Седум медицински лица од Струга се заразија од морбили. Поради ова има забрана за посета на болните во општата болница во овој град. Како што објавува „Алсат-М“ со морбили се заразени медицински сестри и хигиеничарка од интерното одделение, докторка од детското одделение и медицинска сестра и докторка во брзата помош.

Сите заразени лица се упатени се на инфективното одделение во Охрид. Дополнително, уште четворица вработени на интерното одделние се водат како сомнителни случаи. Се претпоставува дека биле заразени од веќе инфицирани пациенти со морбили кои дошле кај нив. Поради ова во сите одделенија во болницата во Струга е забранета посета на пациентите.

Деновиве е започната вакцинација на цел персонал коишто досега не биле вакцинирани или кои што примиле само една доза од вакцината.

Претходно, медицинска сестра објави дека заболела од морбили на работното место.

Да, ние треба да сме хумани за тоа сме платени. Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој. Не сум со намера некого да навредам и се извинувам. Но ме интересира дали има некој доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна гологота со болеста“, реагира медицинската сестра заболена од морбили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.