Администрацијата и помошно-техничкиот персонал во здравствениот сектор се дел од целокупната јавна администрација. Министерство за здравство иницираше состаноци за проверка на можноста за изземање на здравствената администрација од останатата за што досега се остварени неколку средби, но потенцираме дека за ова се потребни законски измени. Разговорите на оваа тема продолжуваат и следната година, но до тогаш покачувањето на нивните плати зависи од средствата за зголемување на платите и на останататите административци, соопшти Министерството за здравство.

Според МЗ во изминатиот период, платите на сите вработените во администрацијата во здравство во два наврати, се зголемиле за 5 отсо односно кумулативно 10 проценти. И тоа, во септември 2018 година, кога на вкупно 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата на плата за 5% и уште 5% во септември 2019.

Министерството за здравство се залага за покачување на плати. Од септември 2018 година во континуитет почнаа да се зголемуваат платите на сите здравствени работници. Со предвиденото зголемување на платите во февруари 2020 година, вкупно основната плата на лекарот специјалист се зголемува за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% и на здравствените соработници за 15%, се вели во соопштението на МЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.