За три месеци шест пациенти во Македонија добиле бубрег од починат дарител, преку кадаверична трансплантација во периодот од ноември до средината на февруари годинава. Пресадувањата на бубрези се направени успешно и сите болни добро се опоравуваат.

Освен овие од кадавер, имавме и 20 пресадувања на бубрези од жив дарител. Се обидуваме да ја зголемиме свеста за донирање органи и впечатокот е дека сега разговорите со семејствата на дарителите се малку полесни, го разбираат процесот. За да се доближиме до развиените земји во овој сегмент – кадаверична трансплантација, треба да имаме од 5 до 10 донори на 1 милион жители. Би биле повеќе од задоволни доколку оваа година се доближиме до овие бројки, нагласи денеска доц. д-р Маја Мојсова, национална координаторка за трансплантација на органи на прес-конференцијата по повод 14 март Светски ден на бубрегот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.