Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден од заболените е доста тешка. Станува збор за Мурат Хусеини, муфтијата од Кичево и Селвер Џемаили, шефот на кабинетот на в.д. реис на ИВЗ Шаќир Фетаху.

Тие деновиве биле членови на делагацијата на ИВЗ на Македонија која била домаќин на нивните колеги од ИВЗ Косово.

Според информациите на „МКД“ Џемаили е во домашен карантин, а кичевскиот муфтија бил во потешка состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.