Мислите дека ако не пушите цигари водите здрав живот? Навистина се лажете ако мислите така.

Ова се 5 работи кои штетно влијаат на вас:

Долготрајно седење

Седењето воопшто не му годи на вашето здравје, дури и кога вежбате секојдневно. Ако седите повеќе од 8 часа дневно, мора да се движите барем половина час.

Премногу месо и сирење во исхраната

На телото му се потребни протеини кои ги добиваме преку месото и сирењето, но постојат и „вегетаријански“ извори на протеини кои треба да ги консумирате барем два до три пати неделно.

Готвење на плин

Готвењето на плин има една голема маана, а тоа е што за време на готвењето вдишувате три загадувачи кои се еднакви на пасивното пушење.

Солариум

Без разлика на тоа што солариумот се рекламира како најсигурен начин на сончање, имајте на ум дека тоа е само макретиншки трик.

Хронично неспиење

На организмот му се потребни минимум 6-7 часа спиење за да може нормално да функционира и да не се појават негативните последици како: висок притисок, срцеви заболувања и други здравствени проблеми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.