Од ретко воспалително заболеување што се поврзува со ковид -19 се погодени десетици деца во САД, Велика Британија,симптомите кои се развиваат се слични на синдромот на токсичен шок.

Во Велика Британија се погодени околу 100 деца, при што некои завршиле на интензивна нега, а други бргу заздравиле. Британските лекари минатиот месец биле предупредени да следат ретка, но опасна реакција кај децата.

Ова уследи откако осум болни деца беа примени во болница во Лондон, од кои еден 14-годишник почина. Сите деца имале слични симптоми: силна треска, осип, црвенило во очите, отоци и општа болка, но повеќето немале големи проблеми со дишењето и белите дробови.

Лекарите велат дека овој нов феномен е сличен на болеста Кавасаки, ретка состојба која главно погодува деца до петгодишна возраст, со тоа што сега има случаи на деца до 16 години.

Фактот што синдромот се појавил среде пандемијата на ковид-19 кажува дека овие две работи се поврзани“, изјави д-р Лиз Витакер, експерт за заразни болести и имунологија од Империјалниот колеџ во Лондон.

Вакви случаи се пријавени и во Шпанија, Италија, Франција, Холандија и во 15 американски сојузни држави. Од 82-те деца со ова воспалително заболување во Њујорк, 53 имале позитивен тест на коронавирус или антитела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.