Водата која се зема од црквите и езерата и реките на денешен ден се смета за света, посебна и лековита. Богојавленската вода никогаш не се расипува. Нејзина особина е со години да остане свежа, вкусна и лековита.

Оваа вода се чува во посебен сад цела година. Таа вода помага за секоја болест и кога малите деца се плашат ноќе, но и кога на човек нагло ќе му се слоши или кога храната не му годи.

На Богојавление црквата дозволува со таа вода да се попрскаат сите соби и ќошиња во домот и сите членови на семејството да ја пијат колку сакаат. Но, во другите денови од годината, со богојавленската вода не смее ништо да се прска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.