Врвни експерти и имиња во психијатријата доаѓаат во Охрид на Конгресот за деменции на Светската психијатриска Асоцијација, кој е во ко-организација на Светската психијатриска Асоцијација и Македонската психијатриска асоцијација и се одржува во Охрид, во хотелот „Инекс Горица“, од 15 до 18 мај годинава.

Претседател на Конгресот е Проф. Хелен Херман (Австралија), Претседател на Светската асоцијација, а на Конгресот ќе учествува и свој состанок ќе има и целиот Извршен одбор на Светската психијатриска асоцијација кои првпат ќе бидат присутни во ваков состав во целиот Регион. Конгрес од ваков светски формат, од областа на психијатријата и неврологијата првпат се одржува не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.

Пленарни предавачи на Конгресот се светски познати имиња – највисоко рангирани експерти од областа како Проф. Бенгт Винблат, најцитираниот светски стручњак во областа и член на комисијата за доделување на Нобеловата награда од областа на медицина. Според него се нарекува и Наградата за животно дело од областа на Алцхајмерова болест, Проф. МекКит добитник на престижни награди од областа, Проф. Курз (Германија), Проф. Виндиш (Австрија), Проф. Калариа (УК) … како и сите релевантни експерти од регионот (Проф. Пиртошек (Сло), Академик Костиќ (Претседател на САНУ)…

На Конгресот активно со свои презентации ќе учествуваат над 400 учесници, психијатри, невролози и невропсихолози од земјава (околу 200) и земјите од регионот, Европа и светот.

Грижата за граѓаните во трета животна доба пошироко и посебно креирање на пријателско општество на заболени од деменција (52 милиони заболени од деменција во светот во 2018г.) ќе биде еден од ЕУ приоритетите во годините што доаѓаат, а претседателот на Словенија веќе го има прифатено овој приоритет, како еден од приоритетите во време на председавањето на Словенија со ЕУ, вели проф. д-р Александар Новотни, претседател на Организацискиот одбор.

Свеченото отварање е закажано на 15.05.2019, во 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.