Илјадници луѓе присуствуваа на музички фестивал во кинескиот град Вухан, во саботата. На Меѓународниот ден на трудот, кој на големо се празнува во Кина, присутните на фестивалот танцуваа, скокаа и врескаа, додека некои од нивните омилени музичари се појавуваа на сцената.

Фестивалот се врати во Вухан, по едногодишна пауза поради пандемијата со ковид-19, во градот за кој се верува дека го забележал првиот случај на вирусот во светот и важеше за најголемо жариште на почетокот на минатата година.

Организаторите на дводневниот фестивал изјавија околу 11.000 луѓе присуствувале на вчерашните концерти. Некои од гледачите носеа маски, но повеќето не.

Дводневниот настан обединува познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан.

Музичкиот фестивал се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.