Здравстевн дом од Пробиштип треба да плати 200.000 евра отштета поради погрешно лекување на дете.

Ваква пресуда донесе Основниот суд во Штип, по тужба од страна на родителите на детето кое во оваа здравстена установа било лекувано со антибиотици од широк спекрат поради проблеми со дишните патишта, а во меѓувреме примило и МРП вакцина.

Третманот на детето започнал кога тоа било на 12-месечна возраст и во периодот од август 2010 до март 2011 година било подложено на антибиотска терапија. На 4 март 2011, додека било под терапија со панцеф, било вакцинирано и со МРП вакцина.

По ова, детето кое дотогаш се развивало нормално, почнало да заостанува во психичкиот развој и да покажува знаци на аутизам.

Сево ова било презентирано во долгата судска постапка што се водела во Штипскиот суд по што ре донесена следнава пресуда:

Се задолжува тужениот Здравстен дом од Пробиштип, на тужителката В.П. на име надомест на нематеријална штета, како справедлив паричен надомест да исплати вкупен износ од 13 милиони денари од кои:

по основ на намалена животна активност износ од 10 милиони денари и по основ на физички бол износ од 3 милиони денари со ЗКК сметано од 16.11.2018 година до конечната исплата…

Од Здравстевниот дом Пробиштип, информирата дека пресудата не е правосила и таа веќе е обжалена до повисоки судски инстанци:

Не можеме да коментираме ништо во врска со пресудата. Во тек е жалбена постапка и конзилиум од судско-медицински вештаци треба повторно да го разгледаат случајот. Доколку пресудата стане правиосилна, суми со оваа висина ќе се одразат сериозно врз работата на Здравствениот дом и секако ќе бараме помош од Министерството. Во секој случај сега сме фокусирани на жалбата, е реакцијата од Здравствен дом Пробиштип.

Инаку, МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) најчесто споменувана вакцина од антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја.

Што се однесува до поврзаноста на оваа вакцина со аутизмот, студијата што во 1998 покажала некаква поврзаност со аутизмот е побиена, а трудот во кој била изнсена оваа студија бил повлечен од списанието во кое бил објавен. Оттогаш се направени бројни студии во кои биле споредувани стотици илјади деца кои ја примиле МРП вакцината со деца кои никогаш не ја примиле вакцината, при тоа е утврдено дека ризикот за појава на аутизам е еднаков во двете групи.

Ивор: ТВ Стар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.