Компанијата Медикус Хелп реши да донира ортопедски градник и протеза за 46-годишна жена, која беше одбиена од Фондот за здравство.

Причина за тоа беше што жената немала континуитет на здравствено осигурување од шест месеци.

По објавата, компанијата Медикус Хелп одлучи да донира ортопедски градник и протеза за пациентката – велат од Медикус Хелп, кои во својата објава споделија и телефонски број на кој ја повикаа пациентката да ги исконтактира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.