што ПРИЈАТЕЛИТЕ НА НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се со НЕГО и во добро и во зло. Ова пријателство ќе трае додека има век и свет. Искрено е и честито, препознатливо чисто бисерно, отворено и чесно. Пријателите на народот својата љубов безусловно ја подарија однапред, затоа што се сигурни дека за да заслужиш пријателство од неговото величество НАРОДОТ мораш прв да ја подадеш раката. Раката што дава е секогаш горе, срцето чука во еден ритам со народот, душата се преселува и се спојува со своите, од каде што потекнува. Македонски народе! ПРИЈАТЕЛИТЕ на НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ, вашите пријатели, се вечно со тебе, ТИЕ сé ќе ти дадат, а за возврат ништо не бараат.

The post Пријателите на народот наспроти седумте гладни години на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Што носи победата на Трамп? https://republika.mk/kolumni/shto-nosi-pobedata-na-tramp/ Fri, 08 Nov 2024 16:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=835674

Ристо Никовски

Изборите во Америка се секогаш светско шоу. Овој пат поатрактивно бидејќи резултатот беше крајно неизвесен. Изненадување е што победникот се знаеше веднаш, иако голем дел очекуваа дека ќе има пребројувања... Ако се случеше тоа, ќе се зборуваше за местенки и балканизација на САД. Американското општество е длабоко поделено, што е нов феномен и Трамп веќе најави надминување на разликите.

Резервите кон Трамп се бројни. Демек е контраверзна и непредвидлива личност, не е доволно политичар... Европа дури и стравува од него. Сето тоа не е случајно. Трамп стана претседател како личност која не беше од нивниот естаблишмент. Претходно, за претседател се наметнуваа лица - од една фамилија (Кенеди), кои се менува (Буш), по брачна врска (Клинтон)... Тоа заличуваше дури и на некакви квази династии. Не мора да асоцира баш на Северна Кореја!

Во првиот мандат, Трамп не беше прифатен од естаблишментот, и цело време се водеше тивка војна. Слободно може да се каже дека „стандардниот“ американски естаблишмент е синоним за ткн. „длабока држава“. Тешко е да се тврди колку е таа функционална, но дека има вистина во тоа, нема сомнеж. Трамп, и сега, ќе се соочува со естаблишментот и тоа ќе му биде една од главните битки на домашен план, барем на почеток.

Белата куќа е секако центарот на гравитацијата, ама прашање е колкава вистинска моќ е концентрирана таму, барем во нормални услови? Голема улога во надворешната политика имаат корпорацијата РАНД, Надворешно - политичкиот совет... корпоративниот сектор...

Трамп се обиде уште во првиот мандат да ги менува тие традиционални стереотипи, ама без многу успех. Пречки имаше на секој чекор. И главните медиуми (SNN...) беа отворено против него, исто како и на овие избори. Естаблишментот и сега ќе се бори бидејќи се загрозени неговите интереси. На пример, тој сака војни а минатиот пат, Трамп не започна ниту една нова. Играше улога на миротворец, без оглед дали и колку беше успешен на тој план.

Силен е впечатокот дека денес можеме да заклучиме дека изборот на Трамп е добро решение и за САД, и за светот, и за Европа а, според тоа, и за Балканот. Тука мораме да ја вклучиме и Македонија, иако нашата ситуација е специфична. Веќе 30 и нешто години, Вашингтон е целосно, директно и длабоко ангажман во третирањето на нашата држава и посебно на македонскиот народ. Искуството, воопшто не е позитивно за нас.

Неговиот избор е добар за Американците - тој веќе најави дека за нив доаѓа – „златно доба“. Нема поголема бесмисленост од американското фрлање стотици милијарди долари во бурето без дно, наречено Украина. Тие пари можат поарно да се потрошат. Трамп веќе најави крај на војната.

Светот би требало да се соочи со порелаксиран период доколку САД навистина престанат да се мешаат и каде треба, и каде не треба. Кога беше неизвесен резултатот од овие избори, некој луцидно прокоментира – американците многу полесно ги избираат претседателите на другите држави, отколку своите!

За ЕУ, во целина, изборот на Трамп е своевиден удар. Познати се неговите претходни коментари за Унијата а не им одговара и повторената негова политика – Америка пред сѐ. Ова е, меѓутоа, исклучителна прилика Брисел да излезе од сенката на Вашингтон и односите да ги постави на рамноправна основа. Доста беше американска доминација, не само на безбедносен план, за што тие имаат и аргументи како гаранти на европската безбедност, туку и на дипломатски, политички... Користејќи ја некохерентноста на Унијата, САД дури и не кријат дека се нејзини политички ментори!

Тезата дека ова е шанса Унијата да се ослободи од туторството на САД не е нова. Во 1967 година, со војната меѓу Израел и Египет, започна првата голема енергетска криза. Додека сите ги гледаа последиците предизвикани од недостигот на бензини, Кисинџер оцени дека е тоа шанса светот да почне да бара алтернативни и обновливи извори на енергија! И беше во право. И Брисел сега има можност - да се ослободи од американската доминација.

Војната во Украина е класичен пример за дијаметрално спротивни интереси меѓу Европа и САД. Неа ја водат САД против Русија, и најголема жртва е секако Украина. Меѓутоа, не помали последици има и цела Европа, особено ЕУ. Историски факт е дека без Русија - нема обединета Европа. Првичните визии за европско обединување беа од Урал до Атлантикот. Неспорна вистина е дека Европа не може да биде безбедна, стабилна, со развојни перспективи... ако е конфронтирана со Русија. Благодарејќи на американска режија, точно во таква ситуација е доведена Европа денес. Впрочем, и природата се погрижила за европската неделивост: Русија е огромна, има секакви богатства и е максимално компатибилна со техничко - технолошкиот развој на остатокот од континентот.

Со војната во Украина, Вашингтон ја спречува и можната тесна руско – германска економска соработка, којшто беше веќе започната во времето на Ангела Меркел. Последица на тоа беа и двата гасоводи, „Северен тек“ коишто, не случајно – беа уништени. Тоа партнерство можеше да носи спектакуларни резултати, и токму затоа САД беа загрижени.

За Балканот, позитивните ефекти од изборот на Трамп се индиректни и доаѓаат од перспективите коишто се отвораат за Европа. Запирањето на војната во Украина е клучниот интерес за сите. Тоа би било ослободување и на Европа.

Во принцип, републиканците секогаш полесно се договараа со Советскиот Сојуз, отколку демократите. И сега, ако Трамп ја заврши војната во Украина, веќе ќе го оправда новиот мандат. Ова е веројатно прва војна која толку долго се води без да има паралелни обиди за мир. Со самиот почеток на судирите, обично започнуваат некакви преговори. Сега ги нема, бидејќи интересот на САД е Русија, по секоја цена, да се истошти што повеќе и така да се фрли на маргините на светските политики. Ако се исклучи нивниот сибирски синдром, од секој аспект се тоа крајно погрешни политики и за самите САД.

Судбината на Балканот не се решава во Белата куќа, освен во ретки случаи и кога тука се водеа војни. Само тогаш претседателот на САД е вклучен во нашите голготи. Обично, Балканот е во рацете на Стејт Департментот. Таму се решава нашата судбина. За време на минатиот мандат, Трамп се обиде да се вмеша и во балканските ујдурми и во Белата куќа ги построи Вучиќ и Курти, ама без успех. Ангажманот беше повеќе исклучок, отколку правило. Причините не се познати.

Како и до сега, Балканот нема да биде приоритетна тема за новата администрација. Тој ќе остане во рацете на државниот секретар а САД, и понатака, тука ќе бидат главен меѓународен фактор, којшто бескомпромисно ќе ги спроведува своите политики и интереси. Тоа ќе се промени само ако ЕУ ја интензивира својата регионална улога, за што нема изгледи.

Во однос на Македонија, американската политика е дефинирана уште на почетокот на 1990-тите години и упорно и доследно се спроведува до денес. Постигнаа неспорни „успеси“. Тоа се референцата, ОРД, договорите со Бугарија и Грција, Тиранската платформа, промената на нашето име...

Со оглед дека Трамп важи како прагматичен бизнисмен, и имајќи предвид дека нашата нова власт веќе има воспоставено добри односи со негови блиски соработници, крајно време е да се заинтересираме за нивните планови за иднината и на нашата држава, и на македонскиот народ. Ние немаме поим што сакаат САД да постигнат во Македонија!? Само насетуваме. Ги прогласивме за наши партнери, дури и стратегиски, ама тие ни пласираат решенија и влечат потези коишто се спротивни на нашите фундаментални интереси.

САД доминираат со светот. Секој разбира дека со нив треба да се гради пријателство. Во тој однос, сепак, мора да имаме и црвени линии и сопствени интереси коишто во никој случај не смеат да се загрозат. Ние, меѓутоа, од сите нив одамна сме се - откажале. Време е да се преиспитаме – каде сме и каде одиме. Додека не е предоцна.

Наводно, висок американски функционер коментирал – лошо е кога САД ти се непријатели, ама е страшно - кога ти се пријатели. Во шегите има вистина, нели?

The post Што носи победата на Трамп? appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Изборите во Америка се секогаш светско шоу. Овој пат поатрактивно бидејќи резултатот беше крајно неизвесен. Изненадување е што победникот се знаеше веднаш, иако голем дел очекуваа дека ќе има пребројувања... Ако се случеше тоа, ќе се зборуваше за местенки и балканизација на САД. Американското општество е длабоко поделено, што е нов феномен и Трамп веќе најави надминување на разликите. Резервите кон Трамп се бројни. Демек е контраверзна и непредвидлива личност, не е доволно политичар... Европа дури и стравува од него. Сето тоа не е случајно. Трамп стана претседател како личност која не беше од нивниот естаблишмент. Претходно, за претседател се наметнуваа лица - од една фамилија (Кенеди), кои се менува (Буш), по брачна врска (Клинтон)... Тоа заличуваше дури и на некакви квази династии. Не мора да асоцира баш на Северна Кореја! Во првиот мандат, Трамп не беше прифатен од естаблишментот, и цело време се водеше тивка војна. Слободно може да се каже дека „стандардниот“ американски естаблишмент е синоним за ткн. „длабока држава“. Тешко е да се тврди колку е таа функционална, но дека има вистина во тоа, нема сомнеж. Трамп, и сега, ќе се соочува со естаблишментот и тоа ќе му биде една од главните битки на домашен план, барем на почеток. Белата куќа е секако центарот на гравитацијата, ама прашање е колкава вистинска моќ е концентрирана таму, барем во нормални услови? Голема улога во надворешната политика имаат корпорацијата РАНД, Надворешно - политичкиот совет... корпоративниот сектор... Трамп се обиде уште во првиот мандат да ги менува тие традиционални стереотипи, ама без многу успех. Пречки имаше на секој чекор. И главните медиуми (SNN...) беа отворено против него, исто како и на овие избори. Естаблишментот и сега ќе се бори бидејќи се загрозени неговите интереси. На пример, тој сака војни а минатиот пат, Трамп не започна ниту една нова. Играше улога на миротворец, без оглед дали и колку беше успешен на тој план. Силен е впечатокот дека денес можеме да заклучиме дека изборот на Трамп е добро решение и за САД, и за светот, и за Европа а, според тоа, и за Балканот. Тука мораме да ја вклучиме и Македонија, иако нашата ситуација е специфична. Веќе 30 и нешто години, Вашингтон е целосно, директно и длабоко ангажман во третирањето на нашата држава и посебно на македонскиот народ. Искуството, воопшто не е позитивно за нас. Неговиот избор е добар за Американците - тој веќе најави дека за нив доаѓа – „златно доба“. Нема поголема бесмисленост од американското фрлање стотици милијарди долари во бурето без дно, наречено Украина. Тие пари можат поарно да се потрошат. Трамп веќе најави крај на војната. Светот би требало да се соочи со порелаксиран период доколку САД навистина престанат да се мешаат и каде треба, и каде не треба. Кога беше неизвесен резултатот од овие избори, некој луцидно прокоментира – американците многу полесно ги избираат претседателите на другите држави, отколку своите! За ЕУ, во целина, изборот на Трамп е своевиден удар. Познати се неговите претходни коментари за Унијата а не им одговара и повторената негова политика – Америка пред сѐ. Ова е, меѓутоа, исклучителна прилика Брисел да излезе од сенката на Вашингтон и односите да ги постави на рамноправна основа. Доста беше американска доминација, не само на безбедносен план, за што тие имаат и аргументи како гаранти на европската безбедност, туку и на дипломатски, политички... Користејќи ја некохерентноста на Унијата, САД дури и не кријат дека се нејзини политички ментори! Тезата дека ова е шанса Унијата да се ослободи од туторството на САД не е нова. Во 1967 година, со војната меѓу Израел и Египет, започна првата голема енергетска криза. Додека сите ги гледаа последиците предизвикани од недостигот на бензини, Кисинџер оцени дека е тоа шанса светот да почне да бара алтернативни и обновливи извори на енергија! И беше во право. И Брисел сега има можност - да се ослободи од американската доминација. Војната во Украина е класичен пример за дијаметрално спротивни интереси меѓу Европа и САД. Неа ја водат САД против Русија, и најголема жртва е секако Украина. Меѓутоа, не помали последици има и цела Европа, особено ЕУ. Историски факт е дека без Русија - нема обединета Европа. Првичните визии за европско обединување беа од Урал до Атлантикот. Неспорна вистина е дека Европа не може да биде безбедна, стабилна, со развојни перспективи... ако е конфронтирана со Русија. Благодарејќи на американска режија, точно во таква ситуација е доведена Европа денес. Впрочем, и природата се погрижила за европската неделивост: Русија е огромна, има секакви богатства и е максимално компатибилна со техничко - технолошкиот развој на остатокот од континентот. Со војната во Украина, Вашингтон ја спречува и можната тесна руско – германска економска соработка, којшто беше веќе започната во времето на Ангела Меркел. Последица на тоа беа и двата гасоводи, „Северен тек“ коишто, не случајно – беа уништени. Тоа партнерство можеше да носи спектакуларни резултати, и токму затоа САД беа загрижени. За Балканот, позитивните ефекти од изборот на Трамп се индиректни и доаѓаат од перспективите коишто се отвораат за Европа. Запирањето на војната во Украина е клучниот интерес за сите. Тоа би било ослободување и на Европа. Во принцип, републиканците секогаш полесно се договараа со Советскиот Сојуз, отколку демократите. И сега, ако Трамп ја заврши војната во Украина, веќе ќе го оправда новиот мандат. Ова е веројатно прва војна која толку долго се води без да има паралелни обиди за мир. Со самиот почеток на судирите, обично започнуваат некакви преговори. Сега ги нема, бидејќи интересот на САД е Русија, по секоја цена, да се истошти што повеќе и така да се фрли на маргините на светските политики. Ако се исклучи нивниот сибирски синдром, од секој аспект се тоа крајно погрешни политики и за самите САД. Судбината на Балканот не се решава во Белата куќа, освен во ретки случаи и кога тука се водеа војни. Само тогаш претседателот на САД е вклучен во нашите голготи. Обично, Балканот е во рацете на Стејт Департментот. Таму се решава нашата судбина. За време на минатиот мандат, Трамп се обиде да се вмеша и во балканските ујдурми и во Белата куќа ги построи Вучиќ и Курти, ама без успех. Ангажманот беше повеќе исклучок, отколку правило. Причините не се познати. Како и до сега, Балканот нема да биде приоритетна тема за новата администрација. Тој ќе остане во рацете на државниот секретар а САД, и понатака, тука ќе бидат главен меѓународен фактор, којшто бескомпромисно ќе ги спроведува своите политики и интереси. Тоа ќе се промени само ако ЕУ ја интензивира својата регионална улога, за што нема изгледи. Во однос на Македонија, американската политика е дефинирана уште на почетокот на 1990-тите години и упорно и доследно се спроведува до денес. Постигнаа неспорни „успеси“. Тоа се референцата, ОРД, договорите со Бугарија и Грција, Тиранската платформа, промената на нашето име... Со оглед дека Трамп важи како прагматичен бизнисмен, и имајќи предвид дека нашата нова власт веќе има воспоставено добри односи со негови блиски соработници, крајно време е да се заинтересираме за нивните планови за иднината и на нашата држава, и на македонскиот народ. Ние немаме поим што сакаат САД да постигнат во Македонија!? Само насетуваме. Ги прогласивме за наши партнери, дури и стратегиски, ама тие ни пласираат решенија и влечат потези коишто се спротивни на нашите фундаментални интереси. САД доминираат со светот. Секој разбира дека со нив треба да се гради пријателство. Во тој однос, сепак, мора да имаме и црвени линии и сопствени интереси коишто во никој случај не смеат да се загрозат. Ние, меѓутоа, од сите нив одамна сме се - откажале. Време е да се преиспитаме – каде сме и каде одиме. Додека не е предоцна. Наводно, висок американски функционер коментирал – лошо е кога САД ти се непријатели, ама е страшно - кога ти се пријатели. Во шегите има вистина, нели?

The post Што носи победата на Трамп? appeared first on Република.

]]>
Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија https://republika.mk/kolumni/makedonskata-eu-perspektiva-niz-prizma-na-izveshtajot-na-evropskata-komisija/ Fri, 01 Nov 2024 15:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=833136

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно.

Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија.

Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа!

Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред.

А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции.

Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес.

Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна.

Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет.

Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи.

Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните.

За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси.

Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација.

Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење.

Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата.

Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно. Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија. Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа! Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред. А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции. Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес. Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна. Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет. Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи. Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните. За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси. Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација. Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење. Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата. Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Ништо без странски експерти и радикални потези https://republika.mk/kolumni/nishto-bez-stranski-eksperti-i-radikalni-potezi/ Thu, 31 Oct 2024 15:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=832806

Ристо Никовски

Велат дека дипломатијата и проституцијата се најстарите занаети. Дали друштвото е пријатно или не, и не е битно. Македонија нема дипломатска традиција бидејќи е релативно кусо независна држава, и речиси ништо не е направено  за таа да се гради. Напротив. Имам и лично искуство кога, без никакви приемни проверки или испити, од една етничка партија, во МНР беа донесени 20-тина „дипломати“. Место со строга селекција, службата се полнеше со партиски војници и преку слични пракси на непотизам. Затоа, искусна и професионална дипломатија – сè уште немаме.

Од друга страна, не потценувајќи ги домашните премрежија, главните проблеми на независната држава се токму од дипломатски карактер. Маки се мачеа за признавање на државата; не нѐ примаа во ООН, инаку чиста техника којашто не важеше за Македонија; нелегално ни го суспендираа името и ни наметнаа референца; тешко одеше  воспоставувањето на дипломатски односи, а „главните“ нѐ третираа како безимена држава; не нѐ примаа во меѓународните организации, а НАТО и ЕУ ни поставија уцена и ултиматум - членство само прекрстени, без национален идентитет; иако се обезличивме, случајот со ЕУ сè уште трае; долго ни ја блокираа јужната граница; доживеавме агресија од Косово...

Имавме и други нелегални и ненормални предизвици а и денес сме под блокада и уцена за промена на Уставот. И тоа е случај без преседан. Треба да внесеме Бугари, коишто може да се избројат на прсти! Такви се, меѓутоа, интересите на „важните“, чија цел е - бришење на македонизмот.

Нашата дипломатска служба очигледно не е дорасната за предизвиците со коишто се соочува, а иднината и добробитот на државата и на народот, во голема мерка зависат токму од нејзините резултати. Затоа, мора да се ангажираат врвни странски дипломати. Тие можат да бидат и пензионери, коишто ем помалку ќе не чинат, ем ќе носат поголемо искуство. Без нив, Македонија тешко ќе успее. Предизвиците се огромни, од секој аспект, се работи за нашиот опстанок, а голем маневарски простор – немаме.

Новата власт, постојано реафирмира дека е спремна да се бори за интересите на државата и народот, што е одлична основа за достигнување, ама и за враќање на нашите универзални права. Претходните копуци направија тешки и непростливи историски грешки и наша должност е да исправаме се’ што е можно и достижно. Со дипломатијата, каква што е, немаме реални шанси да се избориме за тоа.

Добар е предлогот Бугарите да влезат во Уставот заедно со бугарската ратификацијата на нашето членство во ЕУ. Добро е што се посочи и рецептот од Нивици. И на Брисел, и на Софија, им се стави до знаење дека диктати не прифаќаме. Тоа беа сериозни шокови за нив.

Сепак, тоа се изолирани потези коишто претставуваат само делумен и привремен исчекор. Почетни резултати се постигнати, ама тука завршува нивната валидност. Формулата од Нивици, на пример, не е соодветна за Софија. Нашиот прием во НАТО беше апсолутен интерес на Вашингтон, којшто го подготви и самиот договор и ја присили Атина да го ратификува заедно со нашето членство. САД го затвораа нашиот простор за Русија, подготвувајки ја војната во Украина.

Сега, мора да се дефинира краткорочна и подолгорочна стратегија за излез од тесниот ќор-сокак во којшто сме донесени, за што се неопходни странските експерти. На нив не смее да се штеди. Само така е можен дефинитивен успех. Клучно е што грешките мораме сами да ги исправаме бидејќи одлучувачки придонесовме за галиматијасот во којшто сме.

Ние, ем немаме ментори за нашето членство во Унијата, ем веројатно постои страв дека кога/ако станеме членка, нема да има сила којашто ќе не спречи, доколку ја имаме самите ние, да покренеме постапка за откажување, или за ревидирање на договорите со Грција и Бугарија. Така, ќе се врати историското име, со бришење и на сите други предавнички отстапки.

Од таа гледна точка, логично е Грција и Бугарија, предводени од нивните силни светски ментори, со кои им се поклопуваат интересите за Македонија, никогаш да не рескираат со наше членство. Тие можат вечно да ги блокираат нашите преговори. Впрочем, нема теоретски шанси Софија да го ратификува нашето членство во ЕУ, доколку не се откажеме од самите себе, јазикот, историјата...

Сега, наш клучен проблем е предложената преговарачка рамка. Со неа, таква каква што е, Македонија нема никогаш да стане членка. Истата задача ја има и ултиматумот за промена на Уставот. Целта е бугарскиот „Тројански коњ“ од внатре да го брише македонизмот. Кај нас, тие работи не се разбираат доволно. Затоа ни се потребни странците. На времето, така успеавме и со пресудата против Грција.

Ако рамката не се промени, сè друго е беспредметно. Дури уставната промена да се прифати и без одлагање. Преку рамката, македонизмот ќе го бриши Брисел, а не Софија. Се е во неа и ќе се активира по автоматизам. Тоа е бугарски триумф. А нема, и не се можни никакви гаранции дека преговорите ќе течат без нови блокади. Таква опција не постои.

Брисел и Софија се свесни дека Македонија води нова политика и веќе не е спремна постојано да го витка ‘рбетот и да голта кнедли. Тоа е удар за нив. Не можат да ја игнорираат новата ситуација и мораат да бараат компромиси. Така е во политиката, и нагласено во дипломатијата.

Воопшто не случајно, Фон дер Лајен во Скопје рече – „уставните измени треба да се разработат“. Така е кога ќе тропнеш на маса, ама многу надеж не треба да имаме. Ќе ни предложат некаква козметика со кои нашата капитулација, започната од претходните бедници - нема да биде доведена во прашање. За да ги гарантираме нашите интереси, ние мора што побргу да излеземе со радикално решение.

