Делта варијантата на коронавирус се шири многу побрзо и поголема е веројатноста да ги зарази вакцинираните и потенцијално да предизвика потешка болест кај невакцинирани луѓе во споредба со другите варијанти, се наведува во внатрешниот извештај објавен од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Гардијан.

Документот, односно презентација, подготвен од службеници на американското Министерство за здравство,предупредува дека делта варијантата е заразна и тврди дека владините претставници мора да признаат „дека војната се променила“, со оглед на тоа колку оваа варијанта е поопасна.

Повикувајќи се на податоци од епидемијата во областа Масачусетс, документот до ЦДЦ сугерира дека инфекциите кај вакцинираните луѓе можат да предизвикаат вирусни оптоварувања слични на оние на невакцинираните, но заразени со таа варијанта, пренесува Гардијан.

Сепак, научниците признаваат дека веројатноста вакцинираните луѓе да го шират вирусот, доколку се заразени, е многу поретка во споредба со невакцинираните луѓе.

Варијантата Делта е повеќе пренослива од другите вируси во семејството коронавируси, како што се Мерс и Сарс, како и ебола и големи сипаници, соопшти ЦДЦ, додавајќи дека иако вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од тешки болести, опасните карактеристики на оваа варијанта сугерираат дека можат да бидат релативно помалку ефикасни во спречување на инфекција или пренос.

Извештајот протече во јавноста неколку дена откако агенцијата ги смени упатствата и препорача вакцинираните лица да носат маски во затворени простории, без оглед на нивниот статус на вакцинација, особено во области со „значаен или висок“ пренос на вируси.

Соединетите држави во просек имаат скоро 62.000 нови инфекции со ковид-19 дневно, а огромното мнозинство од оние хоспитализирани и починати не се вакцинирани.

Според ЦДЦ низ целата земја, околу 49,8 проценти од Американците се целосно вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.