Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња пишува „Независен“.

Во штипскиот Центар за јавно здравје велат дека и само еден заболен од болеста лајшманиоза е трагедија.

Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои едно во текот на минатиот, а две во текот на овој месец. Во ноември имавме заболено женско бебе на едногодишна возраст, а овој месец веќе имаме две заболени лица од машки пол, едното на шест, а другото на 69-годишна возраст. Ниту едно од овие лица не поседувало куче како домашен миленик, вели д-р Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.