Практично, ние немаме друга опција. Според сите индикатори, тоа ќе биде неизбежно. Од ќор-сокакот ќе излеземе само со откажување на вториот катастрофален протокол, потпишан од Бујар Османи, на 17 јули 2022 година. Логично е самите да ги исправаме сопствените грешки. При градење на куќа, ако сте изградиле крив ѕид, кој треба да го исправи? Брисел и Софија, или самите?

Со таков потег, во вода паѓаат и преговарачката рамка, која премногу се базира на вториот протокол, и на новите коишто треба да се потпишуваат, како и на ултиматумот за промена на Уставот. Со тој чин, Македонија ќе започне нормален пат кон Брисел, којшто уште долго нема да се проширува и ние имаме време за исправање на грешките.

Реакциите од надвор, ама и од внатре, неизбежно ќе бидат жестоки. Затоа, пред таквиот чекор, во разговори со ЕУ, Вашингтон и другите главни центри, треба да се објасни дека од наша страна се направени стратегиски и фундаментални грешки; дека е доведен во прашање националниот идентитет на народот и неговиот јазик, и за тоа нема и не може да има компромиси; дека тоа е недопирливо.

Треба да се направат обиди овие наши грешки да се исправат и преку претходен договор со Софија и Брисел. Иако тие одлучно го одбиваат тоа, ние мора непоколебливо да им ставиме до знаење дека без такви исправки, за нас нема прифатливо решение. Дека промени мора да има.

Софија нема никогаш да се откаже од негаторските политики кон нас. Без оглед кој е на власт, тие нема да прифатат Македонци во Унијата, без да се сложиме дека сме „Бугари по род“. Тоа е нивна трајна политика а ова им е последна шанса да го постигнат тоа. Сите нивни политички фактори се на иста линија, и огромно мнозинство од народот. А, со избришани Македонци, како зомби народ, и ние не сме заинтересирани за членство!

Мора тргнеме во широка офанзива против Бугарија, бидејќи сме веќе долго под нивна агресија. Мора постојано да се вергла дека Софија води средновековна фашистичка и шовинистичка политика и не прифаќа дека постоиме како народ... Мора да се објаснува дека со уцените за промена на Уставот, иако според пописот ги има само 3.504, тие играат на картата на нелегално и на корумпиран начин издадените 120 илјади пасоши на наши граѓани. Софија намерава да ги прогласи сите нив за Бугари, иако пасошите се земани од чисто економски причини, заради работа во земјите на ЕУ. Софија го прави тоа за да докаже дека сите сме - Бугари! На таа основа, ќе бараат незамисливи права за нив. Ова може да изгледа како средновековна бајка, ама е вистинска небулоза.

А ние, пак, ако ги ставиме Бугарите во Уставот, тоа ќе значи дека се согласуваме со Софија дека ги има речиси пола милион, заедно со членовите на семејствата на тие што зеле пасоши. Самите ќе ги игнорираме бројките од пописот, и излезноста од неколку стотини, на нивните избори кај нас. Тоа би била катастрофа, што друго?

The post Ништо без странски експерти и радикални потези appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Велат дека дипломатијата и проституцијата се најстарите занаети. Дали друштвото е пријатно или не, и не е битно. Македонија нема дипломатска традиција бидејќи е релативно кусо независна држава, и речиси ништо не е направено  за таа да се гради. Напротив. Имам и лично искуство кога, без никакви приемни проверки или испити, од една етничка партија, во МНР беа донесени 20-тина „дипломати“. Место со строга селекција, службата се полнеше со партиски војници и преку слични пракси на непотизам. Затоа, искусна и професионална дипломатија – сè уште немаме. Од друга страна, не потценувајќи ги домашните премрежија, главните проблеми на независната држава се токму од дипломатски карактер. Маки се мачеа за признавање на државата; не нѐ примаа во ООН, инаку чиста техника којашто не важеше за Македонија; нелегално ни го суспендираа името и ни наметнаа референца; тешко одеше  воспоставувањето на дипломатски односи, а „главните“ нѐ третираа како безимена држава; не нѐ примаа во меѓународните организации, а НАТО и ЕУ ни поставија уцена и ултиматум - членство само прекрстени, без национален идентитет; иако се обезличивме, случајот со ЕУ сè уште трае; долго ни ја блокираа јужната граница; доживеавме агресија од Косово... Имавме и други нелегални и ненормални предизвици а и денес сме под блокада и уцена за промена на Уставот. И тоа е случај без преседан. Треба да внесеме Бугари, коишто може да се избројат на прсти! Такви се, меѓутоа, интересите на „важните“, чија цел е - бришење на македонизмот. Нашата дипломатска служба очигледно не е дорасната за предизвиците со коишто се соочува, а иднината и добробитот на државата и на народот, во голема мерка зависат токму од нејзините резултати. Затоа, мора да се ангажираат врвни странски дипломати. Тие можат да бидат и пензионери, коишто ем помалку ќе не чинат, ем ќе носат поголемо искуство. Без нив, Македонија тешко ќе успее. Предизвиците се огромни, од секој аспект, се работи за нашиот опстанок, а голем маневарски простор – немаме. Новата власт, постојано реафирмира дека е спремна да се бори за интересите на државата и народот, што е одлична основа за достигнување, ама и за враќање на нашите универзални права. Претходните копуци направија тешки и непростливи историски грешки и наша должност е да исправаме се’ што е можно и достижно. Со дипломатијата, каква што е, немаме реални шанси да се избориме за тоа. Добар е предлогот Бугарите да влезат во Уставот заедно со бугарската ратификацијата на нашето членство во ЕУ. Добро е што се посочи и рецептот од Нивици. И на Брисел, и на Софија, им се стави до знаење дека диктати не прифаќаме. Тоа беа сериозни шокови за нив. Сепак, тоа се изолирани потези коишто претставуваат само делумен и привремен исчекор. Почетни резултати се постигнати, ама тука завршува нивната валидност. Формулата од Нивици, на пример, не е соодветна за Софија. Нашиот прием во НАТО беше апсолутен интерес на Вашингтон, којшто го подготви и самиот договор и ја присили Атина да го ратификува заедно со нашето членство. САД го затвораа нашиот простор за Русија, подготвувајки ја војната во Украина. Сега, мора да се дефинира краткорочна и подолгорочна стратегија за излез од тесниот ќор-сокак во којшто сме донесени, за што се неопходни странските експерти. На нив не смее да се штеди. Само така е можен дефинитивен успех. Клучно е што грешките мораме сами да ги исправаме бидејќи одлучувачки придонесовме за галиматијасот во којшто сме. Ние, ем немаме ментори за нашето членство во Унијата, ем веројатно постои страв дека кога/ако станеме членка, нема да има сила којашто ќе не спречи, доколку ја имаме самите ние, да покренеме постапка за откажување, или за ревидирање на договорите со Грција и Бугарија. Така, ќе се врати историското име, со бришење и на сите други предавнички отстапки. Од таа гледна точка, логично е Грција и Бугарија, предводени од нивните силни светски ментори, со кои им се поклопуваат интересите за Македонија, никогаш да не рескираат со наше членство. Тие можат вечно да ги блокираат нашите преговори. Впрочем, нема теоретски шанси Софија да го ратификува нашето членство во ЕУ, доколку не се откажеме од самите себе, јазикот, историјата... Сега, наш клучен проблем е предложената преговарачка рамка. Со неа, таква каква што е, Македонија нема никогаш да стане членка. Истата задача ја има и ултиматумот за промена на Уставот. Целта е бугарскиот „Тројански коњ“ од внатре да го брише македонизмот. Кај нас, тие работи не се разбираат доволно. Затоа ни се потребни странците. На времето, така успеавме и со пресудата против Грција. Ако рамката не се промени, сè друго е беспредметно. Дури уставната промена да се прифати и без одлагање. Преку рамката, македонизмот ќе го бриши Брисел, а не Софија. Се е во неа и ќе се активира по автоматизам. Тоа е бугарски триумф. А нема, и не се можни никакви гаранции дека преговорите ќе течат без нови блокади. Таква опција не постои. Брисел и Софија се свесни дека Македонија води нова политика и веќе не е спремна постојано да го витка ‘рбетот и да голта кнедли. Тоа е удар за нив. Не можат да ја игнорираат новата ситуација и мораат да бараат компромиси. Така е во политиката, и нагласено во дипломатијата. Воопшто не случајно, Фон дер Лајен во Скопје рече – „уставните измени треба да се разработат“. Така е кога ќе тропнеш на маса, ама многу надеж не треба да имаме. Ќе ни предложат некаква козметика со кои нашата капитулација, започната од претходните бедници - нема да биде доведена во прашање. За да ги гарантираме нашите интереси, ние мора што побргу да излеземе со радикално решение. Практично, ние немаме друга опција. Според сите индикатори, тоа ќе биде неизбежно. Од ќор-сокакот ќе излеземе само со откажување на вториот катастрофален протокол, потпишан од Бујар Османи, на 17 јули 2022 година. Логично е самите да ги исправаме сопствените грешки. При градење на куќа, ако сте изградиле крив ѕид, кој треба да го исправи? Брисел и Софија, или самите? Со таков потег, во вода паѓаат и преговарачката рамка, која премногу се базира на вториот протокол, и на новите коишто треба да се потпишуваат, како и на ултиматумот за промена на Уставот. Со тој чин, Македонија ќе започне нормален пат кон Брисел, којшто уште долго нема да се проширува и ние имаме време за исправање на грешките. Реакциите од надвор, ама и од внатре, неизбежно ќе бидат жестоки. Затоа, пред таквиот чекор, во разговори со ЕУ, Вашингтон и другите главни центри, треба да се објасни дека од наша страна се направени стратегиски и фундаментални грешки; дека е доведен во прашање националниот идентитет на народот и неговиот јазик, и за тоа нема и не може да има компромиси; дека тоа е недопирливо. Треба да се направат обиди овие наши грешки да се исправат и преку претходен договор со Софија и Брисел. Иако тие одлучно го одбиваат тоа, ние мора непоколебливо да им ставиме до знаење дека без такви исправки, за нас нема прифатливо решение. Дека промени мора да има. Софија нема никогаш да се откаже од негаторските политики кон нас. Без оглед кој е на власт, тие нема да прифатат Македонци во Унијата, без да се сложиме дека сме „Бугари по род“. Тоа е нивна трајна политика а ова им е последна шанса да го постигнат тоа. Сите нивни политички фактори се на иста линија, и огромно мнозинство од народот. А, со избришани Македонци, како зомби народ, и ние не сме заинтересирани за членство! Мора тргнеме во широка офанзива против Бугарија, бидејќи сме веќе долго под нивна агресија. Мора постојано да се вергла дека Софија води средновековна фашистичка и шовинистичка политика и не прифаќа дека постоиме како народ... Мора да се објаснува дека со уцените за промена на Уставот, иако според пописот ги има само 3.504, тие играат на картата на нелегално и на корумпиран начин издадените 120 илјади пасоши на наши граѓани. Софија намерава да ги прогласи сите нив за Бугари, иако пасошите се земани од чисто економски причини, заради работа во земјите на ЕУ. Софија го прави тоа за да докаже дека сите сме - Бугари! На таа основа, ќе бараат незамисливи права за нив. Ова може да изгледа како средновековна бајка, ама е вистинска небулоза. А ние, пак, ако ги ставиме Бугарите во Уставот, тоа ќе значи дека се согласуваме со Софија дека ги има речиси пола милион, заедно со членовите на семејствата на тие што зеле пасоши. Самите ќе ги игнорираме бројките од пописот, и излезноста од неколку стотини, на нивните избори кај нас. Тоа би била катастрофа, што друго?

The post Ништо без странски експерти и радикални потези appeared first on Република.

]]>
Никогаш не прашувај чиј празник е 23 Oктомври, прашај се: Чиј си ти? https://republika.mk/kolumni/nikogash-ne-prashuvaj-chij-praznik-e-23-oktomvri-prashaj-se-chij-si-ti/ Sat, 26 Oct 2024 17:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=831305

Ламбе Арнаудов

Празникот 23 Октомври, денот на формирањето на историското ВМРО е нашиот најголем и најсветол ден, светлина на светлината за македонскиот народ.
И тука нема ништо спорно или нејасно за секој цивилизиран и објективен граѓанин на Македонија.

Овој ден, 23 Октомври, сега не можам со сигурност да тврдам, ама мислам дека не е случајно избран за ден на таков свет значаен датум за нашиот македонски народ.

Имено, 23 Октомври е и ден на постанокот на светот.

Убеден сум дека малкумина знаат, можеби и никој, но точно е дека овој ден е потврден како ден на постанок на светот на голем црковно научен собир од многу учесници, теолози, астрономи, астрофизичари, математичари, одржан пред неколку векови и до ден денешен, и покрај сите нови научно технолошки технички откритија и сознанија, останува запишан и потврден ден: 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ПОСТАНОКОТ НА СВЕТОТ.

По кој календар? Сигурно се прашувате.

Календари нема. Календар не може никој да направи, може да го преправи, продолжи или скуси.
Календар е еден неменлив и е природно создаден од СОЗДАТЕЛОТ и е последица на атрибутите на движењето во космосот,
Овде топло ве замолувам да го отфрлите како причина за постанокот (Големиот прасак-експлозија).
Така им давате алиби на сите милитанти, кои со експлозиите на куршуми, бомби, проектили – небаре со нив обезбедуваат живот а не уништуваат на милиони и десетици милиони луѓе. Верувајте далеку е од здравиот разум да се прифати вакво небулозно и недокажано „научно“ докажување.

Има уште многу нешта што 23 октомври го прават посебен ден:

На овој ден 1940 година е роден Edson Arantes do Nascimento – ПЕЛЕ, најдобриот фудбалер на сите времиња, потоа Gertrude Ederle која е првата жена која го препливалаLa Manche во 1925 година соборувајќи ги рекордите како женски така и машки, и многу други настани и личности.

И, сега, се собрале една банда празноглавци, кретени, простаци, дебелоглавци критичари, скептичари, сите под заеднички именител КАТАСТРОФИЧАРИ и се дрзнаа пристрасно и крајно нецивилизирано и простачки за овој светол ден да прашаат: Чиј празник е 23 октомври?

Е, па еве ви го одговорот. Одговор најрелевантен и стопроцентно точен. Одговор од твојот народ, искажан преку песна (стих парафразиран):

...Народе македонски
Со какви идеи си ти
Срам голем е за тебе
Сам да се не знаеш
Другите да те знаат...“

Затоа никогаш не прашувај чиј празник е 23 Октомври, прашај се себе: Чиј си ти? Штом го најдеш одговорот во себе и сé ќе ти стане јасно. Тогаш наместо да прашуваш ЌЕ СЛАВИШ И ЧЕСТВУВАШ.

Жртвите и саможртвите тоа го заслужуваат, покажи достојна почит спрема ним, титаните на македонската борба за национално ослободување, за и ти барем малку допреш до нивните безвремени дела и станеш некој и нешто.
Вака, кога се правиш будала и прашуваш нешто што го покажува твојот обезличен лик и поматен разум, си никој и ништо. И тоа си никој и ништо од кога си се родил.

Ќе те потсетам одроду!

Симболот на непокор и лојалност, икона на истрајност и издржливост на македонскиот народ, ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, додека го тепале, измачувале, гореле, еден од мачителите восхитен од неговото машко држење и со должна почит му се обратил:

„Еве ти ја тојагава што те тепам, удри по мене да видам дали боли, оти ти глас не пушташ на толку тепање.“

Завалијата ДОНЧО претепан и измачуван со денови не можел ни тојагата да ја држи со искршените раце.

„Како ќе нé тепате и победите кога не можеш на нозе да стоиш и си без раце?“
Претепан си и поразен до нога, од моето срце, и ти и сите како тебе.

Ти стоиш исправен над мене, испотен и бесен, нозете не те држат од воената униформа и медалите за злосторства и предавства те влечат надолу и сигурно ќе се срушиш до мене врзаниот и претепан но непоразен.

Тежината што македонското срце и дух можат да ја поднесат, тебе не ти се јасни – му одговорил на крвникот стаписан.

И повторно кон заглавието.

Земи, позајми или замоли го јунакот ДОНЧО да се напиеш од неговиот вечен извор на инспирација, барем малку да се доближиш до него.
ТОЈ, ЈУНАКОТ, ДОНЧО галантно ќе ти ги подари своите свети дарови затоа, знае дека си НЕГОВ.

The post Никогаш не прашувај чиј празник е 23 Oктомври, прашај се: Чиј си ти? appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Празникот 23 Октомври, денот на формирањето на историското ВМРО е нашиот најголем и најсветол ден, светлина на светлината за македонскиот народ. И тука нема ништо спорно или нејасно за секој цивилизиран и објективен граѓанин на Македонија. Овој ден, 23 Октомври, сега не можам со сигурност да тврдам, ама мислам дека не е случајно избран за ден на таков свет значаен датум за нашиот македонски народ. Имено, 23 Октомври е и ден на постанокот на светот. Убеден сум дека малкумина знаат, можеби и никој, но точно е дека овој ден е потврден како ден на постанок на светот на голем црковно научен собир од многу учесници, теолози, астрономи, астрофизичари, математичари, одржан пред неколку векови и до ден денешен, и покрај сите нови научно технолошки технички откритија и сознанија, останува запишан и потврден ден: 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ПОСТАНОКОТ НА СВЕТОТ. По кој календар? Сигурно се прашувате. Календари нема. Календар не може никој да направи, може да го преправи, продолжи или скуси. Календар е еден неменлив и е природно создаден од СОЗДАТЕЛОТ и е последица на атрибутите на движењето во космосот, Овде топло ве замолувам да го отфрлите како причина за постанокот (Големиот прасак-експлозија). Така им давате алиби на сите милитанти, кои со експлозиите на куршуми, бомби, проектили – небаре со нив обезбедуваат живот а не уништуваат на милиони и десетици милиони луѓе. Верувајте далеку е од здравиот разум да се прифати вакво небулозно и недокажано „научно“ докажување. Има уште многу нешта што 23 октомври го прават посебен ден: На овој ден 1940 година е роден Edson Arantes do Nascimento – ПЕЛЕ, најдобриот фудбалер на сите времиња, потоа Gertrude Ederle која е првата жена која го препливалаLa Manche во 1925 година соборувајќи ги рекордите како женски така и машки, и многу други настани и личности. И, сега, се собрале една банда празноглавци, кретени, простаци, дебелоглавци критичари, скептичари, сите под заеднички именител КАТАСТРОФИЧАРИ и се дрзнаа пристрасно и крајно нецивилизирано и простачки за овој светол ден да прашаат: Чиј празник е 23 октомври? Е, па еве ви го одговорот. Одговор најрелевантен и стопроцентно точен. Одговор од твојот народ, искажан преку песна (стих парафразиран):
...Народе македонски Со какви идеи си ти Срам голем е за тебе Сам да се не знаеш Другите да те знаат...“
Затоа никогаш не прашувај чиј празник е 23 Октомври, прашај се себе: Чиј си ти? Штом го најдеш одговорот во себе и сé ќе ти стане јасно. Тогаш наместо да прашуваш ЌЕ СЛАВИШ И ЧЕСТВУВАШ. Жртвите и саможртвите тоа го заслужуваат, покажи достојна почит спрема ним, титаните на македонската борба за национално ослободување, за и ти барем малку допреш до нивните безвремени дела и станеш некој и нешто. Вака, кога се правиш будала и прашуваш нешто што го покажува твојот обезличен лик и поматен разум, си никој и ништо. И тоа си никој и ништо од кога си се родил. Ќе те потсетам одроду! Симболот на непокор и лојалност, икона на истрајност и издржливост на македонскиот народ, ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, додека го тепале, измачувале, гореле, еден од мачителите восхитен од неговото машко држење и со должна почит му се обратил: „Еве ти ја тојагава што те тепам, удри по мене да видам дали боли, оти ти глас не пушташ на толку тепање.“ Завалијата ДОНЧО претепан и измачуван со денови не можел ни тојагата да ја држи со искршените раце. „Како ќе нé тепате и победите кога не можеш на нозе да стоиш и си без раце?“ Претепан си и поразен до нога, од моето срце, и ти и сите како тебе. Ти стоиш исправен над мене, испотен и бесен, нозете не те држат од воената униформа и медалите за злосторства и предавства те влечат надолу и сигурно ќе се срушиш до мене врзаниот и претепан но непоразен. Тежината што македонското срце и дух можат да ја поднесат, тебе не ти се јасни – му одговорил на крвникот стаписан. И повторно кон заглавието. Земи, позајми или замоли го јунакот ДОНЧО да се напиеш од неговиот вечен извор на инспирација, барем малку да се доближиш до него. ТОЈ, ЈУНАКОТ, ДОНЧО галантно ќе ти ги подари своите свети дарови затоа, знае дека си НЕГОВ.

The post Никогаш не прашувај чиј празник е 23 Oктомври, прашај се: Чиј си ти? appeared first on Република.

]]>
Грешките мораме сами да ги исправаме https://republika.mk/kolumni/greshkite-morame-sami-da-gi-ispravame/ Thu, 24 Oct 2024 06:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=830383

Ристо Никовски

Добар беше потегот кога сегашната власт, тогаш опозиција, одлучно го одби бугарскиот диктат, подржан од Брисел, за промена на Уставот. Пораката беше јасна дека таквата политика не може да помине и ја постигна целта. Сега, меѓутоа, ситуацијата е целосно промената. Понудата за уставни промени, иако со одложено дејство, е спротивна на нашите суштински интереси. И да прифати Софија, што е речиси невозможно и незамисливо, одложеното дејство - ништо не менува, а ние си ставаме клинец во здрава нога.

Сами се заглавивме во ќор-сокакот, сами мора да го бараме и излезот. Грешките се на нашите претходни билмези, и ние треба да ги исправаме. Ако Македонија сака да го отвори патот кон Брисел, мора да го откаже вториот протокол со Софија, бидејќи е тој клучот во преговарачката рамка. Така, во вода паѓаат и ултиматумот за Уставот, и клучната улогата на историјата, којашто како критериум е вградена во рамката. Сегашните наши голготи, произлегуваат од вториот протокол.

Ситуацијата може да се надмине само со таков, радикален исчекор. Друг излез, Македонија – нема. Што побргу тргнеме во таа насока, побргу ќе стигнеме. Се’ друго е губење на време и заострување на состојбите во земјата, заради различните интереси. Дел од политичките фактори не се лојални на оваа наша држава, и играат на други опции. Тие сметаат дека државата треба да им служи ним, а не тие нејзе. Поволно е што ЕУ нема уште долго да се проширува и затоа имаме маневарски простор за исправање на грешките.

Уцената за Уставот воопшто не е случајна. На Софија и се потребни Бугари во Уставот за да може, преку нив, бескрајно да не уценува во текот на преговорите. Имаат издадено преку 120 илјади пасоши на наши граѓани, коишто потпишале дека се „Бугари по род“. Заедно со нивните семејства, тоа значи дека такви во земјава има најмалку 400 илјади. Во текот на преговорите, за „нивните“ речиси пола милион измислени „бугарчиња“, Софија ќе инсистира и ќе уценува со бугарски училишта, учебници, театри, пратеници, можеби министри, правична застапеност... и што ти уште не! По таа формула, покрај нив и Албанците, малцинство ќе станат - Македонците. Така, најлесно ќе нѐ бугаризираат!

