„Модерна“ би можела да го заврши тестирањето на засилувачката доза за варијантата омикрон во март и да поднесе барање за одобрување во САД, изјави претседателот на компанијата Стивен Хог.

Хог рече дека бустер дозата која содржи гени кои посебно ги таргетираат мутациите на новата варијанта ќе биде најбрзиот начин да се реши проблемот со намалената ефикасност на вакцините.

Веќе ја започнавме таа програма, изјави Хог.

Компанијата исто така работи на поливалентна вакцина која би била ефикасна против четири различни варијанти на коронавирусот, вклучително и омикрон.

Тоа може да потрае уште неколку месеци, рече Хог.

Следејќи ги упатствата на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), Хог рече дека процесот може да потрае три или четири месеци.

Бустер дозите за омикрон, реално, не можат да се излезат на пазарот пред март, а може дури и да дојдат во вториот квартал; освен ако ФДА не ги промени своите упатства за податоците потребни за овластување, рече претседателот на „Модерна“, додавајќи дека компанијата ќе започне со производство на вакцини додека е во тек тестирањето за да може во најкраток можен рок да им ја понуди вакцината на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.