Над 96. 000 упати се издадени вчера преку системот „Мој термин“ и 4.500 итни и упати без термин, а лекарите препишале 86.000 рецепти. Најмногу упати имало кон ГОБ „8. Септември“ и општите болници во градовите, а од Радиологија реагирале дека многу пациентки биле упатени на ехо на дојка со итен упат. Ова го соопштија денеска надлежните од Мој термин, а по многубројните поплаки од лекарите и пациентите кои и денеска сѐ уште ги имаат дел од нив со упатувањето на специјалист, на снимање или во лабораторија.

Од „Мој термин“ појаснија дека повеќето проблеми кои вчера се појавија со издавањето упати, рецепти и боледувања се отстранети, а тие биле најчесто поради неусогласени софтверските решенија и заборавени лозинки од матични лекари.

Итните и упатите без термин се два нови обрасци коишто почнаа од саботата да се применуваат, а новиот Правилник е донесен уште од август минатата година и дека имало и обуки за лекарите за новините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.