Водата за пиење во Теарце, Глоѓи и Пршовце е неисправна за пиење, покажаа микробиолошките анализи кои ги направи Центарот за јавно здравје од Тетово, откако мината недела неколку стотици жители на овие места се соочија со ентероколитис.

Остануваат препораките водата од чешмите да не се користи за пиење и подготување храна, а населението да се снабдува со индустриски складирана вода за пиење.

Утврдено е присуство на фамилија бактерии во водата што укажува на тоа дека има фекално загадување. Водата не смее да се пие и не смее да се користи за подготвување храна. Граѓаните да не ја користат се до добивање нова информација, соопштија денеска од Одделението за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.

Мината недела зголемен е бројот на жители на селата во општина Теарце кои се пожалиле на ентероколитис, односно стомачни болки, пропратени со дијареа и повраќање. По препораките на Центарот за јавно здравје да не се користи водата од селските водоводи состојбата се стабилизираше односно се намали бројот на лица со здравствени тегоби.

Првично физичко-хемиските анализи не покажаа проблематични параметри, но подолготрајните, микробиолошките испитувања покажаа што не е во ред со водата пиење.

извор: МИА

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.