Неделава надлежните започнуваат со опсежна анализи детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението.

Во однос на скринингот на училиштата,кој е најавен од министерот за здравство Филипче, тој посочува дека прво ќе се почне со обезбедување согласност од родителите, а потоа ќе биде презентирана и методологијата.

Јас верувам дека подготовката во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители, рече Филипче.

Според податоците на Министерството за здравство, 73% од пациентите кои починале од Ковид-19 имале најмалку две хронични болести, што, според Филипче е факт кој бара еден детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението.

Тој деновиве рече дека скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.