Ако ги внесеме Бугарите во Уставот, без оглед дали со или без одложено дејство, во текот на преговорите Софија апсолутно ќе инсистира на тие свои барања. Со самиот чин, пак, ние практично ќе ја прифатиме нивната верзија за бројот на Бугари, според издадените пасоши. Ако се следат резултатите од пописот, нема никаква потреба за Бугари во Уставот. За нив, тоа ќе биде доказ дека толку ги има, и дека имаат право да им ги обезбедат сите барани права, најмалку по примерот на Охридскиот рамковен договор. Имаат докази колку пасоши издале, заедно со изјавите – за Бугари по род.

Така е бидејќи наш клучен проблем сега е самата преговарачка рамка, а не Уставот. Прво, преку неа, Македонија нема никогаш да влезе во Унијата. Второ, со главната улога на историјата, рамката е одлична формула за бришење на Македонците. Еве ги доказите за тоа.

1. Во став 5 од рамката стои дека клучна ќе биде – „... посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучувајќи и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“.

1. 1. Апсолутно е неприфатливо, рамката да обврзува спроведување на некакви годишни прегледи или протоколи, дури и такви коишто ќе треба (значи ќе мора!) да се потпишуваат во иднина. Тоа недвосмислено значи дека Софија: прво, ќе уценува со спроведување на вториот протокол, којшто е погубен за нас; второ, ќе инсистира да има нови годишни протоколи; трето, тие ќе бидат можни само ако има наши нови отстапки во Историската комисија (Гоце, Илинден...); четврто, ако нема нови протоколи, ќе значи дека не се спроведува договорот за (не)пријателство, што ќе биде крунски аргумент за прекин на нашите преговори.

1. 2. Ако е веќе нормално спомнувањето на двата договори во рамката, крајно неприфатливо е за нивно спроведување да одговара само едната страна. Обврската мора да биде двострана. Веќе има јасни докази дека другите целосно ги игнорираат своите обврски. Бугарија, на пример, место да го промовира членството на Македонија во Унијата, таа го блокира! Грција, пак, не спроведува ништо од тоа што прифатила. И двата договори се крајно еднострани, и ако не се откажат или ревидираат, уште долго ќе имаме тешки и непремостливи проблеми со нив.

1. 3. Годишните протоколи/прегледи единствено и целосно ќе зависат од резултатите на Историската комисија. Тоа е интересот на Бугарија. Македонија нема никаков простор за нови отстапки, а тоа значи дека нови протоколи – ќе нема. А, ги нема ли, и за Софија, ама и за Брисел, ќе биде знак дека договорот не се спроведува. Тоа ќе биде крај на преговорите.

1. 4. Тоа ќе се случува и со, и без одложено дејство во Уставот. Така е според рамката. И во двата случаи ќе биде неспорно право на Софија да бара права за Бугарите. Ако не се промени рамката, апсолутно никој не може да гарантира дека сето ова нема да се случува. Нема теоретска шанса, пак, Бугарија да ги менува своите политики кон Македонија.

2. За да не остане нешто недоречено, во став 48, последен од рамката, се нагласува – „... Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во (цитираниот) став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување“.

2. 1. Ова е недвосмислена потврда дека Договорот, и особено протоколите потпишани со Бугарија, ќе бидат клучни за напредокот на Македонија кон Унијата. Се’ ќе ни зависи од нивните историчари коишто, пак, никако не смеат да прифатат дека ние не сме креација на Тито! Поточно, Бугари по потекло.

3. Со таквите бугарски ставови, нема теоретска шанса Историската комисија да даде некакви резултати. Софија е свесна дека ова е нејзина историска можност да го кутне македонизмот. Со право на блокади и вета, ќе инсистираат на брзи резултати на Историската комисија, што е невозможна задача. Така ќе го блокираат напредокот на Македонија.

4. Во „Предлог – заклучоците“ на Советот, повторно се инсистира на - „видливи резултати и од спроведувањето на билатералните договори...“; „Советот го поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор“; „Советот ја поздравува намерата на Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани... како што се Бугарите“; Македонија ќе ги започне преговорите – „веднаш штом ќе ја спроведе својата заложба за завршување на горе спомнатите уставни измени...“.

4. 1. Формулацијата дека уставните промени се „заложба“ на Македонија е срамно подметнување на Унијата. Македонија беше на силеџиски начин присилена да го прифати тоа.

5. И во четвртиот документ, усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, насловен „Заеднички став на ЕУ“, и поднаслов – „Воведна изјава на ЕУ за преговорите за пристапување“, повторно се нагласува важноста на вториот протокол со Бугарија. Тоа е нов додатен доказ дека напредокот на Македонија зависи од протоколите.

Разнебитувањето на Македонците, со цел тие да се бугаризираат, коешто Софија успеа да го подметне и во преговарачката рамка, не е нова политика. Прв пат јавно, таа е прецизирана во 2017 година, од Плевнелиев, набргу откако му престана мандатот претседател на Бугарија. Тогаш, тој ни го кажа тоа што, додека беше на функција, не смееше - „Македонија може во ЕУ, ама не и македонизмот“. Поточно - без Македонците. Тоа е точно ова што ни се случува сега. Процесот не е случаен, и зад него стојат и други фактори.

Преговарачката рамка е формулирана врз основа на максималистичките барања на Софија, коишто понизно ги прифатија македонските политички аматери и предавници. Факт е дека се’ се одвиваше под жесток притисок на Франција, тогашен претседавач со Унијата, која бараше сопствен успех. Затоа решението и се нарекува – „француски предлог“. Тоа не е никакво оправдување за нашата срамна капитулација.

Формално, таа се случи на 17 јули 2022 година, во Софија, кога Бујар Османи го потпиша вториот протокол. Тогаш, Македонија прифати да ги внесе Бугарите (како „Тројански коњ“) во својот Устав, а историјата да биде главен услов за нашето напредување кон Брисел. Така се дојде до рамката.

Денес, логично е прашањето – зошто Софија и Брисел би се откажале од своите драгоцени придобивки? Зошто да го враќаат пленот којшто им бил подарен од нашите некадарници? Немаат никаква причина за тоа. Проблемот е наш и ние треба да го решаваме. Тоа е можно само со исправање на направените грешки, и со барање на што поширока поддршка во Брисел и кај членките. Софија, доживеа незамислив дипломатски триумф од којшто сигурно нема да се откаже.

До сега, се’ правевме по туѓ диктат и – за лажни ветувања. Нѐ прекрстија, колку пати ни го сменија Уставот... и се’ за џабе. Ова ќе биде прв пат сами да одлучуваме. Тоа е неопходно, ако сакаме да преживееме како народ. Првичните реакции ќе бидат жестоки и дома, и особено надвор, ама друга реална алтернатива – нема. Нашите „стратегиски партнери“, до сега нѐ советуваа – морате да донесете непопуларни и тешки одлуки! За да нѐ прекрстат, де. На наша штета. И сега мораме да сечеме, ама во наша корист. Ние сме на потег.

The post Грешките мораме сами да ги исправаме appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Добар беше потегот кога сегашната власт, тогаш опозиција, одлучно го одби бугарскиот диктат, подржан од Брисел, за промена на Уставот. Пораката беше јасна дека таквата политика не може да помине и ја постигна целта. Сега, меѓутоа, ситуацијата е целосно промената. Понудата за уставни промени, иако со одложено дејство, е спротивна на нашите суштински интереси. И да прифати Софија, што е речиси невозможно и незамисливо, одложеното дејство - ништо не менува, а ние си ставаме клинец во здрава нога. Сами се заглавивме во ќор-сокакот, сами мора да го бараме и излезот. Грешките се на нашите претходни билмези, и ние треба да ги исправаме. Ако Македонија сака да го отвори патот кон Брисел, мора да го откаже вториот протокол со Софија, бидејќи е тој клучот во преговарачката рамка. Така, во вода паѓаат и ултиматумот за Уставот, и клучната улогата на историјата, којашто како критериум е вградена во рамката. Сегашните наши голготи, произлегуваат од вториот протокол. Ситуацијата може да се надмине само со таков, радикален исчекор. Друг излез, Македонија – нема. Што побргу тргнеме во таа насока, побргу ќе стигнеме. Се’ друго е губење на време и заострување на состојбите во земјата, заради различните интереси. Дел од политичките фактори не се лојални на оваа наша држава, и играат на други опции. Тие сметаат дека државата треба да им служи ним, а не тие нејзе. Поволно е што ЕУ нема уште долго да се проширува и затоа имаме маневарски простор за исправање на грешките. Уцената за Уставот воопшто не е случајна. На Софија и се потребни Бугари во Уставот за да може, преку нив, бескрајно да не уценува во текот на преговорите. Имаат издадено преку 120 илјади пасоши на наши граѓани, коишто потпишале дека се „Бугари по род“. Заедно со нивните семејства, тоа значи дека такви во земјава има најмалку 400 илјади. Во текот на преговорите, за „нивните“ речиси пола милион измислени „бугарчиња“, Софија ќе инсистира и ќе уценува со бугарски училишта, учебници, театри, пратеници, можеби министри, правична застапеност... и што ти уште не! По таа формула, покрај нив и Албанците, малцинство ќе станат - Македонците. Така, најлесно ќе нѐ бугаризираат! Ако ги внесеме Бугарите во Уставот, без оглед дали со или без одложено дејство, во текот на преговорите Софија апсолутно ќе инсистира на тие свои барања. Со самиот чин, пак, ние практично ќе ја прифатиме нивната верзија за бројот на Бугари, според издадените пасоши. Ако се следат резултатите од пописот, нема никаква потреба за Бугари во Уставот. За нив, тоа ќе биде доказ дека толку ги има, и дека имаат право да им ги обезбедат сите барани права, најмалку по примерот на Охридскиот рамковен договор. Имаат докази колку пасоши издале, заедно со изјавите – за Бугари по род. Така е бидејќи наш клучен проблем сега е самата преговарачка рамка, а не Уставот. Прво, преку неа, Македонија нема никогаш да влезе во Унијата. Второ, со главната улога на историјата, рамката е одлична формула за бришење на Македонците. Еве ги доказите за тоа. 1. Во став 5 од рамката стои дека клучна ќе биде – „... посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучувајќи и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“. 1. 1. Апсолутно е неприфатливо, рамката да обврзува спроведување на некакви годишни прегледи или протоколи, дури и такви коишто ќе треба (значи ќе мора!) да се потпишуваат во иднина. Тоа недвосмислено значи дека Софија: прво, ќе уценува со спроведување на вториот протокол, којшто е погубен за нас; второ, ќе инсистира да има нови годишни протоколи; трето, тие ќе бидат можни само ако има наши нови отстапки во Историската комисија (Гоце, Илинден...); четврто, ако нема нови протоколи, ќе значи дека не се спроведува договорот за (не)пријателство, што ќе биде крунски аргумент за прекин на нашите преговори. 1. 2. Ако е веќе нормално спомнувањето на двата договори во рамката, крајно неприфатливо е за нивно спроведување да одговара само едната страна. Обврската мора да биде двострана. Веќе има јасни докази дека другите целосно ги игнорираат своите обврски. Бугарија, на пример, место да го промовира членството на Македонија во Унијата, таа го блокира! Грција, пак, не спроведува ништо од тоа што прифатила. И двата договори се крајно еднострани, и ако не се откажат или ревидираат, уште долго ќе имаме тешки и непремостливи проблеми со нив. 1. 3. Годишните протоколи/прегледи единствено и целосно ќе зависат од резултатите на Историската комисија. Тоа е интересот на Бугарија. Македонија нема никаков простор за нови отстапки, а тоа значи дека нови протоколи – ќе нема. А, ги нема ли, и за Софија, ама и за Брисел, ќе биде знак дека договорот не се спроведува. Тоа ќе биде крај на преговорите. 1. 4. Тоа ќе се случува и со, и без одложено дејство во Уставот. Така е според рамката. И во двата случаи ќе биде неспорно право на Софија да бара права за Бугарите. Ако не се промени рамката, апсолутно никој не може да гарантира дека сето ова нема да се случува. Нема теоретска шанса, пак, Бугарија да ги менува своите политики кон Македонија. 2. За да не остане нешто недоречено, во став 48, последен од рамката, се нагласува – „... Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во (цитираниот) став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување“. 2. 1. Ова е недвосмислена потврда дека Договорот, и особено протоколите потпишани со Бугарија, ќе бидат клучни за напредокот на Македонија кон Унијата. Се’ ќе ни зависи од нивните историчари коишто, пак, никако не смеат да прифатат дека ние не сме креација на Тито! Поточно, Бугари по потекло. 3. Со таквите бугарски ставови, нема теоретска шанса Историската комисија да даде некакви резултати. Софија е свесна дека ова е нејзина историска можност да го кутне македонизмот. Со право на блокади и вета, ќе инсистираат на брзи резултати на Историската комисија, што е невозможна задача. Така ќе го блокираат напредокот на Македонија. 4. Во „Предлог – заклучоците“ на Советот, повторно се инсистира на - „видливи резултати и од спроведувањето на билатералните договори...“; „Советот го поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор“; „Советот ја поздравува намерата на Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани... како што се Бугарите“; Македонија ќе ги започне преговорите – „веднаш штом ќе ја спроведе својата заложба за завршување на горе спомнатите уставни измени...“. 4. 1. Формулацијата дека уставните промени се „заложба“ на Македонија е срамно подметнување на Унијата. Македонија беше на силеџиски начин присилена да го прифати тоа. 5. И во четвртиот документ, усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, насловен „Заеднички став на ЕУ“, и поднаслов – „Воведна изјава на ЕУ за преговорите за пристапување“, повторно се нагласува важноста на вториот протокол со Бугарија. Тоа е нов додатен доказ дека напредокот на Македонија зависи од протоколите. Разнебитувањето на Македонците, со цел тие да се бугаризираат, коешто Софија успеа да го подметне и во преговарачката рамка, не е нова политика. Прв пат јавно, таа е прецизирана во 2017 година, од Плевнелиев, набргу откако му престана мандатот претседател на Бугарија. Тогаш, тој ни го кажа тоа што, додека беше на функција, не смееше - „Македонија може во ЕУ, ама не и македонизмот“. Поточно - без Македонците. Тоа е точно ова што ни се случува сега. Процесот не е случаен, и зад него стојат и други фактори. Преговарачката рамка е формулирана врз основа на максималистичките барања на Софија, коишто понизно ги прифатија македонските политички аматери и предавници. Факт е дека се’ се одвиваше под жесток притисок на Франција, тогашен претседавач со Унијата, која бараше сопствен успех. Затоа решението и се нарекува – „француски предлог“. Тоа не е никакво оправдување за нашата срамна капитулација. Формално, таа се случи на 17 јули 2022 година, во Софија, кога Бујар Османи го потпиша вториот протокол. Тогаш, Македонија прифати да ги внесе Бугарите (како „Тројански коњ“) во својот Устав, а историјата да биде главен услов за нашето напредување кон Брисел. Така се дојде до рамката. Денес, логично е прашањето – зошто Софија и Брисел би се откажале од своите драгоцени придобивки? Зошто да го враќаат пленот којшто им бил подарен од нашите некадарници? Немаат никаква причина за тоа. Проблемот е наш и ние треба да го решаваме. Тоа е можно само со исправање на направените грешки, и со барање на што поширока поддршка во Брисел и кај членките. Софија, доживеа незамислив дипломатски триумф од којшто сигурно нема да се откаже. До сега, се’ правевме по туѓ диктат и – за лажни ветувања. Нѐ прекрстија, колку пати ни го сменија Уставот... и се’ за џабе. Ова ќе биде прв пат сами да одлучуваме. Тоа е неопходно, ако сакаме да преживееме како народ. Првичните реакции ќе бидат жестоки и дома, и особено надвор, ама друга реална алтернатива – нема. Нашите „стратегиски партнери“, до сега нѐ советуваа – морате да донесете непопуларни и тешки одлуки! За да нѐ прекрстат, де. На наша штета. И сега мораме да сечеме, ама во наша корист. Ние сме на потег.

The post Грешките мораме сами да ги исправаме appeared first on Република.

]]>
Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА https://republika.mk/kolumni/so-zlatni-bukvi-23-oktomvri-1893-godina/ Wed, 23 Oct 2024 09:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=829793

Никола Жежов

Календарот на празници поврзани со македонската државност и самостојност е краток и се сведува на 4 датуми во временски опсег од август до октомври. Тие 4 празници ја одредиле иднината на македонскиот народ и неговата државност која се движела од федеративен статус до независна држава. Македонските државни празници, четири на број, имаат хронолошко- тематска поврзаност и се надополнуваат помеѓу себе како во никоја друга национална или државна историја во Европа. Во хиерархијата на македонските празници, прв, по хронологија е празникот 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, празник кој последен е воведен во календарот на значајните датуми од македонската историја, иако по своето значење требаше да биде востановен како прв и најзначаен македонски празник поврзан со државноста и нашата независност. Со оваа моја констатација, можеби дел од македонската јавност нема да се согласи, посебно круговите и одредени поединци кои 23 октомври го политизираат и го поврзуваат со нашето современо македонско политичко секојдневие. Историјата е наука која единствено работи со факти и аргументи, а не со предрасуди и затоа да одиме по редоследот на неспорните и недвосмислени аргументи кои се овде, пред нас, иако некои не сакаат да ги видат или да слушнат за нив. Зошто 23 октомври е првиот во македонскиот календар на државни и национални празници? На 23 октомври 1893 година во Солун, во тоа време регионален центар на Отоманската империја во Македонија, од шестмина македонски интелектуалци била формирана Македонската Револуционерна Организација која во четири децениското постоење неколкупати го менувала своето име (МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО), но во колективната меморија на македонскиот народ останала запаметена под името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Ова име на Организацијата не било случајно употребувано, затоа што голем дел од нејзините идеолози, раководители и основачи во своите спомени и во документацијата, неа ја нарекувале „Внатрешна“, а најмногу со цел да направат дистинкција од останатите македонски организации, најчесто формирани надвор од тогашните етнички, географски и економски граници на Македонија. Принципот на внатрешноста се втемелил во идеологијата на ВМРО и нејзините водечки личности со тоа недвосмислено му докажале на македонскиот народ дека Организацијата смета само на своите сили во борбата за ослободување на Македонија од отоманската власт, а не и на било каква надворешна помош. Основите на ВМРО, на тој историски 23 октомври 1893 година ги поставиле шестмината македонски интелектуалци кои биле и првите членови на ЦК: д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Иван Хаџи Николов. Организацијата во првите години од постоењето се ориентирала кон членство од редовите на македонското учителство и раководителите внимателно ја ширеле нејзината мрежа за да не биде откриена од турската власт во Македонија. Со текот на годините, организациската мрежа на ВМРО се проширила во сите делови на етногеографска Македонија, а во нејзините редови се вклучувале и селани, трговци и занаетчии и покрај Македонци, се зачленувале и луѓе од други националности, особено Власи. ВМРО како основна програмска цел во нејзините документи го поставила создавањето на автономна Македонија во нејзините етногеографски граници по пат на вооружена борба против турската власт. Зајакнувањето на Организацијата во годините до 1903 година било поврзано со вклучувањето и активноста на неколкумина македонски револуционери во нејзините редови: Гоце Делчев, одговорен за создавањето на комитски чети и каналите за снабдување со оружје, Ѓорче Петров, автор на поголем дел од нејзините програмски документи- Уставот и Правилникот, Христо Матов, теоретичар, идеолог и автор на програмските документи, Пере Тошев, неуморен теренски работник, одговорен за создавањето на бројни комитети на Организацијата, Даме Груев, еден од нејзините основачи и неспорен авторитет во ЦК, Јане Сандански, окружен раководител во Серско и борец против врховистичките чети. До Илинденското востание, ВМРО успеала да создаде силни Окружни, Околиски и Селски комитети кои за период од 10 години го подготвиле кревањето на востанието во повеќе делови на Македонија, посебно во Битолскиот револуционерен округ. Револуционерната дејност на ВМРО низ цела Македонија се поврзала со имињата на незаборавните војводи: Христо Узунов, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, Питу Гули, Јордан Пиперката, Георги Сугарев. Без разлика на полемиките во македонската историографија за оправданоста или нѐ на Илинденското востание, факт е дека ВМРО е организацијата која го организирала и подготвила востанието од 2 август 1903 година, вториот по хронолошка поставеност настан и празник во календарот на македонските државни празници. Идеалот на Илинденското востание и покрај неговиот неуспешен и трагичен крај, по 41 година го запалил факелот на Вториот македонски Илинден, 2 август 1944 година кога на темелите на 2 август 1903 година биле поставени основите на федерална Македонија во рамките на југословенската федерација, а новата македонска генерација на борци се повикала на македонската револуционерна борба која претходно била организирана од македонската организација ВМРО. Значи 2 август 1944 година немаше да постои доколку не се случеше 2 август 1903 година, настан кој го организирала токму ВМРО, организацијата создадена на историскиот 23 октомври 1893 година. Ете ја историската врска и причинско- последичната поврзаност на македонските државни и национални празници со 23 октомври 1893 година! Сите настани се условени еден од друг: да не се создадеше ВМРО во 1893 година, ќе немаше Илинденско востание во 1903 година! ВМРО и Илинденското востание го донесоа 11 октомври 1941 година- почетокот на антифашистичкото и ослободително востание на македонскиот народ, го создадоа 2 август, Вториот Илинден 1944 година, АСНОМ и создавањето на федералната македонска држава во југословенската федерација и го трасираа патот до 8 септември 1991 година- денот на независноста на Република Македонија. Македонската историја има причинско- последична поврзаност на овие настани кои не можат еден без друг, кои се надополнуваат. Ако се избрише еден датум, ако се негира еден настан, ќе ги снема и другите датуми и настани. Така зборуваат законитостите на историјата како наука. Бришењето на еден настан, организација или датум ја пренасочува временската историска машина во друг правец кој го менува природниот тек на историјата. Затоа, 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не само што е прв во хронологијата на значајни датуми, туку е и македонски државен и национален празник кој ги создаде основите и го изгради патот кон денешната независност на Република Македонија.

