Заклучно со вчера по една доза од вакцините имаат примено вкупно 638.428 граѓани, а ревакцинирани се 495.803, односно аплицирани се вкупно 1.134.231 дози вакцини. Во текот на вчерашниот ден, прва доза вчера примиле 13.275, а вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.

Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.

Од министерството потсетуваат дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години, кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.