Овие неколку знаци покажуваат дека сте под голем стрес и дека мора малку да олабавите со темпото.

1. Засилен умор

Нормално е да бидете исцрпени од работата и од обврските, но сè треба да биде во свои граници. Ако се чувствувате толку уморно како да немате сила ниту да се пресоблечете кога ќе дојдете дома, треба да размислите дали тоа што го работите е вредно за вашето психичко и физичко здравје.

2. Болки во грбот

Иако седењето често предизвикува болки во долниот дел од грбот, стресот и нервозата ќе ви предизвикаат болки и во горниот и во средишниот дел, па ќе се чувствувате како на грбот постојано да носите тежок товар. Обидете се со длабоко дишење да ги опуштите мускулите и да си подготвите капење со етерични масла за релаксирање.

3. Проблеми со спиењето

Овој проблем како последица го носи претходно наведениот умор, а се случува бидејќи не можете да престанете да размислувате за работата и работите кои сè уште не сте ги решиле. За да не посегнувате по лекови, на перницата капнете неколку капки етерично масло од лаванда за да се опуштите.

4. Раздразливост

Симптомот на раздразливост се јавува поради премногу размислување кое секогаш повлекува песимистични мисли кои ќе ве мачат и ќе почнете секоја ситуација да ја гледате како онаа со негативен исход. Обидете се да гледате само на позитивната страна на работите и дајте си повеќе време.

5. Мигрена

Овој интензивен облик на главоболка се јавува поради премалку сон и преголеми количини обврски. Еден од предизвикувачите на мигрена е премалку хидратација. Ако страдате од мигрена, дозволете си неколку слободни денови и спијте во затемнета соба. Не заборавајте да пиете доволно вода во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.