За жал, се потврди мојата претпоставка дека со олабавување на мерките ќе ни се случи повторно враќање на вирусот, рече кардиохирургот д-р Жан Митрев во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Луѓето не ја сфаќаат сериозно пандемијата и како да немаат сознание колку е лоша оваа болест. Сепак, месецов се случија и убави работи, а тоа е успешната трансплантација на срце. Направивме добра екипа од јавното и од приватното здравство. Добро што пациентот се опоравува. И малата Бисера успеавме да ја вратиме од тешка ситуација. Но, кога станува збор за пандемијата со коронавирусот, за жал, се потврди како точна мојата претпоставка дека олабавување на мерките за заштита, како и тоа што луѓето не ја сфаќаат сериозно состојбата, ќе придонесе до повторно враќање на вирусот – рече Митрев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.