Второто прашање околу легитимитетот и историската оправданост на 23 октомври е дали ВМРО како организација создадена на овој датум има континуитет и по Илинденското востание во 1903 година, дали Организацијата и дејуре и дефакто постоела и дејствувала по Рилскиот конгрес во 1905 година? Македонската историографија сеуште води полемики и дебати околу ова прашање и не постои единствен став за историскиот развој, постоењето и дејствувањето на ВМРО по 1905 година. Факт е дека на Рилскиот конгрес на ВМРО, започнал и се продлабочил голем раскол во редовите на Организацијата. Во годините до 1908 година се создале две струи, фракции во редовите на ВМРО кои целосно се раздвоиле, дејствувале и се бореле во различни правци: реформаторско- демократската струја околу приврзаниците на Јане Сандански и Димо Хаџи Димов во Серскиот револуционерен округ и конзервативната струја околу групата на Христо Матов и припадниците на Скопскиот револуционерен округ. Фактографски погледнато, во 1908 година приврзаниците на Сандански за време на Младотурската револуција се одделиле од ВМРО и создале легална политичка партија- Народна федеративна партија, додека приврзаниците на конзервативната струја околу Христо Матов, според документацијата- легитимно, одржале конгрес и прогласиле континуитет со старата ВМРО од предилинденскиот и илинденскиот период. Без разлика на различните мислења на македонските историчари- Уставот, Статутот и Правилниците на оваа организација речиси и да немале никакви измени и ги пресликале определбите и целите на ВМРО од периодот 1893- 1905 година. Македонската историографија, направила условна класификација на ВМРО и ја декларирала како десно ориентирана, а некои историчари ја нарекувале и проврховистичка или пробугарска. Документите на ВМРО ги негираат последните класификации и негираат врховистичка или пробугарска дејност. Без разлика на ваквите толкувања и различни мислења, факт е дека, на ваков начин организациски поставената ВМРО во периодот од 1908 до 1924 година станала најмоќна и највлијателна македонска организација во организираното македонско револуционерно движење. Тодор Александров се издигнал во најмоќна фигура во ЦК на ВМРО. Иако повеќе постари македонски револуционери со долгогодишен стаж во ВМРО му ја оспорувале неговата позиција и легитимитет, Александров успеал во период од 16 години да го одржи внатрешното единство и силата на Организацијата која преку вооружени комитски акции и атентати го актуелизирала македонското прашање и неговото решавање. Мајскиот манифест на ВМРО од 1924 година бил документ кој Организацијата ја поставил на македонски државни и национални позиции и ја дистанцирал од политиките на сите балкански држави по однос на Македонија. Овој документ декларирал дека ВМРО ќе се бори за создавање на независна македонска држава во нејзините етнички и географски граници, онака како што ги исцртувале нејзините програмски документи. Наместо обединување Мајскиот манифест предизвикал внатрешна криза која кулминирала со убиството на Тодор Александров. По неговата смрт, иако на конгресот во 1925 година ВМРО изјавила и преку документите декларирала дека ќе се бори за независност на Македонија, сепак раководството не успеало да ја спаси од нова криза, внатрешни поделби и почеток на крвави физички ликвидации познати како македонски братоубиства. Еден дел од членството, левичарски определено, врз основа на Мајскиот манифест формирало нова организација со името ВМРО (Обединета) која се прогласила за наследник на старата ВМРО и декларирала дека ќе ја продолжи борбата за создавање на независна македонска држава со помош на СССР и комунистичките движења. Во ВМРО на Александров, по неговата смрт раководно место зазел Ванчо Михајлов кој ги маргинализирал останатите членови на ЦК и се наметнал како единствен авторитет во оваа организација. До 1934 година и забраната за дејствување на ВМРО, оваа македонска организација поминувала низ поделби и бројни убиства на спротивставените фракции кои се оформиле и како посебни организации: ВМРО- михајловистичка и ВМРО- протогеровистичка. За сите овие настани и процеси во ВМРО, постојат различни мислења помеѓу македонските историчари, сеуште се водат полемики и дебати, се спротивставуваат различни аргументи, но меѓусебна согласност, барем за главните прашања околу историјатот на Организацијата, за жал не постои. Врз основа на ова кај дел од јавноста во Македонија се остава простор за ставови околу историјатот на ВМРО кои воглавно не се научни и се резултат на предрасуди и контекстуални објаснувања од кои поголем дел се обидуваат да ја негираат историската важност на 23 октомври.

Секако дека нема да се впуштам во дообјаснувања или полемики на вакви теми, а само ќе ги повикам сите Македонци и граѓаните од другите националности во Македонија, во пресрет на празникот 23 октомври, да го посетат Музејот на македонската борба за државност и самостојност- Музеј на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим и низ прошетката на музејската поставка, да се обидат сами да си најдат одговори на овие прашања и дилеми, без да се водат од предрасуди. Впрочем, историјата како наука не се гради на тоа дали историчарот сака да пишува за некој настан, организација или личност и дали нешто му се допаѓа или не, туку да пишува врз основа на аргументи и факти и да ги објаснува историските процеси и настани, во светлината на историското време. На таков начин и по таков принцип и методологија е поставена музејската поставка во Музејот на македонската борба, каде посетителот ќе види и славни и трагични страници од историјатот на ВМРО, ќе дознае за херојски епопеи, но и за предавства, ќе добие сознанија за победи, но и за поразите на Организацијата, ќе дознае за сите епизоди на револуционерната дејност на ВМРО, без да се премолчуваат или прескокнуваат историските настани и личности. Преку тоа посетителот ќе научи дека историската ВМРО имала подеми и падови, поделби и кризи, обединувања и братоубиства, но никогаш не се откажала од нејзината света цел: создавање на автономна или независна држава Македонија. Историјатот на ВМРО ни покажува на каков тежок начин и со колку човечки загуби Македонија дојде до денешната независност и дека таа е скапо платена со херојските жртви на македонските комити и војводи!

Во името на тоа, 23 октомври треба да биде испишан со златни букви на страниците на македонските историски книги!

Нека е вековит и за многу години 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба!
Нека е вечна Македонија!

The post Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Календарот на празници поврзани со македонската државност и самостојност е краток и се сведува на 4 датуми во временски опсег од август до октомври. Тие 4 празници ја одредиле иднината на македонскиот народ и неговата државност која се движела од федеративен статус до независна држава. Македонските државни празници, четири на број, имаат хронолошко- тематска поврзаност и се надополнуваат помеѓу себе како во никоја друга национална или државна историја во Европа. Во хиерархијата на македонските празници, прв, по хронологија е празникот 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, празник кој последен е воведен во календарот на значајните датуми од македонската историја, иако по своето значење требаше да биде востановен како прв и најзначаен македонски празник поврзан со државноста и нашата независност. Со оваа моја констатација, можеби дел од македонската јавност нема да се согласи, посебно круговите и одредени поединци кои 23 октомври го политизираат и го поврзуваат со нашето современо македонско политичко секојдневие. Историјата е наука која единствено работи со факти и аргументи, а не со предрасуди и затоа да одиме по редоследот на неспорните и недвосмислени аргументи кои се овде, пред нас, иако некои не сакаат да ги видат или да слушнат за нив. Зошто 23 октомври е првиот во македонскиот календар на државни и национални празници? На 23 октомври 1893 година во Солун, во тоа време регионален центар на Отоманската империја во Македонија, од шестмина македонски интелектуалци била формирана Македонската Револуционерна Организација која во четири децениското постоење неколкупати го менувала своето име (МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО), но во колективната меморија на македонскиот народ останала запаметена под името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Ова име на Организацијата не било случајно употребувано, затоа што голем дел од нејзините идеолози, раководители и основачи во своите спомени и во документацијата, неа ја нарекувале „Внатрешна“, а најмногу со цел да направат дистинкција од останатите македонски организации, најчесто формирани надвор од тогашните етнички, географски и економски граници на Македонија. Принципот на внатрешноста се втемелил во идеологијата на ВМРО и нејзините водечки личности со тоа недвосмислено му докажале на македонскиот народ дека Организацијата смета само на своите сили во борбата за ослободување на Македонија од отоманската власт, а не и на било каква надворешна помош. Основите на ВМРО, на тој историски 23 октомври 1893 година ги поставиле шестмината македонски интелектуалци кои биле и првите членови на ЦК: д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Иван Хаџи Николов. Организацијата во првите години од постоењето се ориентирала кон членство од редовите на македонското учителство и раководителите внимателно ја ширеле нејзината мрежа за да не биде откриена од турската власт во Македонија. Со текот на годините, организациската мрежа на ВМРО се проширила во сите делови на етногеографска Македонија, а во нејзините редови се вклучувале и селани, трговци и занаетчии и покрај Македонци, се зачленувале и луѓе од други националности, особено Власи. ВМРО како основна програмска цел во нејзините документи го поставила создавањето на автономна Македонија во нејзините етногеографски граници по пат на вооружена борба против турската власт. Зајакнувањето на Организацијата во годините до 1903 година било поврзано со вклучувањето и активноста на неколкумина македонски револуционери во нејзините редови: Гоце Делчев, одговорен за создавањето на комитски чети и каналите за снабдување со оружје, Ѓорче Петров, автор на поголем дел од нејзините програмски документи- Уставот и Правилникот, Христо Матов, теоретичар, идеолог и автор на програмските документи, Пере Тошев, неуморен теренски работник, одговорен за создавањето на бројни комитети на Организацијата, Даме Груев, еден од нејзините основачи и неспорен авторитет во ЦК, Јане Сандански, окружен раководител во Серско и борец против врховистичките чети. До Илинденското востание, ВМРО успеала да создаде силни Окружни, Околиски и Селски комитети кои за период од 10 години го подготвиле кревањето на востанието во повеќе делови на Македонија, посебно во Битолскиот револуционерен округ. Револуционерната дејност на ВМРО низ цела Македонија се поврзала со имињата на незаборавните војводи: Христо Узунов, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, Питу Гули, Јордан Пиперката, Георги Сугарев. Без разлика на полемиките во македонската историографија за оправданоста или нѐ на Илинденското востание, факт е дека ВМРО е организацијата која го организирала и подготвила востанието од 2 август 1903 година, вториот по хронолошка поставеност настан и празник во календарот на македонските државни празници. Идеалот на Илинденското востание и покрај неговиот неуспешен и трагичен крај, по 41 година го запалил факелот на Вториот македонски Илинден, 2 август 1944 година кога на темелите на 2 август 1903 година биле поставени основите на федерална Македонија во рамките на југословенската федерација, а новата македонска генерација на борци се повикала на македонската револуционерна борба која претходно била организирана од македонската организација ВМРО. Значи 2 август 1944 година немаше да постои доколку не се случеше 2 август 1903 година, настан кој го организирала токму ВМРО, организацијата создадена на историскиот 23 октомври 1893 година. Ете ја историската врска и причинско- последичната поврзаност на македонските државни и национални празници со 23 октомври 1893 година! Сите настани се условени еден од друг: да не се создадеше ВМРО во 1893 година, ќе немаше Илинденско востание во 1903 година! ВМРО и Илинденското востание го донесоа 11 октомври 1941 година- почетокот на антифашистичкото и ослободително востание на македонскиот народ, го создадоа 2 август, Вториот Илинден 1944 година, АСНОМ и создавањето на федералната македонска држава во југословенската федерација и го трасираа патот до 8 септември 1991 година- денот на независноста на Република Македонија. Македонската историја има причинско- последична поврзаност на овие настани кои не можат еден без друг, кои се надополнуваат. Ако се избрише еден датум, ако се негира еден настан, ќе ги снема и другите датуми и настани. Така зборуваат законитостите на историјата како наука. Бришењето на еден настан, организација или датум ја пренасочува временската историска машина во друг правец кој го менува природниот тек на историјата. Затоа, 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не само што е прв во хронологијата на значајни датуми, туку е и македонски државен и национален празник кој ги создаде основите и го изгради патот кон денешната независност на Република Македонија. Второто прашање околу легитимитетот и историската оправданост на 23 октомври е дали ВМРО како организација создадена на овој датум има континуитет и по Илинденското востание во 1903 година, дали Организацијата и дејуре и дефакто постоела и дејствувала по Рилскиот конгрес во 1905 година? Македонската историографија сеуште води полемики и дебати околу ова прашање и не постои единствен став за историскиот развој, постоењето и дејствувањето на ВМРО по 1905 година. Факт е дека на Рилскиот конгрес на ВМРО, започнал и се продлабочил голем раскол во редовите на Организацијата. Во годините до 1908 година се создале две струи, фракции во редовите на ВМРО кои целосно се раздвоиле, дејствувале и се бореле во различни правци: реформаторско- демократската струја околу приврзаниците на Јане Сандански и Димо Хаџи Димов во Серскиот револуционерен округ и конзервативната струја околу групата на Христо Матов и припадниците на Скопскиот револуционерен округ. Фактографски погледнато, во 1908 година приврзаниците на Сандански за време на Младотурската револуција се одделиле од ВМРО и создале легална политичка партија- Народна федеративна партија, додека приврзаниците на конзервативната струја околу Христо Матов, според документацијата- легитимно, одржале конгрес и прогласиле континуитет со старата ВМРО од предилинденскиот и илинденскиот период. Без разлика на различните мислења на македонските историчари- Уставот, Статутот и Правилниците на оваа организација речиси и да немале никакви измени и ги пресликале определбите и целите на ВМРО од периодот 1893- 1905 година. Македонската историографија, направила условна класификација на ВМРО и ја декларирала како десно ориентирана, а некои историчари ја нарекувале и проврховистичка или пробугарска. Документите на ВМРО ги негираат последните класификации и негираат врховистичка или пробугарска дејност. Без разлика на ваквите толкувања и различни мислења, факт е дека, на ваков начин организациски поставената ВМРО во периодот од 1908 до 1924 година станала најмоќна и највлијателна македонска организација во организираното македонско револуционерно движење. Тодор Александров се издигнал во најмоќна фигура во ЦК на ВМРО. Иако повеќе постари македонски револуционери со долгогодишен стаж во ВМРО му ја оспорувале неговата позиција и легитимитет, Александров успеал во период од 16 години да го одржи внатрешното единство и силата на Организацијата која преку вооружени комитски акции и атентати го актуелизирала македонското прашање и неговото решавање. Мајскиот манифест на ВМРО од 1924 година бил документ кој Организацијата ја поставил на македонски државни и национални позиции и ја дистанцирал од политиките на сите балкански држави по однос на Македонија. Овој документ декларирал дека ВМРО ќе се бори за создавање на независна македонска држава во нејзините етнички и географски граници, онака како што ги исцртувале нејзините програмски документи. Наместо обединување Мајскиот манифест предизвикал внатрешна криза која кулминирала со убиството на Тодор Александров. По неговата смрт, иако на конгресот во 1925 година ВМРО изјавила и преку документите декларирала дека ќе се бори за независност на Македонија, сепак раководството не успеало да ја спаси од нова криза, внатрешни поделби и почеток на крвави физички ликвидации познати како македонски братоубиства. Еден дел од членството, левичарски определено, врз основа на Мајскиот манифест формирало нова организација со името ВМРО (Обединета) која се прогласила за наследник на старата ВМРО и декларирала дека ќе ја продолжи борбата за создавање на независна македонска држава со помош на СССР и комунистичките движења. Во ВМРО на Александров, по неговата смрт раководно место зазел Ванчо Михајлов кој ги маргинализирал останатите членови на ЦК и се наметнал како единствен авторитет во оваа организација. До 1934 година и забраната за дејствување на ВМРО, оваа македонска организација поминувала низ поделби и бројни убиства на спротивставените фракции кои се оформиле и како посебни организации: ВМРО- михајловистичка и ВМРО- протогеровистичка. За сите овие настани и процеси во ВМРО, постојат различни мислења помеѓу македонските историчари, сеуште се водат полемики и дебати, се спротивставуваат различни аргументи, но меѓусебна согласност, барем за главните прашања околу историјатот на Организацијата, за жал не постои. Врз основа на ова кај дел од јавноста во Македонија се остава простор за ставови околу историјатот на ВМРО кои воглавно не се научни и се резултат на предрасуди и контекстуални објаснувања од кои поголем дел се обидуваат да ја негираат историската важност на 23 октомври. Секако дека нема да се впуштам во дообјаснувања или полемики на вакви теми, а само ќе ги повикам сите Македонци и граѓаните од другите националности во Македонија, во пресрет на празникот 23 октомври, да го посетат Музејот на македонската борба за државност и самостојност- Музеј на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим и низ прошетката на музејската поставка, да се обидат сами да си најдат одговори на овие прашања и дилеми, без да се водат од предрасуди. Впрочем, историјата како наука не се гради на тоа дали историчарот сака да пишува за некој настан, организација или личност и дали нешто му се допаѓа или не, туку да пишува врз основа на аргументи и факти и да ги објаснува историските процеси и настани, во светлината на историското време. На таков начин и по таков принцип и методологија е поставена музејската поставка во Музејот на македонската борба, каде посетителот ќе види и славни и трагични страници од историјатот на ВМРО, ќе дознае за херојски епопеи, но и за предавства, ќе добие сознанија за победи, но и за поразите на Организацијата, ќе дознае за сите епизоди на револуционерната дејност на ВМРО, без да се премолчуваат или прескокнуваат историските настани и личности. Преку тоа посетителот ќе научи дека историската ВМРО имала подеми и падови, поделби и кризи, обединувања и братоубиства, но никогаш не се откажала од нејзината света цел: создавање на автономна или независна држава Македонија. Историјатот на ВМРО ни покажува на каков тежок начин и со колку човечки загуби Македонија дојде до денешната независност и дека таа е скапо платена со херојските жртви на македонските комити и војводи! Во името на тоа, 23 октомври треба да биде испишан со златни букви на страниците на македонските историски книги! Нека е вековит и за многу години 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба! Нека е вечна Македонија!

The post Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА appeared first on Република.

]]>
Деца, млади, возрасни, ја имате таа моќ пелтечењето да го трансформирате во предизвик! https://republika.mk/kolumni/detsa-mladi-vozrasni-ja-imate-taa-mok-peltecheneto-da-go-transformirate-vo-predizvik/ Mon, 21 Oct 2024 11:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=829401

м-р Нермин Теловска

22 Октомври е меѓународен ден посветен на зголемување на јавната свест за пелтечењето и се одбележува во светски рамки. Според Меѓународната статистичка класификација на болести и поврзани здравствени проблеми, пелтечењето (или тептавење) е дефинирано или опишано како:

„Говорење што се карактеризира со чести повторувања или продолжувања на гласови, слогови или зборови, или со чести колебања или паузи со што го нарушуваат ритмичкиот тек на говорот. Треба да биде класифицирано како растројство, само ако неговата тежина е толкава што видливо ја нарушува течноста на говорењето.“

Оваа дефиниција која се однесува исклучиво на флуентноста на говорот, има недостатоци и не е комплетна. Пелтечењето е мултидимензионален проблем, и не го опфаќа само проблемот на флуентноста или течното говорење, туку од најрана возраст, најчесто предизвикува појава на негативни мисли и емоции.

Денес Ви се обраќам на сите вас, деца, млади, возрасни, сите кои имате искуство со пелтечењето. Само Вие ја имате таа можност, ја имате таа моќ, пелтечењето да го трансформирате во предизвик, преку чувството на немоќ да стасате до силата, преку чувството на безнадежност до победата и надминувањето на сите препреки, до остварувањето буквално на секоја животна цел која ќе си ја поставите!

Вие се соочувате секојдневно со незнаењето, слаби комуникациски вештини, нетрпение да бидете до крај исслушани, недостаток на емпатија од страна на вашето опкружување и несвесност за последиците од погрешното однесување.

Дали во семејството, детската градинка, училиштето, на факултет или во работната средина Ви е дадена можноста и поддршката, отворено да зборувате за вашите мисли и емоциите поврзани со зборувањето? Тука сме сите одговорни и заеднички треба да се избориме за тој толку значаен простор. Просторот за искажување индивидуални искуства и лични грижи, прифаќање на состојбата и нејзина промена. Секоја промена на индивидуалното поле се пресликува на полето на секоја општествена клетка и општеството како целина. Секој поединец е битен елемент на општеството и никој не смее да биде заборавен. Од квалитетот на животот и индивидуалната среќа зависи какво општество градиме за сите нас, за нашите деца и внуци.

Многу од вас никогаш не зборувале за своите стравови и чувства поврзани со пелтечењето, за чувството на намалена самодоверба и покрај сите ваши квалитети.

Вие сте најважниот извор на информации кога станува збор за сфаќањето на пелтечењето и неговата комплексност. Вие најдобро знаете да го опишете чувството кога треба да се претставите, кога треба како ученик да застанете пред таблата и да одговарате, да одите на испит оптоварени со мислата како ќе зборувате, Вие знате каква е таа трема и возбуда пред интервју за работа или на средба со нови лица, и само вие знате што значат за вас сите разочарувања поради несфатеноста од страна на соговорникот.

Пелтечењето може да биде збунувачко – и да се прашувате зошто имате течен говор во некои ситуации, а пелтечите многу повеќе во други, или зошто понекогаш се чувствувате како да не можете да дишете. Некои луѓе кои пелтечат, се соочуваат со голема видлива физичка напнатост на телото. Други, цело време работат на тоа да го сокријат своето пелтечење, но, мисловно и емоционално се оптоварени.

Ви посакувам и знам дека Вие можете тоа да го направите:

- Никогаш повеќе да не избегнувате говорни ситуации и можности за искажување сопствени ставови и емоции поради стравот од пелтечење;

- Никогаш повеќе да не го доживеете чувството на вина, срам или лутина поврзани со вашето зборување;

Нашата мисија е заедничка, да го унапредиме јавното и научното разбирање на оваа состојба често пати погрешно разбрана.

(Авторката е логопед, специјалист за дисфлуентни нарушувања, Директорка на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје)

The post Деца, млади, возрасни, ја имате таа моќ пелтечењето да го трансформирате во предизвик! appeared first on Република.

]]>

м-р Нермин Теловска

22 Октомври е меѓународен ден посветен на зголемување на јавната свест за пелтечењето и се одбележува во светски рамки. Според Меѓународната статистичка класификација на болести и поврзани здравствени проблеми, пелтечењето (или тептавење) е дефинирано или опишано како:
„Говорење што се карактеризира со чести повторувања или продолжувања на гласови, слогови или зборови, или со чести колебања или паузи со што го нарушуваат ритмичкиот тек на говорот. Треба да биде класифицирано како растројство, само ако неговата тежина е толкава што видливо ја нарушува течноста на говорењето.“
Оваа дефиниција која се однесува исклучиво на флуентноста на говорот, има недостатоци и не е комплетна. Пелтечењето е мултидимензионален проблем, и не го опфаќа само проблемот на флуентноста или течното говорење, туку од најрана возраст, најчесто предизвикува појава на негативни мисли и емоции. Денес Ви се обраќам на сите вас, деца, млади, возрасни, сите кои имате искуство со пелтечењето. Само Вие ја имате таа можност, ја имате таа моќ, пелтечењето да го трансформирате во предизвик, преку чувството на немоќ да стасате до силата, преку чувството на безнадежност до победата и надминувањето на сите препреки, до остварувањето буквално на секоја животна цел која ќе си ја поставите! Вие се соочувате секојдневно со незнаењето, слаби комуникациски вештини, нетрпение да бидете до крај исслушани, недостаток на емпатија од страна на вашето опкружување и несвесност за последиците од погрешното однесување. Дали во семејството, детската градинка, училиштето, на факултет или во работната средина Ви е дадена можноста и поддршката, отворено да зборувате за вашите мисли и емоциите поврзани со зборувањето? Тука сме сите одговорни и заеднички треба да се избориме за тој толку значаен простор. Просторот за искажување индивидуални искуства и лични грижи, прифаќање на состојбата и нејзина промена. Секоја промена на индивидуалното поле се пресликува на полето на секоја општествена клетка и општеството како целина. Секој поединец е битен елемент на општеството и никој не смее да биде заборавен. Од квалитетот на животот и индивидуалната среќа зависи какво општество градиме за сите нас, за нашите деца и внуци. Многу од вас никогаш не зборувале за своите стравови и чувства поврзани со пелтечењето, за чувството на намалена самодоверба и покрај сите ваши квалитети. Вие сте најважниот извор на информации кога станува збор за сфаќањето на пелтечењето и неговата комплексност. Вие најдобро знаете да го опишете чувството кога треба да се претставите, кога треба како ученик да застанете пред таблата и да одговарате, да одите на испит оптоварени со мислата како ќе зборувате, Вие знате каква е таа трема и возбуда пред интервју за работа или на средба со нови лица, и само вие знате што значат за вас сите разочарувања поради несфатеноста од страна на соговорникот. Пелтечењето може да биде збунувачко – и да се прашувате зошто имате течен говор во некои ситуации, а пелтечите многу повеќе во други, или зошто понекогаш се чувствувате како да не можете да дишете. Некои луѓе кои пелтечат, се соочуваат со голема видлива физичка напнатост на телото. Други, цело време работат на тоа да го сокријат своето пелтечење, но, мисловно и емоционално се оптоварени. Ви посакувам и знам дека Вие можете тоа да го направите: - Никогаш повеќе да не избегнувате говорни ситуации и можности за искажување сопствени ставови и емоции поради стравот од пелтечење; - Никогаш повеќе да не го доживеете чувството на вина, срам или лутина поврзани со вашето зборување; Нашата мисија е заедничка, да го унапредиме јавното и научното разбирање на оваа состојба често пати погрешно разбрана. (Авторката е логопед, специјалист за дисфлуентни нарушувања, Директорка на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје)

The post Деца, млади, возрасни, ја имате таа моќ пелтечењето да го трансформирате во предизвик! appeared first on Република.

