Куркумата е зелјесто растение што потекнува од Јужна Азија и му припаѓа на семејството ѓумбир, а неговите лековити својства се волшебни.

Од нејзиниот корен се прави зачин со силна жолта боја, што се должи на состојката куркумин.

Куркуминот е преполн со витамини и минерали, содржи железо и манган, витамин Б6, калиум и диетални влакна. Го заштитува црниот дроб, ја подобрува дигестијата, ја намалува подуеноста и ја обновува цревната флора. Има ефект и на габичните воспаленија, па затоа може да помогне во борбата против кандида.

Нејзините активни супстанции имаат единствено антивоспалително и антиоксидантно својство, а многумина го нагласуваат и нејзиниот потенцијал како додаток во терапиите за рак, ХИВ, дијабетес, артритис, Алцхајмерова болест и различни алергии.

Мелената свежа куркума има силен земјен вкус, додека во готвените јадења, интензитетот се губи и дава малку горчлив, биберест подвкус. Кога ја користите како свеж рендан зачин во готвењето, таа го задржува горчливо-лутиот интензитет.

Важно е да знаете дека е чувствителна на светлина, па треба да ја чувате во херметички затворен сад на темно место и тоа најмногу 6 месеци, бидејќи потоа ги губи своите својства.

Во кинеската народна медицина, со векови се користи за проблеми со слезината, црниот дроб и желудникот. Ја прочистува и јакне крвта, го намалува високиот притисок, а Кинезите ја сметаат за добра билка за жените, бидејќи ја стимулира работата на матката и ги ублажува менструалните болки.

Природната индиска медицина Ајурведа уште одамна ги препознала нејзините посебни антиоксидантни својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Докторите ја препорачуваат како прочистувач на крвта, тоник за стомакот и за проблематичната кожа. Освен тоа, ги решава проблемите со црниот дроб, како што е жолтицата и инфекциите на уринарниот тракт.

Оваа билка е одлична во борбата против депресија, ја подобрува работата на мозокот и го лекува дијабетесот.

Едно истражување од 2012 година покажало дека куркуминот делува поефикасно од лековите за артритис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.