Во периодот од 10 до 16 август, 75 лица до 19 години се заразиле со Ковид-19 во Македонија, се вели во редовниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според ИЈЗ, Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 позитивни, односно 22,8 отсто од вкупниот број на регистрирани нови случаи во оваа недела.

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39, поточно 163 случаи и 50-59 години, со регистрирани 162 новозаболени.

Иако најмал број на нови случаи е регистриран кај децата од 0-9 години со 26 заболени, како и оние од 10-19 години со 49 заболени, сепак, бројката е загрижувачка имајќи предвид дека овие 75 заболени се регистрирани во период од само 7 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.