]]>
Борбата за македонските правдини со примена на европските вредности и стандарди https://republika.mk/kolumni/borbata-za-makedonskite-pravdini-so-primena-na-evropskite-vrednosti-i-standardi/ Mon, 14 Oct 2024 20:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=826822

Петар Поп-Арсов

Приказната се повторува!

Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти извештај повторно ја посочува Бугарија како земја во која постои недостаток на почитување на правата на националните малцинства и етничките групи. Тоа не е ништо ново! Состојбата е слична како и во претходните извештајни циклуси во кои Бугарија, како по правило, беше една од најкритикуваните членки на Советот на Европа во поглед на недоволното почитување и заштитата на малцинските права.

Со оглед на тоа што ова мислење беше публикувано на 10 октомври, сè уште е рано да се говори за тоа дали Бугарија има направено некаков напредок или повторно тоне во се подлабока кал во однос на заштитата и почитувањето на правата на националните малцинства. Потребно е малку повеќе време да се направи сеопфатна и темелна анализа на секоја точка, запирка или фуснота соддржана во извештајот. Потребно е да се направи компаративна анализа со соддржината на претходните мислења на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за тоа дали европските експерти овој пат биле поблаги или пак можеби пожестоки во критиките кон Бугарија во однос на заштитата на националните малцинства, вклучително и на Македонците.
Како и да е, факт е дека силните критики остануваат и во ова мислење на Советодавниот комитет. Тоа не е ништо ново и всушност претставува единствената константа која што ги карактеризира и обединува сите извештаи за Бугарија. Преведено на народен јазик, Бугарија се однесува по принципот „Кучињата лаат, караванот си врви“ во однос на сите досегашни мислења на европските експерти.

Тоа лесно може да се види од генералната оценка која вели дека: „... Не може да се забележи значителен напредок во текот на периодот на известување во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковната конвенција. Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат внатре. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел од човековите права. Немаше напори да се имплементираат голем број долгогодишни препораки во врска со прашања како што се принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на правата на малцинствата, вклучително и на јазичните права, како и на неопходноста да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија...“

Многу што се говори за сите малцинства во источниот сосед, но она што нас нè интересира е тоа што се говори за Македонците во Бугарија. Имено, во мислењето се вели: „Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгогодишни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни.“

Во продолжение извештајот вели: „ ...Советодавниот комитет нагласува дека пристапот до правата и нивното ефективно спроведување се од огромно значење и мора да бидат од примарно внимание на властите. Имајќи го предвид пристапот на бугарските власти кон личниот опсег на Рамковната конвенција, Советодавниот комитет смета дека е клучно да се има прагматичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци...“

Какво тело е Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства? Кои се неговите ингеренции и која е неговата моќ? За да можеме пореално да согледаме како функционираат механизмите на Советот на Европа, потребно е да одговориме на овие прашања, но исто така потребно е да дадеме дополнителна перспектива на гледање со цел да може да се состави комплетната слика.

Имено, Советодавниот комитет е признато и високо почитувано тело во меѓународни рамки во областа на заштитата на националните малцинствата. Мислењата на Советодавниот комитет веќе претставуваат еден вид централна референца во работата на други меѓународни тела, како што е Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и Агенцијата за фундаментални права на Европската унија (FRA). Советодавниот комитет е составен од 18 независни експерти кои делуваат во лично својство како независни и непристрасни експерти.

Мислењата на Советодавниот комитет се усвојуваат во соодветно определена мониторинг процедура. Оваа процедура вклучува собирање на информации преку преглед и испитување на државните извештаи, алтернативни извори на информации, како и одржување на непосредни состаноци со претставници на владите, претставници на националните малцинства и други релевантни актери. Ваквите состаноци се одржуваат во самите земји членки.

По внимателно разгледување на ситуацијата во земјата, Советодавниот комитет усвојува мислење кое се доставува до надлежните органи на земјата членка. Земјите членки имаат можност да поднесат коментари во однос на мислењето во рок од четири месеци, по што коментарите и мислењето се објавуваат.

Од самиот документ кој што се однесува на Бугарија можеме да видиме дека истиот бил завршен и усвоен од страна на Советодавниот комитет на 29 мај оваа година, по што следела четиримесечна процедура на дијалог со засегнатата земја. Со неговото објавување на 10 октомври, конкретниот извештај за Бугарија станува јавно достапен.

Но, тука не завршува целокупната постапка. Истата продолжува на ново, овој пат политичко ниво кое што ја отсликува вистинската состојба и однос на Советот на Европа кон земјите членки и нивните постигнувања во областа на заштитата на националните малцинства.

Имено, врз основа на Мислењето на Советодавниот комитет, Комитетот на министри на Советот на Европа (највисокиот орган на Советот на Европа кој ги донесува одлуките во име на организацијата и во кој членуваат министрите за надворешни работи претставувани преку амбасадорите на земјите членки) отпрвин презентира Нацрт-Резолуција, која во некој разумен рок треба да биде разгледана и усвоена во вид на финален документ. Тоа е Резолуција на Комитетот на министри со заклучоци и препораки во однос на засегнатата држава. Ваквите заклучоци и препораки во понатамошна фаза треба да претставуваат обврска на засегнатата земја членка која што треба да работи на нивната имплементација.

Така се одвиваат работите во една нормална процедура. Во досегашните разгледувања на исклучително критички настроените документи за Бугарија, процедурата траеше со години, со ризик да се пробијат сите рокови и да се навлезе во терминот за следниот циклус на евалуација од страна на Советодавниот комитет. Проблемот на Бугарија во случајот со Нацрт-Резолуциите на Комитетот на министри е тоа што истите мора да го отсликуваат мислењето на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција и како такви не можат да претрпат никаква промена доколку на тоа се спротивстави макар и една земја членка.

Тоа значи дека, доколку не постои разумно срочен текст кој ќе ги задоволи ставовите на сите земји членки, вклучително и Македонија, усвојувањето на Резолуцијата за Бугарија нема да може никогаш да се усвои. Ваквиот режим важи за сите земји, но во текстов говориме за Бугарија како земја која е свежо евалуирана. Од тие причини, Бугарија, земјата која има концепт на државно уредување кој не признава постоење на национални малцинства во исто време членува и во Рамковната конвенција има сериозен проблем со балансирање на сопствените интереси. Од една страна сака да се грижи за сопственото национално малцинство во странство, а од друга не води соодветна грижа за правата на другите.

Ваквото однесување не е случај со Грција, ниту со Франција, земји кои имаат сличен пристап како Бугарија во однос на националните малцинства. Имаат сличен пристап, но затоа тие не се членки на Рамковната конвенција и со тоа не се плеткаат директно во прашања кои се од интерес на делувањето на Конвенцијата. Тоа е разликата меѓу нив.

Бугарија сака да седи на две столици и од тие причини воопшто не зачудува констатацијата на Советодавниот комитет, нотирана уште на почетокот на текстот на Мислењето дека Бугарија игра сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, а истите напори не ги прави во сопствената земја. Тука е целата иронија на бугарското членување во Рамковната конвенција, а таквото однесување претставува компромитирање на сите постигнувања и вредности на Советот на Европа во областа на заштитата на малцинските права.

Од она што до сега беше изнесено, можеме слободно да кажеме дека Советот на Европа и Рамковната конвенција се корисна алатка во рацете на Македонија. Тоа е средство со кое нашата земја може да се залага и бори за заштитата на правата на Македонците во соседството и пошироко. Тоа е мултилатерален механизам кој може да се применува врз принципиелна основа како заложба на земјата за општа заштита на правата на националните малцинства насекаде низ континентот, вклучително и на Македонците во соседството. Таквата можност ја пружа самото членство во Конвенцијата, но и во останатите договори од овој тип. Со ваквиот пристап не се нарушуваат билатералните договори кои бевме приморани да ги прифатиме со целата своја асиметричност.

Кога зборуваме за Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, може слободно да кажеме дека секоја интервенција или заложба за заштита на малцинските права во рамки на Советот на Европа, на никаков начин не може и не смее да се толкува како прекршување споменатиот договор. Всушност самиот договор во членот 14 „се поклонува“ пред меѓународните договори и вели дека истиот „на никаков начин нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори“, кои што Македонија и Бугарија ги имаат прифатено.

Независно од неговата асиметрична соддржина и доминација на бугарските ставови во делот на билатералните односи меѓу двете земји, Македонија преку Рамковната конвенција сè уште има исклучително силна алатка во своите раце за да води грижа за Македонците во Бугарија врз принципиелна основа, токму како една од земјите кои што се залагаат за почитување на вредностите и стандардите на Советот на Европа. Впрочем, оваа алатка и принципиелната основа на делување им овозможуваат на сите земји членки на Конвенцијата да го прават истото насекаде низ континентот, независно од тоа дали се работи за заштитата на малцинските права на Балканот, Скандинавија или пак во некоја од островските земји или централниот дел на Европа.

Борбата за заштитата на македонските правдини никогаш не смее да застане и истата мора да продолжи да трае на секаков начин, вклучително и со ползување на сите мултилатерални алатки кои што ни стојат на располагање.

The post Борбата за македонските правдини со примена на европските вредности и стандарди appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Приказната се повторува! Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти извештај повторно ја посочува Бугарија како земја во која постои недостаток на почитување на правата на националните малцинства и етничките групи. Тоа не е ништо ново! Состојбата е слична како и во претходните извештајни циклуси во кои Бугарија, како по правило, беше една од најкритикуваните членки на Советот на Европа во поглед на недоволното почитување и заштитата на малцинските права. Со оглед на тоа што ова мислење беше публикувано на 10 октомври, сè уште е рано да се говори за тоа дали Бугарија има направено некаков напредок или повторно тоне во се подлабока кал во однос на заштитата и почитувањето на правата на националните малцинства. Потребно е малку повеќе време да се направи сеопфатна и темелна анализа на секоја точка, запирка или фуснота соддржана во извештајот. Потребно е да се направи компаративна анализа со соддржината на претходните мислења на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за тоа дали европските експерти овој пат биле поблаги или пак можеби пожестоки во критиките кон Бугарија во однос на заштитата на националните малцинства, вклучително и на Македонците. Како и да е, факт е дека силните критики остануваат и во ова мислење на Советодавниот комитет. Тоа не е ништо ново и всушност претставува единствената константа која што ги карактеризира и обединува сите извештаи за Бугарија. Преведено на народен јазик, Бугарија се однесува по принципот „Кучињата лаат, караванот си врви“ во однос на сите досегашни мислења на европските експерти. Тоа лесно може да се види од генералната оценка која вели дека: „... Не може да се забележи значителен напредок во текот на периодот на известување во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковната конвенција. Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат внатре. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел од човековите права. Немаше напори да се имплементираат голем број долгогодишни препораки во врска со прашања како што се принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на правата на малцинствата, вклучително и на јазичните права, како и на неопходноста да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија...“ Многу што се говори за сите малцинства во источниот сосед, но она што нас нè интересира е тоа што се говори за Македонците во Бугарија. Имено, во мислењето се вели: „Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгогодишни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни.“ Во продолжение извештајот вели: „ ...Советодавниот комитет нагласува дека пристапот до правата и нивното ефективно спроведување се од огромно значење и мора да бидат од примарно внимание на властите. Имајќи го предвид пристапот на бугарските власти кон личниот опсег на Рамковната конвенција, Советодавниот комитет смета дека е клучно да се има прагматичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци...“ Какво тело е Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства? Кои се неговите ингеренции и која е неговата моќ? За да можеме пореално да согледаме како функционираат механизмите на Советот на Европа, потребно е да одговориме на овие прашања, но исто така потребно е да дадеме дополнителна перспектива на гледање со цел да може да се состави комплетната слика. Имено, Советодавниот комитет е признато и високо почитувано тело во меѓународни рамки во областа на заштитата на националните малцинствата. Мислењата на Советодавниот комитет веќе претставуваат еден вид централна референца во работата на други меѓународни тела, како што е Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и Агенцијата за фундаментални права на Европската унија (FRA). Советодавниот комитет е составен од 18 независни експерти кои делуваат во лично својство како независни и непристрасни експерти. Мислењата на Советодавниот комитет се усвојуваат во соодветно определена мониторинг процедура. Оваа процедура вклучува собирање на информации преку преглед и испитување на државните извештаи, алтернативни извори на информации, како и одржување на непосредни состаноци со претставници на владите, претставници на националните малцинства и други релевантни актери. Ваквите состаноци се одржуваат во самите земји членки. По внимателно разгледување на ситуацијата во земјата, Советодавниот комитет усвојува мислење кое се доставува до надлежните органи на земјата членка. Земјите членки имаат можност да поднесат коментари во однос на мислењето во рок од четири месеци, по што коментарите и мислењето се објавуваат. Од самиот документ кој што се однесува на Бугарија можеме да видиме дека истиот бил завршен и усвоен од страна на Советодавниот комитет на 29 мај оваа година, по што следела четиримесечна процедура на дијалог со засегнатата земја. Со неговото објавување на 10 октомври, конкретниот извештај за Бугарија станува јавно достапен. Но, тука не завршува целокупната постапка. Истата продолжува на ново, овој пат политичко ниво кое што ја отсликува вистинската состојба и однос на Советот на Европа кон земјите членки и нивните постигнувања во областа на заштитата на националните малцинства. Имено, врз основа на Мислењето на Советодавниот комитет, Комитетот на министри на Советот на Европа (највисокиот орган на Советот на Европа кој ги донесува одлуките во име на организацијата и во кој членуваат министрите за надворешни работи претставувани преку амбасадорите на земјите членки) отпрвин презентира Нацрт-Резолуција, која во некој разумен рок треба да биде разгледана и усвоена во вид на финален документ. Тоа е Резолуција на Комитетот на министри со заклучоци и препораки во однос на засегнатата држава. Ваквите заклучоци и препораки во понатамошна фаза треба да претставуваат обврска на засегнатата земја членка која што треба да работи на нивната имплементација. Така се одвиваат работите во една нормална процедура. Во досегашните разгледувања на исклучително критички настроените документи за Бугарија, процедурата траеше со години, со ризик да се пробијат сите рокови и да се навлезе во терминот за следниот циклус на евалуација од страна на Советодавниот комитет. Проблемот на Бугарија во случајот со Нацрт-Резолуциите на Комитетот на министри е тоа што истите мора да го отсликуваат мислењето на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција и како такви не можат да претрпат никаква промена доколку на тоа се спротивстави макар и една земја членка. Тоа значи дека, доколку не постои разумно срочен текст кој ќе ги задоволи ставовите на сите земји членки, вклучително и Македонија, усвојувањето на Резолуцијата за Бугарија нема да може никогаш да се усвои. Ваквиот режим важи за сите земји, но во текстов говориме за Бугарија како земја која е свежо евалуирана. Од тие причини, Бугарија, земјата која има концепт на државно уредување кој не признава постоење на национални малцинства во исто време членува и во Рамковната конвенција има сериозен проблем со балансирање на сопствените интереси. Од една страна сака да се грижи за сопственото национално малцинство во странство, а од друга не води соодветна грижа за правата на другите. Ваквото однесување не е случај со Грција, ниту со Франција, земји кои имаат сличен пристап како Бугарија во однос на националните малцинства. Имаат сличен пристап, но затоа тие не се членки на Рамковната конвенција и со тоа не се плеткаат директно во прашања кои се од интерес на делувањето на Конвенцијата. Тоа е разликата меѓу нив. Бугарија сака да седи на две столици и од тие причини воопшто не зачудува констатацијата на Советодавниот комитет, нотирана уште на почетокот на текстот на Мислењето дека Бугарија игра сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, а истите напори не ги прави во сопствената земја. Тука е целата иронија на бугарското членување во Рамковната конвенција, а таквото однесување претставува компромитирање на сите постигнувања и вредности на Советот на Европа во областа на заштитата на малцинските права. Од она што до сега беше изнесено, можеме слободно да кажеме дека Советот на Европа и Рамковната конвенција се корисна алатка во рацете на Македонија. Тоа е средство со кое нашата земја може да се залага и бори за заштитата на правата на Македонците во соседството и пошироко. Тоа е мултилатерален механизам кој може да се применува врз принципиелна основа како заложба на земјата за општа заштита на правата на националните малцинства насекаде низ континентот, вклучително и на Македонците во соседството. Таквата можност ја пружа самото членство во Конвенцијата, но и во останатите договори од овој тип. Со ваквиот пристап не се нарушуваат билатералните договори кои бевме приморани да ги прифатиме со целата своја асиметричност. Кога зборуваме за Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, може слободно да кажеме дека секоја интервенција или заложба за заштита на малцинските права во рамки на Советот на Европа, на никаков начин не може и не смее да се толкува како прекршување споменатиот договор. Всушност самиот договор во членот 14 „се поклонува“ пред меѓународните договори и вели дека истиот „на никаков начин нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори“, кои што Македонија и Бугарија ги имаат прифатено. Независно од неговата асиметрична соддржина и доминација на бугарските ставови во делот на билатералните односи меѓу двете земји, Македонија преку Рамковната конвенција сè уште има исклучително силна алатка во своите раце за да води грижа за Македонците во Бугарија врз принципиелна основа, токму како една од земјите кои што се залагаат за почитување на вредностите и стандардите на Советот на Европа. Впрочем, оваа алатка и принципиелната основа на делување им овозможуваат на сите земји членки на Конвенцијата да го прават истото насекаде низ континентот, независно од тоа дали се работи за заштитата на малцинските права на Балканот, Скандинавија или пак во некоја од островските земји или централниот дел на Европа. Борбата за заштитата на македонските правдини никогаш не смее да застане и истата мора да продолжи да трае на секаков начин, вклучително и со ползување на сите мултилатерални алатки кои што ни стојат на располагање.

The post Борбата за македонските правдини со примена на европските вредности и стандарди appeared first on Република.

]]>
Историјата не е туристичка прошетка https://republika.mk/kolumni/istorijata-ne-e-turistichka-proshetka/ Mon, 14 Oct 2024 06:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=826314

Ламбе Арнаудов

Да. Навистина, историјата не е туристичка прошетка или разгледница. Напротив, таа е сериозна општествено опфатна и комплексна наука, за жал честопати, особено од “големите“ или таканаречените победници, помогнати од вешти испревртувачи на вистината и осведочени фалсификатори на очигледните факти, лесно од константна и егзактна наука се претвора во варијабилна и магионичарска вештина во корист на НАРАЧАТЕЛОТ.

Во една апсолутна вистина сум убеден, а тоа е дека историчарите и хроничарите, особено експертите по национална историја, дека секој факт што оди во корист на народот на кој им припаѓа треба максимално да се афирмира, колку и тоа да е замаглено, некогаш недоволно јасно, но најважно, ако тие факти, настани и датуми до тогаш од никого не биле третирани и изучувани за успешно да бидат спречени да ја присвојат нашата историја.

Ако задоцниш на овој пат ќе ти се придружат допингувани тркачи историчари и ќе се обидат да те претрчаат.

Ова како една порака и опомена да не продолжат нашите историчари со оваа пракса толку поразителна за нас МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.

Инаку, воопшто немам намера да расправам за историјата затоа што почитувам професија, знаење, авторитет, а јас не сум ни приближно на тоа ниво.

Но, нешто што е мое и на секој човек неуништливо право, дадено од ГОСПОД е да можам слободно и креативно да ја користам својата ЛОГИКА, која е производ на функционирањето на мозокот, кој патем речено е најголемиот дембел од сите човечки органи, и само еднаш или многу ретко, двапати во животот, испраќа импулс што ја разбудува и раздвижува логиката која пак ти овозможува да носиш исправни одлуки.

Во овие октомвриски денови светилки на мојот народ, прво 11 октомври, а потоа 23 октомври, денови исполнети со присетување но и заслужен пиетет, но и возобновен револуционерно национално ослободувачки дух за продолжување на заветот содржан и во двата документа, до конечно исполнување на светата цел и крунисување на исконските желби на секој МАКЕДОНЕЦ.

Од тука ЛОГИКАТА вели:
Зошто сите основачи на формирањето на ВМРО во Солун на 23 октомври 1893 година се родени во МАКЕДОНИЈА, во нејзините етничко географски граници од 77742 квадратни километри.

Зошто сите 8 конгреси на ВМРО на кои се носеле најважните одлуки за организирање, функционирање, дејствување на ОРГАНИЗАЦИЈАТА исто така се одржани на наша македонска територија, и се однесувале на прогласување на целосна автономија или подоцна суверена самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Ако е општо познато дека конгресите на ВМРО се одржувале во исклучително тешки услови и непријателства, што честопати имало трајни негативни последици, имено тешки организациски проблеми, бројност, присутни обезбедување, доцнење или воопшто недоаѓање на истакнати делегати, зошто “пријателите“ на ВМРО еднаш не се понудиле мирно и несметано одржување макар на еден конгрес во главните, или поголеми погранични градови на нашето соседство, кралства, кнежевства и на тој начин да покажат минимум загриженост за лажно прокламираните нивни “браќа“ страдни души.

Понатака ЛОГИКАТА вели:
Сега особено, во најново време, кога ВМРО персонифицирано во ВМРО-ДПМНЕ предводено од ова раководство на чело со лидерот Христијан Мицкоски ги доживува своите ѕвездени моменти, логично е да се присетиме на трајните не’рѓосувачки и неуништливи вредности на ВМРО изворно кога сите се обидувавте да го ставите под своја контрола остана чедно неизвалкано и чисто наше МАКЕДОНСКО.

Понатаму, ЛОГИКАТА продолжува да објаснува:
Зошто од кога не успеавте да го присвоите идеолошки применивте крајно драматични, античовечки и шпекулативни чекори, и се обидовте целосно не само идеолошки туку и физички збришете НЕПОКОРОТ.

Срамно и бездушно. Без размислување се здруживте крвните традиционални непријатели, заведени од делбата на прекрасниот македонски колач, и да удрите брутално и безмилосно до искоренување на сега веќе непослушните “браќа“.

Уште еднаш бевте разнесени и збришани и до нога поразени од челичната снага на градбата неразрушлива на идеологијата и каузата непобедлива на ВМРО.

