Без здравствена книшка нема преглед кај лекар ниту пак подигнување на лекови на рецепт.

Ова следува откако Фондот за здравство пред една недела им наредил на лекарите, лековите кои ги издаваат да ги впишуваат и во здраствената книшка на пациентот, во картонот, во електронскиот систем Мој термин и во хартиен дневник. Ваквата наредба на Фондот наиде на револт и кај лекарите, но и кај пациентите. Лекарите велат дека сега двојно повеќе време ќе трошат на административни работи, а со тоа и времето на чекање на пациентите ќе се зголеми.

Барем педесетина пациенти бевме приморани да ги вратиме дома од кои поголемиот дел можеби две третини воопшто немаат здравствени легитимации. Сега влегуваме во еден процес на кој што пациентите што немаат книшки ќе треба прво да набават, ќе мора да заверат кај работодавецот, па кај ФЗОМ, па дури тогаш да дојдат на лекар и да добијат здравствена услуга“. – Д-р Ненад Лазаров.

Од фондот за здравство нема објаснување што е целта на оваа наредба. Информираат дека од следниот месец лековите освен со рецепт ќе може да се мора да се подигнат и со приложување на лична карта или пасош.

„До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.“ – ФЗОМ.

Наместо да се надградува електронскиот здравствен систем, ние во 21ви век се враќаме на хартија, порачуваат дел од лекарите.

  • „Во 2013-та целосно беа исфрлени здравствени легитимации од употреба. После шест години напори за електронско здравство и интегриран систем ние добиваме известување, и тоа на 04-ти септември дека ние треба веднаш да ги применуваме овие одлуки и да пишуваме буквално се повторно на рака. Значи за нас е ова голем чекор назад. Ние се враќаме во 20-ти век. Ние бевме лидери во електронското здравство, а сега повторно се враќаме на здравствени книшки“. – Д-р Ненад Лазаров.

Претходно на ваквата одлука на ФЗОМ остро реагираа и од здружението на приватни матични лекари од каде порачаа дека очекуваат електронски систем на евиденција на пациентите како што е секаде во светот, а не пишување на рака, што ќе биде на штета и на лекарите и на пациентите.

Од фондот веќе две години откако се смени власта најавуваат електронски решенија, но досега нема никакви конкретни реформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.