Премиерот Зоран Заев вечерва апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и на тој начин да придонесат во намалување на ширењето на Ковид -19.

Работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен за оние што вршат достава на храна. Апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, само преку почитување на мерките може да придонесеме во намалување на ширењето на КОВИД-19, напиша Заев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.