Во Здравствениот дом во Валандово, од минатата недела почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС). Оваа служба ќе ги извршува следните здравствени услуги: брис од грло и нос, уринокултура, копрокултура, паразити, брис од око, брис од уво, бруцелоза тест, хепатит Б и Ц тест, ХИВ тест, ХПВ тест, вагинална флора, брис од јазик, спутум, информираат од Министерството за здравство.

Во 2019 година, пуштена е во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000,00 денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција – Република Македонија.

Преку истата програма за прекугранична соработка планирани се неколку набавки меѓукои и набавка на возило за посета во рурални подрачја за патронажната служба, набавка на нов Биохемиски анализатор и хематолошки бројач за лабораториско дијагностичката дејност, набавка на нов ултразвучен уред – ЕХО апарат, набавка на уред за мешање струи со вакумска електрода за физикална медицина, набавка на уред за електрична стимулација за физикална медицина, набавка на Sonoterapy ласерска машина за физикална медицина и како и друга медицинска опрема.

Реализирани се вкупно 11 вработувања и одобрени се три специјализации (интерна медицина, медицинска биохемија и физикална медицина) за 2019 година, соопштуваат од МЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.