Државниот санитарен и здрвствен инспекторат (ДСЗИ) почна акција со вонредни инспекциски надзори во оперативните блокови при универзитетеките клиники „Мајка Тереза“. Целта е, како што појаснуваат, да се изврши увид во состојбата од аспект на асептични улови и постапки при вршењето на хирушките интервенции.

Надзорите се вршат во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје. ДСЗИ за прв пат воведува ваква активност со користење на апарати и медицински средства (брисеви) кои до сега при надзорите не се користени, а ќе може да укажат на органска контаминација на опремата и приборот во здравствените установи. Врз основа на добиените резултати, на местата каде постои можност од бактериска контаминација, екипата од ИЈЗ зема брисеви и друг материјал за микробиолошко испитување, велат во објавата од ДСЗИ.

Вчера и денес, инспектори од ДСЗИ извршија надзори во оперативните блокови во ЈЗУ УК за очни болести, уво, нос и грло, дигестивна хирургија, трауматологија, урологија, пластична и реконструктивна хирургија, неурохирургија, детска хирургија и торакалана и васкуларна хирургија.

Со акцијата е планирано да бидат опфатени здравствените установи кои имаат оперативни блокови, односно универзитетските клиники, клиничките болници, специјализираните болници, општите болници, а во втора фаза и ендоскопските кабинети, асептични сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.