Има уште многу прашања на кои точно и вистинито може да одговори само ЛОГИКАТА но за тоа понатаму, а сега само уште за најголемата краста на вашите свежо нашминкани сурати која не може да се сокрие ниту да испари реата што се шири од лузните што ви ги нанесол онеправдениот напатен народ на кој бесрамно и бесправно му сте се натопориле небаре е некоја штетница што треба да се истреби.
Погледнете ја мапата на еруптивноста на Илинденското Востание, ЛОГИКАТА ќе ве освести таму каде што требаше и се очекуваше најголема масовност, со оглед на потеклото на подбуцнувачите, е минорна дури безначајна и незабележителна дури и крајно непријателски обиди за задушување на Востанието само заради тоа што било МАКЕДОНСКО.

Повторно и по којзнае кој пат беа жртвувани најдобрите синови на МАКЕДОНИЈА, повторно најубавите македонски цветови со раскошни бои и бисери бели беа облеани во винеста црвена боја крв македонска.

Затоа сме дене ова што сме. Затоа македонската земја е рекордер по приноси на хектар земјиште, не како другите по производство на пченка, ориз, јаболка, туку по најскапоцениот производ што Господ го создал, македонските патриоти кои се најсреќни кога најдрагоценото што го имаат не го чуваат за себе, туку тој, нивниот живот, секогаш се спремни да го жртвуваат на олтарот на МАКЕДОНИЈА и за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Немојте да не напаѓате, учете од нас, можеби ќе се просветлите. Ќе бидете подобри.

The post Историјата не е туристичка прошетка appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Да. Навистина, историјата не е туристичка прошетка или разгледница. Напротив, таа е сериозна општествено опфатна и комплексна наука, за жал честопати, особено од “големите“ или таканаречените победници, помогнати од вешти испревртувачи на вистината и осведочени фалсификатори на очигледните факти, лесно од константна и егзактна наука се претвора во варијабилна и магионичарска вештина во корист на НАРАЧАТЕЛОТ. Во една апсолутна вистина сум убеден, а тоа е дека историчарите и хроничарите, особено експертите по национална историја, дека секој факт што оди во корист на народот на кој им припаѓа треба максимално да се афирмира, колку и тоа да е замаглено, некогаш недоволно јасно, но најважно, ако тие факти, настани и датуми до тогаш од никого не биле третирани и изучувани за успешно да бидат спречени да ја присвојат нашата историја. Ако задоцниш на овој пат ќе ти се придружат допингувани тркачи историчари и ќе се обидат да те претрчаат. Ова како една порака и опомена да не продолжат нашите историчари со оваа пракса толку поразителна за нас МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. Инаку, воопшто немам намера да расправам за историјата затоа што почитувам професија, знаење, авторитет, а јас не сум ни приближно на тоа ниво. Но, нешто што е мое и на секој човек неуништливо право, дадено од ГОСПОД е да можам слободно и креативно да ја користам својата ЛОГИКА, која е производ на функционирањето на мозокот, кој патем речено е најголемиот дембел од сите човечки органи, и само еднаш или многу ретко, двапати во животот, испраќа импулс што ја разбудува и раздвижува логиката која пак ти овозможува да носиш исправни одлуки. Во овие октомвриски денови светилки на мојот народ, прво 11 октомври, а потоа 23 октомври, денови исполнети со присетување но и заслужен пиетет, но и возобновен револуционерно национално ослободувачки дух за продолжување на заветот содржан и во двата документа, до конечно исполнување на светата цел и крунисување на исконските желби на секој МАКЕДОНЕЦ. Од тука ЛОГИКАТА вели: Зошто сите основачи на формирањето на ВМРО во Солун на 23 октомври 1893 година се родени во МАКЕДОНИЈА, во нејзините етничко географски граници од 77742 квадратни километри. Зошто сите 8 конгреси на ВМРО на кои се носеле најважните одлуки за организирање, функционирање, дејствување на ОРГАНИЗАЦИЈАТА исто така се одржани на наша македонска територија, и се однесувале на прогласување на целосна автономија или подоцна суверена самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА. Ако е општо познато дека конгресите на ВМРО се одржувале во исклучително тешки услови и непријателства, што честопати имало трајни негативни последици, имено тешки организациски проблеми, бројност, присутни обезбедување, доцнење или воопшто недоаѓање на истакнати делегати, зошто “пријателите“ на ВМРО еднаш не се понудиле мирно и несметано одржување макар на еден конгрес во главните, или поголеми погранични градови на нашето соседство, кралства, кнежевства и на тој начин да покажат минимум загриженост за лажно прокламираните нивни “браќа“ страдни души. Понатака ЛОГИКАТА вели: Сега особено, во најново време, кога ВМРО персонифицирано во ВМРО-ДПМНЕ предводено од ова раководство на чело со лидерот Христијан Мицкоски ги доживува своите ѕвездени моменти, логично е да се присетиме на трајните не’рѓосувачки и неуништливи вредности на ВМРО изворно кога сите се обидувавте да го ставите под своја контрола остана чедно неизвалкано и чисто наше МАКЕДОНСКО. Понатаму, ЛОГИКАТА продолжува да објаснува: Зошто од кога не успеавте да го присвоите идеолошки применивте крајно драматични, античовечки и шпекулативни чекори, и се обидовте целосно не само идеолошки туку и физички збришете НЕПОКОРОТ. Срамно и бездушно. Без размислување се здруживте крвните традиционални непријатели, заведени од делбата на прекрасниот македонски колач, и да удрите брутално и безмилосно до искоренување на сега веќе непослушните “браќа“. Уште еднаш бевте разнесени и збришани и до нога поразени од челичната снага на градбата неразрушлива на идеологијата и каузата непобедлива на ВМРО. Има уште многу прашања на кои точно и вистинито може да одговори само ЛОГИКАТА но за тоа понатаму, а сега само уште за најголемата краста на вашите свежо нашминкани сурати која не може да се сокрие ниту да испари реата што се шири од лузните што ви ги нанесол онеправдениот напатен народ на кој бесрамно и бесправно му сте се натопориле небаре е некоја штетница што треба да се истреби. Погледнете ја мапата на еруптивноста на Илинденското Востание, ЛОГИКАТА ќе ве освести таму каде што требаше и се очекуваше најголема масовност, со оглед на потеклото на подбуцнувачите, е минорна дури безначајна и незабележителна дури и крајно непријателски обиди за задушување на Востанието само заради тоа што било МАКЕДОНСКО. Повторно и по којзнае кој пат беа жртвувани најдобрите синови на МАКЕДОНИЈА, повторно најубавите македонски цветови со раскошни бои и бисери бели беа облеани во винеста црвена боја крв македонска. Затоа сме дене ова што сме. Затоа македонската земја е рекордер по приноси на хектар земјиште, не како другите по производство на пченка, ориз, јаболка, туку по најскапоцениот производ што Господ го создал, македонските патриоти кои се најсреќни кога најдрагоценото што го имаат не го чуваат за себе, туку тој, нивниот живот, секогаш се спремни да го жртвуваат на олтарот на МАКЕДОНИЈА и за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Немојте да не напаѓате, учете од нас, можеби ќе се просветлите. Ќе бидете подобри.

The post Историјата не е туристичка прошетка appeared first on Република.

]]>
Дупките на земјината топка https://republika.mk/kolumni/dupkite-na-zemjinata-topka/ Sat, 05 Oct 2024 08:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=822969

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет.

Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи.

Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки.

Како е сега?

Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?!

Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори.

Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција.

Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација.

Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации.

Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН.

Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век.

Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики.

Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор.

Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој.

Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво?

Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година.

Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката.

Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?!

Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок.

И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна.

Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет. Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи. Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки. Како е сега? Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?! Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори. Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција. Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација. Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации. Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН. Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век. Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики. Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор. Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој. Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво? Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година. Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката. Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?! Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок. И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна. Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>
Фали стратегија за борбата против корупцијата https://republika.mk/kolumni/fali-strategija-za-borbat-protiv-koruptsijata/ Fri, 04 Oct 2024 10:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=822575

Ристо Никовски

Пред да стане дел од ЕУ, Владата на Словенија своите седници ги започнуваше со еден час посветен на подготовките за членство. Надлежните реферираа што е во меѓувреме направено, кои се проблемите и се донесуваа задачи за сите. Тоа е корисно искуство. Кај нас, со оглед дека членството во ЕУ е, сепак, далечна иднина, истата практика може прво да ја спроведеме за борбата против криминалот и корупцијата. Во истиот „пакет“, би можело да се стават и владеењето на правото, со реформа на правосудниот систем.

Откако поминаа првите 100 дена на Владата, може да се оцени дека се враќа надежта, иако очекувањата се големи. Државата беше во тотален хаос. Ем ништо не функционираше, ем насекаде имаше масовни злоупотреби. Кога слушаш и читаше што се’ се правело, просто не можеш да веруваш! Катастрофа од општ карактер.

Новата власт започна со сериозни иницијативи, и за тоа заслужува признание. Отворија многу фронтови и постигнаа првични резултати ама, се чини, се’ уште немаат јасна слика како да ја водат главната битка, а таа е против криминалот и корупцијата. Прво, не е јасно кој е носител на тој клучен проект. Второ, тоа мора да биде вицепремиер со најшироки овластувања, којшто ќе формира и еден вид на државен штаб, или центар, за оваа обемна и долготрајна операција.

Се чини дека таквиот застој, ако така може да се нарече, е резултат на преокупираноста со реформата на правосудниот систем, за која не е најдено решение. Сепак, тоа не е оправдување зошто нема офанзива против криминалот и корупцијата. Мора да се разликува расчистувањето со минатото, што е веќе започнато, со спречувањето на праксата, што е поважна задача, Правосудството е суперструктурата во оваа борба, а таа мора да се води во базата, таму каде што се остварува. Треба да се средува и правосудниот систем, за да ги дочека спремен криминалите што ќе бидат откриени.

Системот за борба против криминалот и корупцијата треба итно да се структурира и веднаш да започне најинтензивно да функционира. Тоа е рак – раната на нашето општество и, иако за ракот се’ уште нема лек, за корупцијата секако има. Зависи, исклучиво од нас. Брзото делување е важно бидејќи без радикално намалување на овие две зла, државата нема побрзо да напредува.

По формирањето на системот, првиот чекор мора да биде подготовка на соодветна, добро осмислена стратегија за борба против ова зло. Без тоа, ќе се вртиме во маѓепсан круг.

Вториот чекор треба да биде изработка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие.

Потоа, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции треба да имаат обврска да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата и поткомисии, се’ до најситните организациони единици, таму каде што ќе има таква оперативна потреба.

Четврто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат редовни извештаи (месечни, тромесечни, полугодишни...), за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб или центар.

Деновиве, беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања и дека за кусо време, новиот директор тој број го намалил на околу 800. Што мислите, зошто имало толку нерешени предмети? Одговорот е јасен – од странките, на коишто нормално им се брза, се чекало да дадат рушвет!

Со голема сигурност може да се тврди дека веднаш, штом ќе започне една ваква, масовна операција - ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! Јавноста ќе ја следи акцијата на дневна основа, и на сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно.

Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, државата на тој начин годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!?

Проблемот бара радикално решение бидејќи сите знаеме за масовната злоупотреба на тендерите. Дали тоа треба да се бара на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Со циркулар, од сите наши ДКП во странство, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупцијата при тендерите? Нема дилеми дека проблемот е светски, а не само наш.

Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција којашто, барем поголемиот дел од нив, би ја извршувале надвор од работното време. Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата, којашто го распишува.

Ова е само лаичко размислувања на тема којашто е моментално клучна за државата. Корисно е да се развијат разни опции. Кога ќе се помисли какви непроценливи и трајни штети има државата заради наместени тендери, секој трошок би бил ситен. Впрочем, директно земениот рушвет е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто мораме да живееме. Ако место пет сантиметри асфалт се стават четири и пол, патот нема долго да издржи, и пак ќе возиме низ дупки! Истото важи и ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за пет проценти. Не е случајно што квалитетот на нашите патишта е најлош во регионот.

Или, поблизок пример за сите. Кога се обележуваат улиците, патиштата, пешачките премини... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее цела година и подолго. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век, а патиштата ни се небезбедни и на нив масовно се гине.

Во сите тие случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција којашто ја дале, никој не се осмелува да го контролира квалитетот на нивните изведби.

Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите други комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело на ангажираните да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност.

Во Југославија, на пример, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до доверливи, и строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција.

Традиционално, државата реализира мал процент од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, некои ги избегнуваат... и работите не одат. Со еден радикален пристап, се чини, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта.

За крај, уште еден парадокс, којшто може веднаш да се надмине. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија! А извештаите регистрираат едно чудо злоупотреби во голем дел од државните институции. Во општина Тетово, на пример, во времето на Теута Арифи, имало повеќе десетици „вработени“ коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои си работеле и во странство!? И никому ништо. Владата мора да обезбеди овие извештаи по автоматизам да бидат поле за акција на ЈО. Инаку, чуму Државен завод за ревизија?

The post Фали стратегија за борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Пред да стане дел од ЕУ, Владата на Словенија своите седници ги започнуваше со еден час посветен на подготовките за членство. Надлежните реферираа што е во меѓувреме направено, кои се проблемите и се донесуваа задачи за сите. Тоа е корисно искуство. Кај нас, со оглед дека членството во ЕУ е, сепак, далечна иднина, истата практика може прво да ја спроведеме за борбата против криминалот и корупцијата. Во истиот „пакет“, би можело да се стават и владеењето на правото, со реформа на правосудниот систем. Откако поминаа првите 100 дена на Владата, може да се оцени дека се враќа надежта, иако очекувањата се големи. Државата беше во тотален хаос. Ем ништо не функционираше, ем насекаде имаше масовни злоупотреби. Кога слушаш и читаше што се’ се правело, просто не можеш да веруваш! Катастрофа од општ карактер. Новата власт започна со сериозни иницијативи, и за тоа заслужува признание. Отворија многу фронтови и постигнаа првични резултати ама, се чини, се’ уште немаат јасна слика како да ја водат главната битка, а таа е против криминалот и корупцијата. Прво, не е јасно кој е носител на тој клучен проект. Второ, тоа мора да биде вицепремиер со најшироки овластувања, којшто ќе формира и еден вид на државен штаб, или центар, за оваа обемна и долготрајна операција. Се чини дека таквиот застој, ако така може да се нарече, е резултат на преокупираноста со реформата на правосудниот систем, за која не е најдено решение. Сепак, тоа не е оправдување зошто нема офанзива против криминалот и корупцијата. Мора да се разликува расчистувањето со минатото, што е веќе започнато, со спречувањето на праксата, што е поважна задача, Правосудството е суперструктурата во оваа борба, а таа мора да се води во базата, таму каде што се остварува. Треба да се средува и правосудниот систем, за да ги дочека спремен криминалите што ќе бидат откриени. Системот за борба против криминалот и корупцијата треба итно да се структурира и веднаш да започне најинтензивно да функционира. Тоа е рак – раната на нашето општество и, иако за ракот се’ уште нема лек, за корупцијата секако има. Зависи, исклучиво од нас. Брзото делување е важно бидејќи без радикално намалување на овие две зла, државата нема побрзо да напредува. По формирањето на системот, првиот чекор мора да биде подготовка на соодветна, добро осмислена стратегија за борба против ова зло. Без тоа, ќе се вртиме во маѓепсан круг. Вториот чекор треба да биде изработка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие. Потоа, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции треба да имаат обврска да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата и поткомисии, се’ до најситните организациони единици, таму каде што ќе има таква оперативна потреба. Четврто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат редовни извештаи (месечни, тромесечни, полугодишни...), за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб или центар. Деновиве, беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања и дека за кусо време, новиот директор тој број го намалил на околу 800. Што мислите, зошто имало толку нерешени предмети? Одговорот е јасен – од странките, на коишто нормално им се брза, се чекало да дадат рушвет! Со голема сигурност може да се тврди дека веднаш, штом ќе започне една ваква, масовна операција - ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! Јавноста ќе ја следи акцијата на дневна основа, и на сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно. Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, државата на тој начин годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Проблемот бара радикално решение бидејќи сите знаеме за масовната злоупотреба на тендерите. Дали тоа треба да се бара на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Со циркулар, од сите наши ДКП во странство, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупцијата при тендерите? Нема дилеми дека проблемот е светски, а не само наш. Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција којашто, барем поголемиот дел од нив, би ја извршувале надвор од работното време. Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата, којашто го распишува. Ова е само лаичко размислувања на тема којашто е моментално клучна за државата. Корисно е да се развијат разни опции. Кога ќе се помисли какви непроценливи и трајни штети има државата заради наместени тендери, секој трошок би бил ситен. Впрочем, директно земениот рушвет е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто мораме да живееме. Ако место пет сантиметри асфалт се стават четири и пол, патот нема долго да издржи, и пак ќе возиме низ дупки! Истото важи и ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за пет проценти. Не е случајно што квалитетот на нашите патишта е најлош во регионот. Или, поблизок пример за сите. Кога се обележуваат улиците, патиштата, пешачките премини... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее цела година и подолго. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век, а патиштата ни се небезбедни и на нив масовно се гине. Во сите тие случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција којашто ја дале, никој не се осмелува да го контролира квалитетот на нивните изведби. Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите други комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело на ангажираните да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност. Во Југославија, на пример, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до доверливи, и строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција. Традиционално, државата реализира мал процент од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, некои ги избегнуваат... и работите не одат. Со еден радикален пристап, се чини, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта. За крај, уште еден парадокс, којшто може веднаш да се надмине. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија! А извештаите регистрираат едно чудо злоупотреби во голем дел од државните институции. Во општина Тетово, на пример, во времето на Теута Арифи, имало повеќе десетици „вработени“ коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои си работеле и во странство!? И никому ништо. Владата мора да обезбеди овие извештаи по автоматизам да бидат поле за акција на ЈО. Инаку, чуму Државен завод за ревизија?

The post Фали стратегија за борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Тешки одлуки ни претстојат https://republika.mk/kolumni/teshki-odluki-ni-pretstojat/ Wed, 25 Sep 2024 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=819663

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас.

Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна.

Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против?

Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените.

Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите.

Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија.

Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност.

Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји.

Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките.

Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките.

По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење.

На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика.

Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми.

Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема.

Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите.

Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно!

Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности.

Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме.

Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ.

По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас. Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна. Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против? Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените. Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите. Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија. Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност. Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји. Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките. Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките. По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење. На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика. Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми. Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема. Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите. Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно! Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности. Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме. Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ. По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>
Нова студена војна во културата https://republika.mk/kolumni/nova-studena-vojna-vo-kulturata/ Wed, 25 Sep 2024 08:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=819441

Васко Шутаров

„Историјата“, пишуваше Арчибалд Меклиш, „е како лошо изградена концертна сала, со мртви агли каде што музиката не се слуша! Таа концертна сала бара поинаква акустика, поинаква мелодија од онаа што ја изведуваат вистинските виртуози од времето во кое живееме. Тоа е таа тајна историја, која сака да верува во важноста на силата на личните односи, тајните договори и во важноста на салонската дипломатија и будоарското политиканство!“ Секоја историја што сака да ги испита овие „договорени факти“ од мртвите агли на концертната сала, мора да се помири со фактот дека заедно со неа станува дел од еден ист „чин на богохулење”, велеше книжевниот критичар и филозоф Цветан Тодоров!

Живееме и создаваме историја додека ги пополнуваме личните и колективните празнини од сознанијата за неа, обидувајќи се (најчесто од нужда!) да извлечеме брзи поуки колку да не ги повторуваме старите грешки! Живееме и создаваме историја, жива и непосредна, верувајќи најмногу во вредностите на човековиот слободен дух и слободен креативен чин, во развојот на светот преку културата, преку образованието и науката и верувајќи силно во идеалот за совршено конструирана концертна сала исполнета со акустиката која ги слави и воспева универзалните вредности за неприкосновеноста на слободите, еднаквоста и правата на секој човек подеднакво! Но живееме и потполно свесни за историјата од мртвите и мрачни агли од концертната сала, каде со леснотија и фриволност, се емитира една поинаква акустика исполнета со диктати, закани и уцени, со ѕвечкања од оружја, со војнички ритми и барабани, со топовски татнежи, крици и лелеци!

Сите сенки од мрачните агли, во кои тајно се договарале војни и примирја, во кои се кроеле и раскројувале карти за поделби на држави и народи и се вршеле прераспределби на светската моќ, се надвиснати и се оживеани во актуелниов миг кој го живееме - оживеана е Студената војна од минатиот век, се разгоруваат старите рани на недовршените војни од сите минати векови!

Актуелниов миг што го живееме толку јасно ни ја исцртува несовршената архитектура на концертнава сала од нашите животи и така гласно ни ја доловува акустиката во која гласовите на првенците од културата, од образованието и од науката се губат покрај какофонијата емитирана од мртвите агли во салата за креирање историја! Лесното и фриволното, за чудо, најдобро се разбира со акустиката што ја емитираат токму оние со тврдо уво за култура, наука и знаење и најлесно го следи диктатот на тврдата моќ во политиката и во дипломатијата - и тој тренд станува доминантен во креирањето на нашите животи и во времето во кое живееме!

Но, зошто тогаш, толку многу се вложува во развојот на меката моќ во дипломатијата, посебно во културната дипломатија - и тоа многукратно повеќе отколку во времето на нејзината најголема експанзија за време на Студената војна од втората половина на минатиот век?! Созреа ли свеста, дека темпото со кое тврдата моќ во меѓународните односи го диктира нивниот „развој“ може потполно да ја измести оската околу која балансира во моментов светот, а со балансот може лесно да се „изгуби и компасот“ со кој би се уништил и светот, и тоа многукратно! Созреа ли можеби свеста дека во срцевината на сите недоразбирања, констернации и конфликти, сепак се кријат културолошки проблеми и дека само културата и културната дипломатија можат најлесно и најбрзо да се справат со нив и благовремено да ги превенираат?! Но, да беше само до свеста и до нејзиното созревање, немаше да бидат војните сè уште постојани теми од дневниот ред на светската политика!

За чудо, денес полесно ќе дојдеме до податоци, колку секоја од државите издвојува за оружје, за развој на новите воени технологии и за развој на сопствената воена моќ, отколку до податоци колкави се издвојувањата за развој на нивната мека моќ и колкав е обемот на ресурсите за стекнување допадливост, веродостојност и убедливост во освојувањата на срцата и умовите на граѓаните и народите ширум светот! Од она малку што се знае, борбата за влијателност во дизајнирањето на архитектурата на актуелниов меѓународен поредок е исклучително скапа работа!

Она што денес и во разгорот на новата Студена војна во културата ја прави културната дипломатија незаменлива и исклучително потребна (освен потребата од тоа да отвора прозорци за соработка и кога сите други врати за дипломатска комуникација се затворени), е што непогрешливо точно токму преку нејзините алатки и инструменти, најлесно може да ги детектира и исцрта маркерите на конфронтирање и маркерите на кооперативност помеѓу културите, заедниците, народите и државите во светот!

Експертите и познавачите на културната дипломатија, многу добро ги распознаваат тие маркери на конфронтација или кооперативност и токму преку нив, таму каде културните дипломатии фронтално се соочуваат и не изнаоѓаат модуси за соработка и продлабочување на партнерствата, ги исцртуваат границите на новата Студена војна во културата!

