Во Хрватска, но и во целиот регион се уште има голем процент на луѓе кои не сакаат да вакцинираат против ковид-19. За ова прашање на ХРТ говореше д-р Горан Тешовиќ од Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Д-р Тешовиќ смета дека во јавниот простор многумина си даваат за право да говорат за вакцинирањето, иако тоа не им е потесна специјалност и на тој начин само создаваат збрка.

Тоа е прашање на самокритичност, прашање на одговорност, прашање на нарцизам на тие луѓе кои имаат насушна потреба за сè да имаат свое мислење. Имам впечаток дека не се ни свесни за огромната одговорност која ја имаат поради давање такви препораки, смета д-р Тешовиќ.

Тој има долгогодишно искуство во вакцинологијата и добро знае дека ова е тема за која одамна се кршат копјата, дури и пред појавата на коронавирусот.

Генерално, прифаќањето на вакцините колерира со задоволството од живеење во некоја држава. Колку луѓето се позадоволни, имаат повеќе доверба во држаните институции, толку е поголемо и прифаќањето на препораките. Тоа се гледа кај педијатриските вакцини. Финска е типичен пример за тоа. Луѓето сметаат дека државата кон нив е чесна, дека нивната држава прави сè што е во нејзина моќ. Финска е држава во која ниту една вакцина не е задолжителна, а 95 отсто од населението е вакцинирано, смета д-р Тешовиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.