За 14 месеци од кога почна пандемијата со ковид-19 во Македонија има повеќе од 5.000 починати.

Вкупниот број на починати изнесува 5.016, како што објави Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани досега во нашата земја е 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на коронавирусот. За едно деноноќие има и 24 починати. Вчера почна масовната имунизација на населението во повеќе градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.