Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници, соопштија од Министерството за здравство.

Во изминатиот период на Клиниката за нефролгоија за брзо време над 30 здравствени лица, лекари, медицински техничари, болничари се заразија со ковид-19. МАНУ реши да ги тестира за новиот британски сој.

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.

Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (>400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај >50 од овие пациенти, додаваат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.