Бројот смртни случаи по употребата на вакцината против коронавирусот на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ во шест европски земји е значително поголем отколку по аплицирањето на вакцината на „AstraZeneca“, се истакнува во извештајот на англо-шведската фармацевстска компанија, испратен во средата вечерта до светските агенции.

Во дописот до медиумите, инаку, портпаролот на „AstraZeneca“ потврдува дека компанијата е автор на истражувањето и дека информацијата „не e наменето за поголемо распространување“.

Извештајот на „AstraZeneca“ на 12 страници под наслов „Враќање на довербата во вакцините за Covid-19 и подобрување на соработката меѓу регулаторите, здравствените служби и фармацевтските компании – повик за дејствување“ ја дава статистиката која покажува кумулативни смртни случаи на милиони дози од двете вакцини дадени во Франција, Германија, Велика Британија, Норвешка, Австрија и Италија, при што овој показател е речиси трипати повисок за „Pfizer“ во споредба со „AstraZeneca“.

Според презентиранта табела, во Франција се регистрирани 45,3 смртни случаи на милион употребени дози од вакцината на „Pfizer“ и 17,9 смртни исходи по примање на вакцината на „AstraZeneca“. Во Германија овој сооднос е 29,9 наспроти 6,5, во Велика Британија 20,7 наспроти 24,2, во Норвешка 164,4 наспроти 44,6, во Австрија 47,5 наспроти 7,5 и во Италија 10,9 наспроти 7,3.

Притоа се наведува дека во Велика Британија вакцината на „AstraZeneca“ се применува масовно и е основната за повеќето категории пациенти. Во Британија, заклучно со 26-ти мај, 72,9 отсто од возрасната популација биле вакцинирани со една доза, а 44,8 со двете дози.

И покрај изјавите од повеќе европски земјуи за ризиците од вакцините на „AstraZeneca“ и откажувањето на нејзината примена кај помладите групи граѓани поради ретките смртни случаи како последица на тромбоза кои се поврзуваат со вакцината, статистичките податоци кои ги презентира компанијата покажуваат дека ризикот за оние кои се вакцинираат со препаратот на „Pfizer“ е поголем. Англо-шведската компанија притоа вели дека не само што трпи последици од зголемените шпекулации, обвинувањата за нејзината вакцина се рефлектираат и во кредибилитетот на вакцините од другите производители, како и сходно на тоа врз желбата на луѓето да се вакцинираат.

„Одлуката донесена во врска со една вакцина (одбивање да се користи) може потенцијално да ја намали довербата на јавноста во другите вакцини… Недоволно распространетата вакцинација ќе ја продолжи пандемијата“, се наведува во извештајот.

Од „AstraZeneca“, исто така, потсетуваат дека британскиот регулатор и научниците постојано изјавуваат дека ризикот од зараза со коронавирусот во голема мера го надминува ризикот од сериозни несакани ефекти од вакцините. Компанијта потврдува дека е подготвена да соработува со сите научни структури со цел да се осигури безбедноста на имунизацијата при целосна транспарентност.

Компанијата, исто така, во дописот до медиумите наведува дека е „приврзана на партнерството“ со NITAG, консултативната група за имунизација, како и со регулаторите за да се поврати довербата во вакцините.

„Во ова динамично опкружување AstraZeneca останува приврзана на активната соработка во следењето и забразаното собирање информации за придобивките од вакцините“, се вели уште во извештајот.

„Вакцинацијата е неопходна за да се намалат последиците од Covid-19. Таа веќе демонстрираше значително намалување на приемите во болниците на одделенијата за интензивна нега, рутинските хоспитализации и смртноста во земјите каде што широко се спроведуваат програмите за вакцинација“, додаваат од AstraZeneca.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.