Тие сигнали кои културната дипломатија прва ургентно ги испраќа, за жал денес се и предвесници на вистински брутални војни - војната на истокот на Европа и на Блискиот Исток се непогрешлив показател за тоа! Руската културна дипломатија долго пред започнувањето на војната имаше приоритетна задача да ја таргетира Белорусија и Украина, а во вторава посебно фокусирајќи се на Русите во Украина и Украинците кои негуваа сентименти кон некогашнот Советски Сојуз! Но, таа културно-дипломатска акција беше базирана врз груби и не докрај ажурирани согледувања за културолошкиот контекст каде требаше да деjствува -и не успеа во својата мисија!

Американците и покрај вложувањата на огромни ресурси за враќање на довербата и влијанието меѓу арапскиот свет (изгубени во акциите од т.н. Арапска пролет), се во слична позиција, да не ги согледуваат и прифаќаат како факт промените во новоструктурираните културолошки контексти, посебно оние кои не им конвенираат и затоа не успеваат да создадат наклонетост и стекнат поддршка за својата политика и политиката на нивниот најверен стратешки сојузник во тој регион, Израел! Барем не во рамките на нивните можности и стандардни очекувања!

Местата кои американската и руската културна дипломатија ги губат, веднаш ги пополнуваат останатите моќни културни дипломатии. Во најголем подем последниве деценија, несомнено се кинеската и индиската културна дипломатија, а нив во чекор ги следат јужнокорејската, јапонската, виетнамската, сингапурската, австралиската, канадската, британската, француската, германската, шпанската, италијанската, бразилската и турската културна дипломатија. Тоа се денес најмоќните и највлијателни 17 културни дипломатии во светот - главни актери во креирањето на амбиентот на Студена војна во културните односи на светската меѓународна сцена! Во актуелнава Студена војна, тоа не се два непомирливи политички, идеолошки, економски, воени и културолошки блока како во втората половина од минатиот век, туку се неколку динамични фронта околу кои се групираат, од една страна, поддржувачите на унилатералниот модел на уредување на меѓународните односи, креиран од САД и групацијата од држави БРИКС, кои претендираат за нов, и според нив и поправичен мултиполарен систем на меѓународни односи!

Како во архитектурата на концертнава сала денес да се позиционираат помалите држави кои по ниту еден релевантен параметар не се моќни за да можат да практикуваат тврда моќ (територија, население, економска, енергетска и воена моќ), а истовремено и да парираат во креирањето предности и поволности од кои ќе можат да го искористат најдоброто за себе, во актуелнава констелација на моќ во светски рамки?! Како поинаку, ако не преку сите можни, и стари и нови алатки и содржини на културната дипломатија, кои им стојат на располагање! Привлечната моќ на една Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Финска, случајно да не се должи на некакво практикување тврда моќ на нивните дипломатии?! Или привлечната моќ и популарноста на една Хрватска како првокласна и престижна туристичка дестинација или видливоста на Србија на спортските арени ширум светот или на картата на светски познатите музички фестивал, како „Егзит“ на пример, да не се добри практики на хрватската и српската тврда моќ во дипломатијата?!

Македонија нема друг избор, освен да се избори да се слушне и добро да се разбере нејзиниот глас во акустикава на новодизајнираната концертна сала што во моментов ја креира светската историја! Вложувањата во највредното што го поседуваме, во огромното и непроценливо културно наследство, во промоцијата на фоклорот и традицијата, во промоцијата на македонскиот јазик, во поддршката на сите гранки на културата и уметноста, во развојот на креативните и културните индустрии, во промоцијата на природните убавини, во понудата на нашата храна и вино, во вложувањата во спортот, во образованието и во науката и постојаната грижа и поддршка за младите во тие области - тоа се најисплатливи инвестиции во креирањето што поповолна и посакувана перцепција за државата на меѓународен план.

Македонија како држава, може и мора, што поскоро да излезе од замката да биде позната само како земја која е бескрајно долго врзана за двете спорни прашања со своите соседи! Најголем хендикеп за културната дипломатија на една држава е кога станува препознатлива само по некој проблем од меѓународни размери! А наследници сме на една моќна и низ вековите самоодржлива култура, која нè обврзува да ги надминеме и сите замки и сите препреки и заедно со она што современата македонска култура може да му го понуди на светот како вредност, да го испромовираме на најсоодветен начин!

Секој од нас може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Секој наш граѓанин што живее надвор од државата, може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Сите државни институции, мора да бидат дел од тој културно-дипломатски подвиг!

Не смееме да си дозволиме, ни за момент, да заборавиме каде припаѓаме и каде е нашето место во концертнава сала во која се креира современата историја и секогаш мораме да се позиционираме колку што можеме подобро и поумешно во новиве меѓународно-политички нонстелации на односи и контексти! Не смееме да заборавиме ни за момент кои сме и мораме секогаш да останеме видливи под светлата на рефлекторите и слушнати во акустиката која културата и културната дипоматија може најдобро да ја артикулираат! Во таа акустика, зарем не е доволно за почеток, само нашиот раритетен седум осмински такт да одекне, па да нè слушнат, да нè препознаат и да нè разберат сите! Дури и оние со тврди уши за убавото и возвишеното за културата, од мртвите агли на концертнава сала што креира историја, сегашност и иднина!

The post Нова студена војна во културата appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

„Историјата“, пишуваше Арчибалд Меклиш, „е како лошо изградена концертна сала, со мртви агли каде што музиката не се слуша! Таа концертна сала бара поинаква акустика, поинаква мелодија од онаа што ја изведуваат вистинските виртуози од времето во кое живееме. Тоа е таа тајна историја, која сака да верува во важноста на силата на личните односи, тајните договори и во важноста на салонската дипломатија и будоарското политиканство!“ Секоја историја што сака да ги испита овие „договорени факти“ од мртвите агли на концертната сала, мора да се помири со фактот дека заедно со неа станува дел од еден ист „чин на богохулење”, велеше книжевниот критичар и филозоф Цветан Тодоров! Живееме и создаваме историја додека ги пополнуваме личните и колективните празнини од сознанијата за неа, обидувајќи се (најчесто од нужда!) да извлечеме брзи поуки колку да не ги повторуваме старите грешки! Живееме и создаваме историја, жива и непосредна, верувајќи најмногу во вредностите на човековиот слободен дух и слободен креативен чин, во развојот на светот преку културата, преку образованието и науката и верувајќи силно во идеалот за совршено конструирана концертна сала исполнета со акустиката која ги слави и воспева универзалните вредности за неприкосновеноста на слободите, еднаквоста и правата на секој човек подеднакво! Но живееме и потполно свесни за историјата од мртвите и мрачни агли од концертната сала, каде со леснотија и фриволност, се емитира една поинаква акустика исполнета со диктати, закани и уцени, со ѕвечкања од оружја, со војнички ритми и барабани, со топовски татнежи, крици и лелеци! Сите сенки од мрачните агли, во кои тајно се договарале војни и примирја, во кои се кроеле и раскројувале карти за поделби на држави и народи и се вршеле прераспределби на светската моќ, се надвиснати и се оживеани во актуелниов миг кој го живееме - оживеана е Студената војна од минатиот век, се разгоруваат старите рани на недовршените војни од сите минати векови! Актуелниов миг што го живееме толку јасно ни ја исцртува несовршената архитектура на концертнава сала од нашите животи и така гласно ни ја доловува акустиката во која гласовите на првенците од културата, од образованието и од науката се губат покрај какофонијата емитирана од мртвите агли во салата за креирање историја! Лесното и фриволното, за чудо, најдобро се разбира со акустиката што ја емитираат токму оние со тврдо уво за култура, наука и знаење и најлесно го следи диктатот на тврдата моќ во политиката и во дипломатијата - и тој тренд станува доминантен во креирањето на нашите животи и во времето во кое живееме! Но, зошто тогаш, толку многу се вложува во развојот на меката моќ во дипломатијата, посебно во културната дипломатија - и тоа многукратно повеќе отколку во времето на нејзината најголема експанзија за време на Студената војна од втората половина на минатиот век?! Созреа ли свеста, дека темпото со кое тврдата моќ во меѓународните односи го диктира нивниот „развој“ може потполно да ја измести оската околу која балансира во моментов светот, а со балансот може лесно да се „изгуби и компасот“ со кој би се уништил и светот, и тоа многукратно! Созреа ли можеби свеста дека во срцевината на сите недоразбирања, констернации и конфликти, сепак се кријат културолошки проблеми и дека само културата и културната дипломатија можат најлесно и најбрзо да се справат со нив и благовремено да ги превенираат?! Но, да беше само до свеста и до нејзиното созревање, немаше да бидат војните сè уште постојани теми од дневниот ред на светската политика! За чудо, денес полесно ќе дојдеме до податоци, колку секоја од државите издвојува за оружје, за развој на новите воени технологии и за развој на сопствената воена моќ, отколку до податоци колкави се издвојувањата за развој на нивната мека моќ и колкав е обемот на ресурсите за стекнување допадливост, веродостојност и убедливост во освојувањата на срцата и умовите на граѓаните и народите ширум светот! Од она малку што се знае, борбата за влијателност во дизајнирањето на архитектурата на актуелниов меѓународен поредок е исклучително скапа работа! Она што денес и во разгорот на новата Студена војна во културата ја прави културната дипломатија незаменлива и исклучително потребна (освен потребата од тоа да отвора прозорци за соработка и кога сите други врати за дипломатска комуникација се затворени), е што непогрешливо точно токму преку нејзините алатки и инструменти, најлесно може да ги детектира и исцрта маркерите на конфронтирање и маркерите на кооперативност помеѓу културите, заедниците, народите и државите во светот! Експертите и познавачите на културната дипломатија, многу добро ги распознаваат тие маркери на конфронтација или кооперативност и токму преку нив, таму каде културните дипломатии фронтално се соочуваат и не изнаоѓаат модуси за соработка и продлабочување на партнерствата, ги исцртуваат границите на новата Студена војна во културата! Тие сигнали кои културната дипломатија прва ургентно ги испраќа, за жал денес се и предвесници на вистински брутални војни - војната на истокот на Европа и на Блискиот Исток се непогрешлив показател за тоа! Руската културна дипломатија долго пред започнувањето на војната имаше приоритетна задача да ја таргетира Белорусија и Украина, а во вторава посебно фокусирајќи се на Русите во Украина и Украинците кои негуваа сентименти кон некогашнот Советски Сојуз! Но, таа културно-дипломатска акција беше базирана врз груби и не докрај ажурирани согледувања за културолошкиот контекст каде требаше да деjствува -и не успеа во својата мисија! Американците и покрај вложувањата на огромни ресурси за враќање на довербата и влијанието меѓу арапскиот свет (изгубени во акциите од т.н. Арапска пролет), се во слична позиција, да не ги согледуваат и прифаќаат како факт промените во новоструктурираните културолошки контексти, посебно оние кои не им конвенираат и затоа не успеваат да создадат наклонетост и стекнат поддршка за својата политика и политиката на нивниот најверен стратешки сојузник во тој регион, Израел! Барем не во рамките на нивните можности и стандардни очекувања! Местата кои американската и руската културна дипломатија ги губат, веднаш ги пополнуваат останатите моќни културни дипломатии. Во најголем подем последниве деценија, несомнено се кинеската и индиската културна дипломатија, а нив во чекор ги следат јужнокорејската, јапонската, виетнамската, сингапурската, австралиската, канадската, британската, француската, германската, шпанската, италијанската, бразилската и турската културна дипломатија. Тоа се денес најмоќните и највлијателни 17 културни дипломатии во светот - главни актери во креирањето на амбиентот на Студена војна во културните односи на светската меѓународна сцена! Во актуелнава Студена војна, тоа не се два непомирливи политички, идеолошки, економски, воени и културолошки блока како во втората половина од минатиот век, туку се неколку динамични фронта околу кои се групираат, од една страна, поддржувачите на унилатералниот модел на уредување на меѓународните односи, креиран од САД и групацијата од држави БРИКС, кои претендираат за нов, и според нив и поправичен мултиполарен систем на меѓународни односи! Како во архитектурата на концертнава сала денес да се позиционираат помалите држави кои по ниту еден релевантен параметар не се моќни за да можат да практикуваат тврда моќ (територија, население, економска, енергетска и воена моќ), а истовремено и да парираат во креирањето предности и поволности од кои ќе можат да го искористат најдоброто за себе, во актуелнава констелација на моќ во светски рамки?! Како поинаку, ако не преку сите можни, и стари и нови алатки и содржини на културната дипломатија, кои им стојат на располагање! Привлечната моќ на една Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Финска, случајно да не се должи на некакво практикување тврда моќ на нивните дипломатии?! Или привлечната моќ и популарноста на една Хрватска како првокласна и престижна туристичка дестинација или видливоста на Србија на спортските арени ширум светот или на картата на светски познатите музички фестивал, како „Егзит“ на пример, да не се добри практики на хрватската и српската тврда моќ во дипломатијата?! Македонија нема друг избор, освен да се избори да се слушне и добро да се разбере нејзиниот глас во акустикава на новодизајнираната концертна сала што во моментов ја креира светската историја! Вложувањата во највредното што го поседуваме, во огромното и непроценливо културно наследство, во промоцијата на фоклорот и традицијата, во промоцијата на македонскиот јазик, во поддршката на сите гранки на културата и уметноста, во развојот на креативните и културните индустрии, во промоцијата на природните убавини, во понудата на нашата храна и вино, во вложувањата во спортот, во образованието и во науката и постојаната грижа и поддршка за младите во тие области - тоа се најисплатливи инвестиции во креирањето што поповолна и посакувана перцепција за државата на меѓународен план. Македонија како држава, може и мора, што поскоро да излезе од замката да биде позната само како земја која е бескрајно долго врзана за двете спорни прашања со своите соседи! Најголем хендикеп за културната дипломатија на една држава е кога станува препознатлива само по некој проблем од меѓународни размери! А наследници сме на една моќна и низ вековите самоодржлива култура, која нè обврзува да ги надминеме и сите замки и сите препреки и заедно со она што современата македонска култура може да му го понуди на светот како вредност, да го испромовираме на најсоодветен начин! Секој од нас може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Секој наш граѓанин што живее надвор од државата, може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Сите државни институции, мора да бидат дел од тој културно-дипломатски подвиг! Не смееме да си дозволиме, ни за момент, да заборавиме каде припаѓаме и каде е нашето место во концертнава сала во која се креира современата историја и секогаш мораме да се позиционираме колку што можеме подобро и поумешно во новиве меѓународно-политички нонстелации на односи и контексти! Не смееме да заборавиме ни за момент кои сме и мораме секогаш да останеме видливи под светлата на рефлекторите и слушнати во акустиката која културата и културната дипоматија може најдобро да ја артикулираат! Во таа акустика, зарем не е доволно за почеток, само нашиот раритетен седум осмински такт да одекне, па да нè слушнат, да нè препознаат и да нè разберат сите! Дури и оние со тврди уши за убавото и возвишеното за културата, од мртвите агли на концертнава сала што креира историја, сегашност и иднина!

The post Нова студена војна во културата appeared first on Република.

]]>
Напред Бојко, Румен… ги избришавте Бугарите во Македонија, на ред се Бугарите во Бугарија https://republika.mk/kolumni/napred-bojko-rumen-gi-izbrishavte-bugarite-vo-makedonija-na-red-se-bugarite-vo-bugarija/ Sat, 21 Sep 2024 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=818416

Ламбе Арнаудов

Така се прави тоа. Кога ќе зафати тешка болест кај еден, двајца, тројца политичари, веднаш преминува во епидемија.
Оваа тешка болест со ретка дијагноза во светот, а толку честа кај вас, се нарекува непризнавање на народи и е препознатлива по тоа што е неизлечива.

Болеста го напаѓа мозокот и стануваш несвесен, а се манифестира со познати симптоми што кога нацијата што ја напаѓаш ќе се одбрани не можеш да запреш и својот бес го истураш врз својот народ и му правиш големи штети, а само ти не си свесен, иако цел свет тоа го гледа и ви се смее.

Низ призмата на прекршената светлост, на актуелната состојба во меѓусоседските односи помеѓу Македонија и Бугарија, овие денови сме сведоци на оркестрирани напади, апсолутно непринципиелни, кон премиерот Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата и заменик премиер, министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Упатените несмасни, крајно вулгарни забелешки од страна на високи бугарски функционери и историчари воопшто не допираат до нас и не нé вознемируваат.

Единствена реакција наша е чудењето, со каква леснотија се мешате во внатрешната политика на една суверена, самостојна, независна и демократска држава како што е Македонија, и тоа од земја членка на ЕУ што според Уставот е апсолутно не е дозволено.
Да не се замислувате пратеници вие во македонскиот парламент и барате оставка на министер од Влада на друга држава, во конкретниов случај Македонија.

Смешни и неприфатливи се упатените навреди кон луѓето кои чесно, одговорно и достоинствено си ја работат својата работа. Наидовте на тврд орев со силно развиен патриотски дух неопходен за вистински лидери и трибуни на македонскиот народ и Македонија и затоа не сте навикнати, не се како досегашните таканаречени лидери од Македонија кои пред вас овде клечеа и ползеа.

Но, Не, по сé изгледа вие не сте нецивилизирани политичари, професионалци нималку, аматери кои ја упропастувате дипломатската и политичката професија, туку дилетанти од прва категорија.

Со својата крајно неодговорна политика на негирање на сé што е македонско, во последно време еруптивно нагласено, со видлива омраза успеавте да ги избришете Бугарите во Македонија од 169 на неколкумина.

Вашата недоветна национална политика се претвори во стимулативна одбојност, и вие станавте асимилатори и малиот број бугарски граѓани уште повеќе се намали.

Домино ефектот е необјаснив на вистинитиот ефект и ќе се одрази и понатака во нашиот дел во Бугарија.

Уште еден пример дека вашиот дилетантизам во политиката има историски корени.
На пописот во 1946 година во Пиринска Македонија имало околу 200.000 Македонци, со апсолутно примена на законодавството на чиста автономија.

Само неколку години подоцна на следниот попис да има само десетина илјади запишани Македонци.

Запрашан новиот премиер и прв секретар на бугарската работничка партија Тодор Живков, во Обединетите нации во одборот за човекови права, слободи и самоопределување, каде исчезнаа толкав број Македонци одговорил:

Моите претходни водачи комунисти, чистокрвни Бугари со силна репресија и принуда ги терале Бугарите да се чувствуваат Македонци.

Додека сега со него слободно демократски ја изразуваат национална припадност.

И, сега се паѓа во вода, што постојано нé нарекувате нас Титова творба кога и вие самите сте биле вешти “производители“ на македонската нација, идентитет, култура, јазик и сé друго што нé прави различни од сите па и од вас.

Во овој период, до црната интервенција на Живков, двата народи, македонскиот и бугарскиот, толку се зближија, се почитуваа и ги истакнуваа различностите што за среќа воопшто не делуваше на расположението.

Се појави Живков и го запира.

Повторно, до пред неколку години, полека но сигурно тоа се надминуваше и бевме сведоци на извонредно релаксирани односи меѓу двата народа со должно взаемно почитување на посебноста.

И, ете ти го вториот Живков, сега во Македонија, Заев влета во замката вешто поставена но за среќа се сопна на македонскиот народ.
Поука: Ниту еден договор, протокол, декларација на вакви политичари како вас и вашиот Заев, не може да направи подобри меѓусоседски односи меѓу двата народи освен самите тие: Македонците и Бугарите.

А, Пирин е наш, македонски. Тој е нашиот Пијамонт. Ќе живееме сложно, заедно, со меѓусебно почитување на актуелноста. Во спротивно вие ќе бидете виновни што вечниот сон и понатака ќе го сонуваме сé додека не стане јаве. Друго нема!

Вистината боли. Вам ви е јасно како светол ден. Затоа сте и така настрвени.

Убеден сум дека разумот ќе надвладее!

The post Напред Бојко, Румен… ги избришавте Бугарите во Македонија, на ред се Бугарите во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Така се прави тоа. Кога ќе зафати тешка болест кај еден, двајца, тројца политичари, веднаш преминува во епидемија. Оваа тешка болест со ретка дијагноза во светот, а толку честа кај вас, се нарекува непризнавање на народи и е препознатлива по тоа што е неизлечива. Болеста го напаѓа мозокот и стануваш несвесен, а се манифестира со познати симптоми што кога нацијата што ја напаѓаш ќе се одбрани не можеш да запреш и својот бес го истураш врз својот народ и му правиш големи штети, а само ти не си свесен, иако цел свет тоа го гледа и ви се смее. Низ призмата на прекршената светлост, на актуелната состојба во меѓусоседските односи помеѓу Македонија и Бугарија, овие денови сме сведоци на оркестрирани напади, апсолутно непринципиелни, кон премиерот Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата и заменик премиер, министер за транспорт и врски Александар Николоски. Упатените несмасни, крајно вулгарни забелешки од страна на високи бугарски функционери и историчари воопшто не допираат до нас и не нé вознемируваат. Единствена реакција наша е чудењето, со каква леснотија се мешате во внатрешната политика на една суверена, самостојна, независна и демократска држава како што е Македонија, и тоа од земја членка на ЕУ што според Уставот е апсолутно не е дозволено. Да не се замислувате пратеници вие во македонскиот парламент и барате оставка на министер од Влада на друга држава, во конкретниов случај Македонија. Смешни и неприфатливи се упатените навреди кон луѓето кои чесно, одговорно и достоинствено си ја работат својата работа. Наидовте на тврд орев со силно развиен патриотски дух неопходен за вистински лидери и трибуни на македонскиот народ и Македонија и затоа не сте навикнати, не се како досегашните таканаречени лидери од Македонија кои пред вас овде клечеа и ползеа. Но, Не, по сé изгледа вие не сте нецивилизирани политичари, професионалци нималку, аматери кои ја упропастувате дипломатската и политичката професија, туку дилетанти од прва категорија. Со својата крајно неодговорна политика на негирање на сé што е македонско, во последно време еруптивно нагласено, со видлива омраза успеавте да ги избришете Бугарите во Македонија од 169 на неколкумина. Вашата недоветна национална политика се претвори во стимулативна одбојност, и вие станавте асимилатори и малиот број бугарски граѓани уште повеќе се намали. Домино ефектот е необјаснив на вистинитиот ефект и ќе се одрази и понатака во нашиот дел во Бугарија. Уште еден пример дека вашиот дилетантизам во политиката има историски корени. На пописот во 1946 година во Пиринска Македонија имало околу 200.000 Македонци, со апсолутно примена на законодавството на чиста автономија. Само неколку години подоцна на следниот попис да има само десетина илјади запишани Македонци. Запрашан новиот премиер и прв секретар на бугарската работничка партија Тодор Живков, во Обединетите нации во одборот за човекови права, слободи и самоопределување, каде исчезнаа толкав број Македонци одговорил:
Моите претходни водачи комунисти, чистокрвни Бугари со силна репресија и принуда ги терале Бугарите да се чувствуваат Македонци.
Додека сега со него слободно демократски ја изразуваат национална припадност. И, сега се паѓа во вода, што постојано нé нарекувате нас Титова творба кога и вие самите сте биле вешти “производители“ на македонската нација, идентитет, култура, јазик и сé друго што нé прави различни од сите па и од вас. Во овој период, до црната интервенција на Живков, двата народи, македонскиот и бугарскиот, толку се зближија, се почитуваа и ги истакнуваа различностите што за среќа воопшто не делуваше на расположението. Се појави Живков и го запира. Повторно, до пред неколку години, полека но сигурно тоа се надминуваше и бевме сведоци на извонредно релаксирани односи меѓу двата народа со должно взаемно почитување на посебноста. И, ете ти го вториот Живков, сега во Македонија, Заев влета во замката вешто поставена но за среќа се сопна на македонскиот народ. Поука: Ниту еден договор, протокол, декларација на вакви политичари како вас и вашиот Заев, не може да направи подобри меѓусоседски односи меѓу двата народи освен самите тие: Македонците и Бугарите. А, Пирин е наш, македонски. Тој е нашиот Пијамонт. Ќе живееме сложно, заедно, со меѓусебно почитување на актуелноста. Во спротивно вие ќе бидете виновни што вечниот сон и понатака ќе го сонуваме сé додека не стане јаве. Друго нема! Вистината боли. Вам ви е јасно како светол ден. Затоа сте и така настрвени. Убеден сум дека разумот ќе надвладее!

The post Напред Бојко, Румен… ги избришавте Бугарите во Македонија, на ред се Бугарите во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Турција меѓу ЕУ и БРИКС https://republika.mk/kolumni/turtsija-megu-eu-i-briks/ Mon, 16 Sep 2024 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=816800

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели.

Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот.

Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир.

Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори.

Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва.

Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна.

Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС.

Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме?

Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ?

Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права.

Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година.

За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход.

Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС.

Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел.

Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО.

Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации.

Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.

 

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели. Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот. Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир. Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори. Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва. Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна. Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС. Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме? Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ? Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права. Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година. За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход. Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС. Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел. Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО. Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации. Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.  

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>
Воздигнување, не понижување! https://republika.mk/kolumni/vozdignuvane-ne-ponizhuvane/ Mon, 16 Sep 2024 07:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=816670

Васко Шутаров

Кога вистински сакаме да ги продлабочиме нашите лични односи, дали тоа биле пријателски, другарски, колегијални или комшиски односи, се договараме да излеземе некаде, да седнеме на иста маса, да се напиеме и да јадеме нешто - и патем да си кажеме нешто и за она, за кое во вообичаени прилики немаме или волја или време да си кажеме! „Храната и љубовта влегуваат низ уста“, па масата станува мегдан на кој се отвораат сите сетила, место каде се разменува добра енергија и полесно се препознава непосредна човечка димензија!

Кога во нашите лични односи, од љубовни, преку пријателски, до колегијални, споделуваме и слушаме слична или иста музика, нашиот однос не само што го продлабочуваме, туку и го облагородуваме! Во таквиот однос ние меѓусебно и се воздигнуваме, а на заеднички споделените моменти им додаваме димензија на вонвременост. Тогаш и најлесно разбираме, колку подобар и поубав би бил и животот, кога за да успееме на личен или професионален план, не мора никого да повредуваме или да понижуваме (или не дај Боже, газиме и уништуваме!), туку само треба да се воздигнеме до заедничкиот и успехот на секој од нас, поединечно! Звучи едноставно?! Звучи точно така, како што само музиката може, лесно и едноставно да понесе и пренесе во пределите на вонвременски вечното!

Како во личните, така и во деловните и политичките односи, седнувањето на иста маса, на ручек или на вечера, посебно по исцрпувачки и долги седења на преговарачка маса, може да биде исклучително корисно и плодотворно! Многу важни договори и зделки паѓале на асталска маса-во поопуштено расположение, кога полесно пукаат рабовите на стегнатите бизнисменски или политички костуми, кога покрај професионалната се подотвора и личната човечка димензија.

Во дипломатијата, од најстари времиња биле користени овие искуства од личните меѓучовечки односи. Седнувањето на иста маса, понудата на најдоброто и највкусното од домашната кујна и во амбиент исполнет со музика која треба да маѓепса и плени, чинат неодвоив дел и од модерните дипломатски практики, кои денес имаат и свое име, мека моќ во дипломатијата или поточно, гастродипломатија и културна дипломатија.

............................................................................................

Кога во 1977 година беа лансирани во вселената „Voyager 1“ и „Voyager 2“, тим раководен од Карл Сејган (кај нас попознат како Саган), внимателно селектирал звуци и музика, кои на најдобар начин би ја претставиле човековата цивилизација, во некаква замислена средба со цивилизации од други планети и галаксии. „Златната плоча“ која била испратена, се состоела од музика, звуци и слики: со „Brandenburg Concerto“ на Бах, со сенегалска и со маријачи музика, со Johnny B. Goode на Чак Бери и музика со Луис Армстронг, музички фрагменти од Игор Стравински, снимени звуци на детско плачење, снимено чекорење, лансирање ракета, смеа и „Здраво“ на 55 различни јазици! Еден од најголемите умови на минатиот век, астрофизичарот Карл Сејган бил убеден дека музиката содржи универзален код за препознавање и разбирање, дури и со непознати и само претпоставени цивилизации, светлосни години далеку од нашава планета.

Еден од најголемите и највлијателни мислители на 19 век, Фридрих Ниче, пишувал многу за моќта на музиката. „Без музика, животите би ни биле грешка! Бог ни дал музика, пред сè, за да нè подигне! Музиката ги обединува сите квалитети: може да нè воздигне, да нè пренасочи, да нè расположи или да ги скрши и најтврдите срца со своите најнежни меланхолични тонови. Но, нејзината главна задача е да ги води нашите мисли кон повисоки нешта, да ги воздигне, да нè растрепери... Музичката уметност често зборува со звуци попродорни од зборовите на поезијата и оди во скриените процепи на срцето… Песната го воздигнува нашето битие и нè води кон добрината и вистината“.

Кога во 21 век, во 2024 година, два блиски и соседски народи се обидуваат преку безвременската музика на Вагнер и Верди да создадат подобра клима на меѓусебно разбирање, доверба, наклонетост и пријателство, постојат сè уште такви, кои се прашуваат - што бара музиката во тоа?! Освен добрина и вистина?!

(Тврди уши за вонвременското во културата, уметноста и музиката, имало и ќе има?! Политичари воспитувани да практикуваат само тврда моќ во политиката и дипломатијата, исто така имало и ќе има! И тоа, колку ни душа сака!)

.................................................................................................................................

Кога во 19 век се создавани грандиозните опери од Верди и Вагнер, во Европа било исклучително тешко да се живее - беснееле болести и војни, а политичката клима била постојано наелектризирана, често до точка на вриење! Генијалниот музички дух со кој биле обдарени двајцата композитори, создавал музички дела за сите времиња, но таа музика била вткаена и во времето во кое била создавана! Токму музиката на Верди и Вагнер, кога во Европа било најтешко, имала химничка моќ да обединува и да воздигнува, со надеж за подобро!

Кога премиерно била изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Миланската Скала, во 1842 година, Италија претставувала само замислен географски збир од мноштво распарчени и меѓусебни конфронтирани кралства и кнежевства, кои за волја на вистината зборувале ист јазик, но меѓусебно не се разбирале најдобро! Велат, дека токму Набуко, а посебно химничната „Va pensiero“ („Летај мисло…“) ја имале таа маѓична обединувачка моќ околу која се здушиле  Италијаните во процесот за создавање своја држава!

(Иако имав многу тешкотии против кои се борев, сигурен сум дека Набуко беше родена под среќна ѕвезда, запишал Џузепе Верди непосредно по премиерата во Миланската Скала, во 1842 година.)

Кога на почетокот на 20 век, во 1901 година умира Верди, Италија е веќе обединета, етаблирана и респектирана држава и здушена во заедничка тага за својот велик композитор! Повеќе од 250.000 луѓе ја следат поворката со посмртните останки, а со фрагменти од „Набуко“ во изведба на 800 хористи, диригира славниот маестро Артуро Тосканини. Заедно со хорот, целиот насобран народ ја пее Va Pensiero, легендарната тема од „Набуко“ и извикува „Вива Верди!“

Музиката на Верди, уште за време на неговиот живот му обезбедила бесмртност, не само поради певливоста и мелодичноста на неговите најпознатите арии, туку и затоа што неговите опери биле музичка подлога за сите политички бури и превирања кои се случувале тогаш во Италија. Верди, кој и самиот бил вклучен во тие големи политички процеси, бил и пратеник во италијанскиот парламент, бил републиканец по убедување, бил жесток критичар на црковниот клер, бил беспоговорен и посветен патриот и либерал, а со својата музика бил и поттикнувач на сите позначајни политички промени!

Неговите опери „Травијата“, „Риголето“, „Аида“, денес се меѓу најпопуларните за оперската публика ширум светот и не постои година во која не се изведувани барем 300-400 пати на најпознатите музички сцени, од „Бољшој театарот“ во Москва, до „Метрополитен операта“ во Њујорк. Операта „Аида“, компонирана по повод отворањето на Суецкиот канал во 1871 година, има слична химнична моќ и се смета, покрај  „Набуко“, за негово друго најголемо музичко достигнување!

А музиката, посебно антологиската, каква што е операта „Набуко“ си го живее својот живот и си раскажува своја посебна животна приказна, паралелно, но и долго по животниот век на Верди! Недолго по премиерите во Милано, Виена, Париз и Берлин, помеѓу 1842 и 1845 година, вонвременската музичка приказна базирана на митолошки и библиски мотиви, добива и своја реална историска поткрепа-тоа се години во кои археолошките истражувања во некогашните предели на Асирија и Месопотамија, го потврдуваат постоењето на моќниот Вавилон и славнот цар Набукодоносор.

Вердиевата оперска приказна „Набуко“ ја следи и одредена мистична нишка, која не секогаш била разбирана лесно и од прва рака! На првата премиера по Втората светска војна, кога Италија е поразена, во 1946 година во „Ла Скала“, цела публика се крева на нозе и ја пее Va pensiero, како своја химна!

Посветените музички теоретичари и љубители на музиката на Верди, внимателно забележале дека интересот за Верди и за „Набуко“ секогаш расте кога се случуваат драматични политички констернации кои навестуваат грандиозни политички промени и дека публиката ширум светот во Набуко препознава симбол за повторно раѓање, надеж и верба во промените за подобра иднина!

....................................................................................................................

Убаво беше деновиве, листајќи ги веб-најавите на Софиската опера и балет, да се види дека оперската сезона 2024/2025 ќе ја отвори македонската НОБ со операта „Набуко“ од Верди, покрај операта „Турандот“ (со кој се одбележува големиот јубилеј на Пучини), покрај спектаклот „Големиот Гетсби“, покрај мастеркласот на светски познатата бугарска оперска дива Рајна Кабајванска, покрај „Кармен“ од Бизе и „Леонгрин“ од Вагнер, покрај доделувањето на Меѓународната награда „Никола Ѓузелев“ на светски познатата бугарска оперска дива, Александрина Пендачанска.

Убаво беше што, годинава, љубителите на оперската уметност во Скопје и Софија, имаа можност да го уживаат Вагнер во изведба на бугарски музички уметници и на Верди во изведба на македонски уметници - подобра и поблагородна културно-дипломатска иницијативност од оваа, здравје!

Убаво беше што двете соседски држави стекнаа нова публика и создадоа нови пријателства, базирани на заемно почитување и заедничко воздигнување со безвременското што го носи музиката на Вагнер и Верди. Македонската музичка, но и културно-дипломатска акција предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков, со респект и со надеж за подадена рака, се упатија деновиве кон најврвната музичка сцена во Софија, од која се изнедрени големите оперски имиња, од редот на еден Борис Христов, Стојан Попов, една Гена Димитрова, Николај Ѓауров, Ана Томова-Синтова - редум, сите до еден, незаборавни интерпретатори и на „Набуко“ од Верди!

Убаво ќе беше ако и бугарскиот политички врв ја препознаеше оваа благородна културно-дипломатска мисија и се придружеше во заедничките моменти за воздигнување над актуелните меѓудржавни состојби! Барем на моменти, колку да се испочитува вонвременското во културата и уметноста! Но, како рековме?! Понекогаш е исклучително тешко во тврдо уво да влезе добра, вистинита и убава порака, исто колку што е тешко, од старите школи за воспитување практиканти само за тврда моќ во политиката, да се изродат модерни политичари кои ќе бараат начини за взаемно почитување и воздигнување, наместо тврдоглаво и надмено понижување!

Македонската културна дипломатија понуди почит и воздигнување - и кој не ја разбра пораката од овогодинешниве мајски и септемвриски македонско-бугарски оперски свечености, може да продолжи да си ја свирка, само неговата! (од едното до другото тврдо уво!)

За жал, далеку од поубавата и почовечка страна на светот!

 

The post Воздигнување, не понижување! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Кога вистински сакаме да ги продлабочиме нашите лични односи, дали тоа биле пријателски, другарски, колегијални или комшиски односи, се договараме да излеземе некаде, да седнеме на иста маса, да се напиеме и да јадеме нешто - и патем да си кажеме нешто и за она, за кое во вообичаени прилики немаме или волја или време да си кажеме! „Храната и љубовта влегуваат низ уста“, па масата станува мегдан на кој се отвораат сите сетила, место каде се разменува добра енергија и полесно се препознава непосредна човечка димензија! Кога во нашите лични односи, од љубовни, преку пријателски, до колегијални, споделуваме и слушаме слична или иста музика, нашиот однос не само што го продлабочуваме, туку и го облагородуваме! Во таквиот однос ние меѓусебно и се воздигнуваме, а на заеднички споделените моменти им додаваме димензија на вонвременост. Тогаш и најлесно разбираме, колку подобар и поубав би бил и животот, кога за да успееме на личен или професионален план, не мора никого да повредуваме или да понижуваме (или не дај Боже, газиме и уништуваме!), туку само треба да се воздигнеме до заедничкиот и успехот на секој од нас, поединечно! Звучи едноставно?! Звучи точно така, како што само музиката може, лесно и едноставно да понесе и пренесе во пределите на вонвременски вечното! Како во личните, така и во деловните и политичките односи, седнувањето на иста маса, на ручек или на вечера, посебно по исцрпувачки и долги седења на преговарачка маса, може да биде исклучително корисно и плодотворно! Многу важни договори и зделки паѓале на асталска маса-во поопуштено расположение, кога полесно пукаат рабовите на стегнатите бизнисменски или политички костуми, кога покрај професионалната се подотвора и личната човечка димензија. Во дипломатијата, од најстари времиња биле користени овие искуства од личните меѓучовечки односи. Седнувањето на иста маса, понудата на најдоброто и највкусното од домашната кујна и во амбиент исполнет со музика која треба да маѓепса и плени, чинат неодвоив дел и од модерните дипломатски практики, кои денес имаат и свое име, мека моќ во дипломатијата или поточно, гастродипломатија и културна дипломатија. ............................................................................................ Кога во 1977 година беа лансирани во вселената „Voyager 1“ и „Voyager 2“, тим раководен од Карл Сејган (кај нас попознат како Саган), внимателно селектирал звуци и музика, кои на најдобар начин би ја претставиле човековата цивилизација, во некаква замислена средба со цивилизации од други планети и галаксии. „Златната плоча“ која била испратена, се состоела од музика, звуци и слики: со „Brandenburg Concerto“ на Бах, со сенегалска и со маријачи музика, со Johnny B. Goode на Чак Бери и музика со Луис Армстронг, музички фрагменти од Игор Стравински, снимени звуци на детско плачење, снимено чекорење, лансирање ракета, смеа и „Здраво“ на 55 различни јазици! Еден од најголемите умови на минатиот век, астрофизичарот Карл Сејган бил убеден дека музиката содржи универзален код за препознавање и разбирање, дури и со непознати и само претпоставени цивилизации, светлосни години далеку од нашава планета. Еден од најголемите и највлијателни мислители на 19 век, Фридрих Ниче, пишувал многу за моќта на музиката. „Без музика, животите би ни биле грешка! Бог ни дал музика, пред сè, за да нè подигне! Музиката ги обединува сите квалитети: може да нè воздигне, да нè пренасочи, да нè расположи или да ги скрши и најтврдите срца со своите најнежни меланхолични тонови. Но, нејзината главна задача е да ги води нашите мисли кон повисоки нешта, да ги воздигне, да нè растрепери... Музичката уметност често зборува со звуци попродорни од зборовите на поезијата и оди во скриените процепи на срцето… Песната го воздигнува нашето битие и нè води кон добрината и вистината“. Кога во 21 век, во 2024 година, два блиски и соседски народи се обидуваат преку безвременската музика на Вагнер и Верди да создадат подобра клима на меѓусебно разбирање, доверба, наклонетост и пријателство, постојат сè уште такви, кои се прашуваат - што бара музиката во тоа?! Освен добрина и вистина?! (Тврди уши за вонвременското во културата, уметноста и музиката, имало и ќе има?! Политичари воспитувани да практикуваат само тврда моќ во политиката и дипломатијата, исто така имало и ќе има! И тоа, колку ни душа сака!) ................................................................................................................................. Кога во 19 век се создавани грандиозните опери од Верди и Вагнер, во Европа било исклучително тешко да се живее - беснееле болести и војни, а политичката клима била постојано наелектризирана, често до точка на вриење! Генијалниот музички дух со кој биле обдарени двајцата композитори, создавал музички дела за сите времиња, но таа музика била вткаена и во времето во кое била создавана! Токму музиката на Верди и Вагнер, кога во Европа било најтешко, имала химничка моќ да обединува и да воздигнува, со надеж за подобро! Кога премиерно била изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Миланската Скала, во 1842 година, Италија претставувала само замислен географски збир од мноштво распарчени и меѓусебни конфронтирани кралства и кнежевства, кои за волја на вистината зборувале ист јазик, но меѓусебно не се разбирале најдобро! Велат, дека токму Набуко, а посебно химничната „Va pensiero“ („Летај мисло…“) ја имале таа маѓична обединувачка моќ околу која се здушиле  Италијаните во процесот за создавање своја држава! (Иако имав многу тешкотии против кои се борев, сигурен сум дека Набуко беше родена под среќна ѕвезда, запишал Џузепе Верди непосредно по премиерата во Миланската Скала, во 1842 година.) Кога на почетокот на 20 век, во 1901 година умира Верди, Италија е веќе обединета, етаблирана и респектирана држава и здушена во заедничка тага за својот велик композитор! Повеќе од 250.000 луѓе ја следат поворката со посмртните останки, а со фрагменти од „Набуко“ во изведба на 800 хористи, диригира славниот маестро Артуро Тосканини. Заедно со хорот, целиот насобран народ ја пее Va Pensiero, легендарната тема од „Набуко“ и извикува „Вива Верди!“ Музиката на Верди, уште за време на неговиот живот му обезбедила бесмртност, не само поради певливоста и мелодичноста на неговите најпознатите арии, туку и затоа што неговите опери биле музичка подлога за сите политички бури и превирања кои се случувале тогаш во Италија. Верди, кој и самиот бил вклучен во тие големи политички процеси, бил и пратеник во италијанскиот парламент, бил републиканец по убедување, бил жесток критичар на црковниот клер, бил беспоговорен и посветен патриот и либерал, а со својата музика бил и поттикнувач на сите позначајни политички промени! Неговите опери „Травијата“, „Риголето“, „Аида“, денес се меѓу најпопуларните за оперската публика ширум светот и не постои година во која не се изведувани барем 300-400 пати на најпознатите музички сцени, од „Бољшој театарот“ во Москва, до „Метрополитен операта“ во Њујорк. Операта „Аида“, компонирана по повод отворањето на Суецкиот канал во 1871 година, има слична химнична моќ и се смета, покрај  „Набуко“, за негово друго најголемо музичко достигнување! А музиката, посебно антологиската, каква што е операта „Набуко“ си го живее својот живот и си раскажува своја посебна животна приказна, паралелно, но и долго по животниот век на Верди! Недолго по премиерите во Милано, Виена, Париз и Берлин, помеѓу 1842 и 1845 година, вонвременската музичка приказна базирана на митолошки и библиски мотиви, добива и своја реална историска поткрепа-тоа се години во кои археолошките истражувања во некогашните предели на Асирија и Месопотамија, го потврдуваат постоењето на моќниот Вавилон и славнот цар Набукодоносор. Вердиевата оперска приказна „Набуко“ ја следи и одредена мистична нишка, која не секогаш била разбирана лесно и од прва рака! На првата премиера по Втората светска војна, кога Италија е поразена, во 1946 година во „Ла Скала“, цела публика се крева на нозе и ја пее Va pensiero, како своја химна! Посветените музички теоретичари и љубители на музиката на Верди, внимателно забележале дека интересот за Верди и за „Набуко“ секогаш расте кога се случуваат драматични политички констернации кои навестуваат грандиозни политички промени и дека публиката ширум светот во Набуко препознава симбол за повторно раѓање, надеж и верба во промените за подобра иднина! .................................................................................................................... Убаво беше деновиве, листајќи ги веб-најавите на Софиската опера и балет, да се види дека оперската сезона 2024/2025 ќе ја отвори македонската НОБ со операта „Набуко“ од Верди, покрај операта „Турандот“ (со кој се одбележува големиот јубилеј на Пучини), покрај спектаклот „Големиот Гетсби“, покрај мастеркласот на светски познатата бугарска оперска дива Рајна Кабајванска, покрај „Кармен“ од Бизе и „Леонгрин“ од Вагнер, покрај доделувањето на Меѓународната награда „Никола Ѓузелев“ на светски познатата бугарска оперска дива, Александрина Пендачанска. Убаво беше што, годинава, љубителите на оперската уметност во Скопје и Софија, имаа можност да го уживаат Вагнер во изведба на бугарски музички уметници и на Верди во изведба на македонски уметници - подобра и поблагородна културно-дипломатска иницијативност од оваа, здравје! Убаво беше што двете соседски држави стекнаа нова публика и создадоа нови пријателства, базирани на заемно почитување и заедничко воздигнување со безвременското што го носи музиката на Вагнер и Верди. Македонската музичка, но и културно-дипломатска акција предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков, со респект и со надеж за подадена рака, се упатија деновиве кон најврвната музичка сцена во Софија, од која се изнедрени големите оперски имиња, од редот на еден Борис Христов, Стојан Попов, една Гена Димитрова, Николај Ѓауров, Ана Томова-Синтова - редум, сите до еден, незаборавни интерпретатори и на „Набуко“ од Верди! Убаво ќе беше ако и бугарскиот политички врв ја препознаеше оваа благородна културно-дипломатска мисија и се придружеше во заедничките моменти за воздигнување над актуелните меѓудржавни состојби! Барем на моменти, колку да се испочитува вонвременското во културата и уметноста! Но, како рековме?! Понекогаш е исклучително тешко во тврдо уво да влезе добра, вистинита и убава порака, исто колку што е тешко, од старите школи за воспитување практиканти само за тврда моќ во политиката, да се изродат модерни политичари кои ќе бараат начини за взаемно почитување и воздигнување, наместо тврдоглаво и надмено понижување! Македонската културна дипломатија понуди почит и воздигнување - и кој не ја разбра пораката од овогодинешниве мајски и септемвриски македонско-бугарски оперски свечености, може да продолжи да си ја свирка, само неговата! (од едното до другото тврдо уво!) За жал, далеку од поубавата и почовечка страна на светот!  

The post Воздигнување, не понижување! appeared first on Република.

]]>