Загадувањето на воздухот, според последните истражувања во САД, може да го зголеми ризикот од хронични болести на човечките органи, меѓу кои и бубрезите.

Тимот од научници на Универзитетот во Вашингтон, во соработка со научниците од Епидемиолошкиот клинички центар за воени ветерани, направиле анализа на базата на податоци од центарот за да ги утврдат ефектите на аерозагадувањето врз бубрезите на 2.5 милиони луѓе за период подолг од 8 години.

Во своето истражување, научниците извршиле споредба на резултатите од базата на податоци кои се однесуваат на функционирањето на бубрезите и резултатите за нивото на квалитет на воздухот, регистрирани од Агенцијата за заштита на животната средина и НАСА преку автоматскиот мониторинг за квалитет на воздухот.

Наодите покажуваат дека 44.793 случаеви на бубрежни заболувања и 2.438 случаеви со бубрежна мана се знак за преголемо загадување на воздухот.

Научниците исто така откриле дека дури и ниските концентрации на загадувачки честички може негативно да влијаат на нормалното функционирање на бубрезите и таквите негативни ефекти растат како што расте концентрацијата на загадувачките честички.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.