На пунктот за Масовна вакцинација против Ковид-19 сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска и утре со прва доза од „Астра Зенека “ се вакцинираат лица постари од 60 години кои се пријавиле на вакцинација,мк.За овие два дена добиени се 600 вакцини информира за МИА, д-р Марина Тодоровска координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.

Воедно денеска со „Фајзер“ се вакцинираат лицата со хронични заболувања од 25 до 40 години, кои поради лекарствата кои ги примаат не биле вакцинирани во петокот и биле вратени за денес. Од оваа група млади со хронични болест во петокот беа вакцинирани 54 лица, информира д-р Тодоровска.

Од почетокот на работењето на масовниот пункт за вакцинација против Ковид-19 во Велес од 25 мај досега се вакцинирани над 3500 лица од Велес и Општините Велес,Градско,Чашка и Лозово.

Од нив над илјада лица примиле прва доза на „Астра Зенека“ и над 2000 лица од кинеската „Синофарм“, а сосема мал дел се вакцинирани со „Фајзер“. На сите им е закажан и термин за ревакцинација, информира д-р Тодоровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.