Пациентите кои поради коронавирусот се сериозно болни во државата Њујорк добиваат огромни дози на витамин Ц. Ова се прави на основа на ветувачките извештаи дека има помогнал на луѓе во тешко погодената Кина.

Доктор Ендрју Г. Вебер, пулмолог рекол дека неговите пациенти на интензивна нега со коронавирусот веднаш добиваат 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количини на овој силен антиоксиданс повторно се применуваат 3 до 4 пати на ден, рекол тој.

Оваа доза е 16 пати поголема од дневната препорака на витамин Ц во исхраната од страна на Инситутот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Во болницата во Њујорк се раководат од експериметалниот третман кој е применет на болните од корона  во Шангај во Кина- рекол Вебер.

Пациентите кои добивале витамин Ц значајно се подобри отколку оние кои не добивале витамин Ц – рекол тој.

Инаку клиничкото испитување за ефикасноста на интравенскиот витамин Ц на пациентите, почнало на 14 февруари во една болница во Вухан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.