За неполна година од Клиничкиот центар во Скопје си заминале 40 медицински сестри. Станува збор за искусни сестри, со долг стаж и работно искуство, кои дале отказ и заминале да работат во странство. Ова го покажуваат податоците на самостојниот синдикат на Клинички центар.

Во ГОБ „Осми Септември“, пак за неполна година си заминале 18 медицински сестри, а од болницата велат има најави дека до крајот на годинава бројката ќе се искачи на 25.

Од старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, пак, од почетокот на годинава заминале 17 медицински сестри, од кои 9 се пензионирале, 6 си заминале со спогодбено преземање и две си дале отказ.

Целиот текст на 24мк. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.