Струмица го регистрираше првиот случај на заболен од Ковид 19. Станува збор за 32 годишен маж кој заради појава на сиптоми сам се пријавил за тестирање при што резултатите биле позитивни. Како што изјави епидемиологот Мери Николова Гичева, лицето е во домашна изолација под посебен здравствен надзор во стабилна состојба.

Освен тој во домашна изолација се ставени уште други седум лица информираа од центарот за јавно здравје и сите се во стабилна здравствена состојба. Заболеното лице заради неговата професија имало доста контакти, но засега ситуацијата е под контрола.

Досега во струмичко беа регистрирани два случаи и тоа во оптшините Босилово и Ново село, двете лица се оздравени. Ова е 14 ти позитивен случај од Ковид 19 во Југоистокот, откако беа регистрирани случаи во Радовиш, Валандово и Гевгелија, сите се оздравени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.