Ширум светот има примери на луѓе кои откако ќе ја примат првата доза на вакцина против ковид-19, не доаѓаат да ја примат втората доза. Тоа носи голем ризик, предупредуваат стручните лица. Една доза можеби им е доволна само на оние кои прележале корона.

Околу пет милиони Американци не се појавиле да ја примат втората доза, откако биле вакцинирани со Фајзер или Модерна, покажуваат податоците што ги објави „Њујорк тајмс“. Тоа е околу осум отсто од вакцинираните.

Причините може да бидат различни, почнувајќи од тоа дека дека немале време или не можеле да излезат од работа. Вирусологот Анџела Рамусен од Универзитетот „Саскачевен“ во Канада во разговор за Дојче веле набројува уште некои можности: некои мислат дека е доволна една доза или пак не сакаат повторно да минуваат низ реакциите кои ги предизвикува вакцината. Само на ретки случаи им се советува да ја земаат втората доза.

Според стучните лица, една доза не е доволна. Првите студии покажале дека по прват доза во голем број се развива имунитетот, но е нејасно колку тој трае. Поинкау е со луѓето кои веќе ја поминале заразата. Комисијата за вакцинација во Германија моментално на тие луѓе им препорачува после прележан ковид-19 да почекаат најмалку шест месеци, а потоа да примат само една доза.

Ако има луѓе кои имале ковид-19 и се вакцинирале со една доза, тогаш ќе вакцинираме повеќе луѓе и ќе го достигнеме колективниот имунитет, вели Џонатан Браун, автор на студијата која покажа дека луѓето кои имале корона, а потоа се вакцинирале со една доза од Фајзер, нивниот имун одговор е сличен како оној на луѓето кои примиле две дози вакцина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.