Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со Ковид -19 можат да дојат ако сакаат, објаснува на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Тие треба:

• Да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање;

• Да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето;

• Рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.

Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.