За една недела во Македонија во период од 28 октомври до 3 ноември во Македонија пријавени се 29 нови случаи на заболувања слични на грип. Регистрираниот број е зголемен за 12 во споредба со бројот на заболени во минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 44-та недела од минатата сезона постои намалување од 19 заболени лица, како и во споредба со типичната сезонска крива каде бројот на пријавени заболени лица е помал за 35. Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во Куманово – 12 заболени лица, велат од Институтот.

Највисока инциденца се бележи во Дебар, а најниска во Прилеп.

Релативно малиот број на регистрирани случаи на грип, кој е под неделната граница за сезонска активност, како и негативните резултати добиени од вирусолошкиот надзор одат во прилог на ниска (вон-сезонска) активност на вирусот на грип на територија на Македонија, коментираат од Институтот за јавно здравје, додавајќи дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.