Во наредните 14 дена се затвора Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост во штипската населба Ново Село. Медицинската сестра, која работела во центарот е заразена со вирусот, а епидемиолозите веќе ја имаат направено и анкетата, а изолирани се и децата кои го посетуваат овој центар.

Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека изолирани се седум корисници на центарот и четворица вработени. Работено е со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризикот за пренесување на вирусот. Инспекциската контрола на 6 октомври покажала дека работат согласно протоколите.

 Како институција ги имаме преземено сите протоколи, за прием и грижа на лицата во центарот. Во центарот имаме лица на различна возраст. Родителите ќе бидат информирани, како понатаму да постапуваат, инаку ќе бидат ослободени од работните обврски со цел да се грижат за своите деца. Вирусот сметаме дека е пристигнат од надвор, вели Иванова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.