Под мотото „Ковид-19 e присутен еден период од животот. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот“ Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска во 10 часот, на Плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе го одбележат 20 Септември, Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Живееме во новото нормално или ненормално нормално. Ковид-19 го окупира целото внимание и е постојано во доминанатен преден план. За жал, многу хронични состојби остануваат да бидат надвор од фокусот. Точно е дека мора да се справиме со најважните приоритети и проблеми, но не смее да дозволиме се останато да биде заборавено. Токму од таму и мотото на овогодинешното одбележување на 20 ти Септември – Светскиот ден на Растот. Ковид -19 e присутен и ќе биде дел од нашиот живот со овој интензитет извесно време. Но ке помине. Еден ден, се надеваме многу наскоро, оваа голгота ќе заврши. Но децата растат сега, и сега е моментот кога може да им се помогне. После ќе биде доцна. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот. До сега на секој светски ден зборувавме за дикриминација во лекувањето, едни имаат право на лекување, а други со години се на листите за чекање, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека годинава првпат е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ над 58 милиони денари и е обезбедена терпија во просек за лекување на 150-160 деца.

Голем чекор напред, резултат на нашите заложби како Здружение и секако конечно разбирање од страна на ФЗОМ и Клиниката за Детски болести во Скопје. Сега сме во во сосема различна фаза од претходно. Има терпија, но сега соочени со страв од Ковид -19, родителите не ја контролираат висисната кај децата и не бараат помош од специјалист ендокринолог, а исто така и се плашат да отидат на Клиника за детски болести да ја подигнат потребната веќе препишана терапија. Затоа оваа прилика за прв пат вниманието ќе го посветиме на родителите и Клиниката за детски болести. Клиниката за детски болести ја повикуваме да ги поедностави и по ефикасно да ги координира процесите на поставување на нови деца на терапија. Нема потреба од комплицирани процедури и собирање на многу потписи кои одат во неколку фази и траат со месеци. Направете систем кој ќе биде брз и ефикасен затоа што за децата времето е категорија која е најважна, апелираат од Здружението.

Од „Раст“ потенцираат дека е важно родителите да знаат дека нема враќање на времето назад и нема враќање на пропуштените можности. Можност имаат сега. Нивните деца сега имаат можност да ја добијат терпијата која е неопходна.

Родители, сега сте вие на потег да му помогнете на Вашето дете, затоа што тоа не знае дека има потреба од помош…но кога ќе биде доволно големо и зрело да ги согледа последиците со кои се соочува ќе биде предоцна само себе да си помогне, велат од „Раст“.

Светското искуство говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со сериозен проблем, а тоа е доцната дијагноза и ненавремено лекување. Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици кои не се само проблем на детето и семејството туку проблем на целиот систем. Нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања кои стојат во позадина како причина. За многуте медицински причини повеќе ќе кажат експертите од оваа област.

Пораки до родителите, стартелите, бабите дедовците:
• Контролирајте ја висината на вашето дете барем два пати годишно.
• Контрола на висината не значи детето да биде измерено и да добиете нумерички број.
• Барајте од матичните педијатри и семејни лекари бројот од добиените сантиметри да го внесат во табелата со крива раст која покажува каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст.
• Раните знаци можете и вие како родители и старатели да ги процените едноставно и сами.

Пример доколку забележите дека детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, децата на помала возраст од помалите групи или одделенија го надминуваат со висината…… консултирајте лекар.

Сакаме да укажеме и да ги посетиме дури и здравствените работници дека санитметрите покрај останатите показатели се нешто што заслужува посебно внимание во тек на нивната работа, независно дали се превентивни прегледи или прегледи каде поради другата пропратна патологија, имаат контакт со дечињата. Сакаме да ги замолиме кривите за раст да бидат нивна секојдневна алатка – Бројот како нумеричка вредност нема никакво значење додека не се стави во кривата за раст и не се направи проценка дали истата одговара на возраста и полот на детето.
Најдобри резултати од лекувањето се постигнуваат кога дијагнозата ќе се постави навремено и кога соодветно ќе се започне со терапија во раните годините од претшколска возраст, континуирано без промена и без ден пауза, е пораката од „Раст“ до здравствените работници.

Зошто децата со нарушувања на растот треба да се лекуваат?

Дали можеби знаете дека овие деца како возрасни доколку не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања и заболувања на кардиоваскуларниот систем, мозочни удари, депресија, зголемена телесна тежина со сите последици кои ги